Совет од мене најискрено - пуштете музика и удри бригу на весеље, поубаво движење од играњето нема! и плус се полни човек со позитивна енергија! јас моментално сум со музика и џускам
Не знам дали слушнавте дека породилното ќе си остане исто, нема да се намалува. Исто, можете слободно да си идете кај матичните треба да ве примаат, им испратиле правилник за постапување во епидемијава. Значи, прегледи, брисевите и сл. си продолжуваат најнормално. Секако заштитете се.
Ќе кажат на следниот прес, тогаш ќе известат за одлуките од Седницата денес доколку се донеле нови поригорозни мерки за одредени групи граѓани.
Те читам, и исто како јас да сум напишала. Целосно те разбирам и јас ги имам истите стравови. Си правам милион сценарија. Свесно се трудам да бидам ок, да не ги мислам, ама читајќи и слушајќи за ситуацијава, ми доаѓа да крахирам. Во себе се откажав од сите радости околу купувањето на работи за бебуш, средување на собата и сл. Па планиравме и да одиме на подготовки за грижа на новороденче и доење. Ништо нема, се е откажано. Како што викаш, целосно неспремни ќе бидеме, плус со милион стравови. Еве денес некако се обидов да си рационализирам се, и да се навратам на тоа што ми е важно, а тоа е новиот живот во мене. И баш денес силно си клоца бебуш, и станав свесна дека и тоа сака да му се радувам и да не мислам на глупавава корона... Силни сме, носиме нов живот во нас! Да не дозволиме стравовите да ни ја одземат радоста. Се ќе биде во ред на крај, верувам.
Девојки јас сум во многу рана бременост, денес влегувам во 6та недела. Минатата недела имав крварење и сум строго на мирување, инекции прогестерон депо и Дабростон 3х1. Наредната недела сум на преглед за срцева акција. Секако не одам на работа поради вирусов (баш дента кога дознав дека сум бремена, ги воведоа мерките и веднаш кажав) Е сега, не знам до кога ќе трае оваа моја состојба да треба строго да мирувам, па се мислам дали да извадам боледување?
Zdravo zenski!I mene me interesira dali merkata na vladata trudnici da bidat oslobodeni od rabota se prodolzuva i posle 24-ti mart,se dodeka trae vonrednata sostojba?Bas prebaruvav na stranata na ministerstvoto za zdravstvo ,no ne uspeav da najdam nisto za ova,imate li nekoja informacija?
@Jana06 ти пиша мила нешто за ослободување под некоја шифра од матичен до завршување на короната? Као боледување? И дали мислиш се плаќа тоа од државата како породилно и патолошка?
Во врска со обуките, јас сум презадоволна, но веќе отидов спремна од јутуб. Нега на новороденче од доктор од Систина ја има на телма 0м+ како и сите емисии. Ти препорачувам да ги гледаш, имаш буквално се'. Од нега, доење, ортопеди педијатри... јас цела бременост изгледав две години наназад емисии од сите теми. Навистина поим немав ништо, а се породив филмски, без проблеми со доење, бањање, дома скроз сами и без мешање. Ми беше најубав период во животот. Уште ми е. Нема да сте неспремни, уживајте домче во емисиите, и одмарајте. Не мислете на ова ви следат убави работи. Знам дека е тешко да кажеш, без паника, ама навистина, без паника.
Да, колега на татко ми така се ослободи од работа додека трае пандемијата. Доктор да ти отвори боледување со дијагноза хронична болест. Е сега, ептен треба докторот да има разбирање и да ти излезе во пресрет. Мада кажа и министерот одамна да се ослободуваат трудниците. Колку што памтам боледување се плаќа 70%.
Господ да ве чува сите трудници. Сите да си се олесните без проблем. Но верувајте откако ќе се породите загриженоста ќе ви биде уште поголема. Моето има 2 ипол месеци, еве и сега не можам да спијам од грижи што ќе биде со ситуацијава. Ме има фатено некоја паника. Поголемото има 4 год. Пред малку почна да вика ме боли мешето и поврати. Децата се најубавата и најстресната работа во животот. Да ни се живи и здрави само тоа е најбитно.
јас мислам дека сме ослободени со тоа што сме трудни, со потврда од гинеколог за бременост нема потреба од боледување.зашто да ти кратат од плата?
Гинеколог само стандард патолошка. Значи 15 дена од нив, па од специјалист, па конзилијарно... Тоа ми е зезанција у боја... А матичнава или не знае или не сака да ми излезе у пресрет...