Секако за тоа знам но мене законски ме оставија без одморот следно во окт породилно да сум си отворела или боловање..па ова ако е фер ок . Јас законски имам 22 дена ама само на хартија
Ако работиш од дома е едно, а ако не работиш и чекаш плата не е баш исто. Ај ќе разберам да сте во изолација без никакви контакти, па да сте под стаклено ѕвоно, ама... Пријави во трудова. Ќе има контрола во фирмата. 100%!
Пријави неправилности и непочитување на мерките за заштита од Корона вирусот донесени од Владата на poplaki@dit.gov.mk 3296 – 310 и 3116 -110
Се измешаа многу коментари девојки уште ова го пишувам и веќе не коментирам тука дека не ми се напнува лошо е во бременост ..Мене па сега комшика ме сретна ми рече какво одење спаѓате во иста група со хроничните маж и е лекар во Чаир. Вика не кажале убаво и јасно ама се подразбирало и ај сеа.. ќе ве читам и понатака во оваа тема
Неможеш да генерализираш еве јас сум во максимална изолација. Во продавница не сум била, со никој не се гледам дури ни со родители.само повремено одам надвор и бирам каде кај што нема никој зошто не е добро и сонце да не те види со месеци. Ве молам не генерализирајте, ниту работодавци ниту работници. Факт е дека ова е пандемија, а ние сме во посебна состојба сега.
Претходно дс бевме, ама сега на толку коментари под постовите на министерот и владата зошто некој не излезе да каже јасно и конкретно што како, или што значеше тоа инфивидуално ќр се прпценувало дали трудницста дс оди на работа или нр кој ќе ја прави таа процена и по кои критериуми
За коментарите погоре: - Доколку некоја трудница смета дека нема ризик и сака да се врати на работа бујрум, никој нема да ја врати. Но притоа, не коментирајте за другите затоа што никоја од вас не знае како некоја стигнала до бременост, што се прошла и дали може да извади патолошка бременост. - За тие што мислат дека ние претеруваме и дека бараме преку леб погача - јас сум доктор во 8ми Септември и никој од вас не ја знае состојбата таму како јас. Во превод може одите до лабораторија, ама не заборавајте дека сите оддели се полни со тешки болни кои се ковид суспектни или позитивни. Ако мислите дека трудница може да издржи во скафандер, везир, маска и ракавици (притоа ако не сте облекле не знаете што се дешава под истиот) 8 саати, затоа што нашата популација 80% смета дека корона нема и се е измислица, нека повели еден ден да ја прошетам во униформа па да коментираме. Не е исто работа од канцеларија, работа од дома и работа на вакви места. А да не зборам дека пациентите лажираат при давање податоци, и колку се инфицираа на тој начин. Ако јас го чувам моето неродено дете како зеница во око и искашам да попешачам на дистанца од сите, не значи дека некој друг ќе ме заштити и му е гајле за мене (општо за трудници). Така да, последно што сакам е да се расправам и трошам време тука за вакви објаснувања, едноставно ако не се сложувате не коментирајте и прајте што мислите дека е најдобро и најпаметно за вас. Поздрав.
Јас не сум вработена и ги немам овие проблеми. Ама и кога би била вработена ако морав ќе одев на работа, сепак овде сите за жал зависиме од платите колку и да се мали, какви и да се условите.. Моментално студирам и наставата е онлајн, ама ако речат физичко присуство дека треба за испити ќе отидам. Од тие испити ми зависи стипендијата, ми зависи и семејната пензија која ја земам, а и не сакам да заостанам и да заглавам. Колку побрзо завршам со студии, толку подобро. Да не ме сфатите погрешно, и јас мислам дека е опасно за трудниците да работат изложени на ризик од зараза, ама реално тие што не одат на работа не седат ни дома. Кога излегов до маркет видов неколку трудници. Си шетаат насекаде, и мислам дека и така се изложуваат на ризик, не е само одењето на работа. За оние кои работат изложени на голем ризик, и јас би се бунела и би барала начин дома да седам. Бременоста и така е тешка, па уште и да се тресам да не се заразам. Ако веќе мерките не ги опфаќаат трудниците, и јас би вадела боледувања и би барала патолошка, па ако треба и породилното порано би го отворила ако нема друг начин.
Никој ништо не искористува. Јас сум работела три години во фирма каде што се вработувале жени останале трудни за еден месец па патолошка, породилно и чао пријатно на крај. Не ми е мило да седам дома и да земам плата а фирмата да ме исплаќа. Ама за моето здравје и здравјето на бебето кое го дочекав после спонтан се ќе направам и секако ќе се борам. Ако неможе ништо на крај отказ ќе дадам. Ама неможе никој да ми каже дека не сум лојален работник кој ја заслужил нивната минимална плата и грижа во овие тешки времиња. Или на сите им чинеше кога правев 400.000 на каса без пауза во една смена а сега не им чинам. Имам допринос и Како вработен и Како граѓанин и граѓанско право ми е да имам здрава и безбедна бременост на работно место. Со овој вирус никој не гарантира 100% заштита. Фирмата ли ќе ми даде резерва бебе ако го изгубам ова поради корона?
Па не е фирмата. Министерство за здравство (стручни доктори) викаат дека може да се оди на работа. Ризикот поминал. Ние постручни од нив?
Кога ќе имаат лице да кажат јавно на една од нивните прес конференции "Да и бремените жени може сосема безбедно да се вратат на работа." А не ние сите тука да нагаѓаме дали сме спомнати не сме спомнати по вести, интервјуа, твитер и фб; веќе два дена. Ќе си станам и ќе си го бркам чарето како сите останати. Воопшто не ми беше намера да седам дома сакав да уживам и да се шетам и да работам нормално. Многу ми фали таа атмосфера, колешките работата па дури и купувачите. Најискрено сакам да слушнам дека имаме безбедност на работа сите кои работиме со луѓе за да се вратам назад. Полудев два месеци дома. Како среќа да можев да работам од дома барем ќе го пополнев времето. Живееме во нови услови дај боже сите да најдеме безбедност и подршка.
А зошто да се нагаѓа?! Па пишал Филипче кој не треба да оди на работа. Хронично болните и тие со деца до 10 години дур не отворат градинките.
Како што рекоа на почетокот трудниците да седат дома, под тој основ и извадив потврда не извадив како хроничар или родител. Така нека кажат сега обратно. Што ги кошта? Не сум јас единствената со оваа дилема. Толку од мене на оваа тема.
Па еве ти може слободно да идеш ако мислиш така! Не знам зашто се убедуваме дали треба или не треба...а и не ми кажувај за стручност, кога прво и они се поделени со мислење. Професори од типот на Пановски кој е врв во својата проблематика а тоа е вирусологија, самиот кажа "Бројката расте, а ние намалуваме рестрикции??". Ние другите не сакаме да идеме на работа?? Па и јас сакам да се дружам со колегите, да ги видам ама нема! Еве ти имаш канцелариска работа и слободно ако сакаш врати се, никој не ти брани!
Нека излезат и јасно и гласно нека одговорат на прашањето што со трудниците, а не да не игнорираат како да не постоиме Како што вчера на прашањето на новинарката филипче промрмори нешто ни да појасни што зборува ништо.... Да е бил јасен одговорот никој немаше да се мисли сега што ќе се случува со него
Лично сметам дека трудниците треба да се ослободени ама барањата да се продолжи породилно и ако отворат градинки ми се муабети ко за на чешма, па како на 8-9 месеци ќе ги праќале во градинка, исто како што и многу мајки пред нив, разлигавеност до бескрај. А 80% од нив и во нормална ситуација нема да ги пратат одма у градинка.
Па и јас и ти ќе идеме Не е тоа моја лична одлука Јас на работа не идам за да се дружам. Одам за да заработам. Колку придонесуваме сите, толку повеќе за сите има.