Отворена рана не третирана. Не збориме за обична гребаница. Па воспалена. Медицината е чудо. За некои добро, за некои лошо. Да објаснам лаички. Се набол на колец од ограда, длабоко до коска. Дома не кажал. Мајка ми случајно видела дека криви. Но вероватно се створил некој хематом внатрешно, го отсраниле ама пак се појавил, вториот пат врзан за нерв и многу поголем. Се извинувам за некој не правилен збор, не сум доктор па да ги знам сите термини.
Оф душа мила <3 Ни јас не сум чула за рак од оваа причина ама не значи дека не постои, чим вам ви објасниле докторите. Од играчка плачка се вика ова, штета што толку мало дете а завршило трагично
И мене не ми се веруваше искрено... Баш скоро ја прашував мајка ми. Кога требаше да ја вакцинирам малата со ммр, да си знам наследни болести. Мислев дека ми ја ублажуваат болката.. мада не знам како би се ублажила така.
Да не било тетанус, не знам, ама нешто има сигурно. Не е наследно сигурно ама не е ни за занемарување. Жал ми е
Се е можно... секако не е за занемарување. Ама дете, требало да оди на екскурзија па ако го видела повреден нема да го пуштела. За една недела мислам ко што паметам, било пораснато од големина на орев до големина на портокал. Затоа викам лаички кажувам... од толку стресови побркав поими.
@Цвет88, мене тоа изедначување на шизофренија (или било која друга тешка и „извикана“ душевна болест) со друга болест ми е само некоја чудна и непотребна политичка коректност. И јас и ти и сите знаеме дека воопшто не се на исто рамниште, а најдобро знаат тие што во блиско семејство имаат болен. Претпоставувам дека, кога би имале можност, одма би ја смениле таа дијагноза за дијабет, висок притисок, тидероида, или било што друго. Е, ама не може и заглавени се во реалноста на таа дијагноза, со сите тажни и страшни манифестации. За висок притисок ќе се напиеш апче, за дијабет ќе земеш инсулин, а за шизофренија ќе треба да ги викаш од Бардовци врзан да го хоспитализираат. Треба едукација, а не само да глумиме финоќа. Кога во друштво или меѓу колеги ќе кажеш дека ти имаш висок притисок, лично ти или некој твој близок, одма ќе почнат да фрчат совети, јади ова, не јади она, оваа билка, она апче, лук блаблабла. Овој доктор, она испитување. Сите даваат поддршка. Кажи дека имаш шизофренија, чао друштво, колеги на дистанца еден километар од тебе, грди муабети колку сакаш. Лоша крв, а да, и баба и беше „мрдната“, абе цела фамилија се забегани тие. Знаеме каде живееме, свесни сме многу добро за муабетите. Не треба да се умалува ситуацијата, треба да се дига свеста. Треба јавно да се разговара, треба едукација. Имаш ситуација каде иден доктор инсистира дека клиничка депресија се лечи со прошетки во природа и јадење свеж зеленчук. Живееме во општество каде е срамота да се побара помош од стручно лице. По дома си ги чуваат болните, а со рано откривање на болеста и соодветна терапија можеби би имале сосема солиден квалитет на живот. Ама не, психијатар никако. Тој веќе се качува на столче да се беси, ама битно никако психијатар. Навреда е да кажеш некој да посети психијатар. Тој пустиот озбилно отиден ама не, ти си лошиот што воопшто си кажал нешто. Период е, ќе му помине. Да, гледам(е).
Токму така. Ама полесно е етикета да се залепи некому. Има болест и ќе бегаме од него. Секој си знае кое колку е тешко. Сите се хумани, ќе вдомуваат мигранти, кучиња... плачат на терористички напади. Ама бегаат од болести. Не знаат што се може еден ден да ги снајде.
@Цвет88, па не баш. На збор сите се јаки, ама гледам едно улично куче не остана на улица, сите ромчиња се вдомија некаде. Затоа и реагирав со претходниот пост. Дел од душевните болести се многу сериозни. Болниот може да е опасност и по себе ама и по околината. На оној кој има дијабет, дали некој би му ја умалувал сериозноста на дијагнозата со... еве да речеме, растечен нос од алергија? Не, нели? Епа, зошто тогаш свесно глумиме дека клиничка депресија е на исто ниво со дијабет. Мислејќи дека правиме добро, всушност само го продолжуваме табуто што се кај нас душевните болести. Мора да се тргне срамот од тие неколку дијагнози. Откако ќе почнеме отворено да разговараме, дури тогаш може да се надеваме дека дискриминацијата кон болните и нивните најблиски ќе се намали. Со тоа кажано, сум на ставот дека секој треба и мора да знае за семејната здравствена историја на партнерот, и следствено да си донесе информирана одлика.
Ама секако дека не е за споредба и секој има апсолутно право да знае и да одлучи. Ама еве хипотетички. Ако некој добил некоја психичка состојба подоцна во животот дали тоа треба да значи дека треба да го отфрлиме. Зошто овде збориме за тоа, а не за кој што и како ја сфаќа ситуацијата. Место да остане и да се помогне. Со заеднички терапии итн итн.. најлесно е да се каже тоа е тешка состојба и слика за околината. Е после куку леле, убиство, самоубиство, силувања... Настрана другите болести, јас ги спомнав зошто рекоа дека со нив нема стресни слики... а воопшто не е така. А не дека се исти со шизофренија или тешка депресија
Во мојот случај јас не би го напуштила вереникот, без разлика што знам дека може да ги носи тие гени. Но не мора и не сакам да живеам во средина каде што татко му е болен и напорен за гледање и слушање. А во последно време и жена му ( свекрвата ) постојано кука како немала нерви веќе да го трпи и колку само била напната. Пак ќе речам јас одлучувам дека не сакам да го трпам тоа. И нема зошто да се суди за такво нешто.
@Цвет88, си била досега во таква ситуација да треба да се грижиш за сопруг кој има шизофренија? Претпоставувам не. Ни јас. Не знам како би реагирала во таква ситуација. Може би останала, ама можеби би било премногу за мене и не би можела да издржам. Особено ако имам деца, не знам дали би сакала да растат во таква средина и да гледаат такви сцени. Не ги осудувам тие што си одат, секој си знае до каде му е лимитот. И во краен случај, еднаш се живее и секој има право да биде среќен.
Тоа е друго. Тој си има жена и деца кои треба да се грижат за него. Ја зборев за родител свој, маж, дете... ако недај боже дојде до тоа дали би ги напуштиле? И не за тебе лично, туку општо за народот. Нема врска. Се надоврзав за друго ама не ме укапиравте.
Напуштање е само една верзија. Другата, далеку пореалната, би било дека он те избркал од себе, сеедно директно или индиректно.
Една состојба/болест може да го промени човек, па да не наоѓа веќе хармонија, мир и разбирање со партнерот. Тој се сменил, драстично а партнерот останал ист. Не се чуствува удобно и сфатено а целиот тој обид да се помогне да му прествува терет. Не мора да ја одбива, нели, ако ништо друго да се чуствува подобро со само себе а истовремено и другиот партнер, дека се прави нешто продуктивно....но многу нешта не се веќе исти.
Проблемот е што на членката одма ѝ ја скроија судбината дека вереникот ќе има биполарно растројство, наследено од татко му. Отидоа во друга крајност. Верувам колку е тешко да се живее со личност која има било какво психичко нарушување, и таа се разбира дека не мора да живее во истата куќа. Додуша, цело време низ темите се збори дека најдобро е младите да живеат сами, без свекор и свекрва, не па кога има проблеми од овој тип. Но себично е да се очекува дека детето не треба да помага на родителот и цел товар да остане на само еден човек. Баш кажав и претходно, и јас би сакала поддршка во таква ситуација. Се разбира дека сите треба да седнат и да направат план кој, кога и за што ќе се грижи. Тука се гледа колку едно семејство функционира. Исто, мене повеќе би ме повредило партнерот да крие од мене дека имаат анамнеза на некои фамилијарни болести, отколку тоа да го дознаеме заедно. И да не сме во брак, со сегашниот партнер, тоа не можам да го замислам, да го напуштам само од страв дека би можело да се пренесе. Доколку со тек на време болеста се јави, а може да се контролира со лекови, исто не би можела да го напуштам. Ако веќе не ја зема терапијата, тоа е сосема друга работа и тука веќе би размислила дали да останам во брак. Сѐ е ова "шта би било, кад би било". И ова го зборам конкретно за мене и мојот партнер, затоа што се заветивме во добро и зло. Инаку, секој ќе си прави како мисли дека е најдобро за него.
Темава не е за овде можеби, но сепак незнаев каде да напишам. Снаа ми вчера се породи, по втор пат станав тетка. Пресреќна сум, но од друга страна и многу разочарана и лута бидејќи ниту таа, ниту брат ми, ми се јавија да ми кажат дека си имам внука. Случајно мајка ми му се јавила на помалиот брат да го слушне(бидејќи не живеат заедно, а со поголемиот брат се скарани) па тој и кажал за убавата вест. А мајка ми пак мене ми кажа. Не сум многу изненадена до душа, очекував дека нема да ми се јават, ама сепак потајно во мене се надевав дека тоа ќе се случи. И маж ми е многу лут вели таму веќе не стапнува. Срамота па, ако не кажат на нас на кого ќе кажат.. да беше за некој друг немаше да ми биде мака, сепак се работи за дете од брат... Како би постапиле вие на мое место да сте, што би направиле би сакала да знам.