Доколку е стекнат имотот во брак, секако се дели пола- пола во случај на развод. Станот што го купивме ние гласи на двајцата, со еднакви делови.
Ако е стекнат во брак имотот,без разлика на чие име ќе се води двајцата сопружници имаат подеднакво право на истиот (стекнат во брачна заедница) и не само тоа,туку и децата од претходни бракови имаат право на дел кој е стекнат од страна на едниот нивен родител во друг брак. Не се дели само она што е стекнато пред склучување на бракот или дар. Ако имаш дилеми,најдобро е предбрачен договор,што тука сеуште не го практикуваме. Edit: @ALISA0000 се надевам дека ќе помине сево ова и дека карактерно не е таков
Абе не е ни нерешлив ни решлив твојот проблем. Поентата ми е, не можеш да го смениш него, таков му е карактерот едноставно, али можеш со муабет барем да влијаеш врз него да не исполува јавно такви будалаштини во вид на фалби. Океј, со оглед на денешницата, успех е да направиш куќа со поштена работа, ама тоа е нешто меѓу вас двајца, подеднаква заслуга, зошто му треба да добие признание од околината и восхит, а претпоставувам добива ролање со очи. Ептен ми е грдо кога слушам некој како се фали, како филува, трипува, лаже, ептен. Тоа е.. само муабет.
Тогаш неможе никој да го одземе од лицето на кого му е оставено како дар. Познавам пар кој намерно мажот направи “демек да добие стан од неговите на дар” со негови пари за жена му да нема право на истиот,но ако имаат заедничко дете,детето ќе си има право.
а кој маж ќе признае дека е првото? Жена со право се сомнева има тука женски инстикт само разговор женичке и тоа смирено. Но не ми е јасно едно нешто. Еве машките особи нека се огласат. И мојот е сличен,мора да се пофали па што сака нека е. Не е по сликањето ама ако нешто се купи или направи дома мора да се пофали. дојди да го видиш какво е види што има... Абе се да се пофали. Не ми е јасно зашто толку мажите имаат потреба од фалење
Па доколку имало нешто би знаел нели.. валда знам дали сум правел нешто што би било причина за љубомора и филмови
дарот стекнат у брак не се дели ни па стекнат пред брак У случајот човекот не лаже него си се фали и ја би се пофалила ко асама без помош на денешно време би направила кука успех е и зошто д ане се пофалиш е сеа у овој случај малце е усилено и претерано ама боже мој ај забрани му на човек да се фале и гордее со тоа шо успеал
Па добро, ти умеш ли да читаш ? Членката вика, нешто што сме купиле за 500 евра, на луѓето им вели 1200 евра. Ова не е лажење ?
лаже за тоа да ја мислев за фалбите дека викаш оти лаже крај на крај може 5000е да каже прашање е кој ке му верува он се глупира него ке му превракат очи
@Mama993 се гордее човекот, ама на погрешен начин Свесен е тој дека сам немало да го постигне тоа, а 100% сум сигурна дека мечтаел да има скапи работи, своја куќа, нова кола... Еве сега успеал покрај тебе и си се фали. Нема место за паника.Ќе го ,,собереш,, дома на само и ќе прувеличиш и ти малку во смисол ,,ти се смеат бидејќи се фалиш толку,,....и може ке престане.
Проблемот е што неможам да го препознаам,јас со бебе се занимавам со месеци а тој во меѓувреме како да се сменил. Секој разговор го насочува кон тоа некој да го фали. Вчера пред гости кои живеат под кирија вика “што мислите вие лесно е во денешницава некој да го направи овој потег што јас го правам” и тие “да да тешко е во право си”. Жената рече као “и ние планираме нешто кредит да подигнеме размислуваме ете...” таа уште не се доискажа тој “нема шанси ако немате кешарица многу тешко ништо нема да направите јас веќе не бројам колку пари фрлив бла бла бла “ јас посакав да пропаднам во земја ! Каква кешарица кога и ние дигнавме кредити? Наместо да рече реално дека голем дел сами правевме,не дававме пари за работна рака на мајстори и да се понуди да им помогнеме,да каже реално колку не коштало тој уште толку ги утепува во поим,као само ние сме купиле нешто никој друг. Гледам мажи не се огласуваат во врска со ова,сигурно се истомисленици. Не им ја разбирам потребата од самодигање до небо. Оставете нештата сами да говорат за себе,ако се фалите како мм жените ќе си ги изгубите и сите ќе ви превртуваат очи.
Ами не се изјаснуваат бидејќи и прашањето ти е грешно поставено. Однесувањето на твојот сопруг нема врска со тоа мажи-жени, едноставно има луѓе кои имаат потреба да се фалат и луѓето да им се восхитуваат а таа потреба едноставно ги тера малку да преувеличуваат.
Ќути, не си видела какви се жени има Лажат- Корнат Е сега, за другиот проблем јас се надевам дека моментално е. Штом човекот не бил таков може од многу среќа и задоволство дека успеал да постигне нешто сака да се докаже фалејќи се Арно ама, нели другите не пијат нафта и нема само тој изградено куќа па малку глупо е на некој да продава сливи. Јас да сум на секоја негова фалба ќе го пресечам Кога ќе проба да каже некоја цифра како погоре што имаш пишано ќе го ,,поправиш,, и ако треба и засрамиш и нема да попушташ, да му текне дека греши. И кога пред парот се правел фраер, демек тој со готово градел требало да го кажеш дека има и тој кренато кредит, така ќе се симне од облаците
Дај боже да е моментално пошто ако си остане ваков тешко дека ќе истрае ова нашево Уште сме расфрлани со ствари и се, имаме куп работи за префрлување тој уште од сега кани друштво на скара во двор. А дворот си е цел раскопан дупка до дупка. Ќе бев среќна тоа истото друштво да сака да помогне да земе некое лопатче во рака сепак со бебе сме очајно ми треба помош,но не ! А за јадење први се сите. Му велам каква скара бе престани да каниш,вели што се потресуваш па ти јас ќе ја правам ти глеј си бебе. А знаете како прави скара? Јас го маринирам месото од навечер и му го давам утредента тој дреме пред скарата неколку саати пред да ја запали,ја поместува де ваму де таму,дур ја запали милион пати ќе опцуе. Откако ќе ја запали милион работи бара да му подадам стресови прави,тој само го врти месото и си седи на столче и довикува: дај ножот, дај пиво, кај ја оставив вилушката, а салфетките, донеси салата, свари кафе во меѓувреме дур чекаме месото, на крај откако ќе ми се соберат еден тон мрсни садови тој пак ги наведува да коментираат признајте нема подобар скараџија од мене. Па јас секој ден би ги фалела комшиите како се добри скараџии за да ме викнат пак. А тоа да го демантирам пред гости неможам ептен ќе биде низок удар. Еднаш така направив после ми беше криво. Дојдоа едни пријатели и ме пофалија дека изгледам супер после пораѓајот. Тој искоментира па јас ја држам во форма секој ден затоа е таква . Реков да ептен ме држиш во форма дента кога ме зема од болница донесе ќебапи да пржиме,неможеше готови да земеш. Во првите 40 дена останував без леб од твоја немарност,а јас сама дома со бебе кај да одам по леб? Уште прашуваше што има за јадење наместо да прашаш имаше ли време да спремам јадење. На гостите непријатно им стана брзо си отидоа,партал го направив и после ми беше жал,сепак не бил свесен за некои работи,многу работи не биле намерни туку ги правел од немарност. Од тогаш никогаш повеќе не би сакала пред некого да полемизираме. Но криво ми е што се организира како тинејџер со скари и друштва знам дека намерно тоа го прави за да видат,да се пофали ете. Многу информации дадов може и тој да се приклучи на фемина да се пофали па да налета на темава
Ами испадна дека тој и порано си бил малку фалбаџија ама можеби немало толку поводи како што има сега па сега повеќе доаѓа до израз. Тоа си е карактер и тешко се менува( џабе не е поговорката волкот го менува влакното ама табиетот јок) само треба ти да си се прилагодиш или ете така кога ќе започне со фалбата да го сосечиш на старт па да се сецне. И не е до толку лошо за да размислуваш “ ако си остане ваков тешко дека ќе истрае ова нашево“