1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена сум, но тој ме остави!

Дискусија во 'Врски' започната од MonBella, 21 септември 2018.

  1. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.609
    Допаѓања:
    103.871
    Пол:
    Женски
    Само јас ли помислив дека девојчево претерува и многу гледала турски серии :?: (ако не е трол посекако)?!

    Да резимирам колку разбрав.

    Го бркала 4ри години :o
    Кажи-речи му досаѓала и му дремела пред врата (овде секако имало сцени од неговите и совет до неа ,,девојче иди си,, па солзи, па драми, трескања и чуда |().
    Нејзините биле против, не само што дечкото е клошар (можда и не е, најверојатно не е) туку она толку се занела што верувам се друго тргнала на страна и чмаела по него.
    Другарите му биле клошари, не бе од сите само он е цветот ,,ским си таков си,, :nod: . Пиеле, па кој не пие?! Е сега колку пие и колку се контролира, ама млад е, шета, се дружи и си пивнува, биг диал |(
    Секс немале, можда се бациле 4-5пати во 4ри години онака колку да ја откачи, му досаѓала по социјални мрежи, пораки, па чат-пат и возвраќал и она си ставила во глава дека се во врска. А каква е таа врска во која нема секс еве не знам, да имале по 14год па да чекаат полнолетство ОК. А настрана што он си имал и девојки и се по ред, а оваа чмаела, абе ај :fubar:
    Не тој ништо не и бранел, него она од дремење пред врата немала кога да се социјализира, така преку ноќ посесивен тип како она го прикажува, не станува либерте :nod:

    И КОНЕЧНО по 4ри години она го ,,фаќа,, wow кој успех мајке ми :rock:

    Ваљда он во моментот бил без девојка, може и сакал да направи љубоморна некоја бивша па одма другиден ставил статус на фб, зафатен 8)
    Ама му се допаднала, најверојатно, па не се заљубил од прва, туку од 100та, ама има такви случаеви.

    Си траела врската, цветала и се си било супер, до моментот кога девојчево совет од другачки добила да се мажи, па му запнала на ергенов. Мораш ]:)

    Најверојатно би немале ни каде да седат, 100% дома соба дели со брат му.
    ОК нема постојана работа, ни прв ни последен, нејќе за 200еура да работи, ни прв ни последен. Нека е жив и здрав ќе си најде тоа што бара (fingers)

    А како разбрав ниту девојчево не работи :smirk:

    И сега он не сака, што е нормално, па и не се ни престарени, море ништо во живот не им е средено, каков брак, каков мрак. Браво за дечкото тука, значи доволно е паметен и расудил дека немаат можност, прво други ствари мораат да решат. Ама она се сполетала, другачки притискаат, па и ако и избега :worried:

    Имаат секс и он ја прашува дали да свршам во тебе, абе она едвај чекала, а као невино рекла да и не се надевала на ништо :mm:
    И еден ден сосем онака спонтано она прави тест, така тестови сите нели чуваме по дома и ги правиме и без да ни касни :wasntme: е ете двете цртки се тука :party:
    Готово мој е си рекла, нема бегање ^_^

    Убавината траела додека не ја подбрале нејзините, па и добрите другачки прашувајќи каде и е прстенот, каква венчаница ќе има, кога девојачка и ред други работи. Нејзините што е нормално се со очекувања се најубаво за нивната ќерка, прво и основно притиснале од што ќе живеете.
    Абе они ќе помагаат, ама нема да се банкомати :D
    Тука се и роднините кига прашале што како..

    Но и овој без работа, не доволно ситуиран па ни пари за веридба има, камоли за свадба, за живеачка братчето во дневна, можда и шпаиз, ходник ќе иде за да они имаат соба, во најлош случај па и заедно на куп :worried:
    Нејзините притискаат ама како, не ја најдовме ние на улица, сакаме вака, така и девојчево си вика па да и јас сакам, имаат право.

    И тука настанува каша попара, оваа прави сцени, до вчера беше само убавината и љубовта, само он да е со неа ама од денес и не е баш така. Сите сакаат и јас сакам :emo:
    Па крши картички, сигурно рове везден и скренува внимание, па му мери и премерува секиј збир, од мравка, слон си прави итн итн..
    Дечково не знае што го снашло :sweat:

    Никој не е крив, само некој не е спремен за одговорност и не размислил доволно каде, што, како и од каде (lalala)

    У понеделник со дечко за рака и во Систина да мафнете со бебуш, сте го направиле, ќе си пораснете, ќе си засукате ракави, ќе се вработите, стиснете кај неговите и за 9м ќе ви биде најубаво, ама и најтешко.

    И да дечково не е во никој случај клошар, можда по првиот пост и јас мислев дека е, ама по вториов, денешниов у никој случај, само уште не пораснал, ама ќе биде и тоа :angel:
     
    На Luciferovog zlo♧, Offspring, MiaPia и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Тоа сепак не е доволно добар изговор за да не се мисли на последиците.
    Секому може да се случи несакано да забремени, но абортусот е неминовен ако се нема услови.
    Родителите нема да бидат вечно живи, а и да бидат, не мислам дека нивните плати/пензии ќе бидат доволни за да ги покријат сите трошоци кои следуваат во иднина. Дете никогаш не смее да почувствува немаштија. Ќе дојдат ситуации кога ќе сака играчки, облека, екскурзии, а девојката и нејзините родители можеби ќе мораат да го скратат во тие побарувања.

    Затоа бременоста мора секогаш да биде планирана, а детето посакувано.
    Зошто еден ден кога ќе ја дознае вистината, и чуе дека неговите родители размислувале за можноста да биде абортирано нема да се чувствува најпријатно, а такви работи не се кријат.
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Обично планираните бремености не се ни остваруваат.
     
    На Yeeah, gjoker4e, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    Јас да сум на местото на девојчево ама најискрено е што ќе направам ќе си отидам на абортус и во најкус временски период негде надвор од државава ќе одам да работам.
    Она живот со него нема да има туку само ќе страда а детето највеќе.
    Јас еве навистина незнам како правите деца а сте во лоши услови мислам на односот со партнерот и после оп биднало ај ќе си го чувам,ама нее така тоа цел живот ќе страда.
    Длабоко се надевам дека дечкото можеби некако ќе почне друга да размислува а дрвојкава да бидр позрела и да успеат за детенцето ама искрено чисто сумљам.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.843
    Допаѓања:
    4.812
    Пол:
    Женски
    Ако се споредува за финансии во македоничево не треба ни да се раѓа затоа што платите се крш 30 години уште 300 години ќе бидат.Оправање нема
     
    На worrieddd и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Од кај ги извади сите овие претпоставки, не ми е јасно?

    Зошто му враќаш на пораки? Игнорирај го. Не ти треба повеќе.
    И ова болдираново долу, ич не ми се допаѓа..
    Понастрана од него...
    Во понеделник, договори за абортус.
    Не си играј играчки и да се надеваш на типов. Ќе ти се дозапусти животот.
    Не сакаш по весници да ве читаме! А судејќи по муабетов, многу е можно да се случи тоа!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.609
    Допаѓања:
    103.871
    Пол:
    Женски
    Одговорот е во твојата прва реченица :D
    Јас измеѓу и попреку прочитав дека девојчево очајно си бара внимание, некои работи сака преку ноќ да изчезнат, а до вчера ги пикала под тепих.

    Абе имав јас уште многу да кажам ама бебе ме скорна :D
    Како тоа уште на лекар не отишла, нема појма колку е бремена, ама навремено направила тест и како пушка уште вечерта на разглас.
    И кои се тие родители од МК кои би тапшале по рамо трудна ќерка од токмак и би оставиле сама да реши?! Ова може би било возможно доколку она со своите 25год би била самостојна, а не мама меси, тато носи. Во првиот случај двајцата милум силум ја носат за рака на абортус, ако не успеат се закануваат дека ќе е на улица, вонбрачно дете не би дозволиле ќерка им да роди па не знам што да е, плус они да го чуваат. Не верувам, ама ич!


    И што кажал |(
    Бре бре сите што се сме кажале до сега да се остварело до каде ќе бевме :lol:
     
    На Yeeah и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. Агнес :D

    Агнес :D Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Може нема ни после абортусот да ја остави на мира али како и да е полесно ќе и е во смисло ке си најде нова некоја и пак ке ја заборави. Може едноставно да му каже дека го има изгубено бебето, дека не било нешто во ред и се има појавено, ќе се посоветува со стручно лице ќе и дадат совет. Од како ќе заврши со тоа ќе го блокира од секаде ќе смени број и ако продолжи да и пречи ќе го пријави во полиција. За се има решение но, ако го задржи детето тек тогаш и почнува тортурата во животот. Колку и да сака да го задржи тоа дете по мене не треба зошто само дополнителни проблеми ќе има од него. Детето ќе и е најмал проблем како и секое друго дете без еден родител и ова ќе порасне но, како што и кажа ќе зацрниш фамилии свесно е дека тука нема да се откаже од неа ако го задржи и да ја остави.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    18.028
    Пол:
    Женски
    Може ќе звучи лошо и грубо. Ама зарем постојат ли толку глупави жени во светов? Свесно да одиш со глава во ѕид и да се правиш наивна? Ако сакаш толку врати му се роди му дете, после виси по полициски станици, заради малтретирање, барај го по кафеани додека ти дома венееш и си губиш здравје. Па да му е**м мајката па дрво да беше ќе сфатеше до сега дека тој е недораснат, нестабилен човек кој си мисли само на себе. Тој не знае што сака во својот живот.
     
    На Offspring, gjoker4e, zalosna и 5 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не мораш да веруваш, ама не мораш ни зајадлива да си.
    Има секакви деца и секакви родители...
    Плус, во понеделник ќе оди на преглед, закажан и' е.

    И не вели дека бара внимание... Исплашена е. Како да слушаш прв пат за ваков случај... |(

    Постојат... И јас бев 'глупава' и 3 и пол години не можев од еден да се откачам. Некои и цел живот.. и сите тие се 'глупави'.



    Пазете на зборовите.
    Никој не знаеме што не чека.. Нам или децата наши
     
    На Stressed Out, Yeeah, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.609
    Допаѓања:
    103.871
    Пол:
    Женски
    Па тоа е проблемот што не слушам за прв пат |(
     
    На gjoker4e и WildMk им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Добар блеф за да абортира. Сите поверувавте во тоа.
    Сакаш да кажеш дека детето и е товар над глава?

    Ај вака да направиме.
    Да си ти детево во случајов и мајка ти да ти каже дека си и товар над глава? Кажи ми како би се чувствувала?
    И откако ќе ти раскаже се дека се изборила за тебе, дека те сакала ама и зборувале дека ќе и бидеш тортура, дека си криво што си живо?
    Баш ме интересира ( не го сфаќај лично, си правиме муабет).
     
    На Unique__ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    46.813
    Пол:
    Женски
    Во сабота во Систина прегледи не прават како тоа си закажала за сабота :^)
    Коса ми се крева од некои што се обидуваат со дете да придобијат или задржат маж.
    Сфаќате дека никогаш нема да сте среќни со некој што не ве сака и не сака да оформи семејство со вас? Со сила за ништо во животов не бидува убавина.:fubar:
     
    На zalosna, Harper, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  14. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Како да си мн блиска личност со типов бидејки ми звучиш и како него. Оваа ситуација не е за мене ова го пишав за да ме разберат девојчиња што би биле во ваква врска до каде би дошло. Ова не е за да се објаснувам како било или што било за да давам титули.
    Браво за текстот звучиш како право мушко во срце. Бидејки е лесно некого да осудуваш се дур не се најдеш на истото, тогаш би немала ни храброст да го пишеш овој текст бидејки ако ја имас мувата на капата ќе преќутиш .. Фала сепак што пиша јас во никој случај не го окривувам ни него
     
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    18.028
    Пол:
    Женски
    Свесно да правиш нешто со кое си го уништуваш животот е глупаво. Колку и да го сакаш ( сите сакале некого премногу и им бил слабост) ,себеси треба да се сакаш повеќе. Шест години се тоа не шест месеци, некој да те прави од гомно подоле да не те цени првенствено како човек, детето не е играчка сега сакам, после не сакам да го родиш... Тој е нестабилен, недораснат... Ова го кажувам на некој начин и од искуство. Имав дечко бевме околу 2 години ( со прекини), многу го сакав истото ми го правеше те сакам, па ќе му текне не те сакам, со денови го нема ќе се појави два три збора убави и ајде пак јас се враќам. Ме има истепано му простив, изварано простив и тоа, навредувано... Се додека еден ден не ми пукна филм и не сфатив дека не треба да дозволам некој кој не ме цени да биде со мене. Ми беше тешко зошто и покрај тоа премногу го сакав, ама себеси повеќе се сакам. До пред да се омажам ме бараше да му простам, се каел истите приказни како и секогаш. Едноставно го избришав од мојот живот како да не постоел. Се заљубив повторно и живеам мирен живот.
     
    На Offspring, zalosna, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не е свесно.. И сама си увидела. И не е љубов, страв е, ниска самодоверба е, неизвесност е.. а љубов не е.

    Многумина од нас (жените), имале некоја деструктивна, и себе-деструктивна врска, не го одобрувам, но не го ни осудувам... само се обидувам да разберам и да помогнам (со совет барем).

    Понеделник.

    Па е 'товар' во случајов.

    Како би се чувствувала, да сака мајка ми да ме абортира и да ме абортира? Никако! Бидејќи нема да постојам.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    18.028
    Пол:
    Женски
    Разбирам што сакаш да кажеш. Само јас не можам да сфатам како некој може толку долго да издржи вака. Постојано да си угнетуван, оставан. Како има толку нерви...Како до сега не си рекла доста е и јас имам гордост и достоинство.
     
    На zalosna, H.VAGA и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    За жал, може.. жени цел живот го минат во бракови кои ги уништуваат...
    Се надевам дека девојката од темава ќе го прекине кругот и нема да дозволи да и' се продолжи тортурата..
     
    На cresa-jagoda и VDT2906 им се допаѓа ова.
  19. MonBella

    MonBella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Почитувани
    Ви благодарам за сите коментари и сите примери кои ги слушнав од ваша страна. Јас сум во голем шок и премногу ми е тешко но морам да ја прифатам реалноста и да се носам со последиците. Јас иако неможам да сватам како може да се направи одлука за вакво нешто. Јас секогаш сакав да имам деца и секогаш бев опкружена со нивна љубов. Они се нешто најчисто од бога.
    Јас разговарав пак со него пробав на секој начин дури и да влезам во огин за тоа дете да остане.
    Јас знам дека нема оправдување за ова,ми кажа отворено немој да абортираш како сакаш ти направи ми кажа дека и мислам длабоко во себе дека ова дете нетреба да се роди бидејки тоа би било најдобро пак потенцираше дека не би работел за 200 евра и дека има долгови за цел живот и дека јас и он не сме во состојба за доброто на тоа дете.
    Јас несакам и никогаш не сум замислувала дека ќе дојдам во ваков момент никогаш нема да дозволам дете да расте без родители јас неможам да го прифатам тоа. Неможам да го гледам како расте и секој ден да се плашам што ќе биде утре. Сакам да заборавам на тој човек,несакам тој човек да биде повеќе татко на моето дете. Несакав на овој начин да ја платам својата грешка несакав.. Ова го правам за најдоброто и ќе живеам со тоа и ќе ме боли секогаш...
     
    На Kitten, nena2010, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  20. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    2.556
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали е вистина или не, убаво е да се чујат мислења на оваа тема поготово за помладата популација.
    Во овој случај не се работи за помладаа личност, туку за навидум зрела особа која претпоставувам водена од чувствата не можела разумно да расуди. Секој од нас бил вљубен и знаеме колку голема е храброста да ставиме крај без разлика колку и да нема смисла целата врска. Нема потреба од осудувања, сите грешиме. Не треба да се каеме за одлуки што ги имаме донесено, зошто во одреден период од животот сме мислеле дека е така најисправно да се постапи.
    Во однос на бебето....Треба добро да се размислиш, дали е навистина она што го посакуваш во моментот?Да ги прифатиш сите обврски и предизвици кои ти доаѓаат како самохран родител. Без разлика колку и да е голема помошта од родителите, на крајот од денот ти остануваш сама со детето. Дали финансиски можеш да го издржиш сето тоа? Дали тоа бебе ќе ги има сите потребни услови? Решено станбено прашање?
    На крајот од целата ситуација, децата се оние кои што го извлекуваат подебелиот крај (најчесто мајката сфаќа дека животот е пред неа и си започнува нов живот оставјќи го кај бабата)
    Да не бидам погрешно сфатена не сум ЗА абортус, но во некои ситуации е најидеалното решение.
     
    На esperansa777, VDT2906 и WildMk им се допаѓа ова.