Може да не те примат, но дека е несигурно на ГАК не е точно. Всушност најнесигурно е сега секаде освен на ГАК. Зашто на ГАК примаат само одредени трудници со огромна внимателност кон сите. На другите клиники сега ги пуштаат сите. Добро знаеме дека има носители без симптоми и според мене сега најубаво е ГАК ама може да не те примат... Најубаво е ако има број да прашаш или да најдеш некој да прашаш што работи таму. Јас бев за едно испитување таму пред неколку недели и сите до еден се заштитени и хигиената е на највисоко ниво. После тоа бев во Систина на скрининг и таму е слободен влез за сите, на ГАК нема шанса да влезеш како сакаш, заклучени им се вратите и не пуштаат шетање.
Тоа е точно ама во секоја клиника на дежавна по некој болен доктор. Они се најизложени. Точно е дека има асимптоматски но не се согласувам дека е најсигурно на Гак. По другиве болници мерат темп цело време дезинфицираат држиш 2м растојание бар за ремедика е така за систина знам дека се жалат од гужви. За државна секогаш имам такво мислење здрав одиш болен излегуваш дај боже са грешам и да се позаштитени да немаме повеќе болни доктори по државна
На ГАК три пати ми мереа температура, ми ги дезинфицираа кондурите, морав да носам маска и ракавици. Ми дадоа дезинфекционо средство за раце и потпишав изјава. Не знам како било порано... А докторите што се болни во државата се болни баш заради тоа што не се пазат, со истата опрема си пушеле цигари, ваделе маски и јаделе. Се тоа е индивидуална одговорност.
Во секоја болница и лабораторија е момебтално така како што опишуваш..не е дека ГАК поише се пазат од другите . А тоа дека лично доктори не пазат верувам дека е така. Само ипак малце знаеме за вирусот за да баш во ГАК да одиме додека вирее... ама се е индивидуално и зависи има некои се храбри не се плашат и јаки на имунитет пто е најважно.
Абе на памет збориш? Бев во Систина, ми мереа само темп и ракавиците морав да ги извадам незз зошто. Бев во Авицена и Синлаб таму нит темп нит ништо... Не знам од кај ги вадиш информацииве... Тоа ти викам јас во ГАК знаеме дека се изолирани сите потенцијални заболени и заболени ама во другиве болници сите си шетаат слободно. А има многу без симптоми... Докторите си се опуштени и баш и заради тоа сме тука кај што сме. На ГАК до сега нема ниту еден заболен баш заради тоа што се однесуваат како сите да се заболени од корона, а не ноншалантно како по другиве клиники. Не бранам никој, ниту имам некаков интерес ама да се плука по нешто кое не е ни видено е глупаво. Оди до ГАК па ќе правиме муабет....
Девојката праша за сега дали да прај преглед мое мислење беше дека не прават да не забегуваме од тема Ако знаеш дека прават прегледи слободно посочи и за да бисе информирана
@Milkiway & @Butterfly1107 фала ви на двете за одговори ,баш поради вакви спротиставени искуства и мислења не знам што да правам ,мојот матичен е со став како butterfly дека вниманието е големо и дека има посебен влез за заболените. Исто и постапката како што ја опиша ти ми ја опиша и он со тоа што потенцира дека на приватните клиники е поопуштено ...@Butterfly1107 пред колку време беше од прилика твојот преглед? Ќе пробам да се јавам на бројот за откажување што е на упатот друг број немам...
Vo sistina za pregled pred edna nedela nemase guzva,dvajca bez trojca.vcera bese opst haos luge nasekade,eden kup vo cekalnata.a na vlez ti merat temepratura,ti stavaat sredstvo za dezinfekcija na racete,postavuvaat prasanja, zadolzitelno e maska da se nosi inaku ne pustaat da vlezes na pregled,i i do vcera ne pustaa pridruzba,vcera mozese imase i eden kup luge imase se iznenadiv. Doktorite se so maski rakavici,skafanderi i viziri,a drugite se so maski rakavici i i sobrana kosa.
Zdravo na site, dali ima nekoja od Kumanovo so normalna bremenost porodena vo Gak ili Chair zasto kaj nas vo Kumanovo ne raboti ginekologija? Ve molam za iskustva ili nekoja ako ima informacija. Fala.
Во Чаир на врата прашуваат, и од Куманово не пуштаат, ги праќаат на Гак. Јас за Цтг бев, истото сигурно важи и за пораѓање.
Да прашам членки дали има овде некоја од Штип? Или ако знае некоја како е таму во болницата. Моментално сум 34+4 и почнувам да размислувам околу пораѓањето веќе посериозно. Планирав таму да се пораѓам, бидејќи таму има доктори и можам деветти месец таму да живеам и да чекам да ме фатат болки. Во мојот град, и во близина никаде не пораѓаат. Велат дека можело единствено ако е природно и ако е се нормално, но ако не е и ако нешто се искомплицира ќе ме прателе во Струмица.Тоа е малку ризик според мене.. така пробаа стрина ми да ја породат природно и еддвај најдоа екипа и сала за царски пред неколку години. Сега нема и кого да најдат, сите лекари пијаници излегоа, и немам слушнато да имаат породено жена во последниов период од година-две. Да требаше да ја пратат за Струмица немаше да издржи. Не сакам на несигурно да испробуваме вака или онака, па да ме праќаат во Струмица откако ќе се искомплицира... Искрено не сакам во Струмица да ме пратат поради многу лоши искуства кои ги имам слушано. А Скопје ми е далеку и не би ризикувала. Во Скопје немам никој моментално и не би можела таму да останам и да чекам болки да ме фатат. Во Штип си имам празен стан на располагање и првично таму контактирав со доктори и одев на прегледи. Ми рекоа дека болнцата е спремна со се, и со опрема и со доктори, за било каков пораѓај.Сега заради вирусот не знам дали нешто е изменето, и дали примаат трудници. Нема многу заболени гледам 34 се.
Болницата во Штип нема услови, собите се гадни стари чаршави, како од Југославија, медицински третман како секаде во Македонија. И овде има милион негативни случаи. Ако имаш економски услови би ти препорачала да одиш приватно Систина, Ремедика, доколку не пробај во Скопје, Чаир или ГАК.
@Fallen.Angel а што мислиш за Кавадарци, не ти одговара? Имаат добри услови и обавезно имаат секој ден дежурен доктор од Ск
Знам за условите. Не би се жалела искрено. Немам средства за на приватно, а и се работи само за неколку дена во болница, ќе издржам какви и да се условите. Проблемот ми е што во мојот град нема доктори, во Штип барем тоа го има. Таму живеев и одев во болницата знам како е. Малку е гадно признавам, ама ќе издржам. За во Скопје за Чаир и јас би одела, ама дали ќе имам време таму да стигнам? Прва бременост ми е, немам поим што и како ќе биде, да можев некаде во Скопје да останувам немаше да биде проблем ќе отидев и ќе чекав болки да ме фатат. @Alishan30 не знам искрено за Кавадарци, ниту сум била ниту сум слушнала. Во Штип познавам 2-3 добри доктори и баш поради тоа првично таму планирав. Имав одено и на прегледи и добро поминував.
Таму каде што имаш ти доверба и добра интуиција, таму оди си. Различни искуства ќе слушнеш но познаваш и доктори, си била и на прегледи, тогаш нека биде Штип.
Не знам како да ти помогнам, бидејќи поради ситуацијава ништо не функционира нормално. Но, ако познаваш некој доктор контактирај го или па дојди на контрола и информирај се што како. Како и да е само да сте живи и здрави со бебето и се лесно да помине
Ме интересираше само дали пораѓаат и дали работат на гинекологија. Чекам да видам матичниот дали ќе ми понуди некакво алтернативно решение, ако не ќе им се јавувам и ќе видам што ќе ми одговорат. @Alishan30 искрено не знам. За во Штип размислував само поради тоа што имаат доктори и што можам таму да седам додека болки да добијам. Дома ако си седам нема да имам мир знаејќи дека одам во мојот град во болницата и се изложувам на непотребен ризик. Сите избегнуваат и скоро сите од тука се пораѓаат или во Струмица или ако имаат среќа стигнуваат до Чаир.