Ако прочиташе убаво, ќе сфатеше колку е таа добра мајка и посветена жена. Покрај сите глупости на нејзиниот сопруг, таа и понатаму се трудеше и сама одржаваше дом, се грижеше за детето, а одеше и на работа. Многу е позрела од него и се трудеше да го одржи бракот, додека тој не беше заинтересиран. И сега сакаш да кажеш дека треба и помнатаму да трпи? Зошто? Бракот е заедница составена од двајца, не од еден. Секако дека ќе си замини кога и покрај се не успеа да допри до него. Ако не ја малтретира и не е пијаница, тогаш е добар сопруг? Свашта. И не, не е воопшто во ред тоа што цел месец не му текнало да праша за сопственото дете! Ако шетањето и забавите се поважни, тогаш незнам што да кажам... Искрено се надевам дека ќе сфати што изгубил и ќе се потруди да биди добар сопруг и добар татко во иднина.
Ти сериозен си?! Мислиш дека само тоа е причина за да се завртам со децата и очи да не ни види?! Читаш ли наназад колку пати пробала да разговара? Што е бракот панаѓур? Бракот не е дупешка, па сега се сакаме сега чекај да прошетаме. Или двајцата се сериозни и градат почит и толеранција, или ало адвокат, ајде реши не'. Кој да разбере?! Ти бе друже, чукни си ја главата. Со вакво мислење не те чека баш убавина.
Не сум прочитал дали разговарала и дали имало тоа ефект, ако и после разговорот немало резултат, се знае подобро добар развод одколку лош брак.
Штом не синизчитал се за рој проблем не се компетентен да коменрираш Врати се наназад прочитај па дојди и продавај пуфки пак
Здраво девојки со мм имаме еден проблем Во брак сме 3 години и понекогаш неможеме да имаме односи бидејќи кога му стане мн брзо му падне,за повторка да не зборуваме нема шанси некогаш неможе ни да сврши прв пат.Пробуваме секако и орално,анално,гледаме порно и пак ништо,Прво си помислив не сум му привлечна и му пуштив порно и пак ништо го прашав дали е до мене вели не ( тоа се случува некое време после операција од кила или така се поклопи),пробувам да го задоволам на секој можен начин.Дајте некој совет ако сте имале ист или сличен проблем.
Мојот сопруг имаше исто проблем после операција од кила, најдобро да се обратите кај доктор, ние така го решивме проблемот , со медицина!
А што кога маж ви веќе не ви верува за ништо? Јас имам потполна доверба во него, знам на што е спремен, но кај него не е така тој нема доверба во никого дури ни во мене.. Малку е љубоморен и знае од ништо да направи нешто, но тој се си мисли дека би ги изневерела иако никогаш не би го направила тоа.. сме зборувале многу пати за тоа но узалуд пак исто.. баш во саботата бевме сите дома тој нешто работеше надвор јас пиев чај и имаше песни на yt и едно време од досада си викам чекај ќе сликам и ќе ставам на инста, сликав ама не ја ставив. Песната беше nije htjela и рефренот Nije htjela, nije htjela moje pjesme, moju ljubav, moja djela nije htjela ruke moje svoju ljubav, nije dala srce svoje.. и чајот беши сликан и мм вечерта случајно ја види сликата и вика на кој ќе му ја праќаше. Јас му кажав на никој сакав да а ставам на инста ама ништо и тој почна да вели да де да и несакаше да ме сослуша. А најреално на НИКОЈ немаше да а пратам. Впрочем на кого, на швалерот ли? А за песната случајно се погоди за таа не а ни бирав ни нишѕо. Знам дека од страна малку не е за верување ама немав лоша намера. Потоа од саботата навечер па се до вчера не ми збореше. Пробав да се смириме ама не попушти. Многу е тврдоглав и инаетлив, иако никогаш не би го изневерила тој пак не ми верува... Чаре? Извинете на долгиот пост
Ќе се обратите на лекар. Сметам дека е здраствен проблем И ќе се реши. Ова веќе тука е детска постапка детски глупости Не ни вреди да се објаснуваш Смешно е Сопругот твој треба да си проработи на главата Ова искрено го кажувам. Двајца луѓе стапуваат во брак дораснати а ова на сопругот проблемот е недораснат и детски алла тинејџерство во 14 год. Не вреди да се обајснуваш освен да му кажеш да потпорасне нејке на е на лошо и да си молчиш.
Ама навистина веќе ми здосади само да не ми верува и да несака да ме сослушува за било што. Јас сакав семејство да изградам со него а тој за глупости гледа да се скараме само... а што ќе биде понатаму кога ќе имаме деца и други поголеми проблеми? Како ќе се справуваме тогаш? Тој од бившата му се изгорел таа била таква расипана и сега мисли дека сите се исти..
Па зошто тогаш се земал со тебе кога мисли дека си ко неговата бивша и дека ќе го изневеруваш? Значи луѓе со какви не проблеми се соочуваат во брак, тој земал детски работи се занимава. Речи му да порасне и да сфати дека сте во брак, допрва има за посериозни работи да се замара. Вервам дека ти е тешко да се разбериш со него особено ако не сака да те сослуша.
Претпоставувам, милион пати си разговарала со него за ова, не се сменало ништо, па си пишала и на форум... Така да, не те советувам да разговараш пак. Ќе го фатиш под мишка, и ќе одите на брачно советување. Неговото е психички проблем. Не болест, туку има проблем со емотивниот дел, нешто го мачи, не знае ни сам што. Сигурно е ниска самодоверба, тоа не е спорно, но од каде и зошто станала толку ниска?
Истото и јас го велам. Сега за ситници се луте а што ќе биде понатаму кога ќе имаме поголеми проблеми? Неможам да го разберам, да сум му дала повод така и така ама ова за џабе..
Си има мака во главата. Тешко дека ќе го оправиш. Љубомората е болест, не поминува туку така. Ќе се смири некој период, после ќе се врати и ќе ти ги спомне и сите работи што ги чувал од тогаш. Ќе преќути, ама нема да заборави. И некогаш ќе ти истресе сѐ.
Додека бевме заедно јас имав и другари нормално и само се допишував со нив на почетокот тоа не му сметаше ама подоцна почна да се луте. Еднаш со едниот излегов на кафе и му кажав тој ми рече оди и потоа преговараше како сум можела да одам. Да криев од него така и така ама после пак кавга.. после некое време ги блокирав и двајвата на фб и немам никаков контакт. Тогаш му пречеа тие, а сега што? Си велев ќе се смене кога ќе се земеме ама ништо. Точно, се случувало ова..
Маж ти беше што сакаше чешкање? Се гледа дека си ги применила советите од феминките, си го баталила чешкањето и ти се има налутено Не знам колку год. има МАЖОТ, не е ни битно. Човек може и на 50 да се однесува вака, љубомората е сепак болест. Кавгите ви се безвезе. Не знам како планирате да основате фамилија. Штом нема доверба во тебе, утре може ќе рече детето не е негово.
Од искуство ти кажувам. Љубомора никогаш не сум трпела. Од малечка од дома ме учеа дека љубомората е најлошото во една врска. И си фатив дечко. Дојде ненајавен еднаш на почетокот на врската, јас во соба со другар од градинка, учиме математика (студенти). Другарот си отиде набрзина, овој зовре. Јас ни две ни три, му ја отворив вратата и му реков да си оди и никогаш да не се појави веќе, дека немам намера со љубомора да се расправам. 3 пати ме праша дали сум озбилна. Не трепнав, не ми беше гајле. Не си отиде, измисли дека се зафркавал. Три години беше мушичка, мравка, абе душа. За после 3 години да почне да реагира на буквално сѐ, да ескалира ситуацијата до работи за кои не сакам да зборам. Да го спомнува и тој настан пред 3 години и илјадници што се случиле измеѓу. Нема лек од љубомора. Мисли како ти ќе се спасиш. Не се правдај и не потклекнувај. Секое правдањемќе го гледа како потврда дека е во право. Нема да го разубедиш да се промени, барем не милом. Или силом или никако. Пробај да не реагираш никако на разговори дека си го варала. Не се ни правдај, нити се вклучувај во кавги. Нема да се разберете. Или да се откаже од идејата дека го вараш, или остај го.
Да тој беше. И сега не го чешкам како претходно, понекогаш само ама многу ретко, не е секоја вечер. Буквално само за глупости се караме, како тинејџер се однесува За овие два дена што не ми збореше пробав само еднаш да се смириме(иако и тогаш не требаше) потоа видов дека не бива и баталив па тој сам наредната ден почна да ми збори. Зборот ми беше тоа дека на почетокот кога се земавме тој што и да кажеше јас се правев и еднаш ако не го послушам се лутеше. Исто и за кавгите секогаш јас го правев првиот чекор а тој тоа и го чекаше. Ама сега веќе не прававм така и одма тој го прави првиот чекор. Лошо го научив, ама јас тогаш што се вика дете бев не знаев ни што значи брак па замижував за се. Ама за овие две години се смени се. И не ни планирам веќе да му се правдам, сакал верува, сакал не. До кај оди, оди.
Те читам човече и размислувам.. ова истово се случува и кај мене, само што улогите се обратни нели.. знам како ти е, тешко е и стискај заби само.