Ако е од бес, секако дека не е за оправдудање. Сум работела за 7000, маж ми со факултет, за 9000 има работено.
Депресија е тешка работа, ама депресивен ако е нема да му е лесно да ака да троши пари и да дреме игрици да игра, сите знаеме како изгледа депресија. И сама знаеш како се осеќаш, верувам не ти е до бркање кариера и игрици кога си баш во тешка ситуација,м? А дека се почесто се бара изговор во депресија, ехеее... Лесно е, ќе легнам дома и депресивна сум, не ми се работи, не ми се учи,не ми се прави ништо, јер депресија... Секоја чест на оние кои се борат со тоа, оти тоа е единствено исправно, да се избориш, од дома лежење нема чаре. И за депресија како и за било која друга болест има лек, ако имаш бронхит пиеш апчиња, ако имаш депресија одиш на психијатар, толку е, тоа е лекот.
Реков дека доктор треба да каже дали е некој депресивен или не. Иначе, кога сум депресивна, ми се игра игри, оти така не мислам на ништо што ме мачи.
феминки ништо не помага ке чекам една недела може ќе се смени на подобро да најде работа и да го остави телефонот да е депресија сигурно не е се ова е за инает дека ја сум сакала странство е сега треба да си трпам така ми рече
Хахахахахах Кај ги наоѓате бре све мамини галеничиња,пилчиња научени да му го изџвакат мама јадењето тој само да го голтнит.. Ај скраја да е шо век ке беше ова 21 чуден малку
Изфрли го како партал е тоа етоа коа ке се поврате назад чекор една жена си го избркала еднаш па си го прибрала назад и сеа играе на картата неможиш без него и нема да го набркаш пак грешка твоја брај и не прибирај назад додека умот не му дојде
нема детето иднина со таков човек. Од гледање ќе научи дека мажот седи дома и си го "прчи" додека жената изиграва стока.
Вооопшто да не чекаш. Парталите и надвор! Убаво ти пишаа дека прво лош пример му дава на детето. Второ доста живеете за тоа што ќе речат другите луѓе, па макар и да се тоа твоите родители. Прави тоа што за тебе и детето е убаво и правилно. И чим му е толку лошо може слободно да си се врати таму од кај што дошол.
феминки да ви се пофалам разговаравме и од понеделник ќе оди на работа конечно па ке видиме како ке биде ситуацијата после фала ви на сите за советите
Ако веке се самоубиваат славни личности што имаат кариера и работеле дено ноќно немој да ми збориш за депресија. И мажот и да не е таков има многу луѓе во светот каде ги мачат мислите и живеат со тоа тие не се слаби како што ти ги нарекуваш дека глумат тие за мене се најсилните сушстества што секој ден имаат надеж дека ке го надминат тоа.
Ај за добро утро Од тие славните бе душо еден саглам немат пошто премногу пари имет и веќе не знат дали одат по земјава или лебдат над неа. То дроги,швалерација...и овде се зборвит за младинава конкретно кај нас шо се научени на лежи лебу да те јадам..нит му се работит нит ништо само за акање по цели ноќој и ако немат мама тато пари за фрлање одма депресија настапуват. А на сите оние кои вистински се соочуваат со депресијата а не ја користат како изговор за излежавање јас им посакувам побрзо оздравување
Тие со патат од депресија ретко признават и не ја многу споменуват. И да се вратеме на мажот и што бил депресивен, ако е депресивен нека се лече а не само да леже тоа лежање ништо не помага.
феминки од понеделник тргнува на раабота се труди околу мене ама односот што го имавме порано не е веќе не сме толку блиски по сите случувања еднаш си отидепа пак се врати некако веке не е тоа тоа треба доста време да помине да видеме исти како порано
Ти имаш право да бидеш среќна.Никогаш не се задржувај на место кое те повредува.Време е да си дадеш шанса самата на себе си и да започнеш нов живот.Ќе се чувствуваш слободно и со самото тоа среќата ќе ти заѕвони на врата.Тој што сега не те почитува нема ни за неколку години...Крајот на некои нешта е почеток за нови.
феминки сега судете ме..додека минуваше времето карајки се со мажот ми и сите тие глупости сега се оладија работите мегу нас мислам дека се заљубив во друг.. не сум сигурна но не го чуствувам истото како порано за мажот ми..сега е вистинскиот проблем ..со тој ништо никогаш не сум имала ете само ми се свиѓа..цело време мислам на него како тинејџер сум..сега имам проблем со себе..
Ќе ти помини. Пошто си цела со проблеми, ти треба фантазија која ќе те одвлечка далеку од нив. Гледај среди со твојот дома, без разлика дали ќе останете заедно или не.. после почнувај нови врски, ако се разделите.