Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена сум, но тој ме остави!

Дискусија во 'Врски' започната од MonBella, 21 септември 2018.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Се сложувам, не го тупете со богови, оти не сите се верници, и баш е практично да се криеш позади нив.Мун, колку и паметно да мислиш, не напнувај со виши битија. За некого постојат, за некого ги нема. Овде не се работи за гревови туку за вистински луге од крв и месо кои патат а и идни кои ке патат. А можда и не. Не знаеме, не е до толку предодредено се. Бидете малку поосетливи.
     
    На WildMk, RoseRain, calliope и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Ти ако не веруваш во Бог тоа е твоја работа и твое право. Јас верувам, а и девојчето се искажа како верник и покажа страв од бога за нејзината одлука и дека бог ќе ја казни, дека се плаши после одлуката да влезе во црква ( ти објаснувам оти најверојатно не си го прочитала нејзиното последно мислење). Јас исто како неа, верник, само сакав да и укажам дека гревот не е толку голем ако не е направен со лоша мисла и лоша намера. Значи што и да одлучи таа го одлучила зошто сметала дека е најдобро за бебето, го одлучила, а не мислела зло. Ако девојчето зборува за проблемот од верски аспект и одговорив и јас од истипт аспект мое мислење. Ако си верник подржи ја, ако не си прескокни го тој дел како да не постоел без коментари. Еве и ти за истиот аспект даваш мислење и јас немам ништо против, тоа е твое мислење. Иако сметам дека не е воопшто место ниту погодна ситуација за убедување на девојчето да не верува во бога оти тој пуф требало да направи и сите проблрми да исчезнат. Има теми за тоа и луѓе расположени за таква дискусија.
    На крај краева имајте малку осет бр луѓе! Сега ли? Во ваква ситуација ли да спориме дали постоел и дали бог бил добар! Свашта!
     
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    А, да оставиме девојката да каже што направила и малку самата да фати да размислува што сака со и од себе?
    Мене малку ми иде ем да ја потчукнам по газот ко мало дете, ем да ја гушкам. Звучи ко глумица во турска серија што кука и чека друг да ја спаси. А, нема.
    Таа толку го слеала нејзиниот идентитет и постоење со тоа на токмакот, што не знае која е и што сака, а вие користите тука guilt trips, Богови, ангелчиња и не знам ти какви глупости.
    Ангелчето од небо ќе плачело по мама, како ќе влезела во црква... :^) Драган Таневски патетика.
    Ако постои Бог, доволно ја казнил со ситуацијава. Што повеќе сакате од ментално сјебување до овој степен? Пошто, да бидам искрена, не делува стабилна за мајка, туку личи ко утре со детето дека ќе му дреме пред врата и ќе го чека, ко што правела порано.
    Ама ви се молам, виши сили и шта би, кад би... немојте. Може мислите дека ако вмешате виша сила, дека тоа ќе ја ублажи „вината“ пошто „така требало, Бог тестирал“, ама не. Ја тера по некој автоматизам да се „препушти во Божји раце“ оти тој така сакал, наместо да седне, размисли, и стави на вага можни исходи, а со тоа и да почне рационално да размислува (па можеби и да излезе од тој замајан мајндсет).
    А нели, тоа е најпосакуван исход - зрела и сопствена одлука, не „да беше абортусот легален, ќе го немавме Моцарт“. Утре истите во други теми зборите за немајки, не ги мареле децата, невоспитани им биле, она само по кафиња одела, „па што раѓаат кога се нестабилни и/или немаат пари да ги одгледаат“, итн., итн....
     
    На СуперДевојка, sparklie, DAngel и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Вербата во бог нема никаква поврзаност со ситуацијата.
    Ова е нешто сериозно и не е воопшто наивно, туку проблем кој свесно е направен и затоа сме тука да помагаме и да и дадеме решение и плус подршка.
    Згрешила, а и кој не греши денес? Молење и одење по цркви нема да и ја реши ситуацијата туку таа самата, со здрав разум и помош од останатите, а не ангели и триста ти виши сили таму.|(
    Јас сум верник но не до тој степен да се надевам дека од небо ќе ми падне решението и да се лупам во гради дека Господ внимава на мене кога јас нема.:^)
    Ако решила да абортира нејзино право, се надевам дека нема да се кае за одлуката цел живот и да ја мачи помислата што ако би постапила поинаку.
    Доколку одлучи да го задржи се надевам дека ќе се отргне од човекот кој реално не знае што со животот.
     
    На WildMk, H.VAGA и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека Господ ќе и го реши проблемот. Јас зборував за стравот што го чувствува од Бога, и реков да не се плаши затоа што не згрешила злонамерно, и баш и пишував да одлучува самата, а не да се води од правила што ги наметнува општеството. А па најмалку тоа што го пишав може да се протолкува како препуптање на се во божји раце и деека виша сила без што ќе направи. Абе луѓе девојчето искажа страв од бога за она што и се случува, треба да ја подржиме, да не се плаши од одлуката, да не живее со тој страв цел живот, а не да и кажувате абортирај или немој па да се рециплирате оти рекла абортирај или оти рекла роди. Каша попара му го направивте мозокот на девојчето... Ова не е ситуација и тема каде што ќе расправаме меѓу себе како треба како не. Секој ќе си ги каже своето мислење и толку. Нема простор за неѓусебно контрење. Го читам девојчето уште откако ја отвоти темата. Со еден куп коментари не се согласив, па не почнав да им кажувам на сите нив како требало да ја советуваат денес кога го прочитав нрјзиниот последрн коментар пишав, и и се обратив неа. Ако ви де дебатира побарајте/отворете тема за абортус. За таму се вашите меѓусебни рециплирања. Ако ви се прави муабет за постоењето на бог, повторно најдете/ отворете таква тема. И повторно ќе кажам: зборував за стравот а не за тоа како виши сили и ангели ќе шетаат за неа на земјата. Морам, оти пак некој ќе не рециплира и ќе зборува за ангели и виши сили.
    Откако ги прочитав сите коментари после мене, се прашувам дали воопшто читате што сум напишала или онака поминувате со поглед и сте виделе нешто Бог и демек се е јасно за што се зборува во коментарот, нема што да се дочитува и цитирате?
    Не одговарам на вашите цитирања, затоа што како што кажав, ова не е соодветно место за дебати. Ако имам да и кажам понатаму нешто на девојката ќе и рециплирам неа, ама да спорам за тоа како требало некој да советува некој друг или да давам уште објаснивања за мојот совет-не.
     
    На Svetoslava му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.358
    Пол:
    Женски
    Не знам само од каде потребата да се меша религија таму кај што не треба, а и од каде сте толку сигурни дека авторот на темата е припадник на истата или некоја друга религија?
     
    На theowndemon, Unique__, Harper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.128
    Допаѓања:
    112.788
    Пол:
    Женски
    Аман доста со господ и цркви и се останато!! Женава е на раб на нервен слом. Вие тука црковни лица изигравате.
    Абортирај ако си решила, одма закажувај на психијатар и психолог и среди си го животот. Глава горе и не се обвинувај за ништо!!
     
    Последна измена: 2 октомври 2018
    На theowndemon, BabyStyle, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  8. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Нема да бидам сурова и да кажам лоши зоброви бидејќи веќе се кажани, а и ситуацијата полека се средува.
    Само @MonBella ако после се' му се вратиш пак, значи си го бараш ко со боринче. Требало да се свестиш многу порано ама еве ти се пружи уште една шанса, ако не и последна, еднаш засекогаш да ставиш ѕид помеѓу вас. Отвори очи девојче, нека не те влече за нос со празни ветувања, не биди глупава во негови очи.
     
    На calliope, orevka, Macito007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Нема човек кој не бил наивен и глупав ... Сите ние сме правеле грешки во животот, од прв до последен.
    Не си ти полоша, иста си ко секој друг околу тебе... Човечки е да се греши, и да се учи од грешките :hug:
     
    На Martka, hermosa, nena2010 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Бог не казнува и ни е дадена на сите нас човечки битија со разум, СЛОБОДНА ВОЛЈА да одлучиме што ќе правиме со својот живот.
     
    На hermosa, nena2010 и orevka им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.128
    Допаѓања:
    112.788
    Пол:
    Женски
    И што се деси на крајот? Знае некој како е девојкава? Добра ли е?
     
    На piksooki и MonBella им се допаѓа ова.