Ako ima podrska od nejzinite i ako e spremna da odgleduva sama dete podobro neka go zadrzi. Od pocetok nov zivot moze da pocne i so deteto. Abortusot ne e samo odis zavrsuvas rabota i posle kako nisto da ne bilo. Ke ima teski psihicki posledici. Kako i da e i poskauvam na devojkata sto i da odluci neka stoi ponastrana od toj tokmak.mnogu godini izgubila pokraj nego.ne e vreden ni den poveke da potrosi na nego.
Се сложувам. Девојката решила да абортира. Многу е важно со кој правите дете. Ако му родите дете на токмак, како што некоја пиша, после поради детето цел живот ќе мора да сте во контакт со него, нема од врат да ви се симне.
Рече дека закажала во сабота, па потоа презакажала во понеделни а дечково не знаел дека презакажала па затоа и пишал . Во сабота амбулантски прегледи во систина нема значи лажела за тоа.
Која е потребата да седнеш на форум и да измислуваш приказни, додека поголем дел од членовите делиме совети и сме одвоиле време да помогнеме некому, навистина срамота ако некој го искористува на ваков начин слободното време. Инаку, скоро секоја ваква тема е отворена од нови членови, па свашта да помисли човек...
А ако сме најискрени, коментари од типот на еее кај ти беше паметот, требало да мислиш, си си гледала задоволство епа сега нека ти е се најнепотребни. Апстинирав од темава намерно, ама едноставно преку некои работи кои се напишани овде не можам да поминам. Се дури акцентирате минато, нешто кое веќе поминало, ништо не и помагате. Девојката мислам дека конечно и стана јасно дека тој никогаш нема да биде маж со големо М, туку дека е едно обично мамино синче кое наместо да го стегне газот и да го испоти малце, ја остава сама во ваква ситуација. Јас еден ден здравје ако имам дете, па ќе сакам тој момент на соопштување на партнерот да ми е нешто најубаво, целиот тој процес дури тоа дете да е во мои раце да помине со максимална љубов и поддршка, а не неродено триста стресови и тоа да ги трпи. Затоа што ако толку сте загрижени за тоа дете, ќе знаете дека овој стрес таа сега што го трпи, па уште и во толку рана бременост е преризичен. И нема да прекине, допрва ако го задржи ќе следува тој круцијален процес кога му се создаваат органите на детенцето, во тој период треба само да мирува и да се труди да живее најспокојно. Девојче, нема да ти зборувам за него, ти кажаа девојките пред мене. Нема да ти зборувам ни за тебе, исто кажано ти е дека си погрешила. Јас ќе ти кажам дека нема пожално нешто од тоа детето да се осети како вишок, како тенка нишка на која стои едно "семејство", како причина поради која двајца луѓе се во таа институција а гледаш дека тонат едноставно, дека не се среќни. Нема поболно нешто од тоа да слушнеш ради тебе го/ја трпам. Сите стресови што едно дете ги гледа, сите кавги во таква нефункционална, toxic средина се акумулираат во истото, болат повеќе од било каква повреда нанесена по физички пат. Сум паѓала на нос, сум си скршила коски на мене, сум раскинувала голема љубов, имам сто лузни на мене, таа лузна од тие зборови е најболна и толку еминентна што не пушта да функционираш најнормално. Дете се гледа ако имаш услови за тоа, ако двајцата родители го сакаат тоа, а се што е поинаку и е колку "ради него" само ќе му го направи животот претежок. Ти посакувам да си се средиш и да си запознаеш некој со кој стварно ќе сакаш да имаш дете и што кога ќе му го соопштиш тоа да ви е најсреќен ден, а не да плачеш и да ги колнеш сите години кои изминале со него. Со среќа.
Да ги резимираме мислењата: @MonBella пошто тука поголемиот број се сите многу паметни немој да го задржиш бебето. Од многумина го имаш тој совет. Ко ќе си абортираш ќе си завртиш нов лист и ќе заборавиш на се што ти се случило млада си ( толку е едноставно). Мене и тие што сме против абортус не не слушај пошто детето ако го задржиш нема да го тргнеш од врат бившиот ти дечко или таткото на детето, стално ќе се расправате и детето ќе трпи последици од тебе и од него. Ќе расте во не здрава средина и поради тоа ти одлучи си сама ама повеќе слушај ги другите кои имаат мислење ЗА абортус бидејќи ние кои сме ПРОТИВ сме грешка. Ама пак на крајот сама одлучи си. Искрен совет Никогаш повеќе не пишувај ваков проблем на форум бидејќи има еден куп мислења и сите тие имаат големо влијание врз твојата одлука.Разговарај со твоите најблиски нека ти помогнат тие, ако не можеш сама да одлучиш одлучете заедно. Битно е да имаш поддршка од твоите најблиски. Тие ќе те разберат најубаво и ќе ти помогнат да се извлечеш од оваа ситуација и да продолжиш понатаму. Ти посакувам се најдобро и знај дека еден ден сите искуства во животот ќе те направат само посилна. Се се случува со причина. Виновна си и ти за многу работи кои те довеле во ваква состојба, но стани исправи се кажи си на себе дека си значајна. Прави работи кои ги сакаш, почни да се грижиш за себе и немој да се затвараш дома. Биди силна, а кога ќе помислиш на лошо разговарај со мајка ти, плачи кога ти се плаче. Но една мисла секогаш кажувај си ја: Ќе го издржам и ова јас сум силна! Внимавај во иднина за повторно да не дојдеш до ваква ситуација.
Јас мислам дека што ќе си посееш тоа и ќе си жнееш е работата. Ова ти го кажувам оти знам дека што сам ќе си направиш никој нема да ти направи. Малку се замислив со тоа што една членка опиша нешто што ме замисли.Значи те опиша како посесивна личност што чекала на бебе да го фати па сега кога видела дека бебе не е шала дошла и се жали како животот е пекол и е болка што не се опишува. Девојко?! Па ти не верувам да си до толку глупава да му речиш сврши во мене.Или ако те лажел и изневерувал да го бараш после тоа и оп одма бебе псоле некое време. Не сакам да сум груба ама мислам дека ти сето тоа си го правела свесно оти си сакала.Ама кога виде дека бебе не е зафрканција и ти удри реалноста во глава сега оп нема каде, па се жалиш. Искрено на никој не посакувам вакво нешо. И ти посакувам ова среќно да заврши. Не убивај невино душиче.Ама па.. ако не си вработена како би го гледала? Зар цел живот мама и тато? Удри ја главата жено и одлучи.Не е крај на светот.
@worrieddd фрустрациите лечи си ги на друго место, не на вака осетливи теми. Пак набиваш чувство на вина. Патем, чувството на вина е движечка сила на религиите. Чувството на вина има најголема манипулативна моќ. Остави ја девојката сама да си одлучи. Не е твој живот, оди твојот средувај си го.
Повеќемина од овде и рекоа да абортира а секој со своето размислување како би постапиле оти мислат дека нема сама да издржи да го гледа. Воопшто не е срамота самохрана мајка па дури и родителите да и помагаат но нејсе. Сите тие мислења нејзе и доведоа каша попара умот и затоа дојде до оваа одлука - да абортира. Само што мислам дека и доколку абортира нема да се спаси од тој човек и прва прилика ќе му се врати. Не знам можеби грешам. Дај боже да грешам. Туку едно не ми е јасно, кај е неговата официјална девојка во целата таа приказна? Исто и таа е жртва на уште еден никаквец кој не знае што со животот.
Ајде еден клуч на темава, потребен е. Членката има одлучено и нема потреба да се филозофира понатаму и да и се набива кривица како што многумина сакаат да го сторат тоа тука. Уште повеќе конфузии не и се потребни на особа со разнишана самодоверба и која минува низ тежок период.
Баш затоа што е осетлива тема друг пат не и треба по форуми да пише. Кој е тука исправен? Таа сама треба со родителите и со дечкото да си одлучи а јас и ти и сите други овде и даваме мислења што и како да направи. Не ми зборувај дека само јас пишувам нешто што не треба. Ај поздрав.
Па види, јас апсолутно ни еден совет не дадов на темава, од причината што ја кажав погоре. Ти си таа што не можеш да се помириш со разврската. Кој дечко да го праша, тој што денес ќе ја смота да му се врати, а утре ќе ја остави? Ако планира да го задржи детето - правна заштита уште сега и идиотот да се откаже од него. Мислиш дека одлуката ја донела врз основа на форумот без да разговара со родителите? Да, да, сигурно.
Оф, па ти мислиш само една била. Типот си се понашал како слободен, а девојката живеела во илузија дека се во врска.
Тој човек не заслужува да му родиш дете.Но,тоа дете не е виновно за твојата непромисленост. Свесно си го направила,тоа е факт,и треба одговорно да размислиш за него. Јас сум од оние кои не се за абортус. Доколку имаш работа,услови,помош од твоите,кров да му обезбедиш и решиш да го родиш,во ниту еден момент не треба да помислиш на тој човек,да те изманипулира да му го даваш детето да го гледа или слично. Да,тешко е да се расте дете,особено без еден родител,но има и такви кои си ги оставаат децата и сопругите и откако ќе се родат.Значи, тој барем на време ти се покажал каков човек е. Од друга страна детето може да ти донесе среќа,да излезеш од тие мисли за него,да мислиш само за себе и детето,да живееш само за него и за себе. Што и да одлучиш,добро размисли си.Колку што сфатив поддршка од твоите имаш.
Јас сум против абортус,освен во случаи кога се работи за силување или ако животот на бремената личност е загрозен. Ама,абортусот се смета за грев бидејќи е убиство. Суштеството што расте во девојката не е виновно.Не барало да го направат. Ако го абортира,ќе има психички и/или физички последици(дури и да не `и се уништи репродуктивното,ако дојде до некоја утка при абортирањето,тешко нејзе ќе биде и/или психичкото ќе и се уништи). Спомнала преглед во Систина,приватна и скапа болница. А,нема пари дете да гледа...... Во рана бременост може да работи некаде каде што не мора да крева товар. Ако родителите можат малку да `и помогнат,уште подобро. Ама свесно да направи дете без да помисли што се носи тоа и дека треба да се носи одговорност.... ОК,типот е кретен,ја прелажал,ама и она не е морална.
Јас претходно дадов совет во врска со абортирање или не. Мојот совет не беше ни ЗА ни ПРОТИВ, туку зависно од нејзините емоции и ситуацијата, но тоа беше само мое гледиште,во никој случај не можам да речам дека сум компетентна да решавам за туѓ живот, дали некој треба да абортира или не. Пред да се испотепате тука дали треба да абортира или не, за момент да не се правиме стручни лица во секоја тема, и да размислиме, пред нашиот 'треснат' муабет да делува врз нечија одлука. Знаете ли вие дека постојат различни типови на луѓе, кои различно се сносуваат со последици. Јас лично познавам 2 типа на жени што абортирале... неколку што денот кога абортирале го сметаат како уште еден нормален ден во животот, си го кажуваат ОНАКА абортирав, не можев да го родам, и си го сметаат тоа како ОК одлука. Ама познавам и 2 жени кои останале со вечна лузна, каење, непреболена тага, и момент кој ги прогонува во животот. Зарем ние тука сме компетентни да кажуваме дали таа жена е млада и ќе сврти нов лист во животот туку така? Што ако не, што ако да? Тоа е нешто кое како прво сама знае како би го поднесла, или разговор со стручно лице може да и помогне во таква одлука, преку неколку сеанси и разговори, проверувајќи ја нејзината психичка состојба, карактер и сл. И самохрана мајка може да биде среќна, и да има убав живот, и жена која абортирала може да си живее нормално после тоа... но тоа зависи од самата личност. Јас лично никогаш не би преболела абортус, и би паднала психички и физички... баба ми неколку абортирала, па си кажува ко никому ништо да не е. Кои сме ние тука да кажуваме што е најдобро? И јас погоре спомнав што мислам дека е најдобро, ама си велам, може не требаше... таа не е ЈАС.