Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена сум, но тој ме остави!

Дискусија во 'Врски' започната од MonBella, 21 септември 2018.

  1. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Многу ми падна тешко кога ја прочитав темава... за жал, премногу red flags ти упатувал токмаков со години, но некако таа токсична врска ти била до тој степен вкоренета, што сигурно си мислела дека нема или дека не ни заслужуваш подобро, па свесно си продолжувала...
    Типот очигледно е лузер, без трошка совест, разум и емпатија. За љубов да не ни збориме. Детенцето за жал е колатерална штета. Не е зс ништо виновно, но нешто ми кажува дека и да решиш да го задржиш, тој токсичен облак ќе те следи со години. Тој ќе пробува на сите начини да ти го загорчи животот, а преку тебе, и тоа дете ќе пати. Знаеш, тотално отсуство на емпатија е главна карактеристика на психопатите.
    Крени се, среди се, обавезно посетувај психолог, опкружи се само со луѓе кои ќе ти пружат максимална поддршка, смени број, прекини секаков контакт со него, засекогаш! Ќе помине време, ќе закрепнеш од овој кошмар, ќе запознаеш нормален човек, кој ќе те сака и ќе ти се посвети на начин на кој заслужуваш. Само, очи отварај, немој да не го препознаеш, или "другарките" да те буцкаат дека "не е за тебе". Штом те советувале да продолжиш со свињава, не ти се другарки.
    Ти посакувам сè најдобро.
     
    На Annath, Martka, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.812
    Допаѓања:
    176.309
    Пол:
    Женски
    Ја следев темава од почеток и мој впечаток е дека девојката сака да роди од сам почеток, само и треба ветер у грб.

    Типот е во право за се, колку грубо и да звучи. 4 години шетал јавно други за рака, додека ти си седела дома, и те барал тебе да се “погужвате” кога ќе му текнело нему и ти, повторно, ги броиш тие години како врска? Тие години се кежуал секс, никако врска. Бути калс не може да се сметаат за врска. Во ниеден универзум!

    И јас поддржувам абортус. Млада си. Ако си паметна, ќе се посветиш на себе и на она што го заслужуваш, во спротивно, ќе те читаме со нови теми во темата брак, кои нема да бидат... најсреќни.

    Сите некогаш сме направиле погрешен избор, не е крај на свет, не си престарена, сеуште можеш да бидеш се за што некогаш си сонувала, и со човек кој ќе ги дели истите желби, интереси и потреби со тебе. Овој мочко сега, не е тој човек, не бил и никогаш нема ни да биде. Колку си способна да го прифатиш истото и да продолжиш понатака само и само од тебе зависи.
    Не може да си во шок, поради човек од кој после 6 години повуци-потегни да не знаеш што да очекуваш. Тоа е премногу наивно за 25 годишна девојка. Не може да не знаеш што треба да направиш сега, и да не знаеш што е најдобро за тебе. Едноставно ти си таа што мора да знае што е најдобро за тебе во секој момент и без разлика на се, па побогу имаш 25 години. Гроу а пеир. Време ти е.
     
    На Joi, CameliaMiller, zalosna и 20 други им се допаѓа ова.
  3. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    14.440
    Пол:
    Женски
    Тоа што со него било,поминало.Дали е во право девојката или типот,не знам.Од една страна звучи како тој да е најголем кретен,а од друга дека типот си ја барал за разонода-а таа заљубена.Во ред,сите правиме грешки.Би и советувала да стане,да се погрижи за нејзе.Има 25 години,не се малку.Оди девојко на психолог,почни да работиш,запиши се на курс.Ако го сакаш детето,задржи го.Не е играчка тоа.Но,ако застанеш на твои нозе,со помош од твоите,ќе го изглеаш.Размисли убаво за ова.Нечиј живот е во прашање.Ако мислиш дека си спремна да бидеш мајка,роди го.И терај си го животот.Еден ден ќе најдеш човек што вистински ќе те сака,и ќе те цени.Со типов не надевај се.Не те сака,тоа е очигледно.И да се земите,ќе биде заради детето,а животот ќе го поминеш никако.Не крепи љубов од една страна.Млада си,живеј,патувај,оставри се на секое поле.Не зависиш од никого,од ничие внимание.Не ти треба некој кој ти го сакаш,а него за тебе не му е гајле.Секое добро :D
     
    На H.VAGA, hermosa и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.063
    Допаѓања:
    55.581
    Пол:
    Женски
    Тоа што се случило во минатото се случило, и тој е крив што се однесувал како најголем кретен и идиот, и ти си крива што си останувала со таков човек и си му се враќала. Ама повеќе нема поента да заглавуваш во минатото туку треба да мислиш на иднината. Научи си од грешките и продолжи понатаму. Дали 100% го сакаш тоа дете, 100% си сигурна дека ќе можеш се да му обезбедиш и да го извадеш на прав пат? Дали си 100% спремна за мајчинство и сигурна дека тој нема да се врати по детето и да те измачува? Ако одговорот е "не" тогаш одма да абортираш. Детето нема да направи магично тој да ти се врати и да те засака. И јас ќе ти кажам како што ти кажаа и други, тоа дете значи дека цел живот ќе бидеш поврзана со тој кретен и нема да те остави на мира. Сврти нов лист, продолжи со животот. Ќе најдеш некој што вистински те сака и ќе оформите семејство базирано на љубов. Шест години си потрошила од животот со него, немој ни секунда повеќе. Млада си, ќе успееш.
    Се најдобро. :)
     
    На Joi, TashSefton, H.VAGA и 6 други им се допаѓа ова.
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Ако сме искрени - за ова треба да се размислува пред време, а не од кога ќе направиш живот во тебе. Сите сакаат задоволство ретко кој одговорност...
     
    На H.VAGA, Feminka22, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ама виде како раскажа таа.. Тој и' свршил во нејзе, да и' докаже дека 'ја сака', а таа му дозволила во надеж дека ќе живеат среќно, до крајот на животот... Погрешна проценка и од двајцата... за жал...
    Не е оправдување, ама е објаснување... за наивност..
     
    На Luna91, Joi, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.318
    Допаѓања:
    113.952
    Пол:
    Женски
    И јас не сум за абортус како играчка НО! Тука станува збор за човек кој не е сѕавилен, кој и се заканува дека не смее друг да му го гледа детето, ќе зацрнела две фамилии. Не станува збор за некој со здрав памет у стил Ок, јас не сакам дете, кај да потпишам дека се откжувам, нема да ти се мешам во понатамошниот живот. Затоа гледајте ја целосната слика и двете страни.
     
    На Mishela, cresa-jagoda, Joi и 9 други им се допаѓа ова.
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Точно но, во ваков случај поради неодговорност на двајцата т.е нејзина наивност и заслепеност ,а негова неодговорност ќе си пати и тоа мало створение кое веќе најверојатно ќе го нема, а неа покрај се друго ќе и остави психички последици, а не дај боже и здравствени (репродуктивни).
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Нема да 'пати' тоа, пошто е ембрион.
    И нема да има никакви последици.. ни психички, ни репродуктивни.

    Само да и' биде памет за друг пат. Да не се повторува повеќе.
     
    На Luna91, calliope, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.318
    Допаѓања:
    113.952
    Пол:
    Женски
    Ајде без патетики. Прво нека се среди она психички за да може да биде мајка. Она не е психички способна сега да биде мајка!!!! Аман што сте запнале те грев те ова те она. Похолем грев ќе биде да го роди и да го осуди на никаков живот.
     
    На Mishela, calliope, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  11. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да се среди девојчето, нека и е ум за друг пат. Двајцата се криви, не е само тој.
     
    На TashSefton, H.VAGA, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам целосната слика. Ова треба да ви биде поука што буцкачи знаат да бидат другарките и дека не се споделуваат лични нешта бидејќи и најблиската може да ти всади нешто во главата.
    Ти си за да абортира, јас не сум и тоа е тоа. Нема зошто да се убедуваме.
     
    На Martka и worrieddd им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.318
    Допаѓања:
    113.952
    Пол:
    Женски
    Бубаче 40 ги имам. Знам како да живеам и знам што зборувам. Не се секирај.
     
    На cresa-jagoda, moonlight-girl.55, Joi и 4 други им се допаѓа ова.
  14. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Мој совет за девојката колку и да звучи немилосрдно е да абортира,со идиотов никогаш нема да има нормален живот бидејќи и јас сум поминала низ ваква грозна врска и знам што зборувам,цел живот ќе си има проблеми и главоболки и подобро што те откачил бидејќи е потешко да неможеш да го откачиш,затоа абортирај и продолжи си со животот како да не постоел никогаш,ќе ти биде тешко од почеток ама ќе вреди.
    Поздрав и биди силна:hug: од мене имаш поддршка и слободно пиши ми
     
    На Yeeah, cresa-jagoda, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Не ме интересира мене колку имаш,годините се само бројка.
    А и што има врска тоа дека си знаела како живееш, кажав општо за сите.
    На крај сите ќе ве предадат, искрен човек денес - па што беше тоа.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Точно и ја се согласувам за да не абортира, на крај краева може само да го роди и да го даде на посвојување ако не е способна сама да го гледа. Живот е тоа не е- ништо. Бар јас би постапила така. А ние како луѓе ќе и најдеме грешка за било што:
    1.Ако го задржи
    2.Ако го абортира
    3.Ако го роди и даде на посвојување
    4.....
    За се има човекот да каже нешто. Таа самата ќе си одлучи што ќе направи.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    На посвојување...?
    А тоа што ќе и' направи психички? Потешко е од абортирање.
    Бременоста и раѓањето се поголем ризик од абортирањето.
     
    На Mishela, Luna91, calliope и 4 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Живот е тоа, не е ништо. Ајде да му го направиме срање.
    Буквално така звучиш.
     
    На Mishela, Joi, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Па што го правеле тогаш? Која е идеата ќе свршам и нема да е трудна? Ја сакал тој... жални се сите. А шансата за живот не значи секогаш дека ќе биде срање. А тоа нема да го знаеме што би било кога би било бидејќи ние си претпоставуваме врз основа на моменталната ситуација. И нејзиниот живот е моментално срање па не си го замислувала таков. Не е 100% дека ќе биде срање животот ако му се даде шанса.
     
    На Maša8, Feminka22 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.812
    Допаѓања:
    176.309
    Пол:
    Женски
    @worrieddd против абортус си, во превод - зошто да е едноставно кога може да е комплицирано, оти абортусот секако ќе и обезбеди нов, свеж почеток за себе и своите желби, ама поддржуваш посвојување, кое знаеме како кај нас оди. Детето ќе заврши во дом, ќе го осуди на не така убави услови до 18, а потоа на улица.
    Каков совет ти е тоа боже мој...
     
    На Luna91, calliope, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.