И? Не е можно некој што нема во фамилија, да заболи од биполарно растројство или шизофренија? Што тогаш?
ама ти не разбираш или сакаш да се контраш со мене не те разбирам девојчето побара совет ок е да и се одблизу каже со каков човек и каква болест си има работа како ке добиеш шизофренија одпосле у тек на живот не е фер да ја тапшате по рамо и да и викате ок е како да е тоа сипаница
чек сеа темата е за мене или шо ??? небитно е битно е дека е болес и ја има нејзиниот свекор не разбирам сеа темата е за мее и ја треба да се изповедам или шо
Не, те прашувам дали тебе лично ти се случува и дали те напуштиле или си напуштила маж? Пошто кажа во блиска фамилија.
не сум ни јас ни маж ми у блиска фамилија ми е и гледајки се никогаш не би се нафатила да се мажам со особа со таква болес било да има он или некој негов
Требаше да прашам дали имаш и деца. Прашањето ми е дали ако во фамилијата на маж ти има некој со некаква болест ќе го оставиш маж ти за да не ја добијат децата болеста? Како на пример,ако родителот е пијаница,би го оставила вереникот од страв и тој да не стане пијаница? Разбирам трезвено и реално размислување,но убаво кажува свештеникот кога венчава и во добро и во зло. Ќе се земам сама за пример. Мајката на мм била болна од рак. Тоа го знаев веднаш штом се запознавме. Во моментов сум бремена откриваат и татко му дека е заболен од рак. Знаејќи дека гените се пренесуваат на второ колено,што треба да направам јас со бебево што го носам и со мм? Друга работа,околу поддршката што некој ја спомна. Свекорот е во болница па мм за да не седи мајка му сама ја донесе кај нас. Јас не одам на работа во моментов и по цел ден сум со неа. Ми го ремети мирот,ми се создава обврска но молчам и трпам заради мм. За да му олеснам на него,да не се растрчува на сите страни и да не мисли сите тројца. Ќе помине,ќе се издржи,мотив ми е бебето и љубовта кон мм.
Шизофренијата обично почнува од кај 20, до кај 35 години. И не мора да имаш некој во фамилија, за да заболиш. Татко ми првите симптоми на биполарно растројство, ги добил на 33. Пред него во фамилија немало друг биполарен. Со мајка ми веќе биле скоро 5 години во брак. И сега? Чаре?
за тебе ти с одлучуваш змене јас јас кажав јас стриклно со биполарно растројство соепизоди и шизофренија не би била ти си знаеш за тебе не ти се машам во твојаа одлука
чаре секој знае за себе јас не би била со човек с такво заболување за мајкати и таткоти они си знаат за тебе ти си знаеш само објаснете му на девојчет од погоре со шо ке се соочува
Членката побара совет како да се справи со ситуацијата за да не си ствара нервози на себе. Глупо е малце на 2 месеци пред свадба некого (што не го ни познаваш) да го разубедуваш и да се преиспитува во одлуката.
Ама што си знае? Ни татко ми одбрал да заболи, ни мајка ми одбрала. Веќе биле во брак, јас сум била родена, што требало? Да го остави, мене да ме убие и да не раѓа повеќе деца за случајно и тие да не бидат биполарни? На крај умре од Паркинсон татко ми. Мајка ми пред 6 години се оперира од рак. Абе, ако гледаш вака, никој-со никој не треба да се мажи-жени, пошто не дај Боже, се' може да се случи. Иначе, имање некоја болест во фамилијарна историја, не значи дека и поколението ќе заболи. Аман те
Мааната ја наоѓам во синовите што не ја сфаќаат состојбата сериозно и не превземат мерки за човекот да се лекува. Да сум на местото на Алита секако не би сакала таму да живеам, но во никој случај не би го оставила партнерот, туку би му пружила максимална поддршка за да се најде соодветно решение. А мозокот е комплексна структура, денес ќе си во ред утре ќе ти се откачи жичка и можеш да го изгубиш здравото расудување. Ништо не се знае, може човек да нема никакви генетски предиспозиции и пак да се разболи. Што тогаш, ќе го оставиш после години во брак зашто го снашло тоа што го снашло??? Нечовечки ептен!
Па не е болен идниот сопруг,туку родителот. Таа веќе е свесна за ситуацијата во која се наоѓа свекорот,пробала да му помогне но кога домашните не се грижат и замараат си рекла што па баш таа да си зема обврска. Ќе си ги протера и овие 2 месеци и штом ни маж и не го интересира татко му (пошто секој си гледа за својот) и таа ќе крене раце,па тие што живеат со него нека се снаоѓаат.
Е ај, шо би напрајла ти, ако маж ти сега (не дај Боже) оболи од некоја болест што те плаши? Имаш веќе две возрасни деца, што со нив? 'Ќе им пишеш крст' уште пред време? Има еден куп болести кои се мачни, и за болните, и за тие околу нив, ама како идат маките, така ќе си се носиме со нив. Ништо во животот не доаѓа со гаранција. Ама ништо.
Затоа пред да изберете партнер фино лепо ќе барате да ви достави историја на фамилијарни болести у PDF формат на мејл и тек тогаш ќе одлучите дали ќе излезете на дејт со него. Шо праиме ако се разболи утре,ќе мора да раскинувате
недај боже ке речам има одна старите вкаат ПО СМРТ БОЛЕСТ значи од коа ке се омажиш шо е тука е ке се чувате он тебе ти него мене муабетот ми беше за пред мажење ако можеш да одлучуваш јас не би прифатила врска брак со таква особа со болест