Не знаеш кој е за тепање тука ,маж ти или неговите.А,бре консултирајте се со некој правник претходно пред да запишувате имот.Свекор ти можел со поклон да го препише дворното место на синовите(без данок),а тие кај истиот геометар да извршат физичка делба на кој до каде му е.Постапката не е многу пари и време и ке си имате имот стекнат во брак иако е на име на сопругот.А не вака се на свекор ти.Убаво ти кажа Имелда,усно кажано не е ништо,после ке си кубете коси.Какви ли се ситуации не сум видела.Плус ако горделивото ти маже не сака многу да се расправа,пази на крај кој ке го јаде стапот. Средете си го ова поскоро. А,бре жени ценете си го своето,ако тој не ти го признава,ти ке најдеш начин да му го укажуваш на тоа почесто.За се што е мое може да се користи,но има да се праша прво(со оглед дека сте поголема заеница во ист двор).Мене најмногу ме нервира кога не се знае кој јаде,кој пие.И ние сме си криви некогаш,зборувајте си отворено.Фино и културно ,но зборувајте си.Кој свати-арно,кој не ама ич не ми е галје. Кој спомна погоре,ами и гаражата вредела итн.Ама ајде,ако одиме така таа да запишува колку пати колата и ја возат или колку пари им позајмувале,ви се молат,или колку камата нејзините платиле за тие 10.000е.Да не се оди до таму. Некој само сака да му се признае придонесот во домот малку ,тоа е се.А,од тие мачо горделиви мажишта само вакви глупости ќе тргате во животот.Не бил доволно мажиште да спечали дом во животот(да не се разбереме погрешно,не дека мора,ама во случајот),а за фалење прв е,ех тој балкански менталитет.Крајно,нема и што да кажува пред другите,ни тој ни ти.Бракот е заедница и нема што да кажува кое чие е,само фино е да си ја памти помошта од твоите,како една почит едноставно.
Izvinete prvo na latinicata, a sea malce od iskystvo. Sekojdnevno se srekavam so stotici slicni situacii, rabotam vo opstina i super znam sto znaci delba na imot. Kolku samo braka zaboravaat na dogovorot i kolku samo problemi od toa nastanale, i mene mi e cudno ama toa e.
Анина, не ти реков претходно. Ама сите искази на те сакам од страна на маж ти, што е многу убаво да ти го кажува секој ден во години брак, гледај како можеш, оти ти си го знаеш маж ти најубаво, да го земеш за збор дека ти си му светот, кога да му пријдеш со разговор да разграничите што чиво е сега, на хартија. Не е шала, како што Бриџит спомна за плац, оти темелите се нивни, на свекор ти, пак на негово име, и ако дојде утре до делба тоа ќе стои, не кој земал кредит кујна да стави, некој зид и џам таму. Не дозволувај да се ставиш во положба да браниш што е твое кога е најтешко да докажеш, туку сега, додека сите се присутни (живи) и знаат кое чие е. Па и ти плати препис ако треба да се плати нешто, најевтиното ќе ти е, плус ќе спиеш мирно. Ако е тешко гласот да си го најдеш сега, во тоа време глас ќе имаш, ама може да остане само на тоа. Како Ангел видела се и сешто при делба на имот, сите, и ти си чула какви војни се водат. Не чекај. Земи/барај што рачунаш е твое.
Оооо Анина премногу касно се свестуваш за работите. Добро сеуште може нешто да се направи што ти кажува Имелда, но тоа е многу тежок и бавен процес и бара соработка од сите. Најпрво од маж ти, а сама кажуваш дека тој тера инает, па од неговиот татко и брат. Мое мислење е дека кај маж ти проработело балканското его наречено јас сум маж во куќава. Ама тој почнува да се истакнува одкако е пројдено најтешкото. Јас да сум на твое место нема да дозволам таа табличка да се најде на врата, па последна работа да биде што сум ја направила. Ќе плачам пред него, како не, а он да расте . Ќе го пуштам да ја стави, штом се тргне ќе ја откорнам и пак и пак. Па ако сака комшилук и татко и мајка и брат да му се смеат пак нека ја става. Мене искрено не ми значи дали на врата стои или не стои името, туку ми значи почитувањето на моето мислење. Треба да си се избориш во оваа ситуација твојот глас и твоето мислење да држи место по секоја цена. Еве ќе ти кажам дека за малку јас ќе бев во иста ваква ситуација. Прво од парите што ги собравме либето мое предлагаше да ја реновираме куќата на неговите родители, јас прашав чива е куќата,можеби е дрско прашањето но морав да знам во што инвестирам, и тој викаше пааа ќе биде наша (без озбилен разговор со неговите родители без договор онака од ракав истресен одговор), тикви со расол, еве легализација и физичка делба со делениците уште нема абер да направат, косата ќе ми побелеше таму. Се убедувавме и разубедувавме и време си поминуваше, но не попуштив, требаше да инвестираме во куќа која утре може нема нему да му припадне и да живееме во заедница. За купување на станот немавме доволно пари, па моите родители ни помогнаа исто како твоите. Но ние дваицата сме пишани на имотниот лист затоа што не бевме уште во брак.Најфер. Е сега нема јас сум газда или јас да се правам шеф. Егата и суетите во корен ги исековме.
После кавгата која ја имав вечерва со мм сфатив дека јас или сум била глупава, или слепа или премногу мека за да го делам лебот со човек кој не го познавам. Очите требаше да ми ги отвори една плочка за врата со негово име и коментарите на неколку феминки. Господе како не ми текнало темава да ја отворам во изминативе 7 години? Зошто сум молчела пред него? Демек горд бил, па имаме супер брак и ај да не рушам се за „глупости“. Ама не била работава глупости туку умот мој бил полн со мушички па сум верувала безрезервно. Да ви пренесам дел од кавгата (барем она кое ме пецна најмногу) која траеше цели два часа пред моите деца - Знаеш не ми се допаѓа она со името твое да е на врата. - А чие да е? - Па и моето - Нема шанси - Е што па јас не сум створила ништо во куќава? - А што си створила со 8000 плата - Со мојата плата ја плаќаме колата ако не ти текнува - Значи не само што не си вложила во куќава туку јас и те прехранувам... (станува тензично) - А парите кои ги вложија моите - Никој не ги тераше со сила, тие се понудија. И што сега треба да им се поклонувам на мајка ти и татко ти - - Е жими се работава ќе ја дотерам до суд - Оди ако имаш докази - - Ти си глупав, брат ти ќе земе се што створил татко ти а ти ќе останеш со она кое си го створил сам со помош на моите - Кој како ќе си се снајде - - Зошто им даваш на заем пари на мајка ти и татко ти па не ги земаш азнаеш дека ќе побараш од моите на крај - Бидејќи ми се мајка и татко - И на крај кога се спомнаа родителите негови свекрва ми се нацрта дома за секунда бидејќи се се слуша кај нив и ми вика: Нервозен е, остави го, маж ти е помолчи И не дека ми е маж ама заминав со децата во нивната детска соба да ги заспијам. Кога се вратив тој веќе спиеше во спалната. Значи него како мува да го каснала. Замислете ми ги има земено и сите пари од паричникот (платата негова) и има оставено само нешто ситно. И сега што ?????????????????????? Каде ли ми беа очите 7 години. Да не бевте вие ќе молчев и за името на вратата Не можам да се соземам
/\ Морам да искоментирам нешто. Можеби грешам но сакам да ти помогнам. Мојата врска за малку ќе завршеше откако сите мои пријателки ми викаа како може така да постапува со тебе (не постапуваше лошо туку само не ми посветуваше внимание толку колку што сакав, а сакав многу и тоа во период кога тој имаше проблеми). Секој ден советувана од нив, а невнимание од него и за малку не пукнав. Се само ми се собираше , па и милион други работи од минатото кои во тој момент ги толкував како лошо направено од негова страна. Со тек на време поминаа неговите проблеми и тој беше полн со внимание и љубов спрема мене како порано. Откако моите другрки видоа дека ` тиквата не пукна` ми вика блазе си ти каков дечко имаш, како се однесува спрема тебе. А јас будалата ќе раскинев со него затоа што според моите другарки не постапувал спрема мене како што сум заслужила. Сега за твојот проблем. Сигурно низ глава ти поминуваат само лошите моменти а оние добрите си ги заборавила. Сети се и на добрите и разговарај со него во име на тие добри моменти, кажи му што ти пречи, биди спремна на компромис, а што се однесува на тоа дека ти немаш право на ништо во куќата која што твоите ја реновирале не е точно. Ти и твојот маж имате еднакво право на се што е негово и се што е твое. А ти во ниеден случај нема да останеш со празни раце, затоа што кога свекорти ќе ја препише куќата на двајцата синови, тоа што ќе го добие маж ти спаѓа во имот стекнат во брак. (Тој од претходно ја немал на негово име). Не се обидувај да го скараш со неговите родители, какви и да се, само ти ќе изгубиш од тоа. Поубаво биди фер спрема нив и почитувај ги. Така ќе пораснеш во нивните очи и во на сопругот. Поздрав и не заборавај за се постои решение но во вистинското време.
Полека Анина, ние овде од неколку поста не можеме да го согледаме твојот брачен живот од 7 години. Сигурно не е се така црно, со резерва земај ги советите и полека со нервозата. Јас потполно те разбирам и она со плочката е навистина детски потег и ни малку умесен ама мислам дека има некоја позадина. Што муабет е тој дека те издржува затоа што земаш помала плата а ти кажува секој ден дека те сака. Јас еве неколку години не работам ама маж ми никогаш такво нешто не ми рекол. Мислам дека имате некој друг проблем освен машкото его во односите па сега излегува на виделина со глупави забелешки и постапки од негова страна. Обиди се по некое време релаксирано да направите муабет без навреди па можеби ќе дојдеш до причината за неговото однесување.
Ова болдираното не е вистина. Сопругот ќе го добие имотот како наследство од неговите родители и тој имот не се дели во брак. Така да за да добие она дел од тој имот треба да се тужи и да докажува дека кредитот на родителите е наменет за таа куќа. Така да со право и вели сопругот дека нема да добие ништо е дека се е негово( на татко му сеуште). Не ми е јасно како можете да градите и вложувате пари и да ги задолжувате родителите во нешто што не е на ваше име, или барем на име на споругот. Вака утре тој ќе си го добие како наследство, па ти можеш да го тужиш и да докажуваш колку сакаш (ова во случај да не сте заедно де). Си е има тој правно консултирано се гледа, биди сигурна во тоа
Не е ни прва ни последна која вложила (таа или родителите) пари во новиот дом со сопругот, а тој нов дом е обично спрат, дел од куќа на свекорот, со желба да се помогне да тргнат во нов живот како што треба. А ретки се старите кои препишуваат дел од имот веднаш после свадба на синот. Колку познавате кои препишале дури на стари години таму веќе пред умирање? Јас многу.Добро би било да не се дале тие пари туку така, туку некаков документ да постои, ама веќе е сторено. Она што може да се стори е да не се опседнува невестава постојано со тоа колку дала, кога ќе се дели, како ќе се дели. Ако бракот е добар, се е како што треба, со повремени кавги кои се решаваат, опседнувањето со тоа кој колку дал, може само тензии и кавги да донесе. Што и да се дало се дало од љубов и добра мисла, и не треба низ нос да се вади при секоја прилика. И ако не мислат на развод тогаш не е воопшто важно кој дал за темели а кој за кујна и плочки. Добро е да знаете вие меѓусебе, но ако сопругот одеднаш не сака да признае има некој проблем. Можеби ти се однесуваш како апсолутен газда (цела негова плата ти ја давал ти да располагаш, кажуваш дали треба или не треба цигари за татко му да купува, пари да им позајмува и сл.) па може мисли дека претеруваш и сака да те приземји малку или да те казни што не ги почитуваш неговите, на ист начин, тој нема да ги почитува твоите. Можете да разговарате за проблемите без да спомнувате пари?
Куката односно елаборатот за легализација е на име на свекорот колку што разбрав ,душо моја ептен си заебана ке останеш со прстот во уста, а според вашиот разговор (караница) не гледам изгледи за подобрување од негова страна, алчноста не е мала работа , а ниту пак себичноста. Ако сакаш да се смириш психички не го провоцирај и не му вели дека парите се од твоите, ништо не постигнуваш .не дозволувајте материјалното да ве заслепи едноставно помири се не се обидувај нешто да докажеш (според мене) нема да успееш. Плочката многу кажува , а пак и земањето на парите.... Не знам дали го реши проблемот ама проблемот си ти. На сила преку детето сакаш да го вратиш. Во предходните постови постојано велиш, барем детето да го види да праша за него ,дете од една недела тој сеуште нема развиено чувство за родител. Едноставно разведи се штом не те сака, сакаш во пекол да живееш и пак да бидеш оставена на крај. Штом еднаш кренал рака ке крене уште 100 пати.Нема да си единствена разведена со дете, млада си животот е пред тебе, а и детето ке си порасне ќе се оформи во вистинска личност ако му го покажеш правецот
Добив плочка со мое име И тоа јас си ја избрав и лик и букви и боја и се. Добив и едно големо извинување со огромен букет ружи. Морав да се пофалам
за проблемите треба да се дискутира -некогаш и да се скараш ако треба.ефектот ке биде во секој случај поарен отколку да премолчиш и да се нервираш. честитам!!!
Хаххх брао колку те усреќи плочката , во ситните работи е среќата.Не се замарај повеќе кој колку дал уживајте во животот многу е краток.
Продолжете си да се сакате, со разговор се може да се реши само во вистинско време ПС Браво за гестот на маж ти
Навистина ми се потребни совети и мислења зошто јас веке немам идеа што ми се случува.Премногу сум тажна и имам проблем на кој не му го гледам решението а несакам да се предадам. Со маж ми сме веке 3 години во брак а 6 години севкупно заедно. За да се запознаеме и за да почнеме врска ме бркаше ко луд и не се откажуваше. Навистина беше инвентивен и интересен. Додека бевме во врска беше доста нежен и смирен и навистина ретко ведар и позитивен и навистина знаеше да ме погоди со поклон за било кој повод,знаев дека ме разбира ,ме сака и ме слуша. Во сексот беше малку повлечен но сепак беше добро. Но работите во бракот навистина се променија на лошо. Во првата година од бракот добивме синче. Јас претрпев тежок пороѓај и за малце ќе го изгубевме бебето а потоа јас имав компликации од кои ми велеа дека може и фатално да завршам.Сето тоа веројатно ми донесе поспородилна депресија. Неможев да станам од кревет, неможев да се грижам за бебето и могу плачев и многу се каравме со маж ми. Кога затанав на нозе му објаснив дека не е се во ред со мене и дека можеби имам депресија, рече дека е во ред и дека ќе ми помогне. И навистина тогаш ми помогна физички со бебето. Но како партнер, маж, пријател,емотивно и психички не беше тука.Едноставно го загубив се она што беше прекрасно во него. И до ден денешен тој е одличен татко можам да кажам дека е бр.1 во тоа и кога е со синчето го гледам сето она што го имаше и за мене, но јас од него имам само физичко присуство. Од депресијата успеав и горда сум на тоа сама да излезам и да ме направи по силна, но сум многу осамена. Единствениот вербален контакт со него ми се кавгите. Кога е дома или е на нет или гледа тв или е со син ми. Не сака да разговараме за проблемите, го замолувам да разговараме смирено, да ми каже дали има некаков проблем со мене, со себе, со работа... Го прашувам што можам да направам да го усреќам.Ми вели само сакам мир и хармонија.Му велам дека треба да поминуваме повеке време заедно а тој вели ок. И толку но ништо не се менува.Од петни жили се трудам да разговарам со него човечки да му објаснам дека ми недостасува тој ,неговата љубов,насмевка,и нели сексот.Му велам дека го сакам многу и дека имавме тешки денови, но дека сакам да ги ставиме зад нас и дека заедно полесно ќе пребродиме се. Му велам дека е изменет, дека личи ладен, тажен кога е со мене. Тој вели дека ме сака но дека е многу уморен и дека не бил џокер да се смее за да ми удоволи мене. Пробав и тотално да го оставам на раат некое време ама не промени баш ништо. За роденден или годишнина ми вика ќе одиме кај сакаш и ќе правиме што сакаш,и не се труди ништо да направи.Се да организирам јас. Кога му прокоментирав годинава дека веќе стварно не е во ред што се понаша како да му е баш се исто за годишница ми купи буќет цвеќе и на врата влага и ми вика - држи,и отиде да си се преоблече. Никаде не излегува сам да мислам дека можеби ме вара, од дома на работа и дома. Попладне е со мене и детето, понекогаш оди и го шета сам ми вели - одмори се ние ќе шетаме. Не е ненормален со детето да прави глупости.Знам дека е чесен човек. Му приредувам изненадувања, иницирам дружење со пријателите. Често се гледаме со сите од неговата фамилија и се дружиме и сите луѓе се супер односот ни е супер.Единствено што не променив е мојата тежина. Многу се поправив после пороѓајот и неможам грам да симнам. Сепак не верувам дека тоа има толкав удел во неговата промена. Ве молам за совет веќе не сум паметна што да правам, измеѓу работата детето и домот жонглирав со се што знаев но изгледа не е доволно...
Врска е врска, а брак веќе е сосема нешто друго. Било каков совет да ти адам е неблагодарен, да ти речам помири се целата ситуација не бива, обидувај се од петни жили пак да го придобиеш и тоа не бива. Многу си се трудела за да го вратиш на стариот пат, а за тежината не се обвинувај ако тебе не ти пречи ,кога некој те сака те сака секаков всушност ја сака твојата личност, а не телото. Душо моја иако сум многу повозрасна не знам што да ти кажам. Едноставно некои мажи се кретени и не гледаат што имаат покрај себе, едноставно мислат ете се оженив добив дете што сега ќе се замарам неа да и удоволам. Можеби и перид му е покрај сите маки што ги поминал, верувај не му било лесно. Дај му време биди тоа што си па за понатаму со господ напред. Можеби и ти ги гледаш работите кон призма дека не ти посветува внимание, можеби тој мисли дека тоа што е дома и го шета детето е доволно за ти да си срекна. Остави на времето. Обиди се да разговараш со нормален тон не со кавга, ниедна кавга не завршува добро, а не пак секојдневни.
Оф, многу ми е жал. Само едно ќе ти речам, не го занемарувај проблемот со телесната тежина во разгледување на можните причини. Како што ние жените, со исклучоци секако, сме повеќе склони кон анализа, мажите пак се повеќе склони кон визуелизација. Исто така, со исклучоци. Драстичната промена во физичкиот изглед мошне често носи промени во односот. Едноставно, физички не си истата жена која тој ја засакал. Значи ова ти го велам бидејќи си пишала за драстична промена во тежината, а не правам муабет за физичките промени кои доаѓаат природно со годините. Љубовта убаво изгледа на секоја возраст. Исто така, промената кај тебе за време на овој брак не била само од физичка природа. Постпородилната депресија си го има направено своето. Значи додека сте минувале низ сето ова, мт покрај себе имал многу променета личност, не многу слична на онаа којашто ја запознал. Многу често се испоставува дека всушност ние жените сме посилниот пол и дека кај мажите кризите потешко минуваат. Но, со голема љубов, разбирање и трпение се` ќе се среди. Биди пољубопитна. Имај доверба во него, но биди љубопитна. Преиспитај ја секоја можност, самата ги избегнуваш шансите за тоа со ставовите „сигурно не е поради ова/сигурно не го прави тоа“. Штом е сменет, сигурно е нешто. Изненадувањата и љубовта што му ја пружаш се потребни, но ни малку доволни. Многу е тешко кога не можеш да допреш и да разговараш со мажот кога има вакви периоди. Затоа ќе мора да се потрудиш да дознаеш што навистина се случува, за да знаеш како ефикасно да реагираш. Тој еднаш веројатно бил силен за сите тројца и сега е сосема друг човек. Или пак се криел и бегал од проблемите додека ти со тоа машки си се изборила и тука можеби и почнал тој јаз. Се` е тоа од оние наметнати (според мене бесмислени) стандарди од типот на „мажите не плачат“, па кога ќе удри вака гром од ведро небо се чудиме. Исто спомена дека многу те бркал и тоа го држело за тебе. Сега оваа твоја потчинетост и стремеж во се` да му удоволиш ни малку не наликува на онаа самоуверена и мистериозна дама којашто толку се трудел да ја освои. Доста го освојуваш, дозволи тој повторно да те освои тебе, да му дадеш до знаење дека можеш и без него ако мораш. Флертувај малку со самата себе, па и со околината во граници на простојност, нормално. Направи промени во изгледот со кои прво самата на себе ќе си се допаднеш, самата на себе ќе си бидеш привлечна и погледот во огледало ќе ти измами насмевка. Затоа што убавината почнува од нашиот поглед на самите себеси во огледалото. Ништо не е невозможно, па ни намалување на тежината ако тоа ќе те направи поубаво да се чувствуваш во сопствената кожа и/или ќе ти овозможи поздрав и поквалитетен живот. Сеа, не можеме да бидеме пак 17 годишни, но при толку напредок во наукава, многу работи премина од колоната „невозможно“ во онаа со зелено крукче. Те гушкам и ти стискам палци.
Ви благодарам многу на исцрпните совети и мислења навистина ми давате сила да се борам за МОЈОТ ЧОВЕК како што сакам да го нарекувам. И знам дека и и јас сум била сигурно тешка личност да се живее со мене за време на депресијата, но живем во надеж дека сега со ведрината со која му приогам и силата која ја поседувам да се борам со секој проблем што ќе ни застане на пат, ќе го окуражи да почне да го гледа животот со мене малку поинаку и поубав. А и веќе некое врме се борам со килажата и не сум спремна да изгубам ни во таа битка Ќе дадам се од себе да да се надминам себеси и да станам она што некогаш бев па и подобра. Можеби повторно ќе ја види жената во мене што некогаш ја гледал. Па понатака од тоа само Бог е моќен.
Само не заборавај, ти си таа која е на прво место тука. Удоволи си прво себеси за да можеш да бидеш подобра сопруга и мајка. И никако да се обвинуваш самата себеси. За љубов и кавга требаат најмалку двајца. Биди силна, од овој период можеш буквално секакава разврска да очекуваш ... и во секоја ситуација ќе ти треба да бидеш силна. Не е паметно сите надежи да се вложуваат во една личност/ситуација/приказна, затоа што гаранција не постои за ништо. Затоа, на прво место ставајте се самите себе.
Bon-bon јас ќе ти пишувам колку да чуеш и друг. Теси веќе многу убаво ти има напишано погоре. Периодот на депресија е многу тежок, не само за оној кој пати од тоа. Многу пати му поминала мислата на маж ти дека он е крив за твојата депресија, без разлика на тоа што знаел дека не е виновен, едноставно тоа сме, луѓе сме, и таа мисла ни поминува низ главата. Верувај ми, не еднаш, не два пати, секој ден додека те има гледано како патиш се осетил виновен, беспомошен, и исфрустриран. Веројатно ги немаш ни приметено обидите и напорите тој да направи нешто да ти помогне и некако магично да те извади од депресијата, што е нормално при ваква работа. Несвесно викаш, сама се извлеков од депресијата и горда сум на тоа. А се обидувал, верувај, се обидувал. И едноставно човек престане да се обидува. И тоа стане нормално. Оти зад секое однесување како прво стои навика. Сте се оддалечиле, а чувствата не се на копче, стисни пали. Време треба за полека да се зближите повторно, ама фрустрацијата си го прави своето и избувнуваат кавги со контра ефект од посакуваното. Тежината не е воопшто за занемарување. За тоа еднаш негде напишав дека не би го кривила маж ми ако ме остави доколку станам колку мајка ми голема. Таков е маж ми, го привлекуваат слаби жени, така сум му го запрела првиот поглед кон мене. Има мажи што нема два пати да ме погледнат, си преферираат полни раце, и тоа е. Ама исто така има мажи кои не само што не ги привлекуваат пополни жени, туку да не се изразувам, туку има многу спротивен ефект. Нема ништо плитко во тоа, така се мажите „врзани„ во мозокот и не можат против тоа. Енергијата што ја имаш во себе, фрли ја на вежбање. Ем ќе се стопиш и стегнеш побргу, ем е најдобриот антидепресив. Можеби си излезена од постпородилната, ама периодов не ти прави услуги. Осамена, лута, исфрустрирана, тажна...па и не е толку поразлично, и исто е неатрактивно. Да живнеш малку, да се осетиш добро во самата себе. Ти посакувам се најдобро.