^ Во основно наставничката по билогија не учеше кога ќе фатите дечко/девојка однесете го прво на систематски да видите дали е здрав. Ама тоа беше во контекст на репродукција и СПБ во смисла да се заштитиме
е да ама таа болест е наследна и има шанси и нејзинте деца да оболат може н о и немора да значи ако е спремна да ризикува само напред
Е среќа што сите не мислиме исто, пошто сите со комплексни истории на болести, би останале самци. Знајш колку самци би имало во светот? Додуша.. можи и не е среќа.. ко ќе размислам.. пренаселени сме ионака. А ариевизмот, никогаш не изумрел вистински
Види, во матично те прашуваат дали има во фамилијата таква посериозна болест. И мене ми е во ред тоа да се сподели пред брак и да не се крие. Баш ќе си видиш колку е спремен партнерот за жртва ако дојдат тешки моменти. А и од друга страна, не ти ни треба таков човек/жена до тебе. Инаку, ако партнерот скрие дека боледува од некое психичко растројство, другиот партнер има право на поништување на бракот. Да се редактирам: не ти треба човек што не може да се носи со здравствените проблеми на партнерот.
пааа ваљда коа ке си од другата страна на паричката поинаку би размислувал шо знам @NarCis@ имавме и таков случај типот неплоден заради прележани заушки си знаел и кутел си се ожени и сеа немаат деца и се праве на три и пол демек не знаел предходно а се си знаел
Аман колку си негативна,освен што ја советуваш да ја растури свадбата дали и даде некој конструктивен совет,од искуство бидејќи си имала човек со психичко заболување во непосредна близина?
не не и дадов еве пошто ти ништо не напиша освен шо се закачи за мене бујрум напиши и совет да ја растури свадбата хахаха како да е тоа најголемо достигнување у животот откачи се од мене
А како може личност со рак да наштети на друг? Ова го пишувам затоа што мајка ми беше болна од рак. Јас од неа немам трауми, туку од онаа личност со вакво растројство. Едно е ако болеста се појави отпосле, а сосема друго е кога знаеш однапред за тоа. И мислам дека е подобро од старт картите да бидат отворени, затоа што после може да биде касно. Не е тука само љубовта битна. И други фактори играат улога. Ако членката успее да се справи со проблемот, секоја и чест. Јас не би можела.
Ама немам трауми, како што веќе пишав. А знам како е цел живот да биде упропастен. Сум гледала секојдневно нервни испади.
Велиш имаш таква личност во блиска фамилија, значи маж ти не требало да те земе знаејќи дека може да биде наследно, нели? Како бе луѓе така лесно советувате да се раскини нешто што се градело со години? Си ја нашол вистинската личност, среќен си и исполнет, и да го оставиш во ваков момент? Поголема себичност не сум видела. Можеби не ја знам сериозноста на болеста и можам само да претпоставам, ама како би можела да оставам некој со кој планирам живот да делам? Нели треба да сме си поддршка еден на друг и да си помагаме, а не да избегаме кога ќе се појави проблем? Верувам дека е тешко, ама каков човек си ако го оставиш? Многу ги подценувате врските. Као врска е па што, може да се раскине. Бракот е само лист хартија ако веќе гледаме така. Ајде сите нека се разведуваат ако недај боже кај некој од фамилија се појави таква болест.
Луѓе многу издраматизиравте ако го остави...нема да е ни прва, ни последна. Ова во добро и во зло - УМРЕ одамна за жал. Луѓе си заминуваат ако накриво ги погледнеш, а не за нешто друго. И многу ја притиснавте Алиса непотребно да каже кој е та кој во нејзина фамилија со таква болест. Жената кажа искуство, не мора никој да ја послуша. Ни па мора и треба да знаете кој и е болен. Не мешајте шеќери, срцеви заболувања, притисоци...ова е далеку посериозно.
Се сложувам со @Emy867 . Не се сите луѓе исти не е ниту секоја состојба, макар со иста дијагноза, иста. Животот може да биде прав мал пекол, со премногу угорнини и удолнни, кои го цедат последниот атом енергија за на крај и здравиот да се разболе од психичка тортура или било каков вид на изживјавање од страна на партнерот со проблеми. За на крајот да остане само сеќавање на љубовта.... НЕ викам дека тоа е свесно и намерно, на рај краишта не е ни битно. И не, не е правило. Велам може, од искуство. Кој се нафаќа на таков живот треба да биде свесен за сите сценарија. Доколку нешто се случи во текот на бракот едноставно даваме се од себе и не носи водата. Пред брак, доколку се знае, партнерот има време да се преиспита дали има доволно енергија и сили, кои се и те како потребни покрај љубовта. Некогаш, на жалост, љубовта не е доволна.
Za bolesti povrzani so shizofrenii, bipolarni rastrojstva jas bi go otkacila. Imam vo komsii babata shizofrenicarka, i 2 kerki nasledija i bea uzas lezea vo bolnica i bea pod terapija. Na brat mi drugar vujko mu isto shiofrenicar i toj isto taka. Ne e za gledanje situaciite sto gi imaat doma. Taka da toa e moe mislenje,sto ne mora da se slozis so mene. Od pritisok i dijabet nema takvi horor sceni po doma