1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Bon-bon

    Bon-bon Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Катерина со маж ти навистина немаш иднина како што стојат работите, и најдобро е да се раздвоите, дали ке се разведеш или само ке се одвоите на некое време додека не се смират работите за да можете да разговарате незнам и несакам да сугерирам. Тоа е само твоја одлука. Само имај на ум дека да се бид самохран родител е нај тешката работа на сетот која ке бара од тебе многу големи жртви. Ти ќе му бидеш се на тоа мало невино суштество и треба да го оформиш во прекрасна личност и независен човек. Ќе ти следат многу нервози, секирации и можеби непреспиени ноќи. Биди си и искрена со себе немора дa ни кажеш на нас, што е тоа што вистински го можеш и го сакаш. И запамти твоите родители нема цел живот да се тука за тебе а и да бидат полека ке станат немоќни, и некој ќе треба да се грижи и за нив.

    Многу среќа ти посакувам.
     
    На katerina-katerina и Daleron им се допаѓа ова.
  2. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Имаше прилика и шанса да поминува време со детето да го гледа,а тој што правеше?Излегуваше од сабајле до сабајле,не си идеше дома.Да како родител има право да го гледа детето,ама овај не може да се кажи дека е родител,ако го интерсирало детето ќе поминувал време со него,а тој времето го користеше за забава.

    Сакам да кажам дека него ниту јас ниту детето го интересира,тој можи за инает за мене да бара старателство за детето(во последната кавга тоа ми го посочи)Ако го сакал детето ќе го гледал,а него му е поинтересно да се забавува отколку да биди со детето.Јас исто како да сум самохрана мајка,цело време сум со детето,не сум спиена со денови,цело време живеам со страв бидејќи кога ке си дојди ми се заканува,вика се дери на мене дека ке ме отепал само да сум направела 40 дена и ке ме исфрлел надвор.И последно парите што ми беа за детето тој ги зеде бидејќи него му требале.И некој би посакал детето негово да биди со ваков родител макар да поминува и 1 саат????

    Ајде да занемарам тоа што е излезен цел ден,ниту купил нешто за јадење исто како на преживеан сум моите ми купуваат за да имам што да јадам,се ќе средам низ дома,ручек ке направам и тој ке почни со навредите како мене за ништо не ме бидувало,ни за дете,демек голема работа што сум направила еден ручек сум зачистила низ дома,детето сум го чувала...ништо не било тоа.
    Секој ден навреди добивам,јас зар мислите сакав да се вратам во тој пекол?НЕ.Јас единствено сакав моето дете да биди со двајца родители да бев сама ма не ни помислував да се вратам.Попуштав толерирав заради детето.Јас него не го уценувам со детето,не знам како заклучивте така.

    Се вратив повторно дома.Вчера ми вели јас ке излезам и за 1 саат ке се вратам ти одмори се легни си,ко ке се врател тој ке го почувал детето.Уште се враќа дома.Му се јавувам го прашав каде е нели ке дојдеше за детето да го почува,одговорот негов е дека бил на забава,цинично ми вели јас си се забавувам и се смее.Му одговорив во ред продолжи си со забавата,нема повеќе што да барам ниту јас ниту детето тука,кога се му е побитно од нас.Не рече ништо,туку си се смееше,пијан беше.И јас него да му го оставам детето,ма никогаш ниту го уценувам ни ништо,туку гледам дека не го интересира.
    Ќе поднесам документи за развод,барем ете пробав му дадов шанса и прилика но тој не се смени,барем во иднина нема да ми биди мене криво,бидејќи јас се обидов да го спасам бракот и детето да има татко,ама за жал не ми успеа.Тоа е.
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Те молам оди си незнам повеќе што да ти кажеме. Те жалам ама и не те жалам ОДИ СИ БРЕ ДЕВОЈЧЕ колку пати да ти кажеме.
    Разведи се па на хартија ќе го гледа , колку што те читам не е ама ич заинтересиран.Не се измачувај повеќе.Каде до сега те гледале твоите, од сега двајцата ќе ве гледаат додека не се снајдеш.
    Со среќа.
    Можеби чекаш поинаков одговор, ама мислам дека сите ќе се сложат со ова.
     
    На Nausicaa, katerina-katerina и tessie им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.948
    Допаѓања:
    327.127
    Пол:
    Женски
    Katerina ич да немаш грижа на совеста што си заминала.Таков квази сопруг и татко на бебето не ти треба.Каква корист од него -никаква.Он нема елементарна култура ниту трошка почит спрема тебе и детето ваше.Он ке шета ке се пијанчи,може и те вара а ти уште со ручек го пречекуваш.море мрш таму никаквец еден.Ниту те родил ниту израсналмпа да те врегја.Што би нашла јас некој да го измлати онака убаво па нека се смее после ако му е нешто смешно.За финансиите не се грижи мн на почеток е тежок но бог е голем,ке се снајдеш и ке застанеш на нозе.А од тоа копиле бегај по далеку
     
    На katerina-katerina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Сеуште не заминала и покрај сите малтретирања и измачувања.
    Катерина можеби си мислиш ако одолговлекуваш со заминувањето нешто ќе се промени, ништо нема да се промени.
    Да бев на местото на твоите родители 100 пати ќе те земев до сега.
    Ниту еден родител не сака да му го малтретираат детето (со исклучоци).
     
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Мене сеуште не ми е јасно, што се случува со неговото семејство?
    Каде се тие? Зар не идат на посета за бебето (внучето)? Ништо ли тие не кажуваат?
    Ај ако сакаш пообјасни за ова.
    Што знам, кога јас би била мајка и мојот син да го прави се ова без причина ке му го ’исечам ушето’ (народски кажано). Исто и мојот брат вака да се понаша, прво работа со мене па со снаата.
    А колку време сте заедно?
    Каков беше пред тоа?
    Дали се дружеше и ти со неговите пријатели? Тој со твоите?


    И ова да си го имаш на ум за нареден пат
    СЕКОЈ телефон денес има опција за снимање разговор, дали на тел или разговор во живо. Ако немаш таков тел, тогаш побарај мп3 плеар ( оние малите за на врат) сите сминаат. Ке имаш со тоа докажи за на суд и за социјалните служби.
     
  7. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1

    Напишав дека сум замината.Инаку моите родители не спаѓаат во исклучоците,бидејки нема родител кој сака да му го малтретираат детето,тука не постојат исклучоци.
     
  8. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1

    И неговите се чудат на ваквото однесување,тие иако му е син не го оправдуаат ме бранат мене и пред него,но тој не ги слуша и тие веќе незнаат што да прават му вели вие да не ми се мешате.Долга врска имавме се познававме не беше ваков,мислам кој нормален би останал ако бил ваков во врска-никој.Јас со дете заминав,а не пак ако бил ваков во врска,нормално ниту би оделе долго ни ништо.
    Како друг маж да гледам,јас во вакво светло никогаш го немам видено,никогаш не се однесувал вака со мене.
    И додека бев бремена ми посветуваше ептен внимание,супер беше се и преку ноќ се се смени..нс најлошо.Пробав да разговарам случајно да не има проблем да не го мачи нешто но со кого ке разговараш не сака ниту да ме слуша ниту да ме гледа....
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Епа фала богу и не кажав за твоите зошто познавам и поинакви родители (на пример моите).
    Да објаснам кога сакав да се разведам,Ќе седиш таму и ќе ќутиш ти си го одбра.
    Сега среди се смири се глеј си го бебчето и со среќа.
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.948
    Допаѓања:
    327.127
    Пол:
    Женски
    Катерина си прочепкала ли низ моб негов да видиш дали има нешто сомнително?мене ми мириса дека тој има друга.Каде инаку би се мавал по цел ден не прибирајки се.Човек без причина не се менува.Сите тие навреди упатени кон тебе,удирањето,вели одма ке потпише документи за развод...се тоа ме наведува да помислам дека он векје си испланирал а и започнал друг живот во кој нема место за тебе.Ти очигледно си му пречка за да може 100% да ужива во тоа па од таму и сета нетрперливост спрема тебе.
     
  11. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Кај да го најдам за да прочепкам по телефонот :D (шала на страна)незнам стварно ете го имам и тоа прашано самиот се колни вели најлошото да го најдело ако имал друга,туку мене не можел да ме поднеси,а бог знај зошто.Од една страна мислам и јас дека има друга.од друга страна пак си велам која и да е мис на светот нека биди,не можи некоја жена да му биди пред детето.Има милиони примери каде имаат швалерки али не познавам некој да не е толку заинтересиран за детето кое е штотуку родено.Ке си го направат ќефот со некоја ама си ги гледаат децата.А овај ццц знам дека мажите се менуваат кога ке стапиш во брак ама не мислев мојов дека за толку кратко време ке се промени и баш промената да биди на најлош можен начин.Ама ќе се разбери ако има друга зарем останало нешто скриено можеби сега нема да разберам ама некој ке види,некој ке кажи,можеби јас ке си тумачам зошто што како ама порано или подоцна ке добијам одговор на се дали од него или од други,тоа знам сигурно.
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    А да не станал пијаница па сега ништо друго не го интересира само чашката?
     
  13. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Многу ретко пие,скоро никогаш,ете вчера само што беше напијан,инаку не си иди дома пијан.
     
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Бидна веќе не се замарај која и да е причината.
    Главата горе и само напред. Мажите не се скусиле ниту пак жените.
     
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    Малку касно ти одговарам ама добро. Врска и брак не е исто. Затоа секогаш велат дека бракот е тешка работа и дека треба да си подготвен. Вие сте имале убава врска но истото тоа што сте го имале во врската неможе сега и во бракот да го имате. Имате и дете и неможеш да очекуваш тој да се однесува со тебе како да сте тинејџери и постојано да си купувате подароци или да сте заедно. Сега имате и дете и треба повеќе да му се посветите и да го израстете на прав пат. Незнам зошто но мислам дека и ти премногу очекуваш. Треба да бидеш среќна што и воопшто е тој толку добар татко на твоето дете. Ако сакаш да се зближите штом е тој толку близок со детето зошто не предложиш некој викенд да отидете некаде сите заедно сите тројца? Или да го одведете детето некаде каде што ќе му биде забавно. Сеа зависи колку годинки има детето. И немој да се обвинуваш самата себе не си ти виновна така требало да биде. И остави малку ан врмеето секако сте во брак неможе вечно да те одбегнува.
     
  16. r.i.n.a

    r.i.n.a Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Драги феминки... Се регистрирав на форумов само да кажам една мака која ме мачи откако сум во брак. Не можам да разговарам за ова со ни една личност од моето секојдневие па немам ни совет од кого да побарам. Еве накратко за што станува збор.
    Родена сум и израсната во дисфункионално семејство.Мајка ми ја омажиле на 16 години заради сиромаштија. Немале пари да гледаат три деца. Татко ми пијаница и коцкар. Продаде се за да може да коцка. Мајка ми ја малтретираше многу. Се враќаше во 4 сатот наутро и одма галамеше. Кога имав 11 години моите родители се разведија. Брат ми кој веќе имаше 18 години одлучи да живее со татко ми а јас и мајка ми отидовме да живееме кај вујко ми. Вујна ми секако не можеше да не поднесе па и од таму си заминавме и живеевме под кирија. Мајка ми работеше на две места за да можеме да живееме. Бев одлична ученичка па државата ми даде стипендија и заминав Скопје за да студирам. Живеев во студенски дом. Се омажив пред три години за човек кој го сакам многу ама за жал или не тој припаѓа во многу повисока класа од мене. Не ни знаев дека во Македонија постојат такви богаташи. Да не должам што и како ќе кажам само дека и тој многу ме сака. Во тоа сум потполно сигурна без капка сомнеж. Имам совршен брак. И да бев Росалинда или Пепелашка сега приказната ќе завршеше со Си живееа среќно до крајот на животот ама не е ова бајка. Откако сум влезена во таа куќа постојано трпам омаловажување и психичка тортура од страна на свекрва ми. Не можам ни да објаснам што доживувам овие три години. Многу пати кога мм ќе биде на службено патување ме има бркано со се детето. Постојано го притиска мм да ме остави. Ако одам на работа се лути во смисла сум одела да се гледам со некој, ако не одам ме критикува дека сум се омажила од корист за се легачам по цел ден. Крајот не и се фаќа на женава. Се гледам да и угодам. Сум пробала со добро, со лошо, со викање, со молчење и никако. Ме понижува пред сите. Ме нарекува секако. Јас не се срамам да кажам дека на 10 години сум работела во бавча. Сум била приморана. Му вика на син ми кај е бавчарката и тој и одговара бидејќи веќе знае за кого зборува. Со пријатека одам на трчање и таа му вика на мм како божем јас уште за на трчање сум била добро кај сум добила покрив над главата. Значи жената нема влакна на јазикот. Кога бев бремена одев кај приватен гинеколог и ме изеде жива. Сум си ја кренала цената. Мм едноставно не реагира на ништо. Некое време се караше со неа па размислувавме за селење ама ние финансиски зависиме од нив и ништо од работата. Ако види дека сум многу нервозна ќе одиме некаде надвор. Ми вика дека сум била луда што реагирам и ја слушам. Ми вика исклучи се и уживај. Од него не можам да се пожалам, супер сме како брачен пар ама свекрва ми не се трпи повеќе. Не знам како да постапам. И тоа што сум била без пари не значи дека ме собрале од улица и дека би немала кај да живеам ако не се омажев
     
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Немам многу време во моментов па ке ти пишам само ова
    Викаш дека со мт ти е супер и дека е добра брачен другар, ама јас не го гледам за таков.
    Како може тој да не те заштити и како може да одговара на мајка му кога таа те нарекува бавчарка?
    Изгледа тој не е мн храбар да си ги превземе работите во свои раце и да си замине од дома. И како тоа сеуште од нив зависите финансиски? Па што правел мт до сега? Ете ти имаш работа има и тој работа и што би ве спречило да си имате ваше место за живеење, макар и под кирија? Изгледа тој си сака да се луксузира а жената не е многу битна. Не кажа дали имаш девер, јатрва, золва или свекор. Зошто не се пожалиш на блиските?
    Овој дел ми е некако слабо за верување. Кажа дека свекрвата те бркала од дома со ДЕТЕТО додекамт бил на пат. А што правел тој кога се вракал назад? Зар нему не му е битно детето? Мене некој да ми рече да си одам, ке си одам и тоа за 15 мин, па нека те бара мажот после. А може и да не те побара ако е ваков мамино синче и уште зависи од неговите, а веке склепал дете.

    Јас никогаш не би дозволила некој мм да го нарече со погрден збор, а не пак тоа да му е секојдневие.
    И во темата снаии и свекрви има вакви случаи и си требала малку да прочиташ и тамо.
    Незнам што да кажам освен што кривец е твојот совршен брачен партнер и никој друг.
     
    На Nausicaa и imelda им се допаѓа ова.
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    За тоа што ти се случувало во минатото не си виновна ти. А животот некогаш знае да биде многу суров претпоставувам дека како дете ти било тешко селење нататаму, наваму, татко пијаница и слично. Ама секако многу си учела и си завршила факлутет поточно си успеала и животот те наградил со сопруг кој може да ти дозволи малку повеќе. Не велам дека се е во парите но во држава каква што е Македонија ретко дека некој обичен работник може да си дозволи нешто повеќе од основните потреби, некогаш дури ни за нив не стигнуваат пари. Ама твојата свекрва претпоставувам дека е стара жена и нема што многу да и замеруваш за такви работи. Разбирам дека те боли тоа да те навредува и понижува пред кого стигне ама сфати не си ти виновна што си имала такво детство. А себично е да бараш од маж ти да одбере една од вас двете на крај краишта таа му е мајка, таа го родила. И таа те бркала тебе на улица но како може сопственото внуче? Тоа не ми е јасно. И свекор немаш, девер нешто не ни кажа на таа тема. Ако имаш зошто сеуште седиш во таа куќа викаш дека финансиски сте добри ако е така зошто не се преселите во некој стан доволен колку за вас? Ти ќе работиш, мажот ти ќе работи а детето ќе го носите во градинка ти после работа ќе го земаш. И самата кажа дека маж ти бил богат волку барем можете да си дозволите. Ако нема маж ти никој друг освен мајка му тогаш останете таму.Кажа си одела на работа ( барем ќе има кој да ти го гледа детето) ако одиш на работа (ако не вработи се) кога ќе си дојдеш ќе јадеш, ќе си средиш по дома и можеш да излезеш или останатото време да го поминеш со детето. На некој начин и ќе ја одбегнуваш и игнорираш свекрвати а таа сама со себе неможе да се кара. А тоа што маж ти дозволува да те нарекува мајка му бавчарка не го подржувам но сепак таа му е мајка и е некако на средина меѓу вас. Како и да е ти не и одвраќај на зборовите стара жена е и срамота е да се расправаш. Сеедно паметниот попушта.
     
    На okcenzi и anina им се допаѓа ова.
  19. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    дали јас нешто не сватив или ?? мене сите овие раб на исто место некако не ми одат,ем е богаташ ем зависи од родителите ем викаш на службено патување оди :?: :?:
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Свекрва и е богата, не маж и. Маж и е растен огален во богата фамилија. И тој чека од мајка му(и татко му) за тој луксузен богаташки живот па затоа трае. Сам вода нема во очите, очигледно, нели додека не клукнат старите, кога муабетот за селење дошол до немаме (свои) финансии тука и застанал поради тоа. Додека друг те рани како куче може и да те третира така. Му се може бе, и што? Тужи го! Му се храни егото, се изживува, му се може па затоа. Моралните вредности низ прозор.
     
    На fighter, Nausicaa, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.