@MonBella , може нешто да размислиш и најискрено да одговориш... не мора нас, сама одговори си, ама искрено од срце. Викаш сакаш да го родиш бебето... Која е ИСКРЕНАТА причина за тоа? Го сакаш бебето, или се надеваш дека бебето ќе ти го врати тој серкото во животот еден ден? Ако го сакаш бебето од срце, роди го, и бори се, оти ако навистина го сакаш тоа бебе и сакаш да го родиш за себе, цел живот ќе патиш и ќе жалиш ако го абортираш. Ако сакаш да го родиш само за еден ден да ти се врати тој, или со надеж дека ќе се смени во иднина заради бебето, тогаш абортирај, затоа што греота би било едно бебенце да се служи како алатка за смирување. Тоа е одговорот, дефинитивно!!!
Не мора да значи. Моја пријателка никогаш не се омажи со таткото на детето, мислам дека правно регулираа сѐ, тој се откажа од сите родителски права према детето, ниту презимето на детето не е на таткото, туку мајчиното презиме го носи. Детето е сега поголемко, ни т од татко му не видело, а пријателкава има целосно старателство, воопшто детето не се гледа со таткото и од социјално не ги закачаат, така е уредено.
Така е најдобро како што направила пријателка ти. Но, сепак по се што прочитав сватив дека тој нема да дозволи да го чува некој друг неговото дете. Со тоа следува дека такво нешто нема да прифати и ќе и прави проблем понатака. Кога и да дознае дека има најдено некој секогаш ќе прави сцени и нервози.
Ау...што прочитав.Каков идиот каков идиот.Не ми се верува дека постојат уште вакви имбецили..Не сакам да ме сфатиш погрешно ама самата си крива..после четири години мајтап играње да продолжиш со него, да уништуваш да се враќаш на секое Ало?Па уште и да му дозволиш да с***и во тебе без никаква сигурност дека ќе го направи ете ова. Извини можда ќе ти звучи грубо ама не те сака.Ем пие ем нема работа ем те мафтал со години..Извини ама си му дозволила да ти ја погази гордоста скроз.Многу ми е жал навистина..искрено не си толку мала кога почнав да го читам постот мислев дека имаш 17-20 години.Но гледам дека си веќе и со завршен факс и вработена. Не си требала воошпто да му дозволиш да го направи тоа.Мене ова се ми личи испланирано како pay back пошто си го ,,замарала” години.Според мене ако мислиш дека можеш да го одлегуваш сама детето роди го.Тие вака со зборење не можеме толку да ти помогнеме колку ти самата.Си го превземала секој ризик без да размислуваш за последиците.Не знам што си очекувала на него.На 31 живее уште со мама и тато без денар и пие ко стока...
Ova do nekade bese i moeto razmisluvanje za temava. Realno da zborime nitu ti nitu on ne ste finanskiski stabilni a ni emocionalno za da mozete da iscuvate edno dete.I da ste vo brak vie dvajcata ednostavno nikogas nema da bidete dobri roditeli.Mozebi zvucam surovo no ova e vistinata. Dokolku ti si stabilna licnost odamna nema da bides so ovoj covek,a ne posle 6 godini od koga ti sama si so nego vo vrska a toj so tebe ne e da sakas dete. Dali mislis deka edno dete nego ke go promeni? Mislis deka ke bide za tebe tuka od koa ke se porodis? Ke go interesira se? Veruvaj i da bide vaka toa ke bide vo prvite dve,tri godini i posle ke si otide. I ti ke porasnes edno nedolzno dete sto ke vlece traumi ponataka zatoa sto tatkomu nikogas ne go ni sakal a majkamu mislela deka ke se promeni. I ne razbiram zasto site imaat tolku mnogu strav od toj abortus? 21 vek sme,ima mnogu metodi sto ne se kako grebenje na matkata i takvi slicni.Moze da pomine se vo najdobar red dodeka e seuste vreme. Sto ako se rodi dete i toa dete ne dobie zivot i griza kako sto treba,toa ne e bolno?
Зарем би се омажила за таков човек кој не те смета самата за човек??? И после се сакаш и дете да му родиш и да си го уништиш својот и животот на тоа дете? Остави го ако можеш и имаш подршка од твоите сама одгледај си го детето, таков маж не ти треба. Тој ако до сега правел така ќе прави и понатака може и полошо во брак, може да почне да те малтретира и физички. Не ти треба таков нестабилен. Ни прв ни последен ќе ти биде тешко ама ќе преболиш со тек на време. Не си го уништувај животот свесно самата.
Вака ќе ти кажам искрено пошто и јас сум била во слична ситуација како твојата. со тоа што имав Абортуси. Можам да разберам дека ти е тешко. Од мој аспект разговарај со сручно лице и ако си верник збори со духовно лице и кажи му ги проблемите. Врз основа на тие разговори види процени како ќе размислиш.Би ти кажала ако имаш услови и подршка роди си ги работи си и само издржувај го. Ако сака да го гледа понатаму регулирај со социјален работник за да не те уценува. Ако сакаш слободно нешто да ме прашам пиши ми во лп приватна пор. Поздрав
Ќе си роди ако сака и има сила и начин да израсне здраво дете во здрава средина. Детето несмее да биде оружје до "таткото". 2 или 3 жени ама ЖЕНИ, познавам што ги родија децата а татковците се откажаа и од детето и од жената. Детето си го зема презимето на мајката и знам и сум убедена дека еднаш некогаш ГОЛЕМА ПОДДРШКА ќе биде тоа дете, на таа жена - змај. На крај краева може да е мажена, да роди во брак, да се разведе и никогаш повеќе да не го види идиотот. Знам и такви ситуации. Значи се е релативно!!!! Поддршка и ако сака да роди и ако сака да абортира и не се чуствува спремна...
Мајка ми ме има изгледано сама " Дотичниот" ја оставил не ме ни признал. Го носев презимето на мајка ми и на документите како извод стои само нејзиното име и презиме. Па еве ме пораснав ми било тешко во животот и на неа ама тоа е. Жената за своето дете ќе направи све. И јас ја советував ако може нека си го одгледа сама.
Искрено одговори ми: Дали ти некогаш си била потполно среќна со овој човек? Зошто си дозволила ова да ти се случи... Веќе нема назад ако одговорот на прашањето е не, продолжи со животот и пронајди среќа со некој друг. За детето кога веќе го имаш задржи го, но немај никаков контакт со овој без осет човек! Ако треба направи нешто за да помисли дека си абортирала за понатаму да не те замара. Оддалечи се, ако сте стабилни финансиски најдобро би било да се преселите во друг град на некое време.
Јас само да прашам што тест користеше што ти покажа дека си трудна на 3,5 недели и од кај знаеш дека си 3,5 недели? Баш ме интересира што тест да си знам за итен случај. Мислам дека е трол.
Devojko ti imas pravo da bides srekna, ne dozvoluvaj ovoj covek da ti go diktira zivotot. Ti vredis, kreni glava, vrti nova stranica i pronajdi si ja srekata. Premnogu si mu dala, dosta mu e. Lugeto kako nego, samo zemaat a nisto ne davaat za vozvrat. Toj nikogas nema da se promeni, a ti nikogas nema da si srekna okolu nego. Na mene ovoj covek mi stoi posesiven i mnogu labilen. Bidi vnimatelna, nemoj da ti go zagorci i ponatamu zivotot ako resis da go zacuvas bebeto. Mozno e od inaet da ti pravi problemi, da ne ti dozvoli da bides srekna so nikoj drug. On samiot so sebe e nezadovolen i nesreken, nema ni na tebe da ti dozvoli da bides srekna. Razmisli trezveno sto sakas da napravis. A ti si tolku mlada, cel zivot e pred tebe. Ke si pronajdes nekoj koj ke pocituva se sto pravis za nego, ke te ceni, ke te saka, ke bides srekna veruvaj. Nemoj ni minuta, ni solza, ni misla da mu davas na ovoj tokmak. Ne te zasluzuva ni tebe ni deteto.
Neznam nisto izgubena sum... Ne mi objasni nikoj koga bev vo cair vo bolnica taa me izbrka vika ne si bremena so mi doagate a uste ne vi kasni... potoa bev vo sistina izvadiv krvna slika za bremenost