Девојки, дали сте реални со барањава?! Истово го мислам и за оние кои бараат продолжување на породилно. 1. Не сте болни. Бремени сте! Ризикот да се заразиме е ист како и кај секој. Самата бременост не носи поголем ризик да заболиме. Повеќе пазење и тоа е. И да се продолжат мерките, до кога ќе е, уште еден месец. Нешто ќе се смени еден месец? Нема. Пак ќе има болни, пак ќе има корона, ама на работа ќе се оди. Треба да пробаме да се вратиме во нормала. Ако не сметате дека треба да одите на работа, има опција боледување. 2. За другиве, породилно што бараат да се продолжи. Ако децата не им биле запишани во градинка до пред кризата, а породилно завршувало март/април/мај значи дека немале намера воопшто дете да праќаат во градинка. Отворете ја темата за деца и градинки и видете колку време однапред се запишуваат деца во градинка. Само да е искористи нешто. Бев и јас во лабораторија во 8ми Септември. На влез ти мерат тт, изјава потпишуваш и демек „горе“ ќе ја дадеш изјавата. „горе“ викаат не им треба. Ене ја, дома ми е. А на неа пишува демек одговарам кривично, материјално и не знам ти како за дадените одговори. Истите ти што ги кажуваш. Направиле процедура, испечатиле листови, колку да се рече. Така е. На оваа тема пишуваме за корона и бременост/породување. Не во труднички
Во ред јасно ми е одамна дека не си согласна бремените да се ослободуваат. Јас сум лежела на инфективно и не би сакала трудна да лежам а сигурно ни оние што се намачиле да останат бремени. Коронава е нешто неиспитано и ново за цело општество..додека не се намали бројката како во други земји јас лично не би сакала да се вратам на работа. Не знам ти која недела си бремена..ја сум 20та и ни под разно не сакам да ризикувам а ако беше така тогаш што воопшто не ослободуваа. Реално секој работи различно замисли општ матичен да си или сестра и сега да ти речат врати се ..мене не би ми било сеедно. Да се согласиме дека не се согласуваме на темава
зошто тогаш во брошурите од министерот стои дека сме поризична група ??? Имало зголемени шанси за компликации?? И друго зошто хроничните би биле ослободени тие се најголем број повозрасни личности кои голем дел од животот го проживеале, дали сметаш дека нашите неродени деца треба да го имаат тоа право? Трето оние кои барсат да се продолжи породилното отсуство голем дел има што плаќале место да имс е чува во градинките и дега од таму не сакаат потврда да им издадат , а оние на кои сега учебната година им завршува дали родителите на тие деца во нормални услови би седеле дома да ги чуваат? Те молам појасни ми
Па ти велам, ако не сакаш да се вратиш на работа, имаш опција боледување. Не се согласуваме, затоа што си гледаш само својата страна, а не ја гледаш големата слика. Јас сум 23та недела бтв. Многу прашања имаш. Чекај со ред. 1. Хронично болните се веќе болни! Ние не сме. Ние сме бремени. 2. Не знам за каква брошура зборуваш - ама според пишаното не си поризична да заболиш. 3. За вакво нешто не сум чула. Кај нас на сите дадоа потврда. Не постои такво плаќање за место чување. 521 денар се плаќа за месец кога дете е запишано во градинка, а истата не ја посетува. На сите овие потврди им се дадоа. 4. За оние на кои учебна им завршува, кој ќе ги чуваше ако немаше корона? Интересен народ сме, нема што.
Во ред ама не барам се да се согласиш со мене . Моментално во групава дискутираме за тие што сакаме да ни се продолжи отсуството сега ти пак дебатираш со мене за нешто што зборевме пред неколку дена и членките нема да може да го прочитаат тоа што треба. Те молам отстапи јас го прифаќам твоето мислење но не се согласувам. Нека ни ги покрие државата платите и придонесите и нека не остават дома. Има начими и решенија а и на многу фирми им помогнаа периодов..бтв другарка во јавна админ со термин во август и рекле не се замарај да се враќаш на работа... изгледа за некои важи за некои не
Vo red si imas svoe mislenje, se nadevam nema da se razbolis i se ke ti bide vo najdobar red do krajot na bremenosta. Btw neznam od koj grad si ama vo nashiot taka funkcionira za zapisuvanje vo gradinka bidejki nikade nemaat mesto i bez vrski nisto ne pravis ... Pozdrav
Ве молам за не излеземе од тема. Разговараме за тие што сме сложни и сакаме да ни се продолжи отсуството. Тие што сте против можете без проблем да почнере со работа имаше членка пишано во аптека работи и почната е мислам од прошла недела. Има за сите решение. Тие што сакаат да останат дома се плашат и не се сигурни ве молам приклучете се на конверзација за да побараме и за нас некои правила макар скратено работно време слободни денови и слично.
Кај го има тоа да ти плаќаат, а дома да седиш?! Зошто тебе да ти плаќаат, а колешката да работи за тебе и да иде на работа (изложена на ризик)? Има фирми кои се повеќе свесни. Еве и јас работам од дома. Сите работиме од дома. Тие кои можат додуше. Тие што мора, одат на работа. Имаат маски, визири, се дезинфицира еднаш неделно, има еден куп средства за дезинфекција на секој ќош, засилено дневно чистење. Има пропишано мерки. Ако твојата фирма нема превземено заштитни мерки, ќе се јавиш и ќе пријавиш, а не тоа да го користиш како алиби дома да седиш. @Среќичка работам од дома. Кога треба одам на работа - не можам се од дома. Ако се укине работа од дома, ќе одам, немам проблем со тоа.
Како кај го има па кај нас плата ни дава државата за април мај јуни на сите вработени и јас немам проблем од дома да работам секако . Те молам пиши кај да се јавам дека вртев во трудова не можан да добијам од 22 дена одмор останав на ич. Ми земаа 10 стар и 6 нов ајде во ред и сега до крај не ме следувало ништо до октомври пошто сум веќе се искористиле деновите
Okay, исто и јас. И до крајот така ќе работам. Но, би ги поддржала жените погоре бидејќи и јас сум од тие плашливите. Иако и другарка моја требаше да се врати на работа но отвори боледување. Но, и ти си во право. Јас седам дома, мажот ми оди на работа. Значи секако не можеме да сме 100% заштитени.
Да имаше работно место на кое ќе имаш контакт со купувачи, пациенти, и слично немаше вака да размислуваш , да можеме сите би работеле од дома но за жал
@kukla21 се согласувам потполно со тебе. На пример мене ме фати мерка за продолжено породилно иако немав ни намера детево да ми оди во градинка, а и на сите мајки што не го запишале (подале документи) има кој да им го чува и доволно искористивме и повеќе од доволно е. Тоа групата мајки на трудничко е како жени на сред чешма да си прават муабет коса ми се крева. Прво не знаат што сакаат 12 месеци поридилно бараат бе... Инаку ова можеше многу лесно да се регулира, на мајките што поднеле документи и што децата стварно им одат во градинки да им дадат ослободување. Инаку најгласни се оние мајки кои се осигураа фиктивно во фирма само за да земаат породилно. Нив не им зависи работно место и никој не ги чека. Ние имаме само бебиња тие што не ги фати меркава за неколку дена нивните не се бебиња. Кај нас една/пола година порано се пријавуваш ако сакаш детето да го пратиш во градинка. Значи децата не ни планирале да ги запишат. Тогаш кој ќе ги чувал? Исто и на децата до 10години кои одат на школо после 10.ти Јуни треба да им се укине седењето дома. Во нормални услови како ќе ги згрижеле децата секако ги распуштаа тогаш. Македонче...
Со правилна заштита зошто да не се вратите? Јас со првата бременост одев а имаше епидемија на морбили. Ништо поразлично. Внимавав колку што можев. Сега сум на патолошка заради дијагноза,но да не бев јас ке се вратев на работа. А демек ако мажите ви се во контакт со странки дома да не не е возможно да ја донесат короната... Незнам како државава ке ви плати... тешко работодавецот. А и ке смените средина. Ако имате медицински оправдувања да не се вратите тоа е оправдано,но само заради бременост не ми е логично да не одите на работа.
Како не се јавуваат. Кај нас имаше не знам колку пати контрола. Тоа за одморот, мислам ти кажав еднаш, законски е така. Во уредбата пишува дека тие кои користат мерки, треба стар одмор да искористат до 31.05, а нов до 30.06. Препорака на трудова е прво да се земе одмор, па после да се оди на помала исплата 50-70%, зависи од фирмата. Немам причина да те лажам. @Среќичка има и такви, не велам не, ама од моето искуство најголем дел гледаат да искористат. Одат по маркети, шетаат, еве и феминката погоре кажа шетала во парк, ама за на работа страв и е. Ко што вика @ocicka2014 не планирале дете да иде во градинка, ама сега гласни се бунат. Кај мене во фирма имаме ептен коректен однос и кон мерки и кон тоа никој да не е оштетен. Кога требаше да се седи дома, а 100% плата да земаат сите не можеа да се снајдат за деца и сл. Кога излезе дека ќе им се плаќа помалку, оп сите се снајдоа. Фала богу, има некои кои викаат тоа е тоа. Немам кој да ми гледа дете и ако сакате ништо не ми плаќајте, немам што да правам.
Многу од тие "ослободените од работа" работиме од дома и притоа и одмор ни се крати. Јас сметам дека сме поризична група и поподложни на секакви болести и треба да бидеме заштитени некако. Не е наша вина што има светска пандемија, затоа сметам дека не е во ред да бидеме прикажани како неработници и дека сакаме да "искористуваме". Се што сакаме е да донесеме на свет здрави и живи деца кои ќе имаат и жива мајка. А за боледување не е тоа туку така како ќе и текне на трудницата. И уште нешто, таа колешката кога имала потреба и нејзината работа некој ја вршел