@Mama993, не сакам да те навредам со одговоров ама мислам дека не би било на одмет маж ти да си направи муабет со стручно лице. Таа длабока желба за фалење едноставно не е нормална. Ептен лечење комплекси се тоа. И особено му е грда постапката со парот кој живеат под кирија, се понел многу ниско и злобно. Знаеш што ќе постигне ако продолжи со таквото однесување? Или ќе го избегнуваат зошто нема да им биле пријатно во негово (односно, ваше) друштво, или ќе му се смеат зад грб и ќе му фаќаат сеир, ќе го раскажуваат на други колку е за греота. Зошто никој не е будала па да не процени дека некој намерно кажува нешто за да се перчи. И не е дека соговорниците не се свесни дека ги лаже. А за скарата? Штом рекол дека сам ќе ја прави, остави го вистински сам да ја направи. Ниту ќе вариш кафе, ниту ќе сецкаш салата, ниту ќе им се потресуваш на гостите. Како што знаел да си викне луѓе, така ќе си ја превземе и одговорноста околу нив во целост. Нека му паднат раце и нозе од трчање, па да видиме дали и нареден пат ќе вика друштво на скара кога ти не си расположена. А за коментарот дека жените не биле вакви, верувај ги има исто терсене. Само што, од мое искуство, не се фалат толку со материјатно туку со тоа како, пример, мажот или дечкото ја третираат како кралица, како тој ја пази и мази, како не дава прашинка да падне на неа. Или со деца, како нејзиното е најпаметно, најубаво, највоспитано.
Таман работа да му кажам да побара стручна помош сметам дека не е до толку сериозен проблемов,само ќе се испокараме повеќе но ете незнам како да го решам па ќе го прифатам советот на @Milan93 при што ќе морам да го сецнам некогаш . А за скарата во право си ќе мора да го оставам да се испоти пошто си доби просторна комоција и вака ако тера да прибира секого дома тешко мене за чистење. Не си беше ваков незнам што му стана,се надевам дека е моментално. Ќе збори ќе збори ќе се испука и за некој месец ќе му снема материјал можеби
Ептен убави совети од @Monella , @Nausicaa и @Milan93 , топло ги препорачувам и не би да ги повторувам, се си е одлично кажано. Но, би додала уште нешто. Фалењево не само што не е допадливо за уши, звучи надмено, арогантно, како да испливале на површина сите дотогаш притаени и сузбиени комплекси, но е и крајно непрепорачливо во денешно време од безбедносни причини. Најмалку разумно е да се расфрла со слики од домот, да се фали наоколу колку заработил, колку е скапо нештото што го има дома, колку заработува, а настрана и тоа кога, каде и како ќе се оди на одмор, посебно не по социјалниве мрежи.Уште па и дома да вика се живо и диво додека имате мало бебе, па уште во ова време на епидемии.. Нека ја смири малку топката, нека размисли малку. На долг рок навистина може да резултира со намален број пријатели, бидејќи навистина е иритантно некој да дроби што има, колку направил, колку било скапо и каде ќе патува. И да, ако се навредува оти си му спуштила како @Monella те советуваше, на крајот и тебе те навредува што туку породена да е остава без храна, помош и па и не му текнало. Ајде ти се молам, човек да помисли дека пак посакал и тој бебе да биде.
Извини вака што ќе кажам ама тоа се комплекси. Се гледа дека немал во животов и сега до крај на живот ќе му биде приказнава. Многу невкусно. Ние имаме еден пар пријатели посиромашни, па секогаш кога ни доаѓаат на гости имаме намерно скромен астал, за да не се трошат кога идеме ние кај нив во иста мера. Разговарај со него, нека не ти ја вади куќата низ нос со вакви муабети. Уживајте си ја вие, каква и да е, ваша е.
Ова море баш за стручна помош! Не е убаво тоа, таквото нарцисоидно однесување донесува и други проблеми. Јас не би го сфатила толку лефтерно овој проблем.
@Mama993 Не знам кој е феноменот ама и јас се почесто среќавам вакви луѓе. Еден го имам со маж ми цел живот е ваков... Ако мислиш дека народот му верува не му верува туку со страна најверојатно го коментираат за лошо не за арно сигурно. Оти како што сум си рекла јас дека не пијам нафта и дека не сум до толку за да бе можам да преценам некои одредени работи кај човека и тие се си рекле така.. Туку за гага секој ќе ти дојде тоа да знаеш а ти ако си наивна со бебе малецко околу тебе оди миј мрсни садови и подавај му ракивче пиво итн... Јас не би. Ако маж ти се одлучил да се покаже нека се покаже до крај. Ајде да ја оставиме скарата не е толку лоша и битна особина у моментот. Треба да поразговараш со човекот твој, да се симне од облаци и да му докажеш дека секој кој што си има за себе си има, а тоа си гледа од далеку кој колку носи у каратер односно психички и обратно физички. Воопшто не ми се допаѓаат постапките на маж оти како што ти кажав имам такви околу и ми се бљуа кога треба да слушам 500 000 евра а не се толку туку се 50 и слично. Мислам ако сакаш да живееш со некого не ти требаат вакви ниски глупости, ко јас имам доволно време да седам со некој магаре да ме прави по цел ден ко од марс да сум паднала. Едноставно муабетите не се вкусни не се убави, не се културни. Ако сакаш искрен совет. Советот е тој, маж ти не е океј и тоа што го прави не е океј. Ако лажи некого сам себе си се лажи. Секогаш треба да си го береме гајлето и да си молчиме поштено. Што имаме имаме што немаме немаме и така. Не е вкусно на околината воопшто однесувањето па и самото третирање кон тебе пред се оти многупати си пишувала овде за икс други работи пред ае кон тебе и бебечето ваше.
Здраво Јас сум во брак 3 години. На почетокот се секираше, помагаше, готвеше, заедно стан купивме, реновиравме и еве со текот на времето се одалечивме. Пред неколку месеци се скаравме и ми вика дека колата моја тој ја купил, јас сум била никоја, глупа жена, џабе факултет со дипломата газот да сум си го избришела и дека тој бил среќен јас кога сум на работа и ме немало дома оти самата појава моја му стварала не лагодност и тензија..... Размислувал за развод и моџе бо било подобро да не сме заедно .. Останав без текст вечерва... Немам коментар... Некој?
Он чим нема почит кон тебе и почнал да размислува за развод........не барај совет тука, туку зачувај си го достоинството и самопочитта и направи му го задоволството реално, поднеси документи за развод. Сѐ што сте стекнале во бракот ќе се дели на две еднакви половини. Подобро добар развод, отколку лош брак јас викам. Ќе биде тешко ама ќе помине. Не дозволувај било кој да манипулира со тебе како човек и со твоите емоции. Не дозволувај да те држи во неизвесност. Биди храбра, зачувај се себеси и превземи иницијатива. Среќно.
Здраво ми треба совет Пред година дена имавме некои проблеми кои ги решивме со убаво и продолживме заедно Се си тече во ред живееме во заедница јас никогаш не се опуштив иако имаме спрат по цел ден сме долу сите бидејки домашните работат земјоделие Маж ми оде на работа си иде околу 17-18ч Во заедница секогаш има препирки но за мир секогаш гледам да премолчам Јас сум дома со децава мали се сеуште и по цел ден со нив Минатата недела сакав да одам кај моите на 2-3дена но мм не дозволи јас сум имала куќа веке да сум заборавила да идам на спиење кај нив се испокаравме и не отидов а едино у цела недела е ако еднаш одам кај нив Тој кога тогаш излегува кога со друштво кога иде седат некаде еве утре од фирмата имале некоја прослава па реков да не седам сама да отидам кај моите една вечер ми рече океј Ама дома рекоа утре сабајле имало работа реков пак ок попладне ке идам и сеа ми велат не сабајле попладне ке сме работиле и бидејки му реков дека сите си редат како им одговара кога почна да ми се дере само на тоа сум мислела секоја недела да одам таму оди живеј со нив не се враќи нека ти даваат тие пари ти не планираш ништо во животот само мислиш на тоа да одиш кај нив да знаев дека така ке биде не се ни женев со тебе И почнав и јас да зборувам ми вели сакаш ти бел ден повеке да не видиш не ја отварај многу устата Вакви кавги не се ретки ова сега беше плус пред децата почнаа да плачат Незнам јас дали сепак грешам да не барам да одам ама по цел ден со децата ниту со народ се мешам никаде ама баш никаде не излегувам и само тоа ми е ако одам кај нив еднаш во неделата Секој совет ми е добредојден дали јас грешам или незнам што да правам
@Crnizivot се сили оти има моќ над тебе, оти те издржава, оти си зависна од него. Или гледај како да го решиш тој проблем или иди си кај твоите и не се враќај.
И да не одиш кај твоите Шо се они заслужни? да не те родиле изгледале изшколувале па да одиш кај нив а????
Не не е во ред. Тој тебе по пишаново те смета повеќе за роб околу неговите, децата итн отколку како жена. Ова е типичен пример за луѓе што како прво најверојатно психички не стојат добро со паметот и сметаат дека ако во 18 век ги погазувале жените на секаков можен начин дека и сега ќе ги газат. Епа не оди така. И ти си човек со потреби и емоции, жена, човек што сака да олади глава наместо 24/7 да робува низ дома оти он со неговиот ненормален памет мисли дека така треба. Би те советувала да разговараш со него и да бидеш отсечна во кажувањето кон него да не осети дека си кревка и се плашиш. Ако и понатаму доколку покажеш заби тој тера по свое оди кај твоите едноставно заимини таму и кога ќе дојде да те бара ќе му кажеш дека ти не си се оженила со него да му бидеш роб наместо жена. И да, пробај да најдеш работа. Инаку ќе тонеш а тој ќе користи. Знам дека е тешко но не е невозможно. Мораш ти да се поткренеш со психата за да се извлечеш од овие навистина тешки проблеми.
Не е во ред ова воопшто. Ако имаш деца не значи дека дома само треба да седиш . Без разлика дали сакаш кај твоите да одиш или општо да излезиш на кафе..обврските дома не траат вечно, ако се сака се може се..колку само значи да излезиш негде во текот на неделата сама! Психички ќе се чувствуваш подобро еден сат да излезиш. Не може мажот да определува кога и колку ќе одиш кај твоите тој напротив треба да ти помага повеќе кога знае дека дома си нон стоп со деца. Истото важи и за неговите. Не дозволувај на ваков начин да те контролира дека животот е краток и пред се треба да си здрава мајка за децата, никој друг не е важен ( ни ваков маж каков што го имаш опишано) Не можам да поверувам дека уште има толку заостанати мажи па и жени што им одат по кеф!!
Ако сакаш да си роб и како што ти кажал, бел ден да не видиш - остани таму. Ако сакаш да живееш достоинствено како човек и во мир, замини веднаш кај твоите.
И мојот проблем е сличен како овој погоре.. значи немам татко, мајка ми е премажена и со сопругот одевме кај нив еднаш месечно. Пред некој месец очувот го навреди маж ми и оттогаш тој несака да оди таму . Вели ти оди не ти забранувам ама јас не стапнувам таму. И минатиот викенд решив да одам сама на два дена бидејќи мајка ми настојуваше, тој кажа оди и видов дека уште тогаш почна послабо да прави муабет ао мене. Нејсе отидов и спиев една вечер а наредниот ден си дојдов оти неможев да седам. И мм почна да ми вика дека многу сум му фалела, дека друг пат немало така да биде, дека многу нервози добил за тие два дена.. јас премолчев. Потоа вчера пак почна ми вели неможам да ти се изнарадувам, вели не верував дека сама ќе одеш( за вие 2год во брак прв пат сама отидов кај мајка ми) и му кажав ти самиот ми велеше оди оди зошто сега преговараш. И му кажав дека ако сега не ја гледам мајка ми кога ќе ја гледам кога ќе ја нема ли.. и ми стана тешко и се расплакав.. и тој ми вели ако ти е толку до неа оди со неа живеј и толку престанавме. И еве до сега не ми збори. Синоќа и утрово му беше лошо бидејќи има проблем со притисокот, му велев преги да одкме на лекар но несакаше. Потоа неговите го убедија и заминаа. Јас не отидов бидејќи не ме ни викна и за што ќе одам кога не ми збори за повеќе ли да се нервираме.. незнам што да правам. Пробав да зборувам несакаше сега кога ќе почне тој тогаш..
Разговарај со него, нека не се однесува незрело. Ни ти, ни мајка ти не сте виновни за лошиот однос на очувот кон маж ти. Нема зошто да не ти зборува тебе или да се лути што си отишла да ја видиш мајка ти. Кај мајка си отишла, што му пречи толку што си отишла сама. И тоа си отишла на ден-два да ја видиш, да поседиш, а не цела година. Мора ли него секаде да го влечкаш каде и да одиш. Многу љубоморно и незрело се однесува. Многу сака да те држи под контрола. Аман тоа неговото е психичко малтретирање. Штом ги спомнуваш и неговите, дали тоа значи дека живеете во заедница? Ако е така, што не се оддели тој од мама и тато, туку е врзан за нив? А можно е и тие да му ја полнат главата за тоа што си останала сама кај мајка ти.