1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    И со вас да не се скарани?
     
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Би им се јавила и би им честитала.
     
    На gjoker4e, Lianna Anna и Nausicaa им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Jas pa ne bi se javila. Toj sto ne se javil na sestra si da kaze deka dobil kjerka?
     
    На Охрид88 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Јас сфатив дека не се блиски, а не сфатив точно кој со кој е искаран и не зборува. Очигледно не се уан биг хепи фемили. Ништо невообичаено Ако целта е понатамошно замрзнување на односите- нема да се јавам, ке бидам како нив. А ако сакам статус кво или затоплување, ке се јавам. И јас не се јавив на брат ми кој беше во странство кога добив бебе, ваљда моите му јавија. Јас во болница преокупирана со тоа што не цицаше малата 7 дена бев. Не дрндав по телефони со никогп. Ниту тој ми јави кога доби ќерка, пак моите беа побрзи. Овојпат јас сум во странство. Ниту сме скарани ни оддалечени, блиски сме. Во најтешки ситуации сум го барала и ми помогнал. Ни јас се лутев но тој, не ни мислевме ваљда кој кому се јавил. Суштината беше важна- има новородено, формата кој на кој се јави , мање битно. Јаа мислам дека во фамилијава има поголеми куршлуси од тоа кој на кого се јавил, ама можда грешам. Краток е животот за ова да се лутам. Ама слободно други нека се лутат и нервираат.
     
    На Miss.N, Alanna, kalinaka и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Ако имате муабет и се гледате, треба да кажат. За убаво е. Не гледам зошто да се крие.
    Ама, ако не зборувате и сте искарани, не се гледате, не гледам дека има потреба од јавувавње.

    Тетка ми ја нема никаде од 2010. Со едно две гледање од тогаш навака, каде маж и ми се испонаша а јас си заминав. Никој не се јави да реши проблемот. Нит им се јавив за свадба нит дека иам дете.
    Секој има свои причини.
    Ако е до нив да кријат без везе, срамота.
    Ако е некоја караница во прашање, јавете се и пробајте да средите односите.
     
    Последна измена: 7 јули 2019
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @Summer16, ќе честиташ. Преубава вест е, не само што честитањето е правилното нешто, туку е и човечното. Ако срцето ти сака да честиташ, честитај. Најлошо нешто што може да се случи е се да остане на тоа честитање, а најдобро е што таа порака може да стане мост врз кој ќе изградите подобар и поблизок однос со брат ти.

    А најлесно на свет е да се биде лут и навреден. И не знам зошто па маж ти драматизира. Не одел он повеќе таму, леле леле. Такви изјави ќе си дава за неговиот брат или сестра, ти ќе бидеш таа што ќе одлучува за твојата страна од семејството. За брат зборуваме. Место да ти даде подршка, он навреден, уште толку долева оган.

    Не сите имаат совршени семејства како од филмовите. Пиши им порака, јави се.Прави онака како што чувствуваш во душата, како што ти налага срцето. Во вакви убави ситуации, нема место за лутење.
     
    На Alanna, 1209, LivingGlam и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Не, ние живееме. Меѓутоа јас сум мажена до соседното село од каде што е снаа ми. И тие речиси секој месец одат кај нејзините на гости а кај нас не доаѓаат. Многу ретко затоа и ние поретко одиме

    Се сложувам со тебе. На пример мајка ми случајно да не дознаеше, јас ќе дознаев од објавата на фејсбук. Зарем не е болно да си имаш внуче и за тоа од социјалните мрежи да дознаеш. Исто така пред некое време и пишев и ја прашав како е, кој месец е, и таа ми кажа 7ми а дознав од други личности дека е веќе во 9тиот месец. Си велам ај за тоа што ме излажа така и така, ама за ова, бар би можеле да кажат, сепак радост е...

    Не сме се скарале, со брат ми од мала не сум ептен блиска да кажеш, а со снаа ми бев бчиска додека да се омажам потоа...
     
    Последна измена од модератор: 7 јули 2019
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Јави им се и кажи им го ова бе.
    Кажи што ти лежи на душа.
    Прашај ги нив како им е...

    Не е убаво да се преќутуваат замерки.
    Ќути денес-ќути утре, на крај се испозаклале двајца браќа (карикирам)
     
    На zalosna, cresa-jagoda, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Маж ми не ми брани, точно дека тоа го кажа, но исто така кажа дека ако јас сакам да одам таму нема да ми забрани. Само криво ни е зошто не ни се јавија за оваа преубава вест. Сепак сестра сум му. Како можеле да се јават на сесррите на снаа ми, а мене неможеле. Ама од секогаш беше така, тие да се подобри за нив од мене, а ако јас се аум направила за нив. Првото дете јас им го изгледав, а сега вака ми враќат...
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Речи им бре!
    Кажи им дека си повредена.
     
    На zalosna и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Точно е во право си. Само што и да им се јавам би немала храброст се да им кажам. Уште кога би им го чула гласот се би заборавила.. премногу сум слаба...

    Во право си, нема смисла што не се јавив, а ќе нема смисла ако продолжам да ќутам, и да се кршам во себе..
     
    Последна измена од модератор: 7 јули 2019
    На zalosna, cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    То е работата, што ти се измачуваш.
    Поарно стисни заби 10 минути на телефон, отколку вака да се малтретираш.
     
    На zalosna, Summer16 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Така е. Ме охрабри. Ќе звонам утре на брат ми. Или ова ќе не зближи или уште толку ќе се оддалечиме..
     
    На Nausicaa, zalosna, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    4.135
    Пол:
    Женски
    Обично убавите настани не зближуваат со семејството и во тие моменти се заборава на се претходно.
    После отиди им и на посета дома, па се надевам дека ќе ги поправите односите. Сепак само контактите ви се изладени, а не сте скарани за ништо. Мора некој да попушти. Ако немаш повратна реакција, повлечи се. Сепак со сила убавина не бидува.
    Ако ти е и понатаму криво што не ти се јавиле да те известат за внучето, кажи им ама почекај мислам дека сега не е и баш вистински момент да дојде до расправија. Барем да се израдувате сите на бебчето:)
     
    На Summer16, cresa-jagoda и DanceT им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.620
    Допаѓања:
    152.077
    Чекајте луге да се разберме
    Снаата е пресно породена ај нема да звоне
    ама Братот ако не се јаве на мајка татко брат сестра да каже дека станал татко кај треба да се јаве на комшиите???
    Или само на нејзините сестри и мајка татко ?
    Од авион се гледа оти снаата не те обича и на брат тиму е наредено да не се јаве кај никој од ваша страна мислејки на мајка татко брат
    Па кога одат кај нејзините сестри ве минат вас од 10 пати еднаш да наминат кај вас е доволно ама очигледно не сака снаата контакти со вас
    Од друга страна видете да не е навистина 7месец па да е пред време породена и да има компликации па затоа не кажуваат сеуште?
    не убав чин и не го оправдувам
    а ти како ке се понашаш????
    јави се честитај тоа е доблест на еден човек и кога го долносуват да изпаднеш по човек од другиот
    јави се честитај и терај си твојот живот ако сакат контакти после тоа ке те побараат и они тебе ако и после ова не ти идат не тисе јавуат тур му пепел више а брат ти насамо да го изперкаш
     
    На zalosna, Summer16, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Се што кажа потпишувам. Знам дека сето ова што се случува е од снаа ми. Знам дека таа така му кажува и тој за се а слуша. Во пвие 2години откако сум мажена само 7/8 пати дали имат дојдено, а ако секој месец речиси одат на гости кај нејзиноте. Плус кога и да дојдат се таа прва вика да си одат. Брат ми вели чекај уште малку и ќе одиме а таа ајде касно било, ова било, она било.. А дека стварно е 7ми месец не верувам. Само мене така ми кажа а на сите останати дека е 9ти. Сите комшии велеа ајде уште малку има снаати а таа ми вели има време 7ми месец сум...
     
    Последна измена: 8 јули 2019
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Аман бе луѓе, фамилии сте си створиле берете гајле за оние на братот, сестрата... Не ве разбирам. Брат, сестра се тоа разбирам, ама откако ќе се омажите, ожените, си гледате прво своето гајле, своите деца, својата фамилија, а се друго ви е отом потом. Јас да слушнам сестра ми се породила а не сум скарана со неа, ма и да сум скарана, ќе и се јавам да честитам пред се, на крај памет нема да ми е дека сум и скарана или не знам што. Снаата нит мора нит треба да ве сака, таа нејзините нека си ги сака, вие со братот работа си имате. Тоа е исто како во свекрвите се жалите на нив, не ве сакале, она доволно е да го сака синот, вас да ве почитува. Малку ја претерувате. Во тие моменти јас глава не знаев кај ми е, ми се темнеше, муж исто па и тој период имаше работа неодложна, да земеа да се лутат сега сите ако не па. На куп луѓе кажале другите, дознале од фб, па се јавија честитаа. Да земе сега ако не мајка ми да ми се лути оти прво на свекрва се јавив дека сме у болница. Јас сила да се лутам во вакви моменти немам, ќе се јавам и да прашам помош да не им треба.
     
  18. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Абе се е то во ред,ама на госпоѓава снаа како би и било маж и да речит кај сестра ти одење еднаш годишно и толку,комуникација со фамилијата строго ограничена?? Па како шо сакат та да си седнит со сестра и така и тој сакат со сестра му и таа немат ама никакво апсолутно никакво право да му речит нема да ојш кај сестра ти! Тој изгледа е некој мек на срце па ко шо му свират така играт гревчето
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    А што ако рече мажот на нашава феминка секоја недела кај даде на гости, и така не бива а? Баба ми беше паметна, викаше секој со своите. И мм не се сака со сестра ми па јас одам сама, она иде поретко и немаат муабет многу многу, не мора да испаштаме јас и синко ради тоа. Така да она нема на снајка да се јави туку на бате, со него си има муабет.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    не мислам дека треба да почека.
    Мислам дека треба уште сега да им каже, ама не за карање, туку да им каже дека и' е тешко, оти и' е внуче и оти ги сака.
     
    На Summer16 и zalosna им се допаѓа ова.