1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1

    Не ми си јасна..на кого не можат да му помогнат психијатри???Овде на фемина не се само тинејџерки има и возрасни жени кои би ми дале совет и се соочуваат со проблеми во бракот.Тебе ако не ти се чита фемина читај Развигорче.

    Овде на фемина не е да побараш совет од некој како тебе,одма со напаѓање,нешто ако не ми се допаѓа не го читам,а најмалку па да коментирам.
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Мила види, јас да сум на твое место после се ова, веке јас нема да сакам да го видам и крај. Поднесувам документи за развод и фала многу пријатно. Некој ке рече не е исто брак и врска, да не е, разликата е што раскинувањето на врската не е преку судови и трошоци, но болката е иста. Детето и без него ке порасне. Немаш потреба да задржуваш брак поради детето. Секоја што вика дека сака да остане во брак поради детето јас ја сметам за слаба и нерешителна. И да подобро детето да е со еден родител одколку да чуствува и гледа што е нефункционален брак. Знам како е, како моите да се разведеа со време, јас ке бев многу посрекна и без трауми ама ете.
    Можеби ова грубо ти звучи, но тоа е што е, подобро е со време.
    Во некој од предходните постови имаш споменато за швалерка да не имал и како некоја курва му била поважна. Не душо таа не е курва ако е негова швалерка, можеби е недораснато дете ( прочитај на некоја друга тема за такви колку се излажани и што се им ветуваат таквите ко маж ти, ако навистина има некоја) и ниедна не ти е крива за пропадатиот брак, туку тој самиот. И да има некоја, ти немаш работа со неа. За тоа си има социјални служби кога ке одиш на суд и кога се разбира ке пресудат за детето во твоја корист.

    Е сега, можеби ти не си финансиски стабилна па сакаш да останеш во тој брак, но како што гледаш тој со денови не си го побара детето, па немој да мислиш дека ке ве издржува. ( и за ова има еден куп случаи во други теми) Затоа подобро е развод, па барем ке биде приморан на алиментација ( која е 30% од неговата плата) и што е најважно нема да имаш нервози, стресови и тага. Ке помине побрзо затоа што не си сама. Имаш некој на кој си му најпотребна и обратно.

    Него никаде немаш споманато ( или јас не сум прочитала) што е со неговата фамилија? Како тие реагираат на ова? Зошто твоите се толку лабави? Каде ти се пријателките тука? Имаш девер, золва, свекрва, свекор некој?

    Што другите кажуваат на сево ова?
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Ех да е толку лесно и едноставно,неможам без да знам на што сум да барам развод,без да разговарам,без да знам која е причината.Ама како кога тој не сака.

    Неговите се на моја страна и тие му викаат ама му вели вие да не се мешате,и тие велат муабет не му се прави не е да му се речи нешто,и тие се чудат зошто е ваков,ни најмалку не го оправдуваат за ова.
    Не те сваќам зошто велиш моите дека се лабави,што треба да направат,ни тие ум немаат незнаат како да се справат.А пријателките незнаат за сето ова што ми се случува,како да им кажам,ајде си давам надеж јас дека денес,утре ке се среди ама ништо в место си тапкам со проблемов.

    Па ни на телефон не ми крева,а денес сакам да го побарам(ако ми крени) и да расчистам оти него не му текнува барем ке знам на што сум а не вака.
     
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Катерина, а што викаш од денес ти да престанеш да му се јавуваш, да престанеш да му праќаш срцепарателни пораки, твоите да не му креваат слушалка? Пречекајте го со апсолутна штама следните неколку дена па нека почне тој да врти како избезумен и да праќа пораки, нека полуди од грижа! Вака ти се јавуваш, го молиш, веројатно и твоите се (се уште) коректни спрема него а што прави тој на се ова - глуми лудило и се занесува. Префрли ја топката кај него а ти гушкај се со бебуш и уживај во миговите го него, не вреди првите неколку дена на бебето да ги потрошиш на такво ѓубре од човек.
     
    На Sky-butterfly и butterfly4 им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.381
    Ти не дриблаш нас тука или стварно не ти е јасно жено не сака да има ништо со тебе маж ти ,те натепал,те избркал Што повеке не ти е јасно ?Сакаш да ти нацрта? Значи те избркал си заминала и тоа е што очекуваш повеке од него убаво корекно бар си кажал не те сакам неможам да те смислам не да живеам со тебе детето ке си го гледам
    Јас стварно не свакам како немаш достоинство да се цениш ти самата бре. Викаш ех да е толку лесно и едноставно да лесно е е вака се дешаваат разводите не е ништо подруго Гледај си го детето не туку го моли со пораки и јавувања очигледно не му е гајле
     
    На Valerin и tessie им се допаѓа ова.
  6. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Совет на место :bow: :clap:

    Истото би го направила и јас,ако недај Боже мене ова ми се случеше. :xКолку и да се јавува(а ке се јави ако го игнорирате сите)и кај тебе и кај твоите не кревајте!! :!: Па кога ќе дојде пред врата да моли,тогаш Вие си знаете како понатака!! :x
     
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Јас навистина неможам да сфатам како некој не си се цени себеси. Да ме истепа, да ме избрка и да ми каже дека не ме поднесува аууууу. Тогаш би ме видел единствено ( ако е неизбежно ) само на суд и толку КРАЈ.
    Абе жено ако не си се сакаш и почитуваш самата, зошто мислиш дека друг ке те почитува и сака?
    Ти си покажала слабост и тој те прегазил. Покажи достоинство за да добиеш почит.
    Јас со цела негова фамилија би била добра, со сите пријатели и познаници, ама нему глава не би му свртела.
     
    На Valerin, tessie, WORRIED.BT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Женски цела недела се мислам да пишувам за проблемов ама не ми изгледаше страшно па оставив, ама ете вчера се прелеа чашата и не можев да издржам па си отидов во соба и се отепав од плачење. Не од сожалување туку од нервоза. Еве ќе се обидам накратко да објаснам за што станува збор:
    Јас и мм сме во брак 7 години. Кога се омажив татко му му ја даде гаражата ако сакаме да правиме куќа (лимена голема гаража ама имаше темели за куќа). Свесни бевме дека во 3 соби не можеме да живееме ама немавме пари. Девер ми веќе имаше две деца па се мислевме кој каде ќе спие. Мм многу се нервираше а не беше во состојба да гради куќа. Зеде 2000е кредит и за месец дена ги крена носачите на куќата. Тогаш разговараше со моите и тие ни помогнаа многу. Татко ми зеде 10000е кредит за куќата да се направи. Едвај застанавме на здрави нозе. Јас почнав да работам. Бевме без кола па зедовме уште еден кредит за да купиме кола. Често остануваме без пари и никогаш не зема од неговите туку секогаш бара од татко ми. Ни се расипа колата па еден месец беше на поправка и мајка ми му ги даде клучевите од колата нејзина. Југо е не е Мерцедес ама жената му рече „Јас ќе одам пешки на работа не ми е далеку, земи ја додека да биде готова вашата“. Кога сме правеле роденден за детето татко ми ме носи на пазарење во некој маркет. Секогаш мајка ми ни купувала по некое парче облека. За син ми посебно немам ништо купено. Се купуваат тие. Знаат и онака да ми дадат некој денар. Е сега веќе година ипол мм најде друга работа и не бараме од моите воопшто пари и не ми даваат Бог знае колку, гледаат луѓето дека сега сме ок. Сепак облека знаат да ни купат или да ме однесат на пазарење. Откако не зависиме од нив мм на секој разговор што се води за куќата или за кредити постојано нагласува дека ние сами со кредит ја направивме куќата а му помогнале неговите. Мене тоа ми оди на нерви бидејќи знам дека неговите денар не дадоја за куќата а и ние не вложивме многу. Ете не ги обвинувам нив знам дека не беа при пари ама муабетот ме нервира. Се обидов да му речам дека прави многу голема грешка кога разговара со луѓево ама тој ми рече „Ај сега ќе ме давиш затоа што твоите зеле кредит?“ Ај си реков ќе молчам ама и тоа не бива, се нервирам. Не дека не ги почитува моите ама незнам што му е поентата. Инаку никакви други проблеми немаме. Баш мислам дека имам супер брак. Се нервирам бидеќи на целата финансиска нестабилност и дава на свекрва ми пари на заем и после не ги зема. Јас чувствувам обврска спрема моите а тој го чести татко му цигари. Не ми е јасно дали мм е материјалист кој се прикривал или само јас си замислувам? Не знам како да постапам. Секогаш ги возвишува неговите а моите никаде во приказната.
     
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.590
    Пол:
    Женски
    китенје со туги перја-особина што најмногу ја мразам.тоа е во најмала рака неблагодарност кон оној што ти подал рака кога ти било најтешко.
    и ние градевме и моите ни помогнаа дел финансиски ама мм во секој разговор за куката го кажува тоа и не се чука во гради дека се сам постигнал.
     
  10. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Стварно ме вади од такт. И заборавив на претходниот коментар да пишувам ама вчера ми вади плочка со неговото име за на врата. Леле ќе спобудалев. Зарем јас и моите не сме вложиле доволно за и моето име да го има на плочката. Па не е куќата само негова.
     
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Пoкрај неблагодарност, тоа е себичност. Искористување додека му се помага, и после кога е се средено, нема за што да се заблагодарува. Нискост.
     
    На senza.parole, tessie и Glasna им се допаѓа ова.
  12. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.590
    Пол:
    Женски
    врв!!!
     
  13. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.590
    Пол:
    Женски
    ако можиш да прекутиш,алал да ти е.
    не само твоите туку и тебе не те почитува.сам ако живее во куката нека се потпишува сам.се што е стекнато во брак судски на пола се дели-не дај боже ако дојде до таму. при тебе жива и присутна сам се напишал на вратата.
    лелеее се нервирам што пишувам ....јас за колку поситни работи кавга знамда почнам ,а за ова очи вадам :@
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Едно е што маж ти збори пред други луѓе. Да речеш ајде маж се напел, пуста гордост, да каже дека твоите го помогнале исто како домазет да се пишува. Не дека е така, ама разбираш нели од каде му иде тоа да се крие кој колку му помогнал. Од мама не е срамота пред другарите, ама од баба му е друго да признае помош. А друго е овоа неговото на тебе што ти го перка ех ех па твоите земале еден кредит, оти вие меѓу вас си знаете кој колку дал, и он не е будала, знае, барем со тебе да не се прави наудрен. Можеш да го прашаш да не расправа ваши финансии пред никој кога веќе не кажува како што е и те повредува, па омаловажува всушност. Кој како го потпрашува може едноставно да ги откачи со па нешто кредит нешто сами и крај на муабет.

    За плочката, јас би направила друга плочка каде го има и твоето име, и замени ја за таа што тој ја направил. Ако се буни, буни се и ти. Не попуштај. Не е плочка работата, почит и разбирање е.
     
    На Bridget и MacenceEna им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.588
    Пол:
    Женски
    Anina покажи му дека си лута и повредена .не е фер однесувањето ни спрема тебе а ни спрема твоите кои колку толку се потрудиле да застанете на нозе.Прашај го да не ви помогнеле твоите дали сега ке лепеше плочка со негово име или сеуште ке живееше во тесно во заедница?Ке се навреди сигурно на ова ке му проработи машкото его јасно,но нека не помине не приметно она што ти го прави.инаку ваквите ситуации се широко распростанети верувај.И ние плакаме сметки гориво храна даваме на заем пари кои се забораваат...и еднаш се случи да морам мајками да ја пренесам од автобуска до ремедика,свекрва ми ми рече зар не е способна мајкати да плати 150 ден такси и сама да оди.и мене ме повреди тоа.Затоа што истата таа мајка ми ја опреми цела спална ,на керками обезбеди креветче и количка,секогаш кога пагавме не стануваше и на крај проблем беше и за маж ми и за свекрвами што ке ја пренесам со кола од едно на др место.па да не се жални овие ситуации би биле смешни
     
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Знам дека е горделив. Од кога се запознавме секогаш било така. Јас пак велам дека други проблеми немаме. Што е стварно стварно е, и почит и се спрема моите и мене има. Секој ден си покажува љувов и баш она „те сакам“ не го заборавил ни еден ден во нашите 7 години брак, ама што е многу многу е. Најтрагично е што имам сестра која се омажи во прилично богата куќа па моите само спална и купија. Мислам дека мајка ми уште и се правда за она што го прават за мене. А мм не можам да сфатам зошто толку го боли вистината. И тој има еден куп проблеми со неговите и се расправа за се а кога се збори за куќата и за финансиите воопшто, „тие му помагале“. Јас ете не ги осудивам, немаат денар скршен луѓето, ги сфаќам. Дури при една караница се осуди да ми рече „Што се замислуваш ти, во моја куќа ќе ми викаш, ќе правам што сакам“. Во такви ситуации се блокирам и немам здив па не можам ништо да вратам.
     
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    ^А црно на бело имаш документ каде пишува дека твоите се тие кои помогнале со кредитот и изградбата на куќата?
    Без разлика што немаш други проблеми со мажот ти,ова е исклучително неблагодарна постапка,каде твоето име не фигурира никаде,па уште се прави газда со туѓи пари.
    Затоа се прави договор и документ,кој би бил твоја гаранција во иднина.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^^
    Извини што и тука се плеткам :D ама во претходната тема и ти имаш кажано Куќата е моја. Може ти се испуштило или стварно мислиш дека е само твоја? Може и него така му се испуштило на сред караница. Ова со плочката стварно мизерна работа, без разлика кој колку дал, чија е, на секоја плочка треба да стојат имињата на двајцата или само фамилијарното презиме. На неговата плочка стоеше само неговото име и презиме?
    Кредитот што го земаа твоите тие целосно го исплаќаат или и вие плаќате по некоја рата?
     
    На imelda и baby-star им се допаѓа ова.
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Немам никаков документ срце. И што е најтрагично сега пред една година правеа елаборат (или што знам јас како се вика), бидејќи претходно беше само гаража па сега ја внесуваа како куќа и ја запишаа на име на свекор ми бидејќи имотот не им е поделен. Ама искрено како ми е тргната работата, цвеќето мое да не овене наеднаш па да ми дадат некоја клоца од куќата на мм :?: Тој па уште на сака да му ја препишеле куќата, немало потреба, секако знаеле со девер ми што е негово а што на мм. :angel: Ама она што го има девер ми го направиле неговите а она што го има мм го направивме ние заедно со моите. Нз што да речам, како да ги сожалува неговите оти се на ситно со финансии. Незнам Господе Боже ама ќе експлодирам :@ И стварно незнам како имам сила да молчам. Можеби за да не дознаат моите па да не се нервираат
    Bridget кредитот го плаќаат само моите и не знам ни колку плаќаат. На плочката е само неговото име и презимето. Не сака да попушти во ни една смисла дека е тој „Big boss“
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    И има зошто да си нервозна искрено. Кавга меѓу тебе и маж ти, се речат работи во лутина, не е кој знае голема работа, доболат зборови како што ти рекол, ама ги рекол со цел да те доболи. Кога станува работа за фамилијарни имоти, неподелено, и јас би била нервозна на твое место. Утре кога ќе дојде ред да се дели, тој усмен договор од секој знае колку е негово многу пати се заборава од страна на оној кој користи шанса да грабне колку му се може. Брат не брат, пари и имање, многу фамилии заборавиле кој што му е на кого при делење.

    Ние децата во мој случај се договоривме со време татко ни да ја препише куќата на брат ни. Само родителите живеат во неа. Утре ако продава он и ако сака да дели, во ред, ама не очекувам ни денар от тоа, па ако не сака он да дели на три дела ништо не сум изгубила. На вас, домот во кој живеете ви зависи од таа `добра волја` договор со девер ти колку испочитува кога дојде време.
     
    На senza.parole и nadja.d им се допаѓа ова.