Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Дијагностициран е од страна на психијатар,не го дијагностицирав јас.И свекор е со биполарно,не вереникот |(

    Јас доаѓам од фамилија каде што моите родители се многу смирени и се се решавало со разговор. Трауматично е да слушаш по соби некој цело време како се дере и лупа. Навечер се дешава кошмари да имам, да се тресам. Кажав дека до сега трпев, мислев дека сум јака и ќе можам да истрпам,но веќе ми влијае на моето психичко здравје.

    Премногу судите,иако не знаете како е секојдневно да се живее со таков човек.

    И не,не сакам да го оставам партнерот, ама не сум должна да ги трпам неговите како што утре-задутре тој не е должен да ги трпи моите.
     
    Последна измена од модератор: 25 јуни 2019
    На Kate Rina 93, Animali, andrejko82 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Најубаво е да седнаш и смирено да разговараш со вереникот.
    Кажи му како ти влијае ситуацијата.
    Јас така би направила.
    Може ќе биде повреден, ама од друга страна треба и да те разбере.
    Чим нема да живеете во заедница после свадба тоа е ок.
    Само смирен разговор.
    Искрен, од срце.
    Ако нешто сум научила во животот е дека искреноста е навистина битна.
    Не заобиколувај.

    Иако, се согласувам со мислењето погоре дека сопругот е поддршка и треба и ние да му бидеме во некои ситуации и дека проблемите се заеднички, меѓутоа ова веќе преминува и во твој личен проблем и мора заедно да го најдете вистинското решение, со разговор, како возрасни и зрели луѓе.
     
    На Martka, Animali, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Јас прво тоа го реков ама дечкото не сакал кај мене (што ќе речеле луѓето) перење на мозок од страна на фамилијата, демек помал маж ќе испадне.
    Иначе синовиве не дека не му обрнуваат внимание -туку го имаат прифатено таков дека е и како тоа е тоа.Па згора на тоа ,сите желби му ги исполнуваат, а човеков не знае што збори и што сака. Јас бев таа што зедов и фино лепо најдов добар психијатар, го однесов таму,бев со него на преглед, го дијагностицира,му даде терапија.

    Мислам да не бев јас, ќе го чуваа уште така.
     
    На WildMk, Sofi.ja и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Тажна тема сте начнале.

    Да не ме сватите погрешно, ама лесно е да се биде човечен и фин кога мажот или дечкото доаѓа од семејство каде никој немал душевни болести. Кога барем по тоа прашање, си на безбедно.

    Од страна на дечко ми има рак, висок притисок и мозочни удари, ама во исто време и кркање месишта, пиење ракија, физичка активност јок и пушење цигари. Останува да се надеваме дека болестите се резултат на лошата изхрана, а не нешто впишано во гените. Од моја страна, татко ми нема дијагноза ама па е екстремно терсене човек. Екстремно!!! И милион пати сум се запрашала, ако имам деца, што гени ќе им пренесам од таа страна. Девојче со кое се дружев порано, ми кажуваше дека, од страна на татко и, мажите во нејзиното семејство добиваат наследен рак. Кај нив, од таа страна, немало маж постар од 50 години, а таа имаше брат. Дали би биле со тој дечко, знаејќи дека нема да остарите заедно и, уште пострашно, ако имате син заедно, и тој нема да дочека старост?

    Две мои другарки имаат другарки со шизофренија. Едната со полесна форма, другата со страшна и е во и вон хоспитализација. Супер е кога пие терапија ама во моментот штом ја остави, all hell breaks loose. Работа не може да задржат, другарките се имаат одамна повлечено, партнери јок. И родителите едвај издржуваат ама деца им се, кај ќе одат.

    И не е дека партнерот си оди чим на извештајот ја прочита дијагнозата. Ама со секоја епизода, со секој инцидент сликата за партнерот се менува и полека се кристализира фактот дека личноста пред тебе не е таа во која си се вљубил. Едноставно не можеш повеќе, немаш повеќе сила, осеќаш како да тонеш. Во краен случај, секој има право на среќа и која е поентата од бракот кога веќе љубовта ја нема? А комшиите секако ќе зборат. Ако останеш, будала си што си останал. Или полошо- каков родител си, децата да го гледаат тоа што го гледаат. Ако заминеш, без срце си што си го оставил партнерот кога најмногу си му требал. Затоа, секој треба да си прави така како што е најдобро за него.

    И пак ќе кажам, лесно е да се биде фин кога знаеш дека самиот нема да се соочиш со такво нешто. Нема ти да бидеш тој кој пред зграда ќе треба да ги чека од Бардовци кога ќе доаѓаат присилно да ти го носат мажот или синот во психијатрија. Или кога ќе треба ти да се заклучуваш во соба зошто саканиот доживува насилна епизода. Или кога ќе треба да одиш на визита и да го гледаш маж ти (син ти, ќерка ти) заврзан со кожни каиши за вревет, издрогиран до непрепознатливост. Далеку било, се наежив само што пишував.

    Не е исто дијабет и шизофренија. И воопшто не осудувам ако некој реши да замине кога ќе осети дека не може повеќе.
     
    На emiliana, mareane, snegulkata и 20 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Се претерало на темава.
    Го оболевте мажот на членката пред време, па и нејзините деца кои уште не дошле на овој свет.
    Нема потреба да и ставате такви мисли во глава на особа која е пред брак со човекот кој го сака и која побара совет за сосема друг проблем.
    Нема гаранција за ништо во животов, секое семејство има своја историја на болести, но има и отстапувања од наследувањето. Некој можеби и прв ќе биде во семејната лоза со одредена дијагноза, за што пак никој не може да знае. Луѓе сме, тоа се нормални ствари, не сме програмирани роботи.
     
    На smooch, kalinaka, NarCis@ и 18 други им се допаѓа ова.
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Во мојата блиска фамилија имам роднина исто како што имам и јас проблем-неплодност, влегување ептен рано во менопауза. Со таа разлика што таа личност до ден денес нема деца бидејќи порано медицината и не била толку напредна.
    Јас со судни маки, нервози, доктори и еден куп пари одвај останав бремена.
    Маж ми знаеше и предходно за случајот па и од кога се дијагностицира не ме остави туку остана да се бориме заедно.
    Или да ме остави ако не, оти утре ако имаме дете може да го има истиот проблем.

    Јас не го оставив, знаејќи дека во неговата фамилија ракот ги покоси еден куп роднини и тоа блиски.

    И пак да се мажам, пак ќе се одбереме и покрај сите проблеми што ги поминавме.
    Битно е да има љубов и разбирање, а во животот не знаеш што те чека можно е и да имаш чиста историја на болести па пак да те закачи нешто.

    А да земам човек некој си таму само оти е здрав, а да нема живеачка со него - ќе се оболам психички. И каде е разликата? :D
     
    На hello-kitty.90, Ladybug98, Maja** и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @Alita, ич не си должна да ги трпиш неговите. Ќе си го седнеш момакот на разговор и ќе се договорите човечки што-како ќе правите до свадбата. Односно, нема што да разговарате, ако е човек на место, ќе разбере дека (и зошто!) не можеш таму повеќе. Штом имаш каде да одиш, оди уште денес. Ќерка да си му, па пак твојата добробит треба да ти е на прво место. Вака дојдена како снаа, искрено, те заболе. Ти да добиваш трауми, за народот да не збори. Куферот во рака и правец другата куќа.

    Исто- си го чувале болниот дома, без лекар, без соодветна терапија. Абе ајде, македонски примитивизам. Срамота е на психијатар да го носат, а не е срамота да урла и да се тепа. Сирот човек. Не разбирам само не ли им било жал да го гледаат како се мачи?
     
    На Belgin1, NarCis@, Harper и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.809
    Пол:
    Женски
    Е тоа е проблемот со балканските мажи. Не сакам сите да ги ставам во ист кош бидејќи дефинитивно има исклучоци, ама ги има и во голем број со вакво размислување. Битно е што ќе кажат луѓето а не е битно дека ќе живееш со секојдневни нервози и недај боже врска/брак ќе си растуриш во меѓувреме.
    Јас се сложувам дека не си должна да седиш таму и да трпиш @Alita.
    Штом имате каде да седите, уште утре да се преселите. Ќе разговараш сериозно и ќе му кажеш како влијае на тебе целата ситуација. Ако не сака да дојде, сама да си заминеш.
     
    На Harper, WildMk, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    И јас не можев и не можам сееуште да се доначудам. Но најголемата кривица ја гледам во свекрвата, која по цел ден е дома со него.Ако некој видел промени во однесување,тоа е таа. Синовиве тераат приватен бизнис,минимум до 18-19h се на работа. Братот на вереникот не живее со нас - не знае што се дешава, вереников мој до пред да се вери со мене цело време патувал по странство, по неколку дена во неделата,буквално не се прибирал дома.
    Кога ја седнав свекрвата да ја прашам кога се појавиле симптомите, вика ааа со години се. Па зошто не си го однела со време? Ми вика- па јас не знам кај треба да се носи.
    Ни кажала некому, ни побарала помош од некого.

    Нејсе.. Вчера вечер зборував со вереникот, само ќути ништо не зборува.Очигледно ќе треба да се преселам,за да сфати колку е сериозна ситуацијава.
     
    На Harper, cresa-jagoda, Sandrin4 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.435
    Допаѓања:
    171.927
    Не можам да ви реплицирам на сите
    ке пишам за сите наеднаш
    Сега гледам сте ги измешале лончињата
    Значи ни под разно не може да ги ставате уисто кош дијабет рак виок притисок и шизофренија и биполарно растројство
    По сето погоре пишано добив впечаток тие шо се најгласни у живот немаат видено човек со таква дијагноза и ни ден немаат помиато во негова близина
    За девојката шо го пиша прблемот
    јас не советувам да го оставе
    моја должност е да и посочам со каква болест се соочуваат да знае да е инфорирана даочекува што ек гледа слуша
    и од тука натаки нејзино е да ли ке си остане со тој партнер или не
    ама ако остане да биде спремна на фактот дека е наследна болест со ените си го носе тоа а кога би серазвила еден Господ знае некогаш и најмал стрес знае да биде откидач
    Инаку не шо е неубаво ,не шо е греота, туку е страшно да живееш со таква особа
    Абе у сонот нокеска ке стане ке ве избоде сите по дома

    и не џабе е не знаете вие ругите шо немате видено како е
    ако ве интерсира посетете ја психијатрија скопје посебно делот за деца и младинци па не ке ви текне еден зор да напишете

    Не мораш да бидеш дрска
    ради тоа шо сакав да и опишам каква е болеста нели гледаш дека рипнаа на мене
    свекор ти има бипоарно растројство не вереникот точно
    знаеш дека е наследно нели?
    спремна си да ризикуваш?
    и мислам дека сеуште немал манични епизоди свекорот па не си баш нај свесна
    али ке ги има обично на есен и пролет се појавуваат

    е од тоа шо ке речат комшите свекор ти до вака дошол
    навреме да си примал терапија до некаде ке бил ок

    погледнете го видеото и изгледајте го цело
    ова е мал процент од тоа што навистина е вистинското
     
    Последна измена од модератор: 25 јуни 2019
    На riba79, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Свекорот имаше манични напади, така уствари и го приметив за што се работи. Видеово е за шизофренија. Toj има биполарно растројство . Тие се две различни дијагнози колку што знам јас.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.435
    Допаѓања:
    171.927
    две различни болести кои се толку слично што на психијатарму треба одредно време да ги разгранчи е толку се слични

    можеш ли да ми кажеш ако сакаш како се понашаше коа ги имаше маничните епизоди?
    депресивните?
     
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    На психијатар му е тешко да ги разграничи, а тебе ти успеа од прва ?
    Браво бе, гение.

    Ај те молам престани да ја тероризираш психички жената.
     
    На CameliaMiller, Annora, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    @ALISA0000 некој ќе прочита тука и ќе дојде до забуна, така да , еве да ти појаснам.

    Шизофренијата и биполарното растројство се две сосема различни дијагнози и воопшто немаат слични симптоми.
    - Кај шизофренијата луѓето си замислуваат работи што не се така,параноични се, слушаат гласови што ги нема, халуционираат.
    - Биполарните личности имаат две состојби : депресија и манија. Овие состојби може да траат подолго или пак често да се менуваат. Депресијата кога ги фаќа најчесто спијат и ништо не им се прави. Кога настапува периодот на манија тогаш ваквите личности имаат вишок на енергија,премногу се зборливи,работат одредена работа премногу, не можат да спијат, кажуваат невкусни шеги, трошат пари на беспотребни работи, знаат да бидат агресивни на моменти и да се дерат. Буквално не ги фаќа место.

    Но биполарните луѓе знаат да разграничат што е реалност,а што не е , за разлика од шизофреничарите.

    Така да,во однос на дијагнозата, таа е и нема никакви забуни околу тоа.
     
    На CameliaMiller, TeddyGrey, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Проблемот кај членката е во тоа што семејството на вереникот се води по малограѓански принципи и општествената стигма и предрасуда околу менталните болести, па човекот не ни посетил психијатар, ниту се третирал со терапија, а може со истата да се контролира. Не е должна да трпи таква ситуација, тоа секако, но и не дошла тука за толку лесно да ѝ се соли памет да си го откачи вереникот.
     
    Последна измена: 25 јуни 2019
    На Harper, CameliaMiller, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  16. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    за свекорот не треба да се грижи млада девојка која уште не зачекорила ни во брачни води.
    ако е здрава свекрвата и подвижна,таа треба да се грижи за нејзиниот сопруг.
    одете под кирија ако можете. двајца сте не ви е потребно многу,ама раат ќе си имате.
     
    На Kate Rina 93, Harper, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Еве еден краток пример за тие што се плашат од наследните болести. Генетиката навистина е чудо. Еден дечко одеше со девојката неколку години, после тие неколку години дознава дека кај неа блиски во фамилија имаат тешки наследни болести но сепак не ја остави. Но дознава и мајката не дечково и почнува да врши притисок да се разделат да не се пренела генетиката и на нивни деца затоа што како демек кај дечково немале такви случаеви. И така дечково после толку години врска ја остава и за кратко време од една година се жени со друга. Ама кармата е лоша работа. Добиваат дете со тежок инвалидитет. Родителите на жената плаќаат да се испита од каде се гените и докажуваат дека се од таткото. А оставената девојка се омажи и си има здрави и прави деца и се е ок. Од тоа што бегаше тој го носел во себе.
    Генетиката е чудо и никој од нас незнаеме што носиме во себе и кога ќе се активира тој ген.
     
    На Alanna, friendy, Ladybug98 и 19 други им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.827
    Допаѓања:
    39.532
    Психичките заболувања се посебно подмукла работа. На секој може да му се случат, но не секој може да се носи со нив.
    Во потесна и поширока фамилија имам случаи почнувајки од депресија и анксиозност, па се до алкохолизам и психози. Страшно е. Особено кога се работи за млади особи, особи кои не се свесни или не си признаваат, или не сакаат да се лечат.
    Псобено што лекувањето е доживотно некогаш, а како по правило, го прекинуваат кога им е подобро. Додај тука криење, срам од околина, страв од социјална изолираност и трагедијата е комплетна.
    Не може секој да се справува со тешка болест на најблизок. Јас прва за себе знам дека не би можела. Би се распаднала од грижа и анксиозност. Секако има градација, депресија е едно а психоза , шизофренија друго. Во секој случај разорно делува на блиски кои се осетливи .
    Гледајки примери, на маж ми сум му рекла ако "полудам",( во превод - сериозна дијагноза со лоша прогноза) да ме остави. И тоа го мислам. Да не се бафта и мачи покрај мене со години. Да ме смести некаде и да продолжи да гледа дете и свој живот. Само оној што видел,не знае колку страшно изгледа млада, интелигентна особа со која прекрасни моменти си минал, да "скрене". Извинете на простачките зборови, само за да доловам болка и бизарност.
    Знам лично луге кои останале со својот партнер и со тешка дијагноза . Почитувам нивна одлука.
     
    На WildMk, Sexybaby86, Annora и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.138
    Допаѓања:
    21.982
    Пол:
    Женски
    Си видела некои симптоми на висок притисок па кажуваш???
    Знаеш дека при висок притисок може да се изгуби меморија и тоа е прав хорор посебно кога ќе се деси у 4 сабајле.
    Кога мораш да си буден за да не се напраи некоја глупост???
    Ама ај сега нема да се мажиме жениме. Пошо еве некој имал рак, некој шизофренија, некој инфаркт... шо знаеш...
    Абе најздрав ќе е... ќе го собере некој пијаница на улица и твојот живот е упропастен.
    Знаете брат ми како закачи рак???
    Од играчка плачка.. од рана не третирана. Криел дека се расекол. Уште и ја воспалил.
    Ама не е тоа битно. Битно да ставите вие црна трака со букви умрел од рак.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за брат ти.
    Но, како може да се “закачи” рак од воспалена рана? Ракот ниту е бактерија, ниту вирусно се пренесува...
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.