Јас би... би ја запознала најпрво со моите родители ќе и објаснам колку ги сакам и нејчам истовремено т.е. расправам со нив, но колку и да се добри или лоши, барам да ми ги почитува и како што кажа во добро и во зло да биди тука, но секој различно си ја перцепира и поставува формата на врската. ^^
@Alita а да си го земеш вереникот во куќата и на раат да си ја спремите свадбата? Зошто синовите не му обрнуваат внимание на таткото?
А што ако треба на грб да го носи и свекорот? Колку што прочитав, нејзината идна свекрва се жалела колку и било тешко и дека се се чекало од нејзиниот иден сопруг и од брат му. Што во тој случај?
е да ама тоа е наследна болест и ништо чудно утре нејзините деца може да ја наследат зошто здрава нога у трн да си става
А ако се работи за татко ти исто вака ќе размислуваш? Кој ќе му помогне на родителот, ако не детето? Или ај да ги напуштиме штом стапиме во брак, сами нека си се справуваат со проблемите.
Не спомнав за напуштање. Тој е негов родител, а не нејзин. Не може секој да се справи со таква состојба.
Значи ти во таква ситуација сама би го носела товарот? Сакаш да кажеш не ти треба партнерот за поддршка?
не мора да прави, ништо што не сака. Плус, има домови за стари и лица со инвалидитет. Цела среќа што маж ми, и покрај што го знаеше ова, одлучи да остане со мене А и јас со него... и покрај ракот, високиот крвен притисок и срцевите маани во неговата фамилија
Точно, но кога ти ќе се грижиш за татко ти, твоето отсуство дома ќе се чувствува, што значи маж ти ќе треба да се грижи за останатото. И тоа е поддршка.
Јас не би го форсирала маж ми да биде со мене во таков случај. Секој размислува различно. Не се нафаќа секој да се грижи за 'туѓите' проблеми. Не сака секој да си создава таква обврска. А има разлика од рак до таква болест/состојба.
Најлесно е кога е све идеално,тогаш сите се као среќни и весели. Али на мака се познаваат јунаците и се тестира врската/бракот. Така да ова со бегање од проблеми е малку што знам,неубаво
Проблемите на маж ми не се туѓи, туку се наши. И јас не би форсирала, впрочем тука се гледа она "во добро и зло".
Само ке речам недај боже Недај боже да имате личност со псиичка болест Да видам али ке бидете силни како сеа А плус тоа да си влече ризик уте и вашето дете да болува од истото сигурна сум дека 99 постонема да се нафатат ама сто стапа по туѓ грб не болат
Јас само не разбирам како до сега не разговарал партнерот со тебе отворено за ситуацијата со татко му и семејството, а те однел да живееш таму, и како не ги интересирало да добијат дијагноза. Инаку не се бега, а уште помалку се остава партнер поради таква ситуација.
исто повеке о 12 години имам у блиска фамилија секојден е борба кга се пие на време терапијата ај некако е ок да речам ама кога ке започнат епизоди тоа е страшно нема спиење ,зборување нерзан муабет сто на саат .уста пења му фака нема абер а застане буден со денови и ноки никако да заспие ,па ке му текне сред нок да оде и шета а ти да го пратиш ,па не сака дома па испаднал со пижами со една влечка една патика па ај треба да се однесе у болница не сака бркотници со лаги превари обекања па посети гледаш полно млади со горели мрсули една патика една влечка кој плаче кој неконтролирано се смее ,кој чука на врата сака да изпадне па идат болничари гиземааш ги фрлаат у соба им шибат инекции и врзуваат за кревет да спијат во наредните 24 -48 саати не сте ни свесни з што уопште станува збор него да се контрате само