1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена сум, но тој ме остави!

Дискусија во 'Врски' започната од MonBella, 21 септември 2018.

  1. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Не се осеќам баш најдобро и храбро да се преставам,се осеќам како да сум сама на светот и мислам дека никој не би сватил колкава болка имам во душата. Ќе пробам на скратен начин да ви раскажам. Имам 25 год. во врска бев 6 години С.(мојот бивш) има 31 година.
    Многу работи поминав за да бидам со тој човек,многу солзи за да останам со него. Тој 4 години не ме прифаќаше како негова девојка,ме немаше допрено за рака,не ме однел на кафе све што правевме не беше во јавност. Беше со друга девојка кога ги видов заедно се правеше не ме познава. За сите празници он беше со неговите другари а јас сама. Има проблем со пиење по цели денови правеше што сака,додека јас седев кај него пред врата и го чекав. Се плашев за него,сакав да му помогнам сакав да бидам со него да останам покрај се. После 4 год. му прекинав неможев повеќе да ги трпам неговите лаги,неговото понашање,тоа што после 4 год. труд и посветеност само за него не ме нарекуваше ни девојка ни ништо. Јас после некој период започнав врска со друг бев со него 1 месец. Али никако неможев да прифатаж никој после С. Премногу го сакав...
    После 4 месеци решив да му се јавам се слушнавме,он беше возбуден како никогаш јас бев изненадена како реагираше. Се видовме разговаравме очите му беа скроз како со солзи. Те сакам прости ми за се,јас сега сваќам дека те сакам ќе се сменам ќе направам се,никогаш нема да те повредам. Јас од што толку имав љубов кон него му простив и решивме да го заборавиме минатото. Дури ј на социалните мрежи постави дека сме во врска што тоа порано никогаш не би го направил. Најде работа (бидејки никогаш не ни работел) И навистина се беше како сон навистина се промени. Не беше љубоморен ни насилен како што порано бидејки тие 4 години јас не искочив никаде ни другарки ни ништо,бидејки сите другарки за нрго беа К...И.
    Како што поминуваше време он после 8 месеци даде отказ,почна повторно да ја избегнува нашата врска почна да излага со другарите кои сите му се идиоти, почна да пие да ме избегнува. Не се слушавме 3 дена после пак ке се смири ке се извини и така се одвиваше се. Јас незнаев повеќе што да правам секогаш кога зборувавме за тоа коа навистина планира да ме побара он секогаш наоѓаше изговор. Те сакам ќе биде. И после некое време повторно истото пие ме игнорира се му смета. Јас се откажав од него повторно. После 1 недела ми се јави и јас повеќе неможев да му верувам ни на еден збор што и да каже. Разговаравме да се земеме и јас ни тоа не му верував. Моите другарки ми дадоа совет дека треба да се ангажирам повеќе околу тоа он што мисли за брак дека не сме малце заедно и да преземеме нешто и да идеме на поголем чекор. Така и направив јас те сакам сакам да ти бидам жена да живееме заедно нема потреба што да чекаме повеќе многу години сме заедно. Он на тоа ми одговори ќе биде срце полека немам пари немам работа те сакам и плус не сме многу заедно само година ипол. Он другите години не ни ги рачунал јас како да не сум постоела. После тоа повторно се скаравме несакав да го гледам повеќе едноставно неможев... Ми звонеше ме бараше се извинуваше.. Се видов со него разговаравме јас му кажав неможам повеке вака не ти верувам за ништо ова е крај. Едноставно кога ќе го погледнев во неговите очи и попуштав секогаш знаеше што да каже и да омекнам. Ке се земеме до нова година јас ќе те побарам за жена . Јас не му верував и си стоев на тоа. Добро те сакам што да направам за да ти докажам. Добро сакаш да св... во тебе сакаш да кмаме дете да пробаме тоа ми го кажа.
    Јас преќутев на тоа незнаев што да кажам останав без зборови. Бевме кај него имавме односи незнам што му стана и ме праша да с... во тебе, го погледнав и он повторно ме праша и јас да одговорив. Те сакам ти си ми се во животот со тебе се сакам да имам....
    Последниот пат пред да се смирам со него пред оба да се деси, јас ја сонував Богородица.кога прочитав што значи одма помисчим за брат ми бидејки он има жена. Богородица значи Очекувајте дете! Незнам што ми текна седев дома и отидов земав тест и кога го направив не ми се веруваше на очите. Тестот беше позитивен. Земав уште 2 теста и тие беа позитивни. Мене не ми се веруваше... јас во тој момент срекна и возбудена али со страв.. Му ја соопштив веста едвај, он не реагираше баш најдобро. Првите зборови му беа како да ме обвинува за нешто. Сега што ќе праиме ова не се играчки немам пари ни работа. Со тебе сум не те оставам на цедило. Јас воопшто не бев среќна како он изреагира :( секој ден не знаеше што да ми каже само изговори. Моите му звонеа на мобилен он не им креваше. Го молев ќе успееме заедно моите ќе ни помогнат твоите ние ќе работиме нсшто мора да се направи те сакам го сакаж ова дете со тебе. Али он зошто си им кажала на твоите можевме сами да го средиме ова има апчиња. Јас бев гневна и незнаев што да мислам. Он повторно незнам незнам незнам само тоа. 3 дена го чекав да каже на неговите кажа на мајка му она не подржи реагираше срекно кажа ова се очекуваше вие сте долго заедно ќе се среди све вие се сакате,ќе се седнеме сите да разговараме за да помогнеме. Он малце се смири и зборевме ќе направиме се, ќе се трудиме дури и се шалевме, ме галеше по стомакот коа ќе го прашав среќен си он да. Другиот ден бев пресреќна ја соопштив веста на поблиските сите беа пресрекни.
    Коа се слушав со него он како да не бесе заинтересиран си играше игри како да заборави на ова. Повторно ми збореше се и се жалеше. Јас немам ништо немаме кај да живееме на улица ќе бидеме јас не работам за 200 евра никогаш нема ни да работам ако треба ќе умрам. Ти што сакаш прави јас ти го кажав моето мислење немам како да ти помогнам тебе и на бебето толку од мене ти ако имаш нешто кажи. Јас сите решенија му ги кажав се пробав направив . Го викнав и кај мене дур не се снајдеме или под кирија моите ќе ни помогнат али и за тоа имаше изговор. Веќе 3 дена не ми се јавил јас се осеќам многу лошо мн ми е тешко само плачам и не сум свесна. Најтешко ми пага коа ќе станам сабајле и одма се држам за стомакот :( 3 ипол недели сум бремена во понеделник сум на преглед. Тешко ми е .. тешко е кога ќе осетиш било која болка на своја кожа. Незнам како звучи ова во очите на некој друг кога ќе прочита.
    Душата ме боли јас сум скршена.. Ова не се опишува со ништо колку боли...
     
  2. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    55.308
    Пол:
    Женски
    Како, како можеше да си го направиш ова сама на себе? Знам дека ти е тешко ама за се си виновна сама.
    Едно ќе ти кажам, од него не очекувај ништо ако си спремна да го изгледаш сама со помош од твоите оди до крај, но од таков како што го опиша не очекувај ништо.
    Нека не те лаже паметот дека ќе се промени и слично, гледај ја реалноста. Знам дека сум сурова ама тоа е вистината. Секое добро што и да одлучиш
     
    На piksooki, mssuniquee, anggell и 32 други им се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Премногу поспана сум за да пишувам опширно, ама и премногу втф ми е за да не пишам ништо.
    Не сте во врска цели 6 години. Ноуп... не се лажи.
    Со денови го немало, она го чекала... мислиш гоблените ги везел за дар.
    Ај тогаш 102,5% те вртел, ама и сега делува дека 99% те мавта и тебе и уште некоја, ако не и неколку. Тие мачо младичи што е**т како багер, им требаат години да „сфатат“ дали сакаат врска, и за 200 евра „не се ругаат“, сите се ко со ист патлак правени.
    Делува дека преку Бога милога си му досаѓала, па ај рекол у врска сте за да го разлабавиш.
    Пие, неќе да работи, нагласил дека ве неќе тебе и детето... оди поседи му уште малце пред праг, дури не сме стигнале ние од форумов да го крадеме.

    За вакви постови, се надевам на тролање. Во спротивно, сестро, па злато, нафта и швајцарско чоколадо да ејакулира, не заслужува да го плукнеш, не па дете да му раѓаш и да го молиш... :worried::worried::worried:

    Едит: Чек, се освестив веќе... пак читам и... како бе „Можевме сами да го средиме ова, има апчиња“?
    Дали сериозно некој ова го кажал? Дали најозбилно некаде постои батка што успева да има коитус, а мисли дека постои магично апче што се пие недели после зачнување и кое ќе ве „ослободи“ од бебето??? :o

    р.ѕ. Немаш прави другарки штом те советувале повеќе да се ангажираш наместо да те „тепаат“ да го шутнеш.

    I'm appalled. :x
     
    Последна измена: 21 септември 2018
    На Annath, Belgin1, elena.mak и 72 други им се допаѓа ова.
  4. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Благодарам премногу ми значат зборовите повеќе не ми е важно ништо,ни он ни никој само самата себе сум повредена што дојдов до овој степен ова многу боли незнам повеќе како да се осеќам. Нема правилна одлука на секој начин што би ја донела. Сакам ова мене да не ми се случува али неможам да избегнам од реалноста. Колку и да е секој крив не посакувам ова да се случи на никого. Јас влегов во оган али никогаш не си поверував дека до овој степен би се случило. Не го замислував ова за мојата прва бременост али сега ништо не е битно повеќе... Ова е тешко многу не посакувам за моето дете да порасне оставено од татко што не го сакал . Се плашам за понатака
     
  5. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    55.308
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека некој можеш да задржиш со бебе? Не, со ништо не можеш да задржиш човек ни со бебе ни со пари со ништо.
    Верувај дека подобро сама ќе го израснеш него со тој идиот кој се срами од тебе или денес те сакам утре не те познавам.
    Веќе се случило, донеси одлука за сама себе а него не го гледај во плановите и идината. Веќе нека ти се отворат очите и освести се, не се залажувај пред тебе стои важна одлука.
     
    На zalosna, emkaemka, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  6. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Знам во право си ... јас заслужувам секакви зборови.. Едноставно повеќе ништо несакам од него јас изгубив све. Не ни помислувам на ништо друго освен за мене... Мн ми е тешко што дојдов до ова и дека на овој начин ги отворив очите али тоа ме боли највеќе што е криво ова дете што го носам.. :( али се плашам за иднината на ова дете премногу
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maša8

    Maša8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Zatoa sega nema da potkleknes i kje dades se od sebe da mu go priustis najdobriot zivot na toa dete. Veruvaj vo sebe i ne dozvoluvaj da ti vleze vo zivot nekoj takov vekje.
     
    На marchi-cool, mira.mira, worrieddd и 2 други им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Пардон, таков ми е стилот на изразување, ама немој ни на секунда да мислиш дека заслужуваш секакви зборови. Ни во случајов, ни општо, ни од било кого. Дрско делувам од што ми е мака вака да читам девојки пред кои е сета иднина на светов, а ти си заглавила со пропалица.
    Си изгубила време и многу самопочит и самодоверба, ништо друго. Но, не е ни нешто што не може да се надокнади.
    На твое место, јас не би дозволила таков токмак да има потомство. Нек ме каменуваат, ама баш дека бебето е невин живот, не заслужува да го знаат ко „детето на оној опинок“. Знаеш на што алудирам. Твое си е, секако, дали и како ти ќе го одгледаш, ама сметај дека цел живот ќе сте поврзани ако му родиш дете и само потешко ќе ти е ти да си таа што ќе се мачи, а тој да тера друг, ергенски живот, пошто, ко што спомнала Лост погоре, таков ни со бебе, ни со лисици во подрум не задржуваш. А, и ич не ти ни треба.
     
    На Annath, littleflower, zalosna и 33 други им се допаѓа ова.
  9. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Не ја разбрав реченицата, било испланирано да имате дете, па после како гром од ведро небо леле бремена сум, а тој не реагираше баш најдобро...јас не знам само како толку сте наивни, еднаш се сменил па пак, па не вака па не така, ти штом до тогаш не си го проценила, па ни за уште 6 год нема, затоа терај вака, иако и јас делам мислење дека е измислено ова.
     
    На Purelove92, Alisa22, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  10. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Он во расправија еднаш ми кажа нема шанси да дозволам некој друг да ми го гледа детето преку мене мртов затоа оди среди си работа дур е рано.
    Јас работев како дадилка ,работев по игротеки секогаш сум со деца..
    Мн сакам деца и сега кога јас носам а он ме остави сама и мн е тежок самиот збор. Али јас го мразам и повеќе он не ми е битен.. Јас ми е жал за мене и за одлуката која треба да ја донесам ..

    Јас све кажав како што беше тоа неможам да го скријам дека и јас и он бевме свесни. Јас не верував дека бев бремена и мене ми беше мило. И уверена бев дека ј он ќе биде среќен затоа што он беше свесен. Ме скрши тоа што изреагира како ова да е играчкашто го носам.
    Се чуствувам како да си добив тоа што го заслужувам. Што ќе ме боли цел живот
     
    Последна измена од модератор: 21 септември 2018
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Помалку самосожалување, повеќе глава горе и барање излез од ситуацијата.
    Ако само си се жалиш, ќе потонеш уште повеќе. А, излезот делува доста едноставен.

    Сепак, стварно се надевам дека ти е само досадно во овие ситни саати.
     
    На H.VAGA, CameliaMiller, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу јас незнаев каде да се обратам затоа пишав ... колку ќе бев среќна доколу би ми било само досадно...
    Ова нека го читаат сите девојки што се зачарани и што некоја друга личност го води нивниот мозок, нккогаш да не дојдат до мојава ситуација.. бидејки и мене ме советувале сите моето семејстбо моите другарки али се дур сам не осетиш никако.. А јас на никого не посакувам на ваков начин да ги отвори очите бидејки тогаш ни самата нема да бидеш во прашање ни битна
     
  13. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не требало да дојдеш до степен на понижување од него , а штом си дошла кога си видела дека работата не иде како што треба требало одма да го оставиш и засекогаш а не да му се враќаш повеќе пати. Ја знам шо е љубов сите ние сме биле повредени од некоја личност во животот која ни значела премногу(а можеби и уште ни значи) ама ретко кој дошол до степенот на кој си дошла ти. И самата велиш те лажел, имал друга девојка, се правел дека не те познава и уште што не..па не си била тогаш девојче од 15,16 години да не знаеш што правеш и до толку да ти летал мозокот..Кога гледаш дека личноста од спротивната страна воопшто не е заинтересирана за тебе остави ја на мира.И самата си кажа дека си имала врска со некој 1 месец ама не ти одело епа така ете и него едноставно не му одело со тебе. Еве веќе пишуваш дека не се замараш со него, дека ти се гади,и како што веќе кажа си работела како дадилка си ги сакала децата тогаш нема да имаш проблем.Роди го детето немој ни случајно да си помислила да одземеш нечиј живот подарен од бог, поарно е сама да го гледаш отколку со некоја стока која нон-стоп ќе си поигрува со тебе а и не се знае дали и ќе го сака воопшто.Помисли на тоа дека нема да бидеш ти единствена жена која сама одгледува дете.:)
     
    На mira.mira и La diabla им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    @MonBella премногу си млада, животот е пред тебе. Знај дека со станувањето мајка се ќе ти се смени, особено ако немаш поддршка и помош од таткото на истото. Многу е важно дали и колку те поддржуваат твоите? Имаш ли работа? Услови каде што живееш за со дете? Јас секогаш сум против абортус, од аспект на животот кој е зачнат и заслужува шанса како и од аспект на ризикот и траумите кои истиот го носат за жената.
    Од овој твој никаков дечко немој да очекуваш ништо. Од гледиште како што се одвивало досега, јасно ми е дека и во иднина ќе ти досадува, ќе те манипулира, ќе глуми па ќе се покажува во вистинско светло пак, особено кога ќе има дете кое е и негово.
    Затоа мора многу сериозно и зрело да одлучиш и цврсто да се држиш то ставот!!
    Мора и законски да си се заштитиш, тоа со правник да се консултираш како е, да не му текне на овој по 5 по 10 години да го бара детето судски на пример :/ Од старт да си покрениш постапка за одредување татковство па старателство па дали тој ќе се откаже целосно или ќе плаќа алиментација... не знам како е точно процедурата за ова, но знаејќи го каков е а и тоа што рекол дека нема да дозволи друг да му го гледа детето - бара вакви мерки.
    Сакала или не - вечно ќе си поврзана со него преку детето, а животот е пред тебе и ни прва ни последна што сама гледа дете би била и верувај ќе најдеш некој кој те заслужува со кој ќе го гледаш детето и ќе си имаш и нови дечиња.
    Сега биди смирена и посветена не себе и своето тело, чувај си го душевниот мир и не дозволувај овој да те поигрува и манипулира пак!!!
    * дури и по некоја случајност да испадне да се смириѕе и да стапите во брак, знај само дека ќе те чека пеколен несреќен живот кој ќе уништи едно невино кутро дете, само ќе ги потрошиш угнетена најубавите години и на крај ќе завршите со развод!
    ни филмски да те моли и запросува и плаче ма и месечината да ти ја подари - БЕГАЈ!!!!
    спаси се себе и твоето дете!!!
    Со среќа :hug:
     
    На dipsidipsidipsi, kuc, Elinora и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Јас пак и не видов ни еден дел во постот каде опишува дека треба да жалиш,да се сожалуваш и слично
    Радувај се девојче,па ова е најдоброто нешто што ти се случило
    Ќе тргниш од врат едно големо зло
    За бременоста не бо да коментирам многу
    Ако мислиш дека си спремна да бидеш мајка и ако имаш услови за истото повели
    А од идиотот бегај подалеку,и заблагодари му се што ќе ти се тргне од патот
    Животот е многу убав само со вистински луѓе
     
    На minneymouse82, Dalia93, emkaemka и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.575
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    Го сакаш ли детето?
    Можеш сама да го чуваш? Ќе ти помогнат ли твоите?

    Друго не ни сакам да искоментирам. За тој вол не врди зборови да се трошат.
    Сконцентрирај се на себе и бебето, него избриши го од список на живи.
     
    На crimson, kuc, hermosa и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.430
    Пол:
    Женски
    Немој да останеш со него. Немој, наивно е да очекуваш да се смени. За тебе и за бебето, подобро е без него. Пекол ќе ви биде цел живот и тебе и на тоа дете со таков човек. Многу наивно си постапила, ама тоа е што е, нема назад. Ќе биде сѐ добро ако тој човек е подалеку од тебе.
     
    На crimson, ane.bella, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @MonBella

    Абортирај.
    Млада си, немате услови. Детето само ќе страда покрај тебе зошто во текот на неговото растење ќе мислиш на неговиот татко кој никогаш нема да се промени и ќе ве напушти трајно. Не се лажи себе, фактот дека си бремена него нема да го натера да стане подобар човек. Не си го упропастувај животот ниту на себе ниту на детето. Имаш време да се смениш, да закрепнеш и бидеш со некој кој ќе те цени и сака. Стави крај на ова поглавје, кое не води никаде и само те измачува. Ќе имаш деца еден ден, со друг човек и ќе бидеш посреќна, сега не е време.

    Апче за да избрише бременост во почетна фаза не постои. :D
     
    Последна измена: 21 септември 2018
    На littleflower, P.S.love, LadyR и 18 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Што другарки ќе беа, што те 'потикнувале ' на брак со него, покрај све што опиша.
    Како можете со такви клошари да бидете бе како, да ве прави партал на секое видување, да ве понижува како
    *****, ебен лузер од 30 години без ден работен стаж, пијаница и насилник. Паразит !
    Како уопште и си планирала иднина со таков не-човек ?

    Касно е више да ти се збори или да ти се набива кривица, тоа е што е. Сега мораш самата да одлучиш за понатаму што и како. Мисли на себе и на своето дете, у случај да сакаш да го задржиш. Нема да си ни прва ни последна самохрана мајка. Боље самохрана отколку со таков дибек.
     
    На zalosna, Dalia93, emkaemka и 13 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Ако во врска е таков каков што го опиша, тогаш во брак ќе биде бетер.
    Целата твоја посветеност не го натерала да се сврти накај тебе, сега пак и со дете, не очекувај премногу од него.Ќе си остане ист како и до сега.
    Само што тоа детенце кое ќе се роди ќе живее окружено со негрижа од таткова страна.
    Незнам...може и ќе се смени човекот, неубаво е однапред да збориме, не го ни познаваме, ама мое мислење е дека не што нема да се смени туку и обврските околу детето дополнително ќе му претставуваат терет.

    Ти..ако сакаш, можеш и да си го родиш, ама на него не сметај.
    Знаеме сите како изгледа да носиш дете од човек за кого живот би дала, ама твоето е плод на еднострана љубов.Каде е тој?...вака цел живот ке се предомислува?...

    Ако решиш да го родиш, стави си во главата мисла дека со него е готово, дека нема да очекуваш ни да ве погледне двајцата, не очекувај ни морална ни финансиска помош.Едноставно, не го сметај за татко.

    Ако решиш да не го родиш, абортирај и сосема оддалечи се.
    Ако имаш прилика замини некаде во странство, тебе ќе ти треба време да се опоравиш од него.

    Прилики во животот ќе имаш, не е се завршено.
     
    На sj *O*, emkaemka, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.