Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. DenaM

    DenaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    она и за детето имаше најдено мана, го чувал ама не доволно ...
    нека разговараат ама јас мислам дека нема да мозе пошто мозе да и казе нешто друго и да испадне она крива, и затоа и казав прек добро и одоколу нека проба, сепак она си знае најдобро за себе, и како што смета така нека праи. само без инати, пошто во денешно време ко што е нервозно времето малку фали за разводи и сл. работи.
    пс што и смета што има хоби? нека има и она.
     
    На baba Rada и Meckicja им се допаѓа ова.
  2. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.809
    Пол:
    Женски
    Не е во минато време, очигледно сеуште го чува детето.
    Затоа и потенцирав дека НЕ го оправдувам, не знам дали ме читаш воопшто што пишувам. Поентата беше дека го чува детето што секако е голема обврска. За се останато и мене би ми сметало и треба под итно да се разговара. Впрочем не требало ни да дозволи @female32 да дојдат до овој степен. Ако разговор не помага со сопругот, тогаш не знам како воопшто функционира тој брак ако нема основна комуникација меѓу сопружниците.

    Јас дефинитивно не би бранела таква жена. Како што веќе напоменав, според мене двете страни треба да работат и финансиски да придонесат, а и еднакво да се грижат за детето и домот. Толку.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека не е секогаш решение само разговорот, затоа што некои луѓе не се разбираат од збор. Има машки ,,легачи'' кои едноставно не сакаат да работат ( знам од искуство имам братучед) .
    Маж ти во Македонија работел пошто така му наложиле работите. Сега кога видел дека ти работиш и дека може така да му ја тера, си се опуштил.Она нека ринта јас ќе уживам. Во ред ти да работиш , ама на сметка на тоа дома да биде средено, наместено , ручек направен, дете прошетано - така сигурно би било кога би биле во обратна ситуација ти дома, тој на работа.
    Само не знам како можеш да го трпиш алал нека ти е, очигледно си некоја премногу фина! Јас кога би била на твое место сосе партали надвор би го оставила. И ќе му речам - Или оправи се или ни мене ни дете нема да видиш.
    Која е потребата од таков паразит?
     
    На poppie, friendy, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Како што разбирам од напишаново, на вас поголем проблем ви е чувањето на детето, пошто и да најде работа сопругот, пак може да се случи да имате проблем со смените. И да ги натемпирате смените, може да се случи да мора некој да остане повеќе на работа или да пропушти превоз, па другиот поради тоа да касни...
    Најдобро е прво да го решите тој проблем, па потоа останатото.

    Мислам дека си премногу критична кон сопругот. Од една страна го напаѓаш дека неќе да работи, а од друга страна кажуваш дека он морал да напушти работа, бидејќи тебе не ти одговарала работата, си ја сменила и некој морал да остане со детето.
    Значи останал дома со причина. Можело и обратно да биде, ти да останеш дома, па дали би сакала ем да се откажеш од работа за заедничко добро, ем потоа да ти се префрлува дека ништо не работиш?

    Јас во случајов би го решила прво проблемот со чување на детето, дали со градинка, дали со жена или изнајмување поголем стан за да може некоја баба да дојде да го чува, сеедно.
    Потоа ако повторно не сака да работи, тогаш би сметала дека имаме сериозен проблем.
    А се она другото, дека не пазарува, не го чува детето како што ти сметаш дека треба, седнете на маса и направете убав муабет. Не со кавги и префрлања, туку убаво да му објасниш дека детето мора да излезе надвор, да го фати сонце, да прошета, да поигра, да се истрча, а не само да седи дома. За домашните обврски ќе му објасниш дека ти си уморна од работа и не е фер и дома кога ќе дојдеш да те чека домашната работа, кога он има доволно време на располагање да ја заврши додека си ти на работа.
    Немој да мислиш дека го оправдувам однесувањето на твојот сопруг, а не те разбирам тебе. Те разбирам, но можам и да разберам дека седењето дома може да депримира и да го стави човек во состојба на апатичност.
    Мислам дека подобро и побрзо ќе го решиш проблемот со сопругот ако пристапиш со разбирање и конкретни предлози за решение, отколку ако го напаѓаш и му префрлаш.
    Со среќа :)
     
    На poppie, friendy, pianogirl и 7 други им се допаѓа ова.
  5. female32

    female32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    vi blagodaram feminki mnogu ke se potrudam da go resam problemot
     
    На poppie, gjoker4e, Желба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.862
    Допаѓања:
    28.525
    @female32 Ако имате заеднички планови за иднината од типот патување, реновирање, преселба во нов стан, уште едно дете, поточно планови какви што треба да имат двајца млади сопружници тогаш потсети го дека нема да постигнете ако немате пари. А пари нема да имате ако само едниот работи.
    Пробај без кавги, без префрлување како тој само дете чува ( ова е исто одговорна и напорна обврска), едноставно разговарајте и планирајте како да ви биде поубаво, поудобно, како детето да го згрижите ако двајцата работите, помгни му да најде работа! Ова со разговор се решава, и мислам дека ќе го надминете!
     
    На tessie, Milobebence и gjoker4e им се допаѓа ова.
  7. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Женички да ве прашам
    Колку време си посветувате со сопругот? Колку вие него, а колку тој вас? Заеднички прошетки, блискост (не само интимна врск) туку галење, прегратки, бакнежи, убави зборови едноставно онака убав дел од времето посветено на вас двата? Не зборувам за цел ден, немма време за цел ден , туку онака да биди кратко ама ефективно пр. Пола час,, 2 часа зависи дали и прошетки, ручеци или само кратко посветување галење.

    Ако ви е смешно прашањето прескокнете го. Но ова ме мачи подолг период. Имам и со мм зборано и ама ете така мажите си мислат дека ако само ручаш заедно или оди да пазариш од маркет или на гости негде одите заедно како то да е време поминато заедно доволно- како демек се видовме, бевме заедно. Имам многу пати разговарано на оваа тема ама таков е џабе... Само пример јас да западнам малку пр. Да се разболам или некоја грижа поголема тогаш ќе е цело време со мене и ќе ми дава поддршка и внимание. Знајте како она дете шо постојано се разболвало бидејќи родителите само тогаш му обрнувале внимание.
    Фала женички.
     
    На gjoker4e и sagittarius989 им се допаѓа ова.
  8. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    26.300
    Пол:
    Женски
    1 минутна прегратка преку ден
    пола сат на вечер :rofl: мислам е доста за нас
     
    На makedon81, gjoker4e и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  9. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Колку сте во брак? Не ти фали онака разговор подолго време се него? Не знам можи јас сум чудакот
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.251
    Допаѓања:
    103.281
    Пол:
    Женски
    На нас утрото ни започнува со чешкање потоа се спрема сопругот оди на работа јас од 10ч почнувам со работа потоа 2 до 3 пати се слушаме на тел зависи он како е со работа ако е послободен за доручек ќе купи нешто и доаѓа кај мене заедно доручаме или пиеме кафе.
    Јас до 19ч по некогош и до 20ч сум на работа он до 16ч доаѓа кај 19ч затворам одиме на кафе или шетаме покрај кеј вечераме инт па чешкање или само чешкање и така заспиваме.
    Сабота цел ден е со мене на работа.
    Недела цел ден сме заедно.
    Што и да правиме заедно го поминуваме ден.
    Не си чудак воопшто
     
    На poppie, Dust, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Да не претерам ама речиси цело слободно време го минуваме заедно. Кога е добро времето прошетки и разговори. Кога сме дома често мм знае да спрема нешто за со некоја чаша вино, нормално од кога ќе заспие мали. Немаме баба сервис. Преку недела немаме толку слободно време. Мм излегува од 6 наутро па до кога има раб знае да се врати и во 19 -20 навечер. Вечера се борат со мали и заспиваме. Затоа и за викенд гледаме да го искористиме времето максимално.
     
    На Dust, gjoker4e, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    6.731
    Поминуваме време заедно колку што ни дозволуваат обврските. Некои деови единствено гледање ни е навечер пред спиење, сега околу празнициве не бевме на работа двајцата и беше супер..Будење заедно, кафенце в кревет, прошетки.Ги обожавам тие утра..
     
    На poppie, gjoker4e, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Сега си баш во тој период кога хормони те пукаат и си осетлива. Некои мажи се едноставно такви, немаат ни р од романтичност. Но тоа не значи дека не те сака или дека не сака да го мине времето со тебе. По некоја логика не би се ни оженил со тебе доколу е така, а не па и деца да има. Настрана исклучоците секако нели.
     
    На gjoker4e, Milobebence, Makedonka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    @Milobebence @Abc07 @firequeenn @Someday
    Женички фала шо споделите со мене. Мм ме сака знам и то многу, имаме баш онака љубов љубов уште од сам почеток. Но кога бевме дечко и девојка повеќе тој ми обрнуваше внимание, или беше иницијатор може дека јас имав настрана и други обврски, цело време тогаш бев во движење надвор и кога бевме слободни ги користевме и секундите до максимум. А сега се смена бидејќи е брак, тој на работа јас дома во бременост. И има поќе обврски, мисли поќе, поголема одговорност.. Ама пак не го оправдувам целосно... Повеќе да спие, фудбал итн а за мене сосем малку.
    Ама фала ви, ми дојде идеја да го поттикнам на некои заеднички активности. Ако ви текни плус нешто слободно кажете идеја.

    Убав ден женички. :hug:
     
    На poppie, Dust, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Хахах тотално те разбирам како ти е. Од што сме дома по цел ден без некои поголеми обврски секакви глупости ни се вртат низ глава. Ние скоро цело време сме заедно со мм па мене пак не ми е доста :D. А мажите се поголеми деца и од децата, така да не се секирај, не е само кај вас така. Кога ке излезе бебето нека не те чуди ако тој биде желен за внимание како ти сега :lol:
     
    На Makedonka007, gjoker4e, minne992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Како јас да се читам во реченицата "Ние скоро цело време сме заедно со мм па мене пак не ми е доста" - ниту пак мене мила:lol:
    Ама јас сум тип за шо ти треба многу енергија, дали дома или надвор знам да правам интерсно да е или нови теми постојано отворам и сериозна и забава онака баш никогаш да не ти е досадно ама мм нема толку време а ни сила некогаш.
    Ама то шо велиш ко ќе дојди бебче тој ќе бара малку да го погледам :D ама не знам тогаш :wasntme: :P
    Те :hug:
     
    На Someday и Milobebence им се допаѓа ова.
  17. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    26.300
    Пол:
    Женски
    7г. сме во брак .
    разговор секако стално кога имаме време разговараме . ама некогаш пак кога сме подолго време заедно знајме и да се караме :rofl:
     
    На diskreten32 и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    ќе ти падне може смешно и глупаво ама ние ич немаме време за да си посветиме еден на друг. Обврските така ни налагаат. Денес е тој 3та смена јас 1ва. Кога сум јас на работа тој го чува детето кога ќе дојдам јадеме малку онака разговор потоа тој оди на кафе јас работам дома кога ќе се врати јас преспивам тој го варди детето после тој преспива зашто нело трета е јас шетам со синко навечер тој на работа ние вкревет. Следна недела пак ни се менуваат смените кога е тој на работа јас сум дома кога е тој дома јас на работа последните 8 саати до денот ни поминуваат во спиење. Прво ми сметаше тоа ама се помирив. Обврските така ни налагаат заедно живееме ама малку се гледаме и разговараме. Некогаш нормално се слушаме по телефон додека сум јас дома а тој има слободно време на работа.
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    @minne992 7 години е долг период, можи со време ќе се навикнам не знам и плус бебче ко ќе дојди. Ама засега така размислувам, сакам да поминуваме повеќе време.

    @marchi-cool мислам дека не си во Мк така? Во странство нормално обврските ги делите кои и така ги имате многу, и знам дека е пократко времето. Ама тука во Мк некако повеќе можиме барем да си посветиме или јас така гледам на работите дека сме на речиси почеток од бракот 2години заедно. Време ќе покажи.
     
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    камо среќа да бев во странство. Во мк сум. Работиме со мм во иста фирма на производство и баравме да сме различни смени ради да има детето со кого да седи,да не е само и да не ангажираме дополнително некој за чување. Ние искрено по мое се запоставивме малку. Барем јас така мислам. И јас како тебе би сакала да си посветиме повеќе внимание. Јас гледам колку што можам во се да постигнам но тој маж ко маж сака и со другари да се види и на кафе да појде... Многу е важно комуникацијата да не се изгуби. Тоа ако се изгуби се е пропаднато. За блискост интимност се наоѓа некоја минутка време но ако немате време за разговор и комуникација ништо не сте направиле
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.