И да немаш читано од претходно, по најновиве постови, изобилува со психичко малтретирање. Не и зборува со денови што заминала, пази молим те, кај мајка и. Друг пат, немало да биде така. Што значи тоа? Дека нема да ја пушти да иде ? Од кога жената треба да бара дозвола да иде кај сака, притоа и кај мајка си. Продолжете да ги тинтрате.
Или љубоморен или е под влијание на други луѓе. Тоа таа треба да види. Дали неговите нешто му зборат, дали и кога биле во врска бил таков љубоморен.. Ама @Summer16 е мирна и затоа така и прави. Мора да стегне заби и да му покаже дека со неа не може така да се однесува. Кажа дека нема татко, сега и мајка и да не ја гледа поради него? Не е во ред.. Фрустрациите на друго место нека си ги лечи господинот..
Психичко малтретирање е ако ти префрла дека одиш кај мајка ти и како си можела да отидеш без него иако предходно давал зелено светло. Па и да не давал и тоа е пак малтретирање.
Сфаќате дека проблемот не е до мажите така? До вас е. Дете имаше нецели 2м кога заминав кај мајка прв пат, што ќе седам дома ќе седам таму, бар со драги лица ќе бидам опколена. Седев 15 дена па муж дојде по нас и заминавме на одмор. Не го прашав, му кажав, јас ќе одам кај мајка ми и крај. Што има да го прашувам бре, мое право, да детето е заедничко ама ако ти работиш од јутра до сутра и дете гледаш само навечер кога ќе спие, онда исто ти се фаќа. Не дозволувајте да барате дозвола, не барам дозвола, одам зошто ми се оди и толку. Јас не сум со мајка во ист град и затоа морам на подолго, ама да сум верувам дека ако не секој ден бар секој викенд ќе сум и обесена дома. Сега кога е поголем планирам да си одам бар еднаш месечно на викенд да поседам, си работам, си заработувам, што има да се замарам. Одам таму кај што ми е убаво да седам и тоа е тоа.
Правилно постапуваш, така треба. Утре кога ќе се оженам мене лично ќе ми биде чудно сопругата да ме прашува дали може да оди кај нејзините без мене, или воопшто да оди кај нејзините... Секоj е дете до крај на живот, и секој родител е родител до крај на живот, затоа нормално и правилно е мажот да ги посетува своите родители, а жената нејзините родители. Во однос дали ќе одат заедно тоа веќе е лична работа, но убаво е да одат често и заедно заради почит, мене ми е несфатливо да не одам утре кога ќе се оженам кај родителите на сопругата па макар не ми се допаѓаале по карактер, заради почитта спрема сопругата, ќе одам и ќе ги почитувам колку што тие би ме почитувале, тоа е тоа.
И ние со мајка ми не сме во ист град. Тој уште сега вака се однесува, а кога ќе имаме дете сумљам дека тогаш би дозволил. Ама никогаш нема да дозволам мајка ми да не си го гледа внучето само поради тоа што тој е љубоморен.
Немој да си прстанала да одиш, ако ти се оди. Нека се лути колку сака. Ако не му чини, нека си најде робинка што ќе му оди по газот, а не сопруга која треба да има еднакви права и одговорности како него.
Точно! Најмногу од се ме налути кога кажа - ако ти е толку до мајка ти оди живеј со неа. Секогаш велеше дека ништо не би ми забранувал а сега спротивното го докажува Мојов цел ден ништо нема каснато. Кога си дојде од болница го прашав дали ќе каде кажа не. Потоа мамичка му однесе јадење во собата па не сум ни влегла да видам дали јадел. Не го ни прашав што му кажале на лекар бидејќи нема ни да ми каже..
Ако му се јаде сам ќе си земе да јаде, не е дете. Не му се потресувај толку, нема да умре за јадење. Ете му ја и мајка му од која не сака да се одвои таа нека му носи јадење.
Почна да ми збори. Ми кажа да му направам салата му направив и толку. Само му одговарам ако ме праша нешто и ништо повеќе. Досега веднаш му простивав што и да направи, дури и во ситуациите кога мене ме обвинуваше за се, замижував, ама веќе нема така.
Колку години имат детенцево?15? Неместо сам да те терат да ојш кај мајка ти да си поседиш поготово сега дури немате обврски со деца,тој те ограничуват,потака ке ти речит ако сакаш шетање само во дворон смејш да излезиш...
Ти чувствуваш дека си крива? Ти треба да си лута не тој. Нека види дека си лута. Не трчај по него. Не го прашувај за на лекар, остави го. Ни дали му се јаде ни ништо. А ако продолжи така, прашај го дали сака повеќе со мајка му да си живее..
Девојче јас да ти кажам ко и другите стегни конци на време додека е време да ги стегнеш оти после 2 3 години и полошо од ова ќе биде. Како тоа не можеш да одиш кај мајка ти кај роднини и кај слично а неговата мајка може да иде у соба кај него да седи а? Со роднини негови да живеете а со твои не? Не сфатливо ми е ова навистина. Те стегнал он добро тебе а ти ако продолжиш така нема да имаш среќен крај верувај ми.. Има да му кажеш како што тој живее со мајка му негова и мајка ми негова иде у соба и му носи ручеци и ти имаш мајка и ќе одиш кај неа и не 2 дена ако дакаш и 5 ќе седеш И со роднини ќе се гледаш исто така ако не му чини нека ти каже на време додека имаш можност како девојче да се тргнеш од него оти после е потешко А и зошто да го правиш тоа да засноваш фамилија со човек што не те пушта никаде? Еве он седи со мајка му а ти?? Чукни тоа главата излези од таа љубовна заблуда и гледај со отворени очи трезвено додека е време.
Мене ме мачи тоа што си му направила салата Шала на страна, се однесува како дете затоа што си отишла кај сопствената мајка, се лути и како капаче на тоа си побара салата. Јас да бев како тебе немаше да го погледнам, ниту да му прозборам додека не се свести, а не пак салати да му правам. Додека така го толерираш и ќутиш, на глава ќе ти се качува и како што ти кажаа погоре, не само кај мајка ти, туку ќе се лути подалеку од дворот ако излезеш.
26 уште малку ќе полни. Ама се однесува како тинејџер. Синоќа сакаше да ме гушне ама јас се оттргнав. Не му зборам. Во право си. Но и додека бевме во врска знаеше да биде љубоморен ама не толку. Си велев ај далеку сме затоа е таков, нормално е. Ама сега е бетер од тогаш.
@Summer16 Само немој да му попуштиш. Гледаш штом видел дека и ти си лута сакал да се смири. Значи за него лекот е само строга да бидеш
Тој можеше и сам да си направи, често пати кога е лут се сам си праве а бекогаш и вика и на мајка му. Ама несакаше повеќе да сме лути затоа кажа. Како и да е не попуштам. Точно така . Самма сум си виновна што молчев за се, затоа и така се понашаше.
По напишаното ( и од претходните твои постови) се си мислам дека маж ти е од Струмичко- Радовишкиот регион. Знаеш зошто? Само таму има ,,правило,, да го делат поголемиот син рмбајќи цела фамилија за него, додека помалиот останува со старите (мама и тато) и нека се снаоѓа како знае и умее. Башка што ќе трпи цел живот нервози ама нели, срамно е да си оди и тој од куќата оти комшиите ќе кажат леле овој не сака да ги гледа родителите Поготово во селата, каде работат земјоделие, еве нека каже членката дали не е така. Дали цела фамилија не работат за да го делат братот? Во претходните постови ја советувавте да си викне жена за чистење. Што? Тие три жени дома, мислите дека ќе и дозволат да си го дозволи овиј луксуз, плус земјоделци. Па што ќе кажат комшиите! Тоа се тие луѓе што живеат за тоа што ќе каже народот. За жал, машките деца растат со тој менталитет, тие се газди и треба да се почитува нивниот збор а не се способни за работа и чекаат на родителите и тогаш кога имаат сопствени деца. Ги има такви, многу. Ако сум грешка извини, ама по пишаното таков впечаток добив. Со среќа, со таков маж ќе ти треба!
Битно е што ти се опамети. Пак иста приказна немој. Према секого се однесуваме како што заслужил. Виде каков е твојот кога си мирна. Што значи немој веќе така.