Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена сум, но тој ме остави!

Дискусија во 'Врски' започната од MonBella, 21 септември 2018.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Девојче драго, да резимираме на кратко.
    Немој да слушаш никој од страна да ти кажува што е исправно а што не, ниту нас од кои бараш совет.
    Седни со ладна глава и размисли дали го сакаш бебето и дали си спремна да бидеш мајка.
    И најбитното од кој разлог би го родила. Дали заради детето или со надеж дека тогаш можеби би ти се вратил клошарот.
    Од друга страна, ако сакаш да абортираш, не правиш никакво зло. Нема да си ни прва ни последна со оглед дека илјадници абортуси низ светот има на дневна база.
    Најбитно според пишаното, имаш подршка од твоите во двата случаи, не си сама.
    Батали го говедото, со него љубов и среќа никогаш нема да најдеш. Цени се себе си и знај дека таму негде постои човек кој ќе те сака дупло колку ти него и нема да прави да се осеќаш мизерно секој ебан ден.

    Се најубаво
     
    На Annath, Harper, P.S.love и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Значи види бебето е твое и негово, ти треба за се со него да разговараш.Нити ние нити вашите нити докторката можеме да ти кажеме дали да го задржиш или не.Самата си знаеш дали можеш да го растеш, дали ти треба нечија помош, дали си финансиски спремна.Не е тоа како цвеќе да чуваш.Колички, креветче, пелени ова она алиштенца.Ако не го сака детето а ти го сакаш ондак задржи го и расти го сама.Доколку го сака детето договорете се како да го одгледувате и двајцата (мислев на вонбрачна или брачна заедница)
    Сама си си го превземала ризикот кога си му дозволила да сврши во тебе.Мене ова ми личи се испланирано, тој глупав ли е да сврши во тебе свесно а да знае дека не е способен самиот да се чува не па дете.
    Доколку се решиш да го родиш бебето батали го ОДМА.Тој не е способен да биде татко, да те сакал немало да те мафта толку години.Аир од него нема да видиш, боље сама да го растеш детето него со алкохоличар кој не знае што со себе.Така ќе се уништат 2 животи и твојот и на детето.
    На него му е гајле и ти тоа го глеаш само што неќеш да се помириш со тоа.Ние овде можеме до утре да вергламе ама тоа е твој живот не си мала уопште за да не можеш да размислиш со своја глава.Дете е тоа не е играчка па да ја фрлиш туку така.
    Размисли САМАТА што ќе правиш понатака.А ако уште веруваш на копилето дека те сака и дека нема да те остави не знам што да ти кажам..

    И да немој детето да го користиш за да го вратиш.Чим можел да те игра 6години детето нема да му смени ништо.Му изумреле мозочните клетки од алкохолот.
    Ако веќе толку го ,,сака” детето кажи му да си најде работа и стан и да се исчисти од алкохолот па тек тогаш да го види.Јас мое дете не би дала во рацете на таков пропалитет.Ќе се влечам по судови ако треба па ќе видиме чија фамилија он ќе зацрнува, можеби неговата ќе е зацрнета на крај
     
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Пелени, креветчиња, лекови за настинки и температури. Каши, прошетки, и во најлош случај болест која ќе биде тешка за лечење а таткото уво нема да го боли дали вие со детето имате финансии за лечење или не. Не можеш да се потпираш на твоите родители во вакви ситуации зошто нив еден ден ќе ги нема. А ти имаш фора уште минимум 15 години да завршуваш факултети, излегуваш, имаш дечковци, сексови и врски..
    Со 25 години дете екстремно е тешко, особено самохран родител со минимални примања. Детето ќе пати. Ако пати тоа ќе те боли и тебе како мајка. Ако си невработена и зимаш помалку од 300 евра, најбрутално и искрено ќе ти кажам - не го раѓај.
     
    Последна измена: 22 септември 2018
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Добро, а чекајте сега.. Зошто мислете дека нема да успее да го изгледа сама детето со помош и на нејзините дома?
    Нит е прва самохрана мајка ниту последна.
    Колку самохрани мајки постојат па ете ги живи и здрави.
     
    На dipsidipsidipsi, mira.mira, Martka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.177
    Допаѓања:
    169.582
    Знаете по ке биде?
    да погодам од прва ??
    бебето ке го задржи и со него ке остане

    ако не е така еве на трева нека јадам
     
    На Offspring, zalosna, Harper и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Затоа што е возрасна и одговорна личност која не треба да чека помош од нејзините на пример? Едно е да си самохран родител кој е ситуиран и има стабилна работа, а друго е да живееш со твоите и да чекаш и тебе и детето да ве ранат.
     
    На buba4e89, Joi и nena2010 им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Ќе најде он начин да ја смота и убеди сигурно. ;)

    Два магични збора да и каже од типот ,,Ќе бидеме среќно семејство" и толку. После ќе ја остави и нема да знае што да прави, па ќе читаме белетристики и продуженија од шпански серии. Иако можело се да се реши многу помирно и транспарентно. Ама пошто сме со страв дека Божји грев правиме со абортус ќе раѓаме и трпиме.
     
    На Harper, Purelove92, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Претходно споменав еден пример кај што родителите на моја пријателка и помагаат околу бебето поради таков дебил.
    Можам да кажам и многу други примери ако сакаш, нема проблем.
    Еве уште еден - Се омажи на 23 години, роди дете, маж и ја извара со друг (отиде да живее со љубовницата која исто така чекаше негово дете) жената живее со нејзините родители, детето оди на училиште, ништо не му фали и ден денес. Ете го, наскоро ќе наполни 13 години а го нема видено својот татко уште од мали години, нема алиментација а татко му врти парата, вози камиони низ Европа.
    Мајка му пред еден месец се вработи но не може да си дозволи стан под кирија поради бедната плата, ама детето никогаш ништо не му фалело.

    Нели свој човек треба да помага? Зошто се тогаш родителите? Нели треба подршка?
     
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Родителите се овде за да ти пружат храна и кров над глава до полнолетсво, а потоа и доброволно, доколку сакаат и разбираат дека се наоѓаш во финансиски безизлезна ситуација.

    Тука се да дадат совет и подршка во тешки моменти, а не да издржуваат десет поколенија после себе. Никој не е Рокфелер, да располага со енормни плати и пензии денес во оваа држава па да има можност да издржува внуци. Да, не би било лошо да помогнат од време на време, ама не цел терет да се стави на нив во однос на чување и хранење на детето. Безобразно е и неблагодарно. Треба осет да се има, за се постои граница.

    Дури и ако сето ова го ставиме по страна, ако малку се задлабочиш во нејзиниот пост ќе сфатиш дека она сака да го задржи детето не затоа што сака да стане родител сега, туку за да го задржи него покрај себе!
    Доколку го задржи тоа веројатно ќе биде ради некои глупави илузорни религиски причини (од типот на немој да абортираш грев е), и ќе има проблем од правен и социјален аспект за цел живот со копукот кој не сфатила дека животот свесно и го претворил пекол во моментот кога свршил во неа и иронично и рекол ,,те сакам и сакам се со тебе".
    Toa СЕ значи дете, не е толку тешко да се разбере. А сега дотичниот господин наеднаш крева раце и се прави наудрен демек не му е јасно како дошло до ова. :D

    Сеуште не ми се верува дека во време на еманципација читаме постови карактеристични за средновековието полни guilt трипови и Божји казни. (facepalm)
    Реално ли е ова?
     
    Последна измена: 22 септември 2018
    На Annath, Tan4ence, Joi и 3 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Треба, се е тоа убаво, ама девојката же му се врати уште штом и се пружа прва шанса. А ќе има. Ќе биде потегни - попушти. Ќе му текне за недела дена на типот, ќе ја смота и ќе се приберат. Две недели подоцна пак ќе ја остави.
    Треба прво да си разреши самата со себе што сака. Јас верувам дека сака да го задржи детето само затоа што се надева дека така ќе го привлече и ќе го промени. Yeah, right...
     
    На Annath, Joi, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Една моја другарка беше во ваков случај и пред да остане трудна и реков гледај со време види го што ти прави со време реагирај она добро добро ,остана трудна се земаа она дома го чуваше бебето ,а него го гледав по дискотеки со други девојки камен пијан и секој ден доагање дома во рани утрински часови.
    Затоа со време се гледа кој ќе ти биде животен сопатник
     
    На Yeeah, Offspring, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.127
    Допаѓања:
    112.788
    Пол:
    Женски
    Жени по мене вака било: 1. И рекол Да с*** шам да ти докажам дека те сакам да имаме бебе ( си мисли: е да бе од еднаш така се фаќало).
    2. По 2 недели УПС се фати!! Паники!!!
    3. Типот НИКОГАШ не бил понеспремен за дете и семејство. Нит се пари нит ништо во прашање.
    4. Патолошка заљубеност кај женава добива друга димензија, јес трудна сум сега ќе остане со мене и ќе бидеме среќно семесјтво.
    5. Праќа порака, не од што го занима непто, туку мајка му и татко му му трубат на глава, му набиваат грижа на совест.
    Епилог: свадба, дете се раѓа, развод..
     
    На Stressed Out, Offspring, ane.bella и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Elinora

    Elinora Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски

    Не требало да му попушташ воопшто, помалку да му веруваш кога ти кажал дека сака да имате бебенце. Тоа не е нешто едноставно и не си смеела да му дозволиш знаејќи дека пие, не работи, не те почитува.. Што би очекувала од него повеќе, него не му се работи воопшто, не дека не сака да работи за 200 евра, тоа се само изговори.. Мое мислење е главата горе, детето не е криво за ништо, ќе се снајдеш со помош на твоите само да сум согласна со другите членови дека треба да си покренеш постапка да тој нема никакви права врз тоа дете утре, другиден.. Нема да си единствена самохрана мајка на овој свет, само не му подлегнувај на слатките зборови никогаш повеќе.. Извини ама типот ми личи да има некакви психички проблеми огромни, така да не си го расипувај животот за некој што не вреди име да му спомнеш.. Ќе си најдеш некој што ќе знае да те цени, почитува, сака и тогаш ќе ја сфатиш вистинската смисла на љубовта. Поздрав и секое добро! :):):)
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Најпаметно да абортираш и да се тргнеш што подалеку од него :nod:
    Не ти го кажувам ова туку така, но ако го родиш детето тој ќе ти прави цел живот проблеми. Вака ако нема дете, нема да има никаква врска, т.е. никаква причина да ти се меша во животот.
    Не си го уништувај животот, доволно до сега ти е уништен и си во кал. Гледај да се извлечеш без поголеми последици од кашата.
    Млада си и имаш време да најдеш некој нормален и со некој друг да основаш среќно семејство.
     
    На Yeeah, ane.bella, P.S.love и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Да не раскажувам детали од мој личен живот, ама со човек кој пие макар рекреативно- не, не ,не!! Помлада бев од тебе па сфатив дека нема иднина и дека не ми се допаѓа некој кој пие од навика и за радост и за жалост. И тоа не беше ич проблематичен напиен, воопшто. Само немаше амбиции и животна радост некако. И денес пие, редовно. Женет е, чат пат сме во комуникација по друга линија , уште ми збори "за нас" а јас само си честитам што го откачив бргу. Алкохолот е гадна навика, не само за тој што не се контролира, туку и за тие околу него. Плус овој има и други сто проблеми. Катаклизма во најава, освен ако не му падне лото.
     
    На Yeeah, Offspring, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Точно така. Можеби уште попрецизно е да се нарече „патолошка затресканост“. Штета што немаме баш некој најдобар збор за infatuation vs. love. Во англискиот јазик „infatuation“ се смета баш за тоа - патолошка состојба кај луѓето, т.е. најчесто кај тинејџерите кои не можат да се справат со крашовите и „пеперутките у стомакот“ и тоа несреќно го нарекуваат „љубов“. А и возрасниве родители пак ич не им обрвнуваат внимание во едукацијата на тоа поле, туку викаат „абе млади се, прва љубов таква е луда, шо ќе праиш...еее и ние бевме деца, млади заљубени.. (facepalm)
    А уште потрагично е па влијанието на турскиве серии, каде што нели се охрабрува каузата да се бориш за „„љубовта““ до смрт (намерно се ставени двојни наводници), дури и вакви манипулации со бременост таму се во игра. Иако сите ти велат „тој не е за тебе“, ама ти длабоко во срцето знаеш дека тој е правиот, бидејќи срцето нели не може да лаже (facepalm) Демек сите слепи, а ти си оној/онаа што гледа. А уствари е обратно, патолошки затресканата личност е таа што не гледа објективно на ситуацијата, а сите останати гледаат пообјективно.
     
    На Annath, WildMk, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Она ако му се врати Господ да не ми пишува грев ама самата си го бара тоа, со глава во зид оди свесно и покрај сите понижувања од негова страна.
    Она на секој негов збор паѓа, си ја погазува гордоста, нема достоинство, сака да си ја зацрни иднината, а доколку планира да му се врати... е тогаш го жалам детето, нејзе не.
    Не живееме во Германија или некоја понапредна европска држава па да имаме добра плата и да се осамостоиме од полнолетство.
    Тука реално платите се срање, за сметки едвај стига не пак за други потреби, мои комшии (маж и жена)се вратија во куќата на мајка му и татко му бидејќи не можеа да издржат во Скопје со релативно мали плати, јбг уште се нема 500 евра плата :drunk:
    Секако дека не е во ред да ја користи добрината на своите родители, ама во овој случај и треба и те како голема подршка и ти да си на нејзино место би сакал помош, само што немаш осетено на своја кожа па...
    Инаку и јас си стојам на тоа дека доколку одлучи да го роди само за да го задржи кај себе е доста лоша одлука.
    Јас мислам дека она што и да се одлучи никогаш нема да се спаси од него, без разлика дали ќе абортира или не, она секогаш ќе биде слаба.. се додека не одлучи да стави крај.
    До тогаш, црно и се пишува.
     
    На zalosna, WildMk, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Агнес :D

    Агнес :D Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Уште не ми е јасно како можете да и велите да го задржи детето каде очигледно е дека нема да и даде мир и слободно право на избор што ќе прави понатму со тоа дете ако го задржи. Дури и потенцира дека ќе има последици ако не го расне со неа. Повторно и вели дека ќе бидат заедно секогаш, а најлогично е дека пак ќе ја остави за било кој временски педиод како што го има направно до сега неколку пати.
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Па и ако абортира нема да и даде мир. Цел живот ќе ја носи таа грешка на душа. Мислиш тоа се заборава лесно?

    Се десило више,му верувала ја предал. Така да,нека одлучи сама. Никој не може одовде да ја натера на нешто. Но,по мислењата нејзини заклучив дека си го сака тоа дете,а тој и пишува ради реда за да види дали завршила работа. После тоа нема ни да и пише,ни јави,нит ништо. Не оти го притискале неговите туку има грижа на совест.
    Патолошка заљубеност.
    Не почитување на себе си.
    Премногу попуштање.
    "Дај да не се караме,да ни биде совршено" у превод се ќе направам за тебе ти само биди со мене.
    Но, голема лекција ќе си научи и ако си го роди нема да е ни прва ни последна. Ќе се избори ако треба и ако сака. Жена е,може се.
     
    На Martka, H.VAGA и hermosa им се допаѓа ова.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Јас сум за да го роди детето,доколу сака и може.Никаква религија,пари,дури и дечкото нејзин не е поважен од животот на едно дете.Може да се снајде на милион начини,да работи по интернет фриленсер се и сешто,да замине во странство ...ама доколку е спремна да роди дете и да биде самохрана мајка!
     
    На minneymouse82, mira.mira, worrieddd и 3 други им се допаѓа ова.