1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.530
    Допаѓања:
    19.237
    Пол:
    Женски
    Никогаш да не молчите на никого, секогаш се да си кажете и да си "стоите" до вашето кажано! Да делите обврски 50/50, да чувате деца исто 50/50, да не преминете преку ниту еден порок, насилство, и вреѓање!
    И најважно од се КОМУНИЦИРАЈТЕ, расправајте, дебатирајте, ама не си легнувајте лути и скарани, никогаш.
     
    На Bebence29, mira.mira, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  2. ira.franko

    ira.franko Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Пред да влезеш во брак добро да знаеш во што влегуваш. Многу си ставаме розови очила и не сме информирани за битни работи затоа што "љубовта е посилна од се". Најбитно:

    1. Отворени очи да не влегуваш во брак со коцкар(денешно време многу битно, со казина и кладилници), зависник(дури и нешто што звучи лабаво како трева), женкар(неизживеан типац кој цел живот ќе тагува по single lifе), непоправливо мамино дете(некој кој не е заинтересиран за тоа да биде сопруг туку се жени за да и удоволи на мајка му, и планира цел живот да си остане дете) или неработник(некој на кој никоја работа не му одговара, не сака да се мачи, не му е битно да допридонесува за домот).

    2. Не игнорирај токсична/ некомпатибилна врска мислејќи дека брак ќе ја поправи. Ако си во врска во која сте познати по сите другарки по чести караници нон стоп бракот само ќе ги дуплира.

    3. Не игнорирај недостаток на љубов. Многу честа појава во нашево општество е "одат 10 години, нема ни атом љубов и сексуална хемија повеќе но се зимаат од притисок на домашните а и дека веќе потрошиле толку време па да не оди јабана.

    4.Има силен општествен притисок за мажење и за многу жени е олеснување кога конечно ќе си го тргнат од глава. Ама бракот е сериозна обврска која бара зрелост, постојано вложување, компромис и нерви. Не вреди да се мажиш за да се мажиш.

    5. Изживеј се пред брак. Не влегувај со недовршени желби, потреби. Само така може да се ценат убавите страни на заедница со друга личност и градење живот заедно. :)

    6. Очекувај неколку години навикнување еден на друг. Трпение и интерес да се научите.

    7. Вложувај во бракот како да сте дечко и девојка: излегувајте сами и после деца.

    8. Финансиски план секој месец! Многу битно: само што ќе стигне плататата еден тефтер и брачен собир: напишани сите трошоци. Не заборавајте да тргнете малку и за уживање: буџетче за задоволства: мали патувања, една вечера заедно месецот. Се се постигнува со план. Ниедни пари не се доволни без план.

    9. Разговарајте за битни теми пред брак: кога сака да има деца, дали сака да има деца, каде сака да живее, кои му се целите во животот.

    10. Малку контроверзно: доколку сакаш да имаш деца, сериозно посвети се на превентивни прегледи и информирај се за своето здравје: игнорирање на гинеколошки проблеми во младост е лажен мир. Треба подолго време да се решат проблеми со јајници, хормони, тироидна. Барем 1 година пред обид за забременување наоѓање солиден гинеколог, земање суплементи(двата), психолошка припрема, решавање на други здравствени проблеми кои намалуваат плодност(ова важи за двата: дебелина, голема зависност од цигари, премногу кафе, премногу пржена, нездрава храна, стрес).

    Се запишав, но можеби некој ќе има корист, прашај паталец не гаталец ✌️
     
    На Anturium, Adidas888, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  3. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    168
    Здраво на сите, прв пат пишувам во темата, но ме интересира ако можете да споделите како ви изгледа денот со мажот? Значи од станување, јадење пиење, до моментот додека да си легнете.
    Во ситуација сум каде што се трудам да разберам дали јас ги преувеличувам работите (во кое не верувам) или стварно постои проблем.
     
  4. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Работиме двајцата од дома, наутро заедно пиеме кафе, преку денот јас сум со детето (не работам по 8 саати), сопругот на работа, ако имаме некои заеднички обврски излегуваме да ги завршиме, ако не тек-тука се гледаме и зборуваме за некои работи, понекогаш пиеме и второ кафе заедно и навечер по заспивање на бебето се дружиме :) или излегуваме со луѓе, или разговараме, јадеме, шетаме, ретко пуштаме филм и сл. Си легнуваме заедно најчесто.
     
    На JasBee11 и lalinda им се допаѓа ова.
  5. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Стануваме заедно пиеме кафе,одиме на работа(јас работам во смени).Ако сме двајцата слободни попладне излегуваме со пријатели,пазариме,или сме на фитнес.Секој ден е различен,немаме програма се договараме спонтано.Кај 10 легнуваме,некогаш ќе пуштиме и филм.Ако мислиш за низ дома обврски кој е послободен ги извршува.Едноставно секој ден ни зависи од обврските немаме баш прецизна програма
     
    На JasBee11, Mumoftwo30 и lalinda им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.703
    Допаѓања:
    9.641
    Пол:
    Женски
    Работи сопругот на смени така да зависи која смена е. Ако е втора практично и не се гледаме.
    Наутро се спремам јас и дете заминуваме во градинка и на работа. Кога ќе се вратиме тој е веќе на работа. Додека си дојди детево е заспано, многу често и јас. Сета комуникација ни е преку пораки, што да се испазари, исчисти, заврши како обврска, најчесто на маж тоа останува бидејќи е сам наутро.

    Ако е прва смена попладне сме заедно. И тоа договараме кој ќе е со дете, кој што треба да заврши, дали и каде да излеземе.
    Немаме ни некаков план посебен унапред утврден што да се прави, ни пак секој ден е ист.
    За излегување ретки се заедничките излегувања. Е тука најчесто е мажот тој кој што полесно се организира и може да се случи за нијанса повеќе пати да излезе до кај другари или на кафе.
     
    На JasBee11, Mumoftwo30 и lalinda им се допаѓа ова.
  7. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    799
    Пол:
    Женски
    Двајцата сме прва смена, после работа кој прв стигне прави за јадење (ако немам спремено нешто од вечерта, во принцип кој како стигне тоа јаде...сендвичи, пржени јајца било што што се прави веднаш), одмараме пола саат/саат. после излегуваме (имаме тодлер 3 годишен) и до вечерта сме на лулашки. Во случај ако еден од нас е договорен со друштво, другиот е со детето. Доаѓаме дома, вечераме, ако треба да се избања малото, кој е во можност го бања (некогаш јас некогаш он), и поголем дел од времето јас го заспивам детето. Чим заспие, он ме чека во дневна и гледаме или серија или филм додека не ни се приспие. За викенди гледаме да сме сите тројца некаде заедно, да шетаме. Ретко сме дома, но и кога сме дома сме сите на куп околу малото.
     
    На H.VAGA, JasBee11, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    13.716
    @lalinda Повеќе од помош може ќе ти биде да споделиш кој е контекстот на твојата ситуација, во што мислиш дека е проблемот? :?:

    Бидејќи вака, секој пар си има различна динамика и различен живот и бецелно е да се споредуваш.

    На крајот од денот, динамиката која вие сами ќе си ја воспоставите, треба да ви одговара и на двајцата, не едниот да биде задоволен, другиот да се преиспитува :*:
     
    На H.VAGA, Трагедијаупмм, JasBee11 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.963
    Допаѓања:
    50.610
    Пол:
    Женски
    @lalinda може после и ти да споделиш што те двоуми, поради што се мислиш да не преувеличуваш? Можеби ќе добиеш и корисни мислења.

    Ќе пробам на кратко и јас. Ние сме без деца, живееме сами, но во заедница - на посебен дел/влез/ во истата куќа живее свекор ми.
    Јас одам на работа најчесто од сабајле и бидејќи маж ми работи пофлексибилно и од дома, најчесто не се гледаме сабајле. Понекогаш готви тој, понекогаш јас. Некогаш се договараме, а некои денови спонтано одлучуваме што ќе се јаде, дали ќе се готви. Кога ми се прави, правам и од вечер. Понекогаш работам повеќе саати па не се гледаме многу, но обично ручаме заедно, доручек често јадеме и посебно зошто јас сум ранобудна и за викенд а тој има обратен биоритам, до покасно седи и јаде покасно а често и различно јадеме за појадок, секој си има свои преференци и си прави и јаде сам. За вечера, обично не вечераме спец, јас јадам почесто, тој не.
    Може да се каже дека во текот на денот најчесто сме заедно на ручек и навечер, кога обично гледаме филм или серија заедно, или излегуваме со/кај пријатели.
    Во текот на денот кога не сме заедно се слушаме по потреба, не сакам да ми ѕвони некој по 100 пати безвеза, особено на работа, а и тој често знае без телефон да е, па не можам да го најдам ни кога ми треба некогаш. :bandit:
    16 години живееме заедно. Мислам дека сме пар што генерално не е премногу поврзан, во смисла се' да мора заедно да правиме. Си имаме и заеднички и посебни пријателства, хобија, и време за себе. Јас почесто си одам на шопинг без него, тој не е многу по тоа, ама кога треба да си купи облека, си купува сам (не бара мислење).
    Сега, подолго време свекор ми не е добар со здравјето и имаме инсталирано ѕвонче за итен случај, па ако му треба мм да ѕвони ноќно време, спиеме посебно за да не ме ремети и мене ѕвончето и искрено се навикнав и ми одговара да не ми р'чи :)
    За домашни обврски не можам да речам дека сме пола пола поделени, ама општо е педантен и уреден, не остава расфрлано, вклучува перална, а околу свекорот се грижи скоро целосно тој. Не сме некои страшни домакини реално:drunk:, ама и двајцата сме такви, не сме преоптоварени со уредување, најмодерен мебел или ствари.
    Мислам дека имаме сличен светоглед- тоа и просторот што си го има секој за себе мислам дека е клучно за нашата хармонија..
    Досега не се случило да се скараме со навреди, секојпат сме задржале ниво на почит кон другиот... За големите работи одлучуваме заедно, пр каде на одмор, купување уреди или мебел, за помали работи секој сам, не сме дошле во конфликт поради тоа.
    Ама на кратко :D се гледа дека имам време на претек :D
     
    На JasBee11 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.551
    Допаѓања:
    27.011
    Пол:
    Женски
    Ние сме 24/7 веќе 7 години заедно бидејќи работи од дома. Сабајле он пред да почне со работа носи едното дете во градинка и пазари ако треба нешто за доручек/вечера. Првото кафе и доручек не ни е заедно пошо јас пијам кафе, он има доручек кога ќе се ослободи од состанок и тука немаме некое правило. Јас сум со домашни обврски и со другово дете, точно си имам време кога почнувам со чистење ручек и испаѓање во парк. Во меѓу време пиеме кафе кога има пауза споделуваме што имаме, знаеме иако и двајцата сме дома да си пуштаме на инстаграм пораки :rofl: иде големата ќерка дома и време е пак за парк. Најчесто одиме заедно освен ако он треба да пазари на големо или е ден за теретана или па јас сакам да одморам.
    Зависи колку во денот сме имале обврски домашни и со децава, он работа ако имаме сила вечерта да седниме на тераса или пред тв заедно тоа го правиме ако не легнување. Доколку мене па денот ми бил понапорен останувам до покасно пошо обожавам да сум сама и си ја користам тишината.
    Ако мислиш за делење на домашни обврски, јас не сакам да ми се меша никој во чистење, миење, ручек правам јас, он доручек/вечера. Пазарење стриктно он. Задолежен е за носење на децава по сите нивни обврски.
    Викенди сме секогаш пак 4цата заедно и гледаме да отидеме некаде.
    За романтики ако прашуваш, некои си изненадувања реално неаме време.

    И да, се зависи од тоа дали имате деца или не, пошо со деца многу работи се менуваат и претежно се се врти околу нив.
     
    На Трагедијаупмм, JasBee11 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.963
    Допаѓања:
    50.610
    Пол:
    Женски
    Е ова е интересно за мене. Ние и двајцата пазариме, па најчесто за тоа се слушаме "купи ли ова, фали ли она? " , како без компас сме некогаш :D:drunk:
     
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.551
    Допаѓања:
    27.011
    Пол:
    Женски
    Јас не возам, па така да он е задолжен хаха ние пазариме повеќе на големо, до продавница јас одам ако нешто ми треба, он сабајлето не го купил. Секогаш правам список, а он ако нешто му западне за око што мисли дека треба, а не сум го запишала го купува.
     
  13. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.963
    Допаѓања:
    50.610
    Пол:
    Женски
    Ние живееме 5 минути од центар, и најчесто сме пешки излезени, па и двајцата попатно купуваме. Јас одам на работа со кола и кога треба нешто повеќе најчесто така пазарувам на враќање. Не сме навикнати на големо да купуваме, макар мислам тоа е подобра економија на време, а ние најди не'-загуби не' се' сме во кам :rofl::rofl::rofl:
     
    Последна измена: 10 јули 2026
    На Mumoftwo30 и Bubiška им се допаѓа ова.