Уредбата е објавена во Службен весник број 95 од 08.04.2020 година и се однесува на стариот одмор на вработените во Јавниот сектор.
Претпоставувам ова решение е дадено и за јавен и приватен со цел да не се крати плата, зошто одморот е 100% платен. Ако беше поинаку ќе требаше секако да се скрати од нешто.
Еве и јас сум во државно и стариот одмор 10 дена ми се смета за искористен... На плата не кратат за тие што се ослободени со мерките (бремените и хронично болните, како и оние што се ослободени за чување на дете до 10 години) и не ни смеат ни приватно ни државно... Ако некој ти скратил мораш веднаш да пријавиш
Како што кажав фирмава не работеше сите бевме на принуден проверив по закон уште кога најавија дозволено им е тоа да го направат како што беше со кромберг случајот и со гентерм итн. А за одмор прво 12 дена ни дадоа ја имав 6 стар и 6 ми земаа од нов. А кај вас ако некој имал 6 дена дали му зема и 4 од новиот за 10 работни дена да биде на одмор? Или само стар се користи? Оливер Спасовски имапе кажано дека земање на дел од одмор од 2020г е исто така дозволено како и принудниот
Добро утро мешиња јас бев денес во ГАК за скрининг, се јавив вчера на бројче што го најдов на интернет ми рекоа да си одам во договорениот термин, си носев маска и ракавици. На врата пречекува опремен персонал првин прашуваат од каде сте ( тие од Куманово ги праќаат на посебен влез) мерат температура ,дезинфицираат раце и те упатуваат за каде си на столчињата во чекална седнувате на преку едно. Од прегледот не сум задоволна. Ја чекав докторката 20 минути кога дојде набрзинка зема мерки кажа дека се е во ред и толку. Бидејќи уште не знам пол ја прашав одговор беше пааа јас мислам дека е женско не е наместено да се види убаво, како на гатач да бев . Избриши се и чао.
ЕДИТ/НЕ МОЖАМ ДА РЕДАКТИРАМ ВО ПОГОРНАТА ПОРАКА: Eве некои совети за тие што не ја гледаа емисијата (според еден доктор специјалист од Систина, инаку ова веќе мислам дека ни е познато): -бремените жени да не се плашат премногу од вирусот бидејќи не се поподложни на него за разлика од друга жена која не е бремена -многу заболени можи немаат никакви симптоми или ќе си поминат како сосема обична настинка, воошто да не паничат бидејќи нема никаква причина за тоа -да не се прескокнуваат прегледите, тие се поважни од самиот вирус, да се оди на преглед секако со маска, нараквици.... -вирусот не се пренесува преку млекото, нема докази....ако мајката го има вирусот може да го дои детето но со маска, или пак да се измолзува во шише па некој од домашните да му го дава -бремените да не се затвораат само дома, да прошетаат кога имаат прилика на воздух, се разбира носејќи соодветна заштитна опрема кога треба -да не се собираат во многу големи групи но и да не се изолираат целосно од социјалната средина, бидејќи психички подобро реагира трудница која не се изолирала отколку таа која само седи дома и мисли негативно -вирусот не е толку страшен со оглед на тоа што младата популација има поголем имунитет (тој спомна со тоа и бремените се релаитвно млада група), - докторот спомна дека не е во ред на сите вести одма што се кажува на пример 50 заразени, 1 починат-вели, тоа е многу мала бројка на починати и не смее да се крева толкава паника -статистички, 30% заболени биле жени а 70% мажи- па се насмеа со самото тоа жените до некаде биле заштитени, а со тоа и бремените... -во систина им правеле тест, ако трудницата пред пораѓај е позитивна ја испраќале во друга болница каде што им било наложено од министерството, а ако не (досега немало таква кај нив) си се породувале во Систина -понекогаш докторите избрзувале ако пациентката е позитивна па брзале предвреме да ја породат, но не морало да се прави тоа така, ама дека е нов вирус па немаат доволно искуство самите доктори се плашат ... Баш беше искулиран докторов и гледал секогаш да им влијае позитивно на пациентките...Вонглавно, ова го кажуваше (плус/минус нешто ама цело време беше со ставот дека бремените немаат потреба да креваат посебна паника и дека треба да се однесуваат нормално).
Мешиња што мислите? Дали после 15 мај ќе се среди ситуацијата со вирусот? Мое мислење е дека ако продолжи вака колку толку работите ќе се вратат во нормала. Да може на раат да одиме на ЦТГ, да се породиме. Кои се вашите размислувања на оваа тема?
Јас сакам да се средат рестрикциите после 15ти мај. Сакам да верувам во ова. И доколку има ризик, сами да внимаваме со дистанца физичка и со маски. Сакам да шетаме на убавото време, контролите и скрининзите редовно да ги обавуваме, да бидеме поопуштени
Имаат право по ЗРО да те исплаќаат 50% ако користиш од мерките т.е. дома си, а не работиш. Работа од дома е друго.
Да, но во овој случај имаш уредба со законска сила од страна на Влада дека бремените жени, хронично болните и родителите на деца до 10годони се ословодени од работа поради заштита од ширење на вирусот... Доколку некој од другите вработени кои не спаѓаат во оваа категорија не работи поради вонредната состојба се применува одредбата од член 112 од ЗРО.
Здраво..мене ме интересира како ги правите испитувањата брисеви, лабораторија. Мене матичниот ми вика дека државните не работат мора се на приватно.Сега за брисеви треба да платам 2800 ден.
Минатата недела испитав кај матичниот, од 4 бриса за 1 само немаше реагенс во болницата и тој го платив на приватно. Другите во болница ги однесив
Како се пресметуваат платите на бремените што не се на работа? Прегеска ми јавија дека потврдата не ми важи
Мене ми стигна решение дека сум 3 месеџи на принуден со 70% од плата со тоа што во секој момент може да го прекинат и да ме вратат на работа ако се наложи ткаа. Станува збор за фабрика во Илинден верувам дека ги прочешлале законите немаат начин како да работат и одат на тоа дека вака сите работни места ќе бидат задржани..малце ми е криво што просекот ми го намалија за породилно има некоја друга вака добиено? Или сите земате цели плати?