Ајде прашање од мене.. во брак сум скоро 7 години, двајцата сме во 30тите, имаме да речам здрав сексуален живот - но сакам некако да го зачиниме - се некако си мислам дека е монотон и дека не ја возбудувам доволно за да пробуваме нови работи. Да расчистиме само - си ја сакам жена ми и имаме 2 дечиња - но сакам некако да имаме, да речам „по интересен сексуален живот“ - да пробаме нови работи, па еднаш се живее. Дали може совет за како да го постигнам тоа? Фала ви..
Оти не збориш со неа за тоа? Разговарајте за вашите сексуални фантазии меѓусебно, што ве пали, што би сакале да пробате за промена. Кога ќе ти каже, примени го тоа што го сака, некогаш спонтано изненади ја. Мора да разговарате отворено, не да бараш совети по форуми.
За трета личност не би давала совети. За разбивање монотонија (само меѓу вас двајца), прво гледај жена ти да биде поодморена и порастеретена од обврски, со оглед на тоа дека имате 2 деца, како и активно да бидеш вклучен во домашните обврски. Организирај викенд за двајцата, децата организирај ги за преспивање кај бабите, направи атмосфера. Посвети и се, купии некој подарок внимателно одбран. Е кога она ќе се почувствува сакана и растеретена, многу е поголема веројатноста да биде и поопуштена во сексот. Измасирај ја. Прашај ја што она би сакала да проба. Подари и убава долна облека ( за почеток УБАВА, а не екстремно провокативна, пошто ако не е научена нема да сака да ка облече или ќе се чувствува непријатно во неа). Инстант решение-нема, мора да бидеш трпелив и ненападен.
Да ми дојде сопруг или дечко ми со ваков предлог за разбивање монотонија, веднаш ќе заборави што е тоа монотоност. Се надевам го знаеш одприлика ставот на жена ти на оваа тема пред да понудиш таква идеја.
Не сум била одамна овде, ајде сега пак да ви го кажам "проблемот" што не е ни проблем уствари. Вчера бевме на ручек со мм, и со брат ми. Јадевме, се беше убаво но, дојде време за сметката. Мм ја побара и ги остави парите на маса, јас ги земав и му ги подадов на детето. Е, сега проблемот е во тоа зошто сум му ги подала парите јас нему, нели ми било срам, и сево ова пред брат ми.. требало и чиниите да му ги подадам, така кажа.. А не е прв пат јас да платам, колку пати има излезено на цигара и ќе ми каже плати ти, па ништо, а сега што му стана не знам. Поголема глупост немам видено, а ни слушнато. И од вчера не ми збори уопште... Што мислите за ова?
@Summer16, бившиот мој дечко слично се однесуваше. Дека на негово инсистирање најчесто седнувавме во кафана, мораше тој да му ги даде парите на келнерот. Имаше неколку ситуации кога јас частев, бараше да му ги дадам на него скришно парите, за тој да ги подаде на келнерот. Во останатите седнувања, зошто јас не сум човек што сака частење без повод, секогаш сакав да си го платам својот дел. Ок, ама кога ќе се тргнеме од кафаната да му ги дадам парите, никако персоналот да види дека јас, цурата, учествувам во сметката. Кршливо машко его. Ете, така, ништо повеќе, ништо помалку. Многу бедно. Исто, доаѓаме кај мене дома. Трети кат, зграда без лифт, јас сум купила нешто од маркет и си го мкнам сама по скали. Кога ќе дојдеме пред влезната врата и позвониме, и таман мајка ми да отвори, е тогаш ќе му текнеше да ми ги земе кесите, за пред мајка ми да се претстави како „џентлмен“. Не му ги давав. Да, ептен тазе сингл лејди сум. Не поради сметките и кесите, ама поради куп вакви мали ситници. Ќе ме читате периодов по темиве, осеќам ќе ви досадам И да, ми го знае никот ама галје ми е! Нека чита, ќе научи нешто.
Ништо овоа дека пред брат ти е затоа повредено его ете ме долносуваш ти мене трчиш пред мене да платиш ти тоа ке му е муабетот остај го ке му помине
Брат ми е мал(15) што се вика ништо не разбира. По пат му пррзборе нешто на шала и на него му се развика.. Ама често пати сум плаќала ништо нема кажано, а сега ова... Е ајде де оди докажи му хаха Ептен ко мало дете... Како да е у пубертет.. Богами и за Бог да чува е....
Имаш право дека ти е гајле што ти го знае никот. Таквите тешко учат зашто не се склони на промена во смисла на разумност и зрелост. Во предност си што си свесна за создавање и развивање на партнерските релации без некој да се обидува да глуми џентлмен со лабилно его и провидни манири.
@Summer16 јјас мислам дека он има некој друг проблем има со тебе па ти префрла за било што.И се дере на сите.
Тогаш сигурно во меѓувреме се има случено нешто што му го има сменето мислењето...може паднале во муабет со колеги/пријатели за тоа кој треба да плаќа и овие збореле нешто во стил се знае кој плаќа, па се исмевале со некој што дозволил девојката да плати...и толку му треба на несигурен маж со кревко его да почне да се сомнева во машкоста...а што е најсмешно вие сте во брак и е сосема сеедно кој ќе плати или кој ќе ги подаде парите (не дека во врска тоа е битно, ама овде се заеднички парите)