Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост и породување во време на Корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Филотеа, 21 март 2020.

  1. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    1.639
    Мислам дека работи гинекологија. Матичниот сигурно има информација ама 90% работи.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.052
    Допаѓања:
    118.884
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel а зошто мислиш дека нема да стигнеш до Чаир?
    Мислиш дека толку брзо би бил процесот?
    Еве моја блиска беше во Чаир, во Скопје е таа, прва бременост, 2 прсти отворена со болки, им рекле да се вратат за 2 часа и да одлучат дали сака да остане или не во болница.сепак 2 часа имаш време да стигнеш ако се двоумиш меѓу Штип и Чаир.
     
    На eta, Thallia и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Од сите досегашни искуства кои ги имам слушнато, прворотка најбрзо се породила за 5 часа. Со кола ке стигнеш до Скопје од било каде, без грижи. Немаш потреба да чекаш затоа што тоа чекање може да трае и еден месец. Другарка со пукнат водењак се породи за 5 часа. Друга другарка со провокација за 6 - 7.
    Јас се отварав речиси цел ден. Од други причини завршив на царски, и во право си дека е преголем ризик да те пратат во друг град а раѓањето да е почнато.
    Навистина се мали шансите да се породиш во кола, не се раѓа бебе како на филм.
     
    На eta, Tatijana1993, Thallia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Во Струмица болницата има многу подобри услови отколку во Штип. Мои блиски се презадоволни од таму.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Епа така се плашам. Моја другарка се зафркна. И почнале болките и веднаш во болницата тука отишла, и кажале 2 прста си отворена и право со амбулантно возило во Струмица ја однеле. Тупкаше нозе, сакаше во Чаир, ама и рекле нема шанси да стигне до таму, и во Струмица ужасно поминала.. Мито им барале за да ја земат царски бидејќи нешто се искомплицирало. Еден куп пари дале, со тие пари можеше на приватно..

    @S.W.A.G баш поради ова што погоре го пишав не сакам таму. Многу мито бараат и не било баш идеално. Во една вечер може неколку да ги породат и да не поминат сите исто.

    Не барам врски никаде, секако нема непородена да останам, ама не ми се трпат стресови.

    @Alishan30 точно можеби ќе имам време, ама не е сигурно ништо.. Во Штип знам дека нема да останам сама, имам роднини, блиски пријатели. Во секој момент што и да биде таму ќе можам да средам..
     
    На kukla21, Alishan30, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Сум слушала лоши работи и за Штип и за Струмица ама реално за Гак најмногу. Нема правило, секој пораѓај си е посебна приказна.
    На твое место, со овој избор би одела кај што имам познаници доктор/сестра. Условите и не се толку важни, се издржува 2-3 дена.

    Еве конкретно Чаир што важи за едно од подобрите државни породилишта, жена се породи пред една недела во 3h сабајле и истиот ден ја пуштиле после пладне зашто немало место. Едвај 12 саати била во болница.

    Оди си таму кај што ти се осеќаш посигурно.
     
    На Kate Rina 93, MilaSs12 и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Па така планирав од почеток, ама поради вирусов не знам ич што ќе се прави. Штип се познати по немарноста. Пред неколку месеци пациенти заразија со хепатит поради нестерилни инструменти, не беше тоа на гинекологија ама сега вирусов пак влева доза на страв..
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Како што ти пишале и другите, секој со своето искуство.
    Оди таму каде што имаш врски. И да сакаш во Скопје, ке имаш време. Јас од 2 до 8 прсти се отварав некаде околу 6 часа.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Ме интересира да ве прашам како ви е регулирано отсуството на работа до сега дали ви кратат од плата за тоа што сте ослободени од работа поради бременост и дали ви се одземени одморите ?
     
  10. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Од плата несмеат да кратат ради тоа што има одлука на Влада дека бремените жени се ослободени од работа, делот од одморот за 2019 ни се смета за искористен, додека оној за 2020 си стои... Доколку на некој му кратат од плата или го тераат да вади боледувања или нешто слично ве молам веднаш пријавувајте, такво нешто несмее да се дозволи, зошто тој истиот работодавач што ви го прави тоа може без трошка жал и совест да не ви го продолжи договорот или да ве тера порано да го прекинете породилното или да не ве пушта на боледување и низа други нерегуларности за кои ние константно си молчиме
     
    На elcezelce и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Регулирано е дека може и од нов да ти земе. Мене вкупно 12 дена ми земаат. Па сега некој имал 6 стар некој 10..другото од нов. А остаток од месец на принуден со 70посто мислам така ќе ме држат и до крај на вонредна а после 15.05 претпоставувам ќе почнеме на работа...
     
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    За плата целосна си земав ,одмор секако не ми следува до мај (ново работно место) за понатаму не знам ,ништо не спомнале
     
  13. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Како бе 70% тоа не е во ред, јас би пријавила на твое место. Враќање на работа дури по одлука на Влада... Бремена неможе да те отпушти, искористи...
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Во мојов случај скоро 90%смме на принуден одмор цела фирма не работи а за понатака нр знам ќе ви пишам баш како ќе биде од 01.5 до 15.05 не знам како се законите не би да избрзувам ..на прес конференции едно зборат па после дозволија денови да ми земат ќе останам без одмор а си го планирав а во државно ни ден не им зимаат ама тоа е
     
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    5.520
    Пол:
    Женски
    Земаат и во државно за тие што со мерки се ослободени. Има Уредба со закпнска сила како за приватен, така и за јавен. Останатите кои не подлежат на мерките стариот треба да го искористат до 31 мај. Никој не дава гратис ослободување од работа и цела плата.
     
    На NanaMal му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Другарка што е бремена работи во ЈСП ништо не и е ускратено. Братучедка дома седи со детето бидејќи нема градинки во Мин за Фин ништо не и е ускратено ни одмор ни ништо. Би сакала да чујам ако има некој тука што е државно и му земале стар плус денови од нов. Или бар само стариот одмор..во случаиве околу мене нема
     
  17. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    5.520
    Пол:
    Женски
    Јас знам примери куп но може на тие околу тебе сеуште им немаат изготвено решенија. Може ќе им ги врачат кога сосем ќе завршат мерките. Има Уредба и објавена е во Службен весник. Државните во принцип строго се држат до актите и не отстапуваат.
     
  18. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Се надевам дека ќе е така во спротивно не е фер бидејќи тој одмор би го користела да седам подолго дома со бебето или да одам порано на породилно..не би било фер за едни да важи едно за деуги друго..останува да видиме
     
  19. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    5.520
    Пол:
    Женски
    Апсолутно и не е фер ни кон тие кои не биле ослободени. Претоставувам ќе си добијат решенија откако целосно ќе завршат мерките оти не сите имаат ист број денови одмор. Кај нас многи од поодамна си диаѓаат а сопрузите им седат дома. Ни тие не се исти како тие што се дома цело време. Е сега ало јас се прашувам бремените ептен треба да се заштитени и не може да се поистоветуваат со оние чии деца ги чуваат поради неработа на градинка или школо на пример. Ама тоа е само мое мислење.
     
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Точно така кај нас им дадоа лап топи работеа од дома к се снаоѓаа со децата. Реално гледано не може човек да плаќаш 2 месеци 100% за да седи дома..секако нема избор. Ама ова е ситуација кога економијата е во колапс. Искрено ок ми е нека ми дава и 70% плата можеше државата да покрие дел од нашите плати а не 2 мес да сме на товар на газди. Има фирми што итекако можат да си дозволат да те платат но има фирми и што едвај се крпат а се без вработени. Не е сјајно ама тоа е. Има полошо а тоа е да си без работа ако после кризава затворат многу фирми. Затоа и реков администрација дали се крати крајно нефер беше нивната побуна за минимална плата а голем дел седеа дома 2 3 недели и не ни работат од дома бидејќи не е организирано како приватниот да си работиш од јутро до вече.