Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост и породување во време на Корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Филотеа, 21 март 2020.

  1. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Зема ли некоја од вас што ги користи мерките цела плата ? Мене ми беше кажано дека законски смееле да ни исплатат 50% од дневницата ,тоа по некоја логика доаѓа 50%помала плата ,сметам дека воопшто не е фер ова да ни го прават ама кај што има сила нема правдина нажалост.Ме интересира дали може да исплатат под минималец плата според пресметките 50% дневница?
    @Chuchanov немој да бидеш будала да ги враќаш ти си ги имаш одработено тие пари .
     
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Ја сум на принудем со 70% плата. Мислам 50% не можат да те исплатст освен ако не те пријавиле на пола работно време да провериш тоа едино
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Јас зимам цела плата
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Може. Проверено со трудова.
    Прво котистиш одмор, кога ќе се исцрпи тоа следи член 112 од ЗРО и идеш на 50%.
     
    На fana, elcezelce и Chuchanov им се допаѓа ова.
  5. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Па мене ме чуди не зедов цела плата, 70% е како да сум била на боледување а сега оваа како ќе ми биде незнам дали со 50%.а придонесите мораат на цела да ги поминат
     
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно следново само ,за исплаќањето на трудничко после ,нели трудничкото е збир просек за 12 месеци ,јас дур отворам трудничко имам да земам плата за април и за мај намалена во случајов знаеш ли како ќе се пресмета тоа ?
     
    На Chuchanov му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    А зошто да ги вратиш? Ослободена си со одлука од Влада, не седиш дома по своја волја, не ти ја разбирам логиката за враќањето
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Може и на принуден да те водат, ако сакаат и да земеш 70%.
    Исплатата од фзо ќе биде 100% на основицата. Тебе само те исплаќаат помалку согласно вонредната состојба. Исто како боледувањето. Те плаќаат 70% од основицата, ама исплатата на породилно е 100% од основицата.
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Е фала ти многу тоа ме интересираше мене најмногу .
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Здраво
    Ви јавуваат ли нешто работодавците ќе ве враќаат ли на работа после вонреднава? Мислам дека од 01.06 завршува ако не се лажам?
    Моиве работодавци само решение по пошта за принуден ни пуштија нит да ми каже некој нешто ниту ништо не сакам да ме изненадат со од утре почнуваш (facepalm)
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А како треба да најават?!
    Ќе нема вонредна, се укинуваат мерки и ќе си одиш на работа. Кој му најави на работодавецот денови/месеци однапред за да се спреми дека ќе има работници дома кои ќе треба да ги плаќа?

    @Dana31 @MilaSs12
    Ако не оди бизнисот еве по тебе што треба да прави добар газда?!
     
    На Dana31 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Во ред јас прашав дали сите што се дома ќе одат на 01.06 на работа сабајлето. Не знам зошто се напна на работодавецот му најави владата кога кажаа дека седиме дома уште немаше вонредна прогласено затоа и прашав . Ако некоја знае за сигурно и и кажале нека пише мојот работодавец не знае да ми каже дали ќе почнам или ќе ме оставел на принуден цело лето
     
  13. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Кај се проверува дали платата ти е намалена или не? Незнам дали сум исплатена помалку или ми ја намалиле платата?
     
  14. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Општо зборувам, дека ниту еден газда во тој случај нема да мисли на ниту еден работник ма колку и да бил добар туку ќе стави клуч на врата... Нема да мисли дали работникот има или мало дете, рата од кредит и живот да живее... Не е конкретно твојот случај @Dana31, супер што ја имаш работата што ја имаш и уште подобро ако ја имаш сигурноста како што велиш, но многу се ретки тие што ја имаат таа сигурност и стабилност за платата и за работното место. Инаку за работењето и вработувањето во државно што го имаше спомнато, јас работам во државна институција,си аплицирав фино на оглас, си полагав испит, си бев на интервју, ми стигна известување дека сум избрана... нит имам партиска книшка, ниту пак сум излегла некогаш на гласање, или што и да е друго од тоа што го наброја, и секогаш сум била критички настроена кин кои и да било политичари и влади... А и никој досега ми нема речено мораш да гласаш...Си работам си го соработувам и тоа како лебот... Има разлика од приватниот сектор, особено на последното место кај шо работев, особе о во односот ама далеку од тоа дека не се работи... Така да и не е баш секој кој работи во државно вработен со партиска лнишка
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Општо кажи, ти ако имаш свој бизнис и не оди, што ќе им правиш на вработените?
     
  16. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Значи пишав погоре НИТУ ЕДЕН ГАЗДА НЕМА ДА МИСЛИ НА РАБОТНИКОТ МА КОЛКУ И ДА БИЛ ДОБАР! Што е нормално, газдата нема да ја продаде јахтата или станот за да не му ја намали платата на вработениот, тоа е ГАЗДА, секоја чест на исклучоците доколку некој имал среќа да ги запознае...
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ете ти да си, тоа ќе го направиш? Ќе продаваш стан и јахта?
     
  18. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Значи вака, не сум и незнам како ви постапила... Муабетот отиде скрос во друг контекст, сакам само да објаснам и да потенцирам дека работодавачот никогаш нема да се жртвува за тебе и да прифати помали месечни примања за себе само за да не му наштети на работникот, за разлика од тоа работникот сакал нејќел мора, ради тоа што може да остане без работа... Разговарај со некој вработен во Тинекс, Кам, Веро, бутиците во City Mall или уште подобро разговарај со работничка од конфекција па ќе ти станат нештата многу појасни!
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.662
    Допаѓања:
    18.298
    Пол:
    Женски
    Не мора да е конфекција. Секаде, ама баш секаде газдата е во дебел плус. Значи не ти дава он 500 ако нема барем дупло корист. Не мора да пропадне бизнисот, и да се намали обемот на работа, нема да се мисли дали да намали плата или да те отпушти.
    Вечна болка се вработените на државно.
    Јас не сум вработена.
     
    На NanaMal му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Каква најава имаа работодавачите?! На 11 носат одлука од утре градинки затвораат, бремени дома, родители на деца до 10 год дома.
    Така и сега ќе биде.
    Е па пробај да се ставиш на другата страна. И не може ниту еден газда да не трпи во ситуацијава, а нормално е да се превземат мерки за да бизнисот опстои после овие 2-3 месеци. Подобро 2 месеца да земам помала плата, а после да имам каде да се вратам. Подобро сите да земаат 70%, него дел 100%.