Ако мене ме прашуваш животот во заедница е пекол и најлошо нешто што може да им се случи на двајца млади. Целосно ги разбирам твоите стравови и нервози, реални се. Сите нејасноти време е да ги решите сега. На крајот на краиштата, подобро крај на врска отколку крај на брак, влечкање по судови, борби за старателства и куп други нервози. Работите дома горе-доле си воочила какви им се, верувај дека ради тебе нема да се сменат. А што се однесува до парите, нивни се и тука не можете ништо ни ти ни дечкото за жал. Обиди се да го вразумиш, во денешно време срамота е да се користи зборот домазет. Доколку кај тебе условите се подобри тогаш зошто да не живеете таму? Или пак најубава опција - сами, на страна од сите.
Ако отпочеток си ги знаела семејните односи и твојата потреба за приватност, требало да разговараш со партнерот за вашиот иден дом. Одговорот за станбеното прашање не треба да го бараш од свекорот. Возрасни и зрели личности разговараат отворено и искрено за приоритетните работи пред да стапат во брак. Потруди се да го решиш проблемот додека е време. Партнерот се изјаснил дека не сака да живее кај тебе, па и ти изјасни се дека немаш намера да бидеш слугинка во таква џунгла. Тој што е разумен ќе избере мир и брачен живот. Во спротивно, не делите исти погледи за вашите потреби и интереси и секој нека си продолжи на своја страна.
мислам дека баш имаш среќа што свекорите не те перцепираат. многу поубав ќе ти биде животот. зошто бараш некакво си внимание од нив? што ќе ти е? гледај маж ти да ти пружа внимание и љубов и не се замарај зошто свекор ти не прашал за веридба и колку и дал на ќерка си.
Големо чудо ако си идна невеста. Тоа не ти дава за право да правиш кавга затоа што ти мислиш дека така е исправно. Не те сфаќам, од една страна велиш ситуирана си добро, можете сами да си дозволите се, од друга страна зошто уште да не ви се даде, свекорот давал на сопствената ќерка. Сигурно и треба па и дава и тоа е тоа. Негово право.
А што гледаше кога доаѓаше кај него, тогаш не ти сметаше кога ја гледаше сестра му? Пред да речеш да, требало да разговарате дали сте на исти фрекфенции со сопругот.
Јас не знам зошто воопшто се нафаќаш да живееш во заедница кога велиш дека финансиски можеш да си дозволиш и стан и кола @macence123*** Ти ја разбирам фрустрацијата, ама не си ти таа што треба да кажува дали и колку треба да му купуваат на сопствената ќерка. Ако некој треба да се жали и да разговара со нив, тогаш тоа е вереникот твој. Син им е и има право. Ама јас пак ќе кажам, не разбирам зошто правиш компромис за местото на живеење кога знаеш уште пред време дека ќе имаш проблеми живеејќи во заедница. Сама си крива искрено. Имаш финансии, тргнете се на страна.
Никогаш нема да се осудам да речам и да помислам дали дале и колку на брат/сестра на мм. Ама затоа никој нема право мене да ми рече што татко ми дал,што на брат/сестра. Приоритетите се секогаш различни, не мора на кантар да се стави се'. За мене ова од членката е глуп мубает. Зошто мери? Пресметува. Гледајте си го гајлето вие. Зошто се оди свесно да се биде жртва. Само затоа што дал на керката. Место да гледате да користите што има на располагање, гледате да поседувате. Животот е еден, во гроб никој ништо не однел.
Глупаво е да се очекува од свекор да ти реши станбено прашање во смисла да ти купи стан, на улица не сте ако не ви одговара барајте си чаре, ниту па е должен да ве вработи тоа што и колку дал на ќерката неможеш да мериш и премеруваш не дека е правилно да ги двои децата ама едноставно е негово право. Ако се во можност нека ве поткрепат твоите, нека разговара и вереникот со татко му нека побара ако биде одбиен нека наговори и преговори ама ти немаш право.
и мојот не сакаше домазет ама ако сакаше да биде со жената и детето немаше друг избор. Па еве ништо не му фали. 6 години живееме во куќа кај моите само друг спрат. Ама моите за нив ние за нас. Ко ќе неќам мешање неќам од ниедна страна ама со моите можам да се разберам а со неговите потешко. Ме ми пречи да сум во иста куќа со свекор ми ама тој за кај него да си гледа јас за кај мене. Ако му треба нешто помош ок тука сме во секое време. Мора да си поставите граница. Бидете во иста куќа ама нека не ве замара
@macence123*** потполно те разбирам имав еден таков каде што сестра му беше на горниот спрат со нејзиниот маж -домазет и по цел ден беше долу кај мајка и и татко и со децата...му раскинав. Сега живеам со свекор и свекрва иако се на посебен спрат нон стоп се тука и девер имам неженат. Децата се поделени тоа од авион се гледа, се гледаат за девер ми дали бил јаден ,капен, ако спие несмеам перална да пуштам ,смукалка ,а тој ништо не дал за дома ниту се замара за некоја сметка за некој празник или сепаб...ГОСТИН ...мислам безпотребно си нападната дека не се нашол никој во ваква ситуација,ако го сакаш и сакате заеднички живот во заедница мораш да се помириш со тоа , да не се замараш колку и дал на сестра му макар да не е сеедно но очигледно децата им се поделени како кај нас ,ти гледај за маж ти тој за тебе еден ден ќе свати дека не припаѓате тука кога ќе му прекипи па ќе бара чаре да си одите.. до тогаш трпение. И јас имам стан каде би живееле и повеќе пати рекол да си одиме ама верувај ќе дојде и тој ден.
Ајде и јас да побрам совет. Во брак сум 4 години и имаме 2 дечиња. Воглавно добар ни е бракот, мм е посветен татко , со децата е вклучен во сите активности(капење, пресоблекување, заспивање). Живееме сами во стан. Отпочеток на бракот ми кажа дека чистењето и одржувањето на домот се моја одговорност. Се бунев, со триста муабети за рамноправност и еднаквост( инаку се знае да прави, од дома е излезен на 18 години) , ама тој вика дека жената е таа која куќата ја прави дом со топол оброк и се да е на место. И јас одам на работа, имам уште малку од породилното со второто дете, и ќе се вратам на работа. Видов дека не можам да го сменам и се трудев да се посветам на децата и домот максимално. Сега тој е на диета, нешто како хроно , и од мене бара да му спремам доручек, ручек и вечера. Па луѓе мили не можам да постигнам и да се раскинам. Две деца постојано се со мене, кај и за нив се мислам, сега и за него требало. Ми вика не сум го ставала како приоритет и гајле ми било дали д вечеран или што ќе јаде. Му викам ти не си дете , отвори во фрижидерот и земи си. Работата му е напорна и ми вика дека имал многу нервози и секирации таму, па уште дома кога ќе дојдел да се мисли што да јаде. Последно многу се скаравме и ми рече не ме планирај за ништо, сам ќе си барам чаре за јадење, не сакам ништо од тебе. Како да постапам? Смачено ми е да се теудам постојано и пак ништо не ми признава? Дали да го игнорирам и вистина ништо да не му правам по неговиот начин на исхрана, туку за мене и децата да си готвам? Ве молам за совет , немам до кого да направам муабет, не сакам мајка ми да ја секирам со испадите на мојов.
@Kom.pot, ја следам фб страната за хроно па отприлика знам кои се принципите на таа исхрана. Ако решил да ја следи, слободно нека си стави престилка и нека си се пресели во кујна. Напорна е за држење, цело време има сечкање, готвење и месење. Ако мисли дека тој во денот има доволно време да дреме над шпоред, нека ја држи. Ама да очекува да има готов појадок, и зготвен ручек и вечера, плус салата, и тоа некој друг да се мачи за тоа, епа мало морген. Не е фер спрема тебе, и на твое место, не би се нафатила на двојно готвење. Ако сака да ослаби, а не сака да се замара со кујна, нека земе да трча на кеј.
@Kom.pot Него под чест му е да влезе у кујна и да си зготви? Пред да се ожени трпел за леб ли, нели викаш од 18 е излезен од дома, кој му готвел тогаш? Не му покажувај слабост, ако не сака да готви нека седи гладен. Таман повеќе ќе симне, идеална диета.
Сам си готвел и чистел и се правел, но вика сега сум женет, сакам некој да се грижи за мене и да се осеќал сакано. Ми вика кажи ако сакаш да ги земам децата да ги прошетам , јас да сум завршела низ дома што имам работа. Ама јас не сакам така, сакам заедно да шетаме . Ми вика не сум знаела да се организирам , мајка му со 3 деца била, па секогаш биле и прошетани и домашен ручек и дома светнато. Јас му кажав дека секогаш ќе ми се децата приоритет, не можам да ги оставам да плачат за да пеглам на пр. Денес си направив ручек за нас само, и си заминав кај моите на гости. Сњга дојдовме, си направил вечера и не ми зборува. Не попуштам овој пат. Јас сум мирна и мека и затоа на глава ми е качен.
ја отворив темава и се подумав дали да си пишам и да си ја олеснам душава оти решението е само разговор со сопругот ама друго е ко ќе си ја олесниш душата. И за чудо ко те прочитав како јас да сум напишала. Епа како што сакаме нас да не сварат треба и ние некогаш да ги сватиме нив. Затоа разговорот да биде смирен оти ионака се терсене мажите па ќе почнат расправија. Ние често разговараме после се преминува во караница и на крај ќе се изнадереме и после одкако ќе си ја олесниме душата и ќе подразмислиме веќе сме нашле решение.
Договорете се за поделба- еве тој нека готви само викенд а ти сите други денови. За викенд заедно чистење зашто заедно валкате. Ти еве повеќе дури си слободна. А ако тој одбива компромис, одбивај и ти. Цакум пакум не м8ра да биде по цена ти да се разболиш и да пукаш од нервоза. Со среќа!
Gledaj gi decata ne se stasuva se i cistenje i gotvenje ostavi go ako saka da izveduva neka tera. I toa sto sakal da se oseti sakano ne se postignuva taka sto ti ke se osekas ko sluginka po doma. Stvarno nemozam da razberam vo koj film ziveat nekoi mAzi. Ja so edno sum pa ne gotvam sekoj den za nas. Pa eve gledam celi 100 gr e oslaben ko mu se jade ke si zeme nesto i ke jade nema da kazuva prikazni. Ne popustaj decata gledaj si gi i ne se zamaraj mnogu na negovite prikazni za toa kako izgleda ljubovta vo bajkite. Pozz i sekoe dobro.
A majka mu idela na rabota? Toj kako da si zemal sluginka e ne zena. Ostavi go neka gotvi sam.. Ima iskustvo od porano. Sto si podobar so lugeto poveke ti se kacuvaat na glava
Компот јас сум слично како тебе, на породилно сум со второто и поголемото ми е скоро 3 години. Мене главна преокупација дома ми се децата, значи прво гледам нив да ги нахранам, за нив да зготвам, да ги поиграм, да ги прошетам.... се друго е помалку битно. Јадење ако имам време да направам додека дојде мм во ред, ако не, правам откако ќе си дојде. За чистење и др работи низ куќа ми помага и тој. На памет не ми паѓа да си го заробам цел ден во кујна готвејќи му специјалитети, а тој да не сака со прст да мрдне. Еве денес имаме слава, го прашав сакаш да купиме благо или домашно да правам... па сакал домашно, повкусно му било, тогаш ти ќе сомелеш бисквитите, оревите и сл, јас ќе збркам, ти ќе измиеш садови и сите задоволни!
Сношти си легна во дневна да спие, сабајле кога станав си имаше направено доручек само за него. Јас им направив на децата и сега си се договорив со другарка да излезам. Му викам до кога вака мислиш да функционираме без муабег, само ја крена главата. Инаку свекрва ми самата ми вика, немој да си будала како мене, гледај си за тебе , а не роб на мажот. Свекор ми ако не му дадеш пред него ни лажица не си зема. Многу ми е мака, прв пат сме до овој степен. И друг пат сме се расправале на оваа тема , но на крај сме се сложувале дека требало да се трудам повеќе и да му бидам поддршка за диетата. Инаку мн е ослабен, се придржува строго и е дисциплиниран.