Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена сум, но тој ме остави!

Дискусија во 'Врски' започната од MonBella, 21 септември 2018.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Calliope кажала се што отприлика мислам и јас, и исто се надевам дека ова е измислица за внимание.
    Неколку плус реченици- не си многу млада, во смисла не на години туку на зрелост. Календарска и животна зрелост кај тебе не гледам и тоа ти е минус што е добро да се поправи. На 25 години звучиш као " пред вратима спавала ко пас". То е Цеца и тралалајки, никој од таков живот не се офајдил.
    Претпоставувам живееш во мал град и не можеш тек така да ги откачиш другарките, кои пази молим те, те советуваат како да го врзеш "трофејот јак" а као не знаат дека ги прават лоша услуга.
    Основно за да се грижиш дете на здрав начин, треба зс сама себе да можеш да се грижиш и да се сакаш. Од досега прочитаното, тебе смисла на животот ти е брак со него и што је речат другарките и светот. Смири се и размисли добро што ке правиш со својот живот. Од типот не чекај. Јакиот "тип". Фуј.
     
    На Offspring, samovila.red., CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.836
    Пол:
    Женски
    Сестро драга, не го давам овој совет толку лесно. Абортирај! Рано ти е, 3 и пол недели. Детет да родиш не е играчка, дете да родиш е одговорност за цел живот, да те врзува за него цел живот, не си играј играчки. И извини ама да си ми мене другарка, на првото седење пред врата пред него, така убаво ќе те ишамарав и на психијатар ќе те однесев да те среди. Имаш ли ти самодоверба! Се сакаш ли ти себе си?? Размисли малку!!! Не си мало дете, 25 години имаш, жена си возрасна!!!
     
    На oblace1, Abeja, littleflower и 32 други им се допаѓа ова.
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Немој да мислиш дека со бракот работите ќе се сменат, само полоши ќе бидат.
    Тој нема да се промени, немој да си го губиш времето како до сега.
    Одамна си требало да ставиш крај, но што е тука е...
    Ако имаш помош од родителите, и сакаш сама да го исчуваш детето но помош од него не очекувај. Според кажаното тој не е стабилна личност.
    Тој дури мислел со апчиња да се ослободи од бебето :^)
    Не си единствена што сама одгледала бебе. Подобро сама, отколку со некој што не те заслужува...
     
    На H.VAGA, ArmaniCode, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Не сум за абортус, ама во случајов би ти рекла да размислиш за тоа.

    Типов е многу нестабилен

    Што ако еве го родиш детето и го растеш без него, а нему по х години од сега, му текне дека има дете и сака да го земе од тебе?
    Спремна ли си на таков стрес?
     
    На littleflower, theowndemon, KeBideLi и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Агнес :D

    Агнес :D Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Не знам дали моето мислење е најправилно но, сепак да сум во таква ситуација би го абортирала. Зошто да продолжиш да си го уништуваш животот уште? Мислам дека до сега премногу имаш преживеано и претрпено од него дали вреди уште да си придонесуваш стресови и проблеми? За некоја година тие проблеми ќе се појават и кај детето. Има ситуации каде во такви моменти на детето може многу негативно да му зборува за тебе и да дојде до одбивност од негова страна спрема тебе, ти ќе го чуваш, растеш и на крај ќе го заврти против тебе. Убаво размисли си за сите можни работи кои би се случиле доколку го родиш. Самата си свесна дека не е стабилен, еден ден едно ти зборува утре се тоа не важи, се губи од твојот живот. Очигледно е дека си тука за да му го пополниш слободното време кога му е здодевно.

    Не сакам ни најмалку да те навредам, сакам да бидам реална за да можеш правилна одлука да си донесш во врска со преостанатиот период од твојот живот. Детето не е мала работа.

    Според мене (барем јас како би постапила) земи абортирај (не си ни прва ни последна, животот е пред тебе), заврти си нова страница во твојот живот БЕЗ НЕГО. Кажи му дека веќе не го сакаш до тебе, дека таква личност не ти е потреба повеќе во животот и продолжи понатаму. Секогаш има личност која ќе го цени тоа што ќе го правиш за него и што ќе ти возврати дури дупло. Не се плаши за нови чекори и нови постигнувања.

    Другарките дефинитивно не ти се прави другарки. Ниту една другарка нема да ти каже таков чекор да превземеш ако реално ја гледа ситуацијата каква е. Дружи се со нив, ќе ти требаат луѓе околу тебе кои ќе ти помогнат да го пребродиш сето ова но, биди малку претпазлива со мислењата кои ти ги даваат.
     
    На littleflower, KeBideLi, ArmaniCode и 4 други им се допаѓа ова.
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со тебе.
    Најреален коментар и совет.
     
    На gjoker4e, H.VAGA и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    6 години страдаше, доволно е.

    Не си ни прва, ни последна жена која била во ваква врска, не си ни прва, ни последна која 'се изгубила себе си', верувајќи дека е љубов во прашање. Тоа што си го чувствувала за него не било никогаш љубов. Тој човек не заслужува да има некој покрај него... барем не додека е со вакво однесување.

    Овој 'шамар', кој ти е даден, е 'шамар' за враќање во реалноста, а не казна!
    Казната биле претходните 6 години.. сега е време за ослободување.

    Да си ми ги ќерка, или да сум јас во прашање, единствено на абортирање би мислела.
    Колку и да звучи злобно и страшно, не сакаш да имаш ништо со него.. верувај. А како што веќе ти кажаа и другите, имање негово дете ќе те 'врзе за него' доживотно. Бог знае како ќе се однесува понатаму. Како што е вејка одвеана, се' може да му текне...

    Ако сепак не можеш да се одлучиш за абортирање, мораш да пресечеш целосно врска со него. Би те советувала дури и да побараш да се откаже од правата на родител.. Не му давај да има контрола врз твојот живот.. никогаш повеќе.

    Не се плаши. Млада си. Имаш само 25 години. Среќа во несреќа е твојата младост, со што ти е зголемена можноста да си го направиш убав животот за себе и за детето (доколку одлучиш да го задржиш).

    Не влегувај лековерно ни во едната ни во другата одлука. Што и да одбереш, застани зад тоа цврсто, со две нозе, свесна за сите можни исходи во иднина и терај...
    Ах.. какво 'растење преку ноќ' е ова за тебе.. жал ми е навистина... премногу :hug:

    Пак ќе ти речам... само не се плаши, не очајувај... не е крај на животот, туку почеток на ново поглавје... поубаво од она во изминатите 6 години.. Ти гарантирам! :hug:
     
    На oblace1, cavalli, SaNJaAaaAaa и 16 други им се допаѓа ова.
  8. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Фала фала што одвои време и ми пишуваш да можам некако на сите да ви испратам подарок.
    Безразлика дали лош или добар збор моментално ми треба ова и незнам барем да бев јака како што си ти зборувам за пред да се деси ова да можев се би дала и би се тргнала од таков човек. Јас свесно чекорев по лошиот пат и никој неможеше да ме сопре. Али знам и одсекогаш знаев длабпко во себе дека не сум требала и ете се случи тоа што мојата мајка ми го зборуваше секогаш,а јас не ја слушав никогаш.. и секогаш кога и да ме видеше смирена со него јас и викав мамо само со него ми е смирена душата. Сега неможам да ја погледнам а гледам дека гори во очи.. Све ќе помине знам али повеќе ништо не е важно Фала ти премногу за овие зборови премногу ми значат и премногу ми помогна..

    Нормално дека го сакам ова што го носам не е ништо криво знам дека е сум во многу рана бременост али јас како да си го осеќам што повеќе дена поминуваат сакам да е во мене. Знам дека нема никакви изговори за ова .. Моите 2 браќа се со мене и моите родители кои се воздржаа да се смират во врска со него тоа заради мене го прабат.
    Али незнам колку дум способна самата да се справам психички и дека нема он да се појави пак . Бидејки еднаш во расправија ми нагласи нема шанси да го гледа некој друг моето дете преку мене мртов иди среди си дур е рано. Али после тоа ми вика што сакаш прави ако сакаш да го осудиш тоа дете слободно голтари сме и двајцата и твоите и моите извини јас немам како да ти помогнам ни тебе ни на тоа дете...
    Се плашам за моето дете и неговата иднина знам дека се е можно и дека како маајка би се борела до последно.. Али не заслужува да биде оставено детето со еден родител чија мајка само ќе плаче и е психички нестабилна.. јас знам дека нема оправдување премногу сум свесна.. Леле луѓе мои никогаш не би го направила и не сум мислела дека вака ќе е тешко. За ова не се размислува знам али сега знам што значи тоа Бирај го човекот што делиш све .. :( :(

    Од Скопје сум и он исто, да тоа ми беше сон да му бидам жена и да сум со него. Јас го гледав него како господ и незнам зошто е тоа така он успеа мене да ми го земе паметот и да го контролира и да биде се како што сака. Да во право си за ова се што го пиша. Моите другарки го мразат и секогаш ми збореле немој немој али јас бев таа што секад му се враќа и после беше тоа ако го сакаш и ако тој те сака земете се ..
    Незнам ова не се опишува со зборови али повеќе он не е битен.. Не ми е целта за внимание ветувам и ова е вистина .
    Да постоеше можност да се видам со некоја од вас девојки јас тоа и би го направила..
     
    Последна измена од модератор: 21 септември 2018
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Агнес :D

    Агнес :D Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Немој погрешно да ме разбереш, али по тоа што ти кажал да се средиш дур е рано и да го осудиш тоа дете, мислам повеќе од јасно е дека не го сака тоа дете. Едноставно после тие зборови не гледам дека тој тебе те гледа како негова иднина (уште помалку и детето).
    Навистина ми е жал што се ова го имаш претрпено но, најдоброто за тебе е да си почнеш нов живот. Самата ќе сватиш колку е убав животот и без него.
     
    На WildMk и Mari* им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.836
    Пол:
    Женски
    Според оваа реченица јасно е дека тој не те сака, туку за него си само уште едно парче месо, кое ако роди негово дете ( а па уште и да е син ) нема да смееш да имаш друг човек во животот. Осудена ќе си на психички тортури, ќе проумриш жено свести се. Оди разговарај со психолог, нека те посоветува како е најдобро да се справиш со ситуацијата ама јас ти гарантирам дека ако го родиш ова дете животот ќе ти биде пекол. Не заради тоа што ќе бидеш самохрана мајка, не си ни прва ни последна, туку зашто татко на тоа дете е еден лабилен тип, ко искрено не би сакала ни да ми е познаник а камо ли партнер или не дај боже татко на моето дете. Убаво ти рече @WildMk 6 години му даде, 6 години патеше и ти и твоето семество и сега уште не ти е доста? Сакаш да направиш од браќата убијци утре кога ќе почнат тиртурите? Мајка ти и татко ти да се поболат од грижи што за тебе што за внучето? Знам дека звучи сурово ама е реалноста тоа. Тој никогаш нема да се смени!!! Прекини секаква врска со тој човек, ако сакаш да имаш шанса за живот.
     
    Последна измена: 21 септември 2018
    На littleflower, zalosna, Dalia93 и 18 други им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.178
    Допаѓања:
    169.584
    имаш две варијанти

    1 ВАРИЈАНТА----Да го родиш и чуваш сама ,да ти се влече овој простаков цел живот позади грб за секоја одлука поврзана со детето да чекаш одобрување од него ,да ти се меша у изборот на друг партнер итн
    2 ВАРИЈАНТА- Да абортираш да се средиш психички да си најдеш понатаки човек што ке те цена сака и посакува и да му родиш деца на тој човек

    Млада си немој да си го уништиш животот македонија е ова знаеме како се гледа на девојка со дете не е реално и не е фер ама факт е дека поинаку гледа околината на тебе и таков случај Башка шо овој нема да те оставе на мира ке ти се меша воиборот секогаш

    На тебе е да си одлучиш
    да сум јас би абортирала и би свртела нова страна од животот

    Ако ти се доближи простакот сака да разговара со тебе и те малтертира одма да го пријавиш у полициа не дозволувај да допре до тебе никогаш повеке,не дозволувај ни еден збор да ти рече со тоа ке го казниш и ке му покажеш дека си силна и цврста независна од него
     
    На Offspring, littleflower, emkaemka и 14 други им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Зошто го идеализираш толку кога според пишаното немаш ниту еден единствен разлог за тоа ?
    Сон ти е да се омажиш за еден обичен клошар, пијаница, насилник, некој кој те третирал и ќе те третира како ѓубре, некој што ти кажал дека нејќе СВОЕ дете, дека нејќе да е со тебе, кој чека пари од неговите у 30тите од својот живот ? За каква иднина збориш ти ?

    Си се одлучила да го задржиш детето и тоа е ОК, твоја одлука лична.
    Од денеска да се фокусираш исклучиво на себе, поработи на своето психичко здравје,посети психолог и излези веќе од тој магичен круг во кој си се вплеткала.
    Нема да си ни прва ни последна самохрана мајка и најбитно имаш поддршка од твоите.
    Ако сакаш да бидеш добра мајка, батали го ѓубрето и оправи се себе.
     
    На KateKane, emkaemka, ane.bella и 9 други им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Искрено не ни го прочитав целосно првиот пост ама никако не можам да сфатам со кој памет барате на форум совети за вакви сериозни работи.
    Како што сфатив ти трчаш по него, а тој пет пари не дава... Па уште цела тема си му посветила.

    Никој не може да ти рече дали да го родиш, абортираш, да го молиш човекот да ти се врати или да го баталиш. Никој не ја знае целосно приказната, туку читаме само една страна без да ви ги знаеме карактерите на двајцата.

    Разговарај со родителите или стручно лице за овој проблем, а не на факинг форум....не е мала работа за да губиш време тука.
    За дете се работи.
     
    На theowndemon, H.VAGA и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.836
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl па затоа и викам да иде на психолог не е ова као дали да ја исфрабам косата плаво или црно?
     
    На samovila.red., H.VAGA, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.799
    Немој да направиш глупост и да се омажиш за овој муфљус.
    Ако го сакаш детето, роди го, најди начин да заработуваш за себе и за него, ако те поддржуваат твоите уште подобро.

    Повеќе сама ќе успееш во животот, него со него.
     
    На elena.mak, ane.bella, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.836
    Пол:
    Женски
    Поентата е и да не се омажи ако го роди тоа дете , тој муфљус е татко и си ги има сите законски права над тоа дете. А со тоа тој цело време нема да ја остави на раат!!
     
    На elena.mak, WildMk, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Жени, полека, оствете нека си размисли членката, нека сама си одлучи што понатаму. Сепак е бремена жена и живот расте во неа, а бебето не е виновно за ништо. Одлуката е нејзина, членката најдобро знае дали има услови и дали е спремна за мајка.
    @MonBella
    Среќно и што и да одлучиш имаш моја поддршка.
     
    На Martka, H.VAGA и buba4e89 им се допаѓа ова.
  18. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Види вака душо. Девојките ти дадоа прекрасни совети и јас само ќе ги надополнам.
    За абортуси сум противник но кога станува збор за бременост во нормална средина и семејство. Жал ми е што ќе ти кажам но абортирај. Ти си млада и животот е пред тебе. Незнам што си правела со него 6 години во заблуда. Познавам такви случаи што абортирале верувај си го спасија животот. И ти заслужуваш ЖИВОТ
     
    На WildMk, KeBideLi, ArmaniCode и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе бидам малку груба ама најреално биди среќна што те оставил.
    Таков човек не ти треба, со таков нема да имаш никаква иднина, брак, живот. Со таков човек дали си размислувала како ќе живееш и воспитуваш дете? Не му се работело за 12 илјади, пиел си размислувала ли како ќе гледате фамилија? Можеби на почеток ќе имате поддршка од вашите ама тоа нема да трае вечно. Tој ако на + 30 години е нестабилен, неодговорен, несериозен верувај таките вечно си тераат така, тој не се менува. Не се залажувај и не си прави дополнителни проблеми.
    Инаку јас сум за абортус во вакви ситуации. Пак ќе кажам можеби малку грубо ама јас во ваква ситуација бо абортирала а на токмакот би му кажала дека сум имала спонтан и би ги прекинала сите контакти со него.
    Млада си, не си го уништувај животот.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Од ситуација на моја блиска личност ќе ти кажам како таа постапи.
    Беа во врска 4 месеци, забремени, се омажи со типот ( навидум изгледаше одличен дечко)
    Детето се роди, овој абер нема, тие се оставија, таа си го одгледува детето, има подршка од сите нас и ништо не му фали на малиот.

    Дали ќе абортираш или не, одлуката ќе биде твоја и само твоја.
    Дете е тешко да се расте, но биди сигурна дека си се спасила од дебил што не знае што сака во животот.
    Безрбетник, што не се фатил за работа, само пие и се однесува детски и ти очекуваш дека од овој ќе биде човек?
    Треба да славиш што не е покрај тебе зошто во брак ќе биде полош, не сакам ниту да помислам што се не те чека со него.
    Млада си, животот е пред тебе, детето ништо не е виновно туку е уште една жртва на оној психопат.


    И уште нешто - другарки следен пат немој да слушаш, значи немој.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.