Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена сум, но тој ме остави!

Дискусија во 'Врски' започната од MonBella, 21 септември 2018.

  1. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Ne razbiram i sega sto znaci toa ? Mene mi kazaa od dr. den od koga si zabremenila odma se racuna nezz nisto
     
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.593
    Допаѓања:
    39.615
    Пол:
    Женски
    Од прв ден на менструација се рачуна бременоста. Најубаво отиди си на гинеколог, ќе ти каже он
     
  3. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Значи , ти доцни циклусот,оди слободно на гинеколог или ете да си најсигурна купи уште еден тест.
     
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.543
    Има два позитивни теста, се рачуна од последна менструација да бидејќи најчесто не се знае денот на зачнувањето. Во овој случај ако имале секс само на 29.08 а добила на 17 ти претходно значи позитивен може да е тестот и пред да и доцни.
    Инаку по ова како што го кажа сега сте го планирале бебето, или барем ти си го планирала, штом си купила тест пред да ти доцни значи си се надевала дека си трудна.
     
    На Martka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Мила,
    Навистина ми е жал што си во таква ситуација. Но мораш да најдеш сила и да ја расчистиш ситуацијата сама со себе. Тој човек не те сака. Тоа не се постапки на човек кој сака некого, детето не го сака, во моменти на занес ти кажал дека сака да сврши во тебе за да имате дете, а уствари сакал да не го прекинува уживањето. Сфатил дека го сакаш и видел до каде може да манипулира со тебе и да те користи. Размисли на тоа колку пати те оставал, колку пати те понижувал и како сега не сака да го прифати детето што те излажал дека сакал да го имате заедно. Абортирај го детето, без оглед на ситуацијата и прекини со мачењето кое свесно си го правиш на себе. Не ти треба таков човек до тебе, најмалку да биде татко на тоа дете, дури и да не е присутен сепак е биолошки татко на детето.
    Јас имам неколку прашања до тебе. Што работиш? Дали имаш финансиска поткрепа? Уште живееш со твоите?
    Животот е пред тебе, млада си. Во најубавите години се наоѓаш и нема зошто да се плашиш. Абортирај, па обавезно оди на психотерапевт да поразговараш за се што ти се случува. И не чекај до понеделник за на лекар, заврши ја таа работа побрзо. Дури и да се омажиш со тој човек, некаде погоре спомна дека е насилен, тоа значи дека ќе те малтретира и во брак. Не се ставај себе си во таква ситуација. Избегај колку што можеш побрзо. Не му кревај на телефон. не го барај, никој од твоите нека не го бара. И ако се одлучиш за абортус и ако имаш можност посвети се на себе. Спомнав и погоре, оди на психотерапевт обавезно, започни со надоградување на самата себе, ако не си вработена најди работа, било каква работа. Ако немаш завршено факс, запиши се или на факс или на некаков курс. Патувај, шетај, пронајди се себе си. Ти си била во канџите на ова чудовиште долги години. Ослободи се. Само ти го можеш тоа, ние тука можеме да пишуваме до наредна година, но ти мораш да го превземеш првиот чекор. Не се плаши, без оглед на фактот колку и да ти изгледа сега тешко, со поддршката од твоите и од психотерапевтот ќе го пребродиш ова многу брзо.
     
    На samovila.red., La diabla и KeBideLi им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Бремена си. Овде многумина се сомничави дека некој ги лаже, па бараат 'докази' за се'

    Јас дека сум силна, не сум. И јас бев во насилна врска 3 и пол години. Точно знам како можеш да 'пропаднеш', да не можеш да се препознаеш себе си. Остави ги овие што ти зборуваат дека сама си била крива. Никој сам за себе не посакува, да биде жртва.

    Но што е .. тука е.
    Кога ќе одиш на преглед, консултирај се и за абортус, која е процедурата, ризиците и се' што може да те интересира околу тоа. Не мора да одлучиш на лице место, туку само да си информирана.

    И оди и на психолог. Добро ти рече @nena2010 . Онака.. да се истушиш и да си кажеш се' што те мачи. Сега си во многу деликатна состојба. Изгледа како се' наеднаш да ти се случува, како светот да ти се срушил над глава... Ќе ти помогне разговор со стручно лице.

    Поклон не ни треба.. Сакаме само да си среќна понатака :hug:
     
    На minneymouse82, Dalia93, emkaemka и 4 други им се допаѓа ова.
  7. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Ne abortiraj!
    Gospod te blagoslovil, raduvaj se I bori se.
    Toj trgni go Od tvojot zivot, toksicen e. Normalno e da ti e strav Od idninata, no deteto ke ti dade sila I ke se otvorat novi patista. Ke najdes I dobar chovek za sreka.Ne se obvinuvaj i ne go analiziraj minatoto.Dusha ke te boli ako prekines zivot.

    Respect devojko, I golema pochit do tvojata majka.
     
    Последна измена од модератор: 21 септември 2018
    На dipsidipsidipsi, minneymouse82, kuc и 10 други им се допаѓа ова.
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    4 страни кажано ти е све убаво, одлуката околу бебето е твоја, идиотот избриши го како и никогаш да не постоел, ти мислиш си несреќна но верувај имаш ГОЛЕМА среќа што те оставил,сега си повредена и неможиш тоа да го видиш но кога сета оваа гужва ќе помине и сама ќе сфатиш колку голема услуга ти сторил што те оставил и гледај да е последен пат.

    Ако првиот ден од последната менструација ти бил 17.8 како што пиша треба да си околу 5 недели бремена.
     
    На Martka, Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  9. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    На продолжување со него не помислувај.

    Си згрешила што си трпела таква врска, си згрешила и што свесно си дозволила да дојде до бременост кога гледаш дека од човекот не бидува првично партнер а не па родител.
    Но, немој помислата на него да те носи во друга грешка. Доколку ТИ го сакаш тоа дете и имаш услови да му ги обезбедиш, роди го. Но биди и свесна за обврската која си ја земаш и сите последици од неа.

    Си имала промашен период во животот, имаш избор да ставиш точка од секој аспект на тој дел ( вклучувајќи и абортус ), да продолжиш напред како слободна девојка или да го избришеш само него а да го задржиш детето, да продолжиш напред и како родител.

    Размисли добро.
     
    На Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  10. martin01

    martin01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Машки
    Абортирај и продолжи со животот.
    Има многу што погрешиле,неси единствена. Имаш време ќе најдеш друга личност со која ќе можеш да створиш фамилија а тој пациентот ќе те бара и ќе му текни шо напрајл само ќе му биди касно.
    Затебе не е касно,тој нека му ја мисли.
     
    На Nigredo Odor, nena2010 и WildMk им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.127
    Допаѓања:
    112.787
    Пол:
    Женски
    Овде Господ не ја благословил, туку он и го направил а она дозволила свесно!! Детето не го сака дека сака да е мајка туку да го задржи за себе оној во кој е патолошки заљубена. Сака од ништо нешто да направи.
     
    На calliope, VDT2906, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    download.jpg

    Тешко дека ќе се промени типот дури и да го роди типот, дури и да стапат во брак, ја чека пекол.
     
    На VDT2906, Rose96 и nena2010 им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.767
    Допаѓања:
    33.589
    Пол:
    Женски
    Не дека не ти верувам дека си трудна еве си кажа дека не знаеш која недела си.Ок. Ќе ти каже др.
    За типот ќе ти кажам дека не е заинтересиран за тебе.Не се замарај со него веќе.Млада си ќе имаш подобра шанса од него.Заборави го.
    Бебето.Бебето е благослов за секоја жена, ама и најодговорна работа.Еве и твоите да ти погагаат пак ќе биде многу напорно , а детето сигурно ќе се криви зошто не е прифатено од татко.
    Не ни помислувај со дотичниот да го одгледаш.Тоа би било полошо отколку сама.
    Што и да одлучиш со среќа(fingers)
     
    На Feminka22 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    7.345
    @MonBella сама си крива што ти се случува. Но што е тука е, мора да се соочиш со ова. Јас мислам дека си млада, цел живот е пред тебе, имаш време да запознаеш прекрасни личности - светот е полн со такви. Ако го родиш детето, знај дека тој волот нема да ти помогне воопшто. Кој знае и уште колку такви како тебе ќе повреди. Биди свесна дека ако родиш, ќе бидете ти и детето. И тој од време на време за да ви прави проблеми. И знај дека е многу тешко за самохрана млада мајка во нашево општество. Ретки се оние ангели од луѓе накои не им смети тоа, и кои би сакала да останат до крајот на животот со жена која има и дете... Сурово е, ама реално е за кај нас.
    Оди на доктор и консултирај се за абортус. Греота е детето да биде осудено да има таков родител како него. Се надевам дека ќе запознаеш личност која ќе биде сосема спротивна од ова говедово. И која навистина ќе заслужи да му родиш детенце. Секое дете има право да расте во среќно семејство и весел дом, полн со хармонија и љубов. А не да биде зачнато и родено бидејќи на некоја како тебе не и дошол паметот да бега што подалеку од будала, туку пак решила со дете дека ќе го задржи. Мало морген
     
    На KeBideLi и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.937
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Само ова сакам да ти кажам.
    Ако решиш да абортираш да знаеш дека тоа дете нема да можеш да го вратиш никогаш.
    Сепак твоја е одлуката дали ќе абортираш или не, зависи од многу ситуации.
    Искрено да сум во твоја кожа не би можела да се одлучам што е правилно, но доколку би се одлучила да не абортитам и би го родила после 2-3 години би сфатила дека сум донела правилна одлука.

    На ТВ лани гледав некоја жена во слична ситуација. Бремена и ја оставил дечко и па се двоумела дали да абортира или не. Кажа не абортирала и ја донела најпаметната одлука во нејзиниот живот.

    Ти одлучуваш.

    Сега звучам како свекрва ми. Таа вика облечи му јакна ладно е ама ти си знаеш.

    Многу тешка ситуација, мн тешка одлука, искрено и сама знаеш уствари колку време си имала за да се освестиш. Ова е прав пример кога љубовта е слепа.

    Се најдобро!
     
    На dipsidipsidipsi, H.VAGA, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не знаеш, сама рече дека не знаеш. Не ѝ ставај мисли во глава, не ѝ набивај чувство на вина. Сѐ се тоа хипотетички ситуации.
    Сама треба да одлучи што понатаму.
     
    На calliope, Belgin1, Tan4ence и 10 други им се допаѓа ова.
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    7.345
    Значи различно е од човек до човек. Стабилна и самостојна личност која сама може да стои на нозе, сигурно би сфатила дека е добро што не абортирала.
    Во оваа ситуација, девојкава 6 години, ШЕСТ години се понижувала, немала свое јас, давала да си играј мајтап со неа и ниту еднаш не се свестила дека е погрешно и да стави крај. Згора на се, се согласила и да ја остави бремена. Дали ова ти кажува дека е девојкава самостојна и спрема да се избори со предизвици кои животот ќе и ги донесе? Плус и со дете? Значи не е финтата само да го роди тоа дете. Тоа дете му требаат родители, му треба љубов, му треба стабилна околина. Не ми е намера да ја навредам девојкава, ама мислам дека не е ниту приближно близу за да му го овозможи тоа на детето. Плус, 100% сум сигурна дека понатаму во животот, тоа куче од човек ќе види дека нема каде, му поминале годините и ќе проба да и се врати и таа ќе потклекне. И ќе следува истата приказна, само што сега и детето ќе трпи а не е за ништо криво. 31 година е тој, железото се кови додека е жешко. Тешко дека ќе се смени.
     
    На Ицолгудбејбе, ArmaniCode, KeBideLi и 7 други им се допаѓа ова.
  18. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    L
    Ова што го пиша драга моја е сурова вистина. Јас бев жртва незнам како се нарекува али тоа да знаете дека постои безразлика колку и да изгледа нереално и глупаво. Ги молам сите девојки кои ѓе паднат во ваква ситуација како мене уште во правиот момент да се изборат и да избегаат од личност што веќе го контролира мозокот и психата на една девојка. Немојте да дозволите да дојдете до оваа ситуација како мене. Бидејки тогаш нема да бидете вие во прашање.
    Вчера во 01:40 после 3 дена ни збор ми пиша на вибер бидејки јас ја скршив картичката од мојот мобилен и он знаеше дека треба да идам во сабота на преглед али не знаеше дека јас презакажав за во понеделник.
    Што правиш ти добра си ? Ти вртев да те чујам недостапна си.
    Јас одговорив да супер сум.
    Што има кај тебе нешто ново има ли. Мислев за тоа дали има нешто за што друго.
    Оваа одлука заедно треба да ја донесеме. Што ти се врти во главата. Јас тебе не те оставив нема да те оставам никогаш јас и ти ќе бидеме секогаш заедно. Јас само ти ја кажав реалноста дека сега немам што да дадам за понатака незнам. Али ти не ме слушаш мене правиш само како ти што сакаш да биде ова не е играчка. Јас не ти кажав да абортираш ти кажав само иди на контрола како секоја девојка. Мајка ми нонстоп прашува за тебе бара број да ти се јави вика немој да идела тоа да го направи.
    Ти мене ме изнервира дека јас треба да се докажувам со твоите дека биле нервозни и јас да глумам психијатар не планирам. Мене образот ми е чист и јас ја зборувам вистината и реалноста. Ти ме изнервира дека јас мора да зборам со сите по ред затоа јас така изреагирав и ти реков да одиш да си ја средиш работата. Јас никогаш не кажав да идеш да абортираш.
    (Јас во еден момент коа му кажав дека ке го родам детето без него и друг ќе вика тато он ми кажа не си играј играчки немој со вакви работи да се нафаќаш со мене добро знаеш на што сум спремен. Немој да зацрниш две фамилии. И после пак го кажал ова дека дум го изнервирала )
    Со ова знам што сака да постигне али сега неможе ништо бидејки јас нема никогаш да дозволам можеби сака вината да ја префрли на мене бидејки знае дека јас неможам за ништо никогаш да згрешам и за све плачам а камо ли за детенце ...
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    @MonBella

    Ти го прочитав постот, но повторно не е јасно. Во понеделник одиш на гинеколошки преглед и консултација со намера да го задржиш или абортираш плодот?

    Прашувам од причина што треба да знаеш дека многу потешко е за абортус доколку чекаш повеќе од четири недели. Емотивно (за тебе) и физички (ради самата операциона процедура).
     
  20. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Кога брв на преглед во систина ме прегледа докторката ништо не ми кажа ја прашував али многу рано било за било каков разговор и да дојдам за 10 дена. Незнам како се осеќам како неможам да бирам за ваква работа :(
    Јас со деца сум работела и секогаш сум била опкружена со дечиња.. Незнам што повеќе да кажам