чуствувам одбивност кон мажот ми..несакам ни да го бацам ни пак нешто друго..незнам сериозно почнувам да полудувам веке или се заљубив едвај чекам само да го видам да разговараме ние сме само колеги никогаш не е имало ништо повеќе мегу нас..
Проблемите во бракот и ладните односи меѓу сопружниците понекогаш знаат да доведат до ваква ситуација. Не се обвинувај себеси затоа што не си единствена. Фокусирај се на решавање на клучниот проблем во бракот. Период е, ќе помине. Само не се заплеткувај во триаголник, нема безболен излез.
незнам дали сакам да го решам проблемот во бракот и дали сакам да продолжам со тој чоек понатаму..од сите случувања се изморив..
Испадна ако не ја пазиш доволно жената шо те сакат друг ке ти ја пазит или така нешто беше Едноставно прашај го дали и колку те сакат,дали воопшто те почитуват,кажи му дека сакаш појке внимание како жена од негова страна,речи му малку да се потрудит да те освоит пак и види шо ке се дешават ..ако му е сеедно кажи му како се осеќаш и секој својот пат..
многу пати сме зборувале на тоа ке се облечам ќе се нашминкам само да ми даде некој комплимент толку и треба на една жена..малку внимание само ама залудно..и после сите случувања тој пак си тера по негово ние воопшто и не разговараме како нормални луѓе тој ке си извие врат и ке си фати некаде како и сега не е дома си излезе го прашувам кај ке одиш кај си имам работа рече и отиде..кај нас е многу стегната ситуацијата
речи му многу си интересен знаеш? работа дома имаш да ја е... жената а не да скиташ. и види со ке каже а ако сепак продужи речи му и јас доаѓам со тебе, сакам да бидеме заедно, што е? маж си ми или што си ? и види како ке иѕрагира. во тој стил муабетот нека ти биде, ироничен и дрзок. и не бркај други пред да средиш со мажот па после ако ептен не го бива барај си ја среќата на друго место али и за тоа извести го. али сепак гледај прво да средиш.
Здраво дечки. Не знам дали местото на постов е тука, ама морам некаде да пишам,зошто мислам дека со трпението сум при крај. Верена сум, за два месеци правиме свадба.Се веривме во ноември и решивме дека до свадба ќе живееме со неговите, после тоа одделно. Вереникот очигледно дека не беше скроз искрен со мене (мислам дека и проблемот не го сфаќа толку сериозно) дека татко му има биполарно растројство.Човекот кога отидов таму првите месеци стварно не можев да го забележам дека има растројство, зошто сум на работа до 17h ,после тоа излегувавме лево десно,кога ќе се вратевме веќе беа легнати си свекрвата. Последниве 2-3 месеци се поизразито е,зошто за се нешто вика по домашниве(само мене не се дрзнува да ми вика) , агресивен е ,на полноќ излегува да коси треба пред зграда, се кара се тепа со луѓе. Дури јас се дрзнав да го однесам на психијатар пошо другиве гледам никој не се замара,како демек таков е човекот и тоа е тоа. Згора на се имам една свекрва што само се жали дека и било тешко со него,не можела да го трпи веќе ( а го трпела ваков веќе 10години) и се нешто се жали и чека од вереникот мој и брат му. Сума сумарум се осеќам како да не живеам со возрасни луѓе, туку како да имам две деца. Знам дека сега некој ќе рече,ех уште два месеци ќе си одиш, издржи, ама деновиве стварно се чувствувам како да не можам веќе. После работа не ми се оди дома,нозете наназад ми се враќаат. Ќе се скријам во соба кога ми е тешко и ќе плачам. А не сум таква,секогаш сум била јака и издржлива. Ситуацијава ми ја црпи сета енергија.Ниту се радувам на организирање на свадба, ни на ништо.
Тоа го мислам веќе некое време. Моите живеат во друг град, но тука имам куќа каде што можам да одам (таму живеев предходно). Со вереникот правев муабет, му реков дека сакам да се вратам таму. Се разбира дека рече нема да му е сеедно и тоа ќе го повреди многу. И тој како да не ме разбира во целава ситуација. Во ред е дека се негови родители и ги сака, ама тоа не значи дека јас морам да го трпам сето тоа..
Апсолутно се сложувам, исто размислуваме по ова прашање. Нема да му е сеедно да заминеш, а дали би му било сеедно да знае дека секој ден поминат таму ти е измачување, си ја знае состојбата дома, можеби не ни требал да те вика да живееш кај него. Јас не би. Инаку, не е срамота да се живее одвоено до свадбата. Знам многу сега веќе брачни парови, што живееле оделно до свадбата. И тоа при нормални околности. Нивново, едноставно не е терет кој ти треба да го носиш. Тоа е мое мислење, сепак одлуката е твоја.
Jas da sum na tvoe mesto bi istrazila dali toa e nasledna bolest i sekako do svadba bi sedela doma. Nema sto jas da se spravuvam so takvi ludacki situacii. Samo da znaes deka koga ke se omazis pak ke gi imas ovie situacii pa od doma so maz ti ke trcate do kaj svekrvata. Sigurno kje ve vika da se smiri situacijata ili da se nosi na lekar.Taka da moj sovet konsulturaj se so psihijatri i so lekari pred da vlezes vo takov "zivot" Pozdrav
Фала ти @lovestoneddd Ќе пробам уште еднаш да разговарам, да се преселиме заедно уште од сега, ако не сака ќе си заминам само јас. Доста се информирав за болеста- таква сум како човек се интересирам,читам,едуцирам, јас прва сфатив за какво растројство се работи. Секако дека вереникот може да носи гени,ама па дај ако не да го оставам заради тоа? Јас го познавам каква личност, какво однесување има. Воопшто не се плашам од такви работи. А за утре,задутре за трчањето кај свекрвата,тоа го имам расчистено со вереникот,зошто сум прилично директна.Сум му рекла- ќе си разграничиш некои работи. Пред се ќе си гледаш за кај дома, за нас. А ако те викнат за нешто кај нив,мене нема што да ме мешаш. Мене ситуацијава ме исцрпува зошто секојдневно ми се дома,ги гледам,ги слушам, ми шират негативна енергија. Иначе кога ќе си бидам на страна нека се караат,тепаат,ама ич не ме интересира.
А ако има во фамилијарна историја висок притисок, или рак, или дијабетис, и за тоа ли треба да го откачиш тој што го сакаш? Кој нема никаква болест во фамилија, жити се'?
Ја би те прашала едно прашање кој му ја даде таа дојагноза на свекорот ??? ама валјд ти изгледа немаш појма како е да живееш со болесник од биполарно или од шизофренија цел живот се со терапија имаат епизоди како мало дете треба да и тетираш да трчиш по нив на време тераија коа ке има епизоди може ке треба да лежи на психијатрија треба да го носиш да го расправаш млада права девојка споед мене не би требало да прифака врска со таква особа шо болуе од шизофренија остај на страна шо е наследна
Знам. Татко ми, Бог да го прости, беше биполарен. И не се тепаше со никој. Се менаџира со лекови болеста.
Да, ама тоа е за цел живот преголем залак за еден млад човек до прва да се замара со тоа и да си го влече низ цел живот Тука не ни е кажано од кај дијагнозата може и онака од рака девојчето мисле дека е биполарен а може и од психијатар е дадено