Мене искрено не ме интересира каква најава имаа време многу да се спремат. Работодавачите требаше да се спремаат од кога се дозна за короната а тоа е декември илк нас ни беше тоа далеку нас не не фаќа? Значи по мене работодавачот не треба само пари да брои треба да гледа и да го зачува здравјето на вработените Safety First! Дали било на 11ти ики порано се донело кога треба и треба да се следи ситуацијата... Најјако ми е дека и во лето на пкус 40 им викаат ослободете хи трудните и хроничните а нив не им чуе. Епа не е секој за газда значи не е изговор му кажале од вчера за денес. Морал да следи и да се грижи за здравјето на вработените и со време да ги преземе мерките а не од 11.03 туку од јануари кај нас се делеа маски и средства за дезинфекција и се укинуваа посети од странство. Искрено ми звучиш како ти или твој близок да има фирма и затоа браниш и тоа е супер. Убаво е 2 мислења да се чујат но не мораш да се расправаш со секој. Искрено што и да пишам мј звучи како да ме напаѓаш може грешам но јас немам некоја лоша намера
Значи вака, имам блиски и познати кои го имаат осетено идиотизмот на газдите... Има луѓе кои ги оставија скрос дома без денар, има луѓе на кој им ја пуштаат платата а тие ја враќаат, зошто нели не заслужиле ни минималец на години лојално работење, газдите на маркетите се преполни ја со пари во ситуацијата а денар не им покачија плата на вработените, конфекциитен и фабриките со полн капацитет работат исто плата минималец, кафулињата се преполни а со пари, од едно кафе вадеа 200%приход а вработените пријавени на минималец и на скратено работно време... А сега без да им трепне око напуштија еден куп вработени, пази не ги задржаа ни на 70 ни на минималец,затоа што немаат ќар од 200% на кафе... И да вработените во кафулиња земаат бонуси, ама просекот за било што ти е минималец... Никогаш нема да се согласам со тебе... Затоа и никогаш нема да бидам газда, затоа што сум праведна и сакам секогаш се да е коректно...
Потполно си во право приватен газда не жали, исто се прави како фа не чул што се зборува на телевизор, мене душата ми ја извадија болување да сум извадила давале и искрени неможев со нив да се расправам.
По истата логика, следи и ти ситуација кога треба да се вратиш на работа. Боже. Тотално сум изненадена од односот на работниците во ситуацијава! Секогаш ме викале синдикалец затоа што сум се бунела на неправди на раб.место. Чим јас сум "сменила страна", значи се претерало. Мн добро знам какви мерки на заштита се превземаат во сериозни компании. Знам и колку чини. За здравје нема компромис! На жал, мн фирми имплементираа заштитни мерки ко да се рече, затоа што мора! И тоа не е во ред.
Работам во сектор многу погоден од пандемијава. Не одам на работа од март, платата ми е целосно исплатена, дури и непријатно ми е. Сакам да кажам, не се сите приватни газди исти!
Многу е лесно да правите сметки во туѓ џеб(типично македонската). Сите не можат да бидат газди затоа што немаат храброст,идеја и пари. Кога толку добро знаете колкава е маржата на тие што имаат кафулиња зошто ти не си отвориш едно? Ке бидеш полна со пари! А дали знаеш колкави се кириите на тие локали? Кој ги праша нив за сите кредити што ги земаат за фирмите? Се знае дека јас мора да му заработам дупло,тродупло. Да не ме чува на работа затоа што сум си ја искарала својата плата? Која земја во светот беше спремна за коронава??? Па како сега нашите газди не се спремале... НИКОЈ!
Дали некој знае што ќе се случува од 01.06. со бремените? Гледам дека бројот на нови случаи на заболени не е баш така мал.... Министерот во оние брошурите за бремени што ги беше објавил пишува дека бремените жени во поодмината бременост т.е. од 24 г.н. натаму се со зголемен ризик. А има работни места кај кои колку и да сакаш да се заштитиш малку потешко би одело...
Се убаво збориш, сите вработени треба да се грижат за газдите нели? Дали имале пари за кирија дали имале пари за големи убави коли, дализел кредит како ќе го исплаќа,дали мислиш дека тој таков газда и во нормални услови доколку имаш некој здравствен проблем потреба од боледување ќе те толерира и ке си рече хмм чекај овој вработен многу придонесуваше, се трудеше на работа за ништо не се жалеше, или пак нема да има разбираее ќе бара да си на работа, ако не може да го загубиш работното место? За жал во нашата држава газда кој вистински го цени работникот многу ретко се наоѓа.... И да не се лажеме никој не сака да го ризикува сопственото здравје , а уште помалку кога знаеш дека од твоето здравје зависи животот на нешто многу побитно од тебе..
Живееме во таква држава каде што ништо не се почитува од страна на газдите.патолошка сега не се издава а греота е на толкава бројка да се оди на работа бремените сме ептен ризична група.. . Јас работам во ептен ризичен сектор со транспорт и логистика контакт секој ден со шофери, банки шпедитери и други лица, среќа сум во 9ти месец не треба да се враќам али за овие 2 месеци жолчката ми ја извадија
Потполно те разбирам, затоа реков има многу раб.места каде што колку и да дакаш и да пробуваш ризикот е голем , јас сум во здравдтвото каде што секојдневно даѓаат пациенти,никогаш неможеш да знаеш кој е позитивен кој не.... јас сум 7ми месец имам уште до крајот. Се надевам дека кога веќе сме препознаени како група со зголемен ризик ќе бидеме заштитени до крај...
Го гледав Венко на алсатМ чекав да му постават прашање за нас, цела емисија не му поставија. Ама и цело интервју еднонасочно; едно го прашуваат друго си одговара. Како пред огледало да вежбал. Немам што речи...
Eve sto objavil ministerot sega, za bremenite nikade ne se spomnuva nisto... Najverojatno na rabota ke si odime .....
Да бе.. не се нормални жими се..искрено сега ми е криво што седев дома толку време 3 месеци ни кај мојте не отидов. Нека им одат хронично болните и родителите на гласање
Mene samo me interesira kako e vozmozno povozrasni lugje so hronicni bolesti da se pobitni od nerodenite koi treba da go zgolemuvaat natalitetot i neli vo niv ja gledaat idninata..... Ne znam sto razmisluvaat i i so koj pamet...