Јас не би се јавила да им честитам. Ни на брат ми. Ај снаа ми е ,,променлива Х'' ама он како брат требало да се јави и да и кажи, па да ја викне на частовка, макар и само на едно кафе. Ама нели нему не му е мерак да сподели радосна вест со мене, нема ни ја шо да му честитам. АКо очи во очи ги сретнам будала це праам, еее чие е бебево, колку месеци има, ами порано ли е родено, се ќе плеснам.
Ако радоста не ја споделиш со најблиските да му еб*м односот таков, јас до ден денес за секоја убава работа веднаш кревам телефон да известам најтесна фамилија а камоли за таква работа
Како не бе. Ако збориме за брат, братот требал да се јави и да каже, а не да дознава преку други, а замисли па уште преку фб да видела. Ако тој не сака да ја сподели веста со најблиските тогаш нека си седи сам и нека ја гледа само фамилијата на жена му.
Мене ми е чудно, искрено. Не може да нема причина за нејавување. Па нели и на пријатели се јавувавме... Ја на сите им пишував уше у болница се породиииив... вриштеа телефоните а не па на брат сестра да не се јавиш. Мора да има причина, друга, освен снајка не дава. Која е таа да брани мажот за сопствено дете да се пофали. Мора да има нешто. Сети се, некоја ситуација, збор, нешто било што.
И доаѓаме до фактот дека не е крива снаата туку братот снаава арно си го средила животот супер однос со нејзините а неговите кој ги шиша супер за неа она така зацртала и замислила и успеала Братот е МУЛЕ и он си е крив шо не се јавл на сестра му затоа јави му се прво честиај му и после кажи му дека си разочарана од тоа како он се понаша со тебе како не те цени и како е глупо од други да разбираш Кажи му дека шо и да се деси ти си му сестра и дека не е фер шо те одфрла до себе па од тука натаку остај ги со сакат нека прават сега е моментот додека е братот сам да му се изкажиш
@Black girl, нормално дека не секогаш треба да го вртиме и другиот образ, ама постојат и ситуации каде може да си дозволиме да бидеме подобрата личност. Штом членката се радува за внучето и сака да честита, зошто да дозволи егото да и биде пречка кон искрените чувства? Однос мило за драго води само кон отуѓување. **** Што тиња менталитет сме, значи. Не бе, ич не ни треба феминизам. Појма немаме што е работата и зошто дошло до заладување, битно заклучивме дека снаата е крива. Ужас сме. **** Озбилни сте со советиве сега да исправа нарушени семејни односи? Баш сега кога снаата е во болница со новото бебе, а братот е еуфоричен, ама и растрчан, и веројатно не знае ни каде му е главата? Од сите можни времиња за исправање Криви Дрини, ова ви се чини баш најидеалното? Па јас мислам дека ако сега се јави со таков муабет, треба да е среќна ако помине само со „Ај, жити се, бркај работа“. Честитање сега, озбилен муабет друг пат.
@Summer16 честитање сега и што ти лежи на срце исто сега но во кратки црти и на културен начин да не испадне од страна на брат ти како што спомна погоре ај бркај работа...
а ти мислиш ако се јави му честита сега и се со ок помине без збор аму рече ке ја сака и поштува повекеод шо до сеа? не дури и побетер ке се понаша коа ке виде дека а не му вика
@ALISA0000, абе, најлесно на свет е човек е да се искара. Членката може сега да разговара и да ризикува куршлус, а може и да почека малку, братот да си дојде на себе па смирено да се објаснат. А ако е работата дојдена до таму да се јавува со задни намери, божем да честита за бебе, а всушност да му објаснува на брат и зошто он и снаата не чинат, тогаш подобро воопшто нека не се јавува. И во краен случај, не е фер кон таткото, најубавите денови да му се уништуваат со расправија. Крш менталитет сме.
Роден брат не и се јавил да и каже дека има дете ,па нема оправдување за тоа што сакате кажете ама братот да ја почитуваше барем малце ќе се јавеше па не е мала работа дете му се родило на кој ќе каже ако не на семејството ,ама очигледно на него не му е гајле за сестра му и сега као она ќе се јавува ќе средува односи и ќе изиграва будала.
Ne si vo pravo. Pak ke kazam toj da sakal da se javi ke go napravel toa. A ne uste sestrava da moli,pa da mu se javuva. Moja prva bratucetka sto bevme 24/7 zaedno ne me vikna na prviot rodenden na nejzinoto. A drugi od familija viknala. I den denes ne znam zosto ne bev pokaneta. Odnosite ni bea ok.Epa tolku i cestitav da ti kazam pravo.
ама они век есе изкарани нели гледаш кришум не се блиски немат близина ѓо ке изгубе она??? а оти па она да се пне нервози бее и пак да не чине у право си најубаво и да не се јавува
Ако не се јавил на сестра му да ја сподели радоста зошто мислите дека би сакал и ценел она да му се јави и да му честита?
@Black girl, во ситуацијава нема право-криво. Единствено битно е како членката се чувстува, и што сака таа да направи. Штом сака да честита, зарем треба да и го менуваме мислењето?
Ако некој лошо постапил конкретно брат и на @Summer16 не и се јавил да каже за новородено, не значи дека тетка не смее да се радува за свое внуче и да не честита. Спомнав погоре нека честита ама нека каже дека не и е сеедно што не е известена туку од фб дознала.
е тоа е проблемот шо она не знае шо сака она е срекна но и тажна во исто време има внуче а братото не и кажал
Мислам само дека ништо нема да се реши така. За брат да не каже на сестра дека станал татко мора да има нешто подлабоко. Треба убаво да се направи муабет зашто дошло до тоа. Имам впечаток дека честитањето, дали да биде или не, не е проблемот, проблемот е зашто не кажал на сестра му. И е проблем, и јас и брат ми не сме нешто блиски, ама не можам да замислам да не ми каже такво нешто, да не крене слушалка. Па во тој момент на еуфорија на сите се испојавуваме, не па на сестра.
И мене ми е чудно да не се јави да се пофали на најблиска рода, ама @Summer16 спомна дека се во добри односи со брат и снајка но дека брат и е скаран со помалиот брат. Што е како е причината да не се јави сепак се сложувам дека треба да поразговараат, дали одма ќе разговараат кога ќе честита или подоцна нејзин избор. Иако јас би се јавила за честито и би спомнала дека ми пречи што сум дознала од фб. Брат и сестра се, тетка станала, зар не е тоа огромна радост во фамилија па да се преќутува?
Значи си ги знаеш проблемите измеѓу вас, знаеш дека не сте во најдобри односи и сега чекаш бебето да ги реши оти вие двајца немате муда да кренете слушалка и да се разберете ко луѓе? Чекај за второ или трето или некој друг битен настан да ве понесат емоции и тогаш да кренете слушалка. Дотогаш, зошто да не инает и тврдоглавост?
Луѓе животот е премногу краток да си ставаме цртки кој, колку, што.. Јас сум блиска со брат ми, кога се породив додека ме качија во соба, маж ми на најблиските се јавил и на моите, а мене пак ми докриве што на моите се јавил сакав од мене да слушнат , и одма се фатив за телефон на сите да ја споделам убавата вест, кефна до бескрај. Ама да напоменам имав многу лесен порагај, дури одма откако се породив се поткренав да станам па докторката ме искара. Зборот ми е дали и како поминал порагајот, може имало потешкотии па во тој момент и не знае човек каде му е главата. Јас не ја окривувам снаата овде, тука братот е крив. Мене не постои сила која од брат ми ќе ме оддели освен ако ја не сфатам дека така заслужува. Да сум на твое место ќе се јавам, и ќе му кажам дека ми е криво, и ќе видам како понатаму ќе се однесува. Имам случај во фамилија ист. На мм братот поради жена му не се гледа ич со мм, не го почитува, сопственото внуче го има видено два пати а има повеќе од три години. Никогаш нема да му забранам на мм да да се гледа со брат му, иако не заслужува ама нема да дозволам син ми без мое присуство и дозвола да оди кај таканаречениот чичо кој никогаш не изразил желба ниту да го види ниту пак слика да побара, а камоли да го слушне.