Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена сум, но тој ме остави!

Дискусија во 'Врски' започната од MonBella, 21 септември 2018.

  1. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    @MonBella Не ми е јасно зошто некои членки ти пишуваат да абортираш кога ти напиша дека го сакаш бебето, плус имаш поддршка од твоите, а и од неговите родители.
    Дали има нешто поубаво од бебе-од раѓањето на нов живот? Што е поубаво од тоа да имаш бебе од човекот кој го сакаш?

    Совет: Задржи го бебето. Разговарај со партнерот и речи му: имаш 9 месеци да одлучиш што сакаш, да се озбилиш, да станеш стабилен, да почнеш да се однесуваш како маж, најважно од се да одлучиш дали ќе бидеш присутен во животот на бебето.
    После оваа средба разговарај со неговите, кажи им дека очекуваш нивна поддршка, дека ќе го гледаат бебето и ќе бидат информирани за се околу него.
    Јас секогаш сум за брак, но мислам дека со него во моментот ти немаш иднина. Не е доволно созреан за брак, но никогаш не се знае.

    Ако ти е мотивација во темата: Абортус или свадба, една членка се двоумеше дали да абортира, бидејќи партнерот ја оставил. Бев една од ретките кои ја советуваа да го задржи бебето. На крај членката одлучи да го задржи бебето, а партнерот се предомисли и сакаше да биде повторно во врска со членката, но она го одби и одлучи да биде самохрана мајка.

    Друга членка напиша дека партнерот ја откачил откако остана бремена, членката се двоумеше дали да абортира. Одлучи да го роди бебето бидејќи имаше поддршка од родителите и замина во странство.

    Штом го сакаш бебто и имаш поддшка од твоите, роди го. Ќе ти биде тешко на почетокот, но тоа е најправилна одлука.
     
    Последна измена: 24 септември 2018
    На "Zoki", buba4e89, La diabla и 9 други им се допаѓа ова.
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    6.417
    исто и јас никогаш не би можела да преболам абортус.ке се уништам и психички и физички ке пропаднам.
    секако секој си е приказна за себе и различно гледа на работите.
     
    На buba4e89 и Martka им се допаѓа ова.
  3. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    @carangigia браво за мислењето и советот. Потполно се согласувам со тоа што си го напишала. Јас можеби згрешив во начинот на изразување во моите мислења, мислам дека сум сурово искрена а тоа не беше потребно ... но, ниедно мислење кое до сега беше против абортус не беше волку силно како ова твоето. Се надевам дека @MonBella сеуште не донела конечна одлука и дека доколку го прочита твоето мислење ќе размисли за раѓање на нов живот.
     
    На carangigia, mira.mira и Martka им се допаѓа ова.
  4. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Членката никако да не' извести што се решила :D
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Од една страна да, предизвикува сомнеж - но од друга пак, конкретно ова мене и не ми е толку чудно. Мислам дека ниедна релативно уходана, активна членка која веќе комуницира и на некој начин ја знаат овде - не би се отворила за ваков тип и олку сериозни проблеми на форумот, барем не од тој активниот профил... што е доста разбирливо. :)

    Инаку и јас сметам дека веќе треба да се заклучи темата. Девојката доби совети, донесе одлука и сега единствено може или да се даде поддршка, или нереални жени на кои ембриони им се поважни од иднината на друга жена (поради кои и се воздржив од коментари) да се расфрлаат со морални предавања.
     
    На calliope, theowndemon, Nigredo Odor и 11 други им се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.178
    Допаѓања:
    169.584
    Да се воздржите од коментари понатаму
    Денес е понеделник па чекаме да не информира членката
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Душичка денес е вторник веќе или е завршено или се пак заедно. Трето нема.Љубов е слепа
     
    На makedonkamak, realGirl, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу. :hug: Криво ми е што порано не го напишав мислењето, но не бев во можност. Ти убаво се изрази, но некои членки сакаат да ги извртат зборовите.
    Јас се ежам кога ќе прочитам дека некои велат абортирај, а тоа го кажуваат со таква леснотија.
    @MonBella кажа дека го сака бебето, има услови за да го чува и има поддршка од нејзините и неговите родители, плус се приметува дека и партнерот не е рамнодушен на бебето. На партнерот му треба време да ја апсорбира новоста.
    Единствена причина кои членките ја наведоа за абортус е тоа што бебето цел живот ќе ја сврзувало со партнерот, а што е тука лошо? Членката доколку сакала да не биде со партнерот имала 6 години да се отргне од него.

    Доколку не го прочита моето мислење, сигурна сум дека партнерот нема така лесно да и дозволи да абортира. Се надевам за брзо ќе ја читаме низ темите за бременост. ;)
    @worrieddd мило ми е што си и ти против абортус, една од ретките на форумот. :) Задоволство ми е што те читам на форумот.
     
    На "Zoki", worrieddd, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Пробав се да исчитам ама too much е.
    Да сум се нашла во ситуација како на девојкава на 18години или порано ваљда би абортирала и после ќе ми скапувал мозокот од секојдневно себеобвинување. Ама ве молам! 25 годишна девојка со поддршка од сите страни освен од некој идиот што се “истурил” во неа, после 6 години мафтање... дали озбилно зборите за услови и како ќе се мачело тоа дете?! Значи да си сиромашен е пострашно од тоа да то дојде кирета и да те искасапи до молекули?! Ако сте толку либерални давајте совети да го роди и да го остави во дом за доенчиња, или нејзините да го исчуваат, а не да го убие. Уште со правото да одлучува за себе? За себе нека одлучи слободно се што сака ама тоа што го има во стомакот не е нејзина сопственост, тоа е нов човек. И информирајте се малку околу абортус, на пример во која недела се развива периферен нервен систем и фетусот осеќа болка при неговото уништување!
    Како последно, јас многу повеќе би сакала да живејам без родители, сиромашна, отколку да ме убијат уште пред да се родам.
     
    На mira.mira, worrieddd и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Aко девојката одлучила, нека и е со среќа. Нека го роди ако сака, ама јас на нејзино место не би му се вратила на таков човек, колку сака нека ми ветува, ако досега така се однесувал.
    Ама веќе аман престанете со тие осуди за абортусот. Вие си мислите така, некоја станала сабајле ведра разположена и одеднаш и' прднало - ее, денеска одам да абортирам:drunk:. И тие со тешко срце абортираат.
    Кажав еднаш и ќе повторам - ќутете си, зошто некогаш може и на ваша глава да дојде ваков проблем, од било која причина да помислите на абортус. Во друга тема прочитав дека и на дете без развиен мозок требало да му се даде шанса:drunk:.
    @Autumn_ последната реченица ти нема никаква логика.
     
    На ALISA0000, candy.cane, lovestoneddd и 5 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не изедначувај абортус со чедоморство.
     
    На smooch, candy.cane, lovestoneddd и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Таа е трудна (или веќе не е) а се расправа за тоа дали она ќе му се врати на него, озбилно? Нема одговорност кон него има кон тоа што го носи во себе. Па и ќутете си да не ви дојде на глава муабетов... no comment
    Логиката остави ја на некој со емпатија, ќе ја најде
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Не е до мене да ги изедначам или раздвојам (заради оправдување на абортус), ама последицата од двете е загуба на невин живот
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Значи ти секој месец губиш по еден невин живот?
    Да не бегаме надвор од темата, ако ти се збори за абортус има соодветна тема.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Истата личност што бараше да не се изедначува абортус со чедоморство изедначува фетус со јајце клетка? Бравос
     
    На jacqueline.s и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.013
    Пол:
    Женски
    Ама сте се помешале нешто вие. Никој од тука не и вика дека треба да абортира, туку дека девојчето има избор што сака да си направи со животот. И се кажува дека дури и да се одлучи на таков тежок чекор, не е грев и неопростливо, туку дека среќата ќе си ја најде повторно со човек кој е помалку токсичен за неа.

    Тука никој не го величи абортусот, никој не го препорачува како метод на контрацепција или мисли дека е мачкина кашлица. Се пробуваме да го разбереме девојчето и да и укажеме каде згрешила. Секако дека ако сака да си го задржи никој нема да ја осуди и да и соли памет. Нејзин живот, нејзина одлука. Морате да научите дека некои девојки во некои ситуации така гледаат решение и да го прифатите тоа.

    Also, темава не е за абортус, дали сме про или контра, си има за тоа тема. Најмалку што и треба е да чита тука мрсење муда и докажување кој е во право дали про или против абортус. Во темата може до утре да дебатираме.

    Девојче ако читаш, се надевам дека си добро, што и да си одлучила.
     
    На Annath, Nausicaa, Harper и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Зошто да го абортира бебето кога бебето не е виновно, после 9 месеци ќе бидеш многу среќна што го имаш бебето и не си сама на овој свет, а тој што те остави не заслужува да биди маж а можеби ќе се смени ко ќе се пораѓаш, немој да го абортираш ќе ти биди криво па недајбоже може и да нема да можиш да забремениш, во твојот твојот живот ништо не се знае што те чека утре и ќе ти се појави друг што ќе те разбира што ќе те почитува и што ќе те сака и твоето бебе. Ти посакувам среќа.
     
    На Autumn_, buba4e89, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Девојчето одлучи и дај оставете ја на мир веќе. Секој има право на избор а таа според пишаното, го направи својот избор. Ништо страшно, ништо грешно, ниту нешто што прва или последна има направено.
     
    На Nausicaa, Harper, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    7.346
    А да ја заклучите темава? Девојче се надевам дека си добро, што и да одлучи! Be strong! @MonBella
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Мојот термин за абортус е закажан. Деновите како што се доближуваат се многу тешки имам чуство имам почит имам осет за тоа што го носам знам дека сум во многу рана бременост и тоа највеќе ме погоди што морав дома да седам за да биде видливо и незнам како да кажам со други зборови за малце да порасне :( сакам да сум сама да размислам а кога сум сама а обично цело време сум сама гледам да не размислувам незнам зошто е тоа така мислите насекаде ми одат освен да размислам . Луѓе многу е тешко кога ќе кажат ти одлучуваш ти си таа што одлучува. Незнам како да одлучам како може за ова да се одлучи. Знам дека ова не е за разбирање, и дека само човек што го искусил може да го разбере а ни тој самиот не се разбира пак му доаѓа исто.
    Знам дека нема оправдување и дека кога нешто толку сакаш можеш да го направиш и да успееш во се. Јас сум свесна дека можам да се трудам да најдам работа моите би ми помогнале колку можат свесна сум за све и сите ве разбирам дека нема оправдување. Знам дека ова е грев и дека ќе ме боли до крајот на животот и дека ќе се осудувам што би било и како. Знам дека утре кога ќе сакам да имам дете ќе си кажам *како не ти е срам како можеш какооо !!!
    Што станува збор за таткото на детето од време на време ќе ми титне само да домашен(затоа што сменив секаков контакт) кога беше понеделник ми се јави за да дознае што сум направила јас го излажав викам готово е све он ми вика озбилна си озбилно си го направила тоа ? Јас потврдував го прашав сега полесно ти е на душата он не сега ми е потешко. Да знам јас колку ти е тебе тешко што ме остави сама и какви зборови ми упати и каква почит. Следниот ден се слушнав со мајка му и кажав дека имам за друг ден закажано дека не му ја кажав вистината она ми вика добро нели ви кажав да не правите глупости немој тоа да го направиш немој така треба да биде дојди да разговараме. Денеска пак ми звони домашниот знам дека е он затоа што само тиит еднаш и толку. Ало кажи му викам . Као си добра ли си што ќе правиш дојди мајка ми те вика сака да те види. Јас му одговорив неможам да дојдам затоа што не сум во стање јас да доаѓам кажи и извини и се. Потоа почнав да зборувам како и зошто заборавив што зборев дека ме разбуди од спиење и го прашав што се случува зошто да доаѓам дека ништо не ми е јасно ми кажа само дека треба да искочи да се прошета бидејки од дома немал искочено ок ок.
    Се јавив кај мајка му и кажав извинете јас неможам да дојдам почнавме да разговараме и кажав работи што не и ги кажал он дека јас не сум таа што треба да дојде сама кај вас затоа што јас добро знам моите родители колку им е тешко и низ све што поминаа и никаква почит од негова страна спрема нив го прекинавме разговорот. Знам дека го браниш и дека ти е син нормално тоа го разбирам ама јас не сум должна да се борам самата да бидам сама оставена и дека јас како девојче трудно да доаѓам кај вас да го молам син ви да не размислува како што размислува да молам за живеам со сила така ли му испаѓа ова И со човек за повеќе да незнам за што е спремен. Му се јавив повторно ми изнакажа глупости пак истите глупости и секогаш на истото се сведеше овој пат вината на мене ми ја префрли ти како сакаш така јас со тебе сум а кога ќе го прашам како си си мене па незнам што сакаш да направам кажи што немој да идеш а што да правам сп таков како тебе незнам да седам дома трудна ? И он па добро ќе се гледаме ...
    Незнам што да кажам несакам повеќе ни да го спомнувам он не е битен во ова сега.
    Незнам со кои зборпви да објаснам ни на самата себе неможам а и несакам тоа да го прифатам. Не го правам ова бидејки ми е тешко заради него барем малце да имав подршка од негова страна и добри зборови иако не веруваше во себе да веруваше малце за ова дете да дојде на свет.
    Ама јас никогаш нема да ги заборавам неговите зборови што би било ако би било ни тоа што бев сама овој период и тоа што он ме доведе во ваква ситуација не се плашам за самата себе ако треба нека горам али се плашам за ова дете да дојде на овој свет. Сакам све ова да се заборави и несакам ни на темата да се навраќам сакам да стои засекогаш и сакам да има и да постои предавања и вистинити случаеви за некое девојче никогаш да не поминува низ ова. Ова е нешто најтешко после ова не е исто ништо и никој неможе да ти ја ублажи состојбата со зборови безразлика дали имаш 15 или 30 чуството е исто..
    Несакав вака да биде никогаш не помислив дека јас ќе бидам таа што ќе го направи ова. Се надевам дека ќе биде добро колку и да звучи лошо ова е најдобрата одлука бидејки јас знам...
    А што е до тебе бивши мој си поигравме со силата на Господ и секогаш знаев дека не слуша и следен пат размисли што ќе кажеш или направиш некогаш може тоа да се оствари како во нашиов случај. Секогаш ми беше само ти и никој друг поминав све од тебе а тоа не беа добри работи успеа да ме доведеш до лудило и бллест али тоа не те прави мангуп или дека нешто вредиш. Сите овие годинј ги подгазив моите и пријателите добро знаеа до кој степен и на што си спремен додека јас верував во тебе и не верував дека ти ова ќе го направиш се до ден денес и се каам што на ваков начин ги отворив очите не заради самата себе туку заради ова дете што го носам. И колку сакаш кажи дека ти не си крив , да не имав страв и да не верував во тоа што си способен (како што ми кажа самиот знаеш добро на што сум спремен што можам и како можам) ќе размислував на друг начин ама кога знам дека неможам сама тоа да го направам СО ТЕБЕ НИКОГАШ КОЛКУ И ДА МИ БИДЕ ТЕШКО кои и да се последиците ќе се носам со се... ! Ова е моја животна одлука го пишав ова све можеби ќе помогне на било каков начин. Што пореални примери толку подобро за другите..
    Благодарам и ночекувајте дека после тоа ќе имам срце да пишам јас повеќе не ни имам ... ❤❤❤ Секоја почит за сите вас ви посакувам се најдобро ...
     
    На WildMk, MiaPia, mira.mira и 2 други им се допаѓа ова.