Не знам до каде планираш со сарказамов да стигнеш, ама јас во сериозна фирма работам. Ако има потреба од дома ќе работам и цела плата ќе земам. Нема да зависам од 14.500 државна помош. Продолжете да си седите дома. Пари на дрво се берат.
Сарказам? Дали си озбилна? Па ти си таа што цел ден тука држиш предавања за нас и испаѓа дека ние не сакаме да идеме на работа и чекаме државна помош? И јас работам во сериозна институција со сериозно работно место, работа со пациенти и се среќавам со каква не патологија. Многу добро знам дека пари на дрво не се берат, затоа што покрај себе издржувам цело мое семејство така да многу ми е познато. Не е проблемот дали сакаме или неќеме, проблемот е дали е ризично или не! Не работиме сите ист степен на ризична работа така да не генерализирај. А на крај веќе не ни планирам да се објаснувам со тебе, кој како мисли така. Пријатно
Јас одам на работа веќе 3та недела. Работам во маркет. Можеби и уште ќе седев дома да не ми го собереја цел, значи цел одмор од годинава и плус за април враќав пари... Ми е мака и револтирана сум од тоа што вработените во администрација ги уживаат сите права, а ние приватниот сектор нека цркнеме... Не се жалам од работа иако сум по скоро 8ум саати на нозе (значи буквално на нозе) само сакам законот да е ист за сите.
Мислам дека сите недоразбирања доаѓаат од овде: од една страна бремените жени не се хронично болни, но исто така и не треба да се изложуваат на дополнителен ризик за инфекција. Никако ти со твојата работа не треба да продолжиш, контакт со болни, маска цел ден - никако во бременост. Но ако некој работи во канцеларија со истите 5-6 луѓе, без голем проток на други како во маркет или дуќан, не е ист ризикот. Затоа мислам дека не ги ставаат сите во ист кош, но се сложувам, мора да излезат со правила кога бремена жена е изложена на овој дополнителен ризик и мора да седи дома.
До 31.05 сме безбедни колку што знам па после како ќе изјави Венко. Додуша јас сум на крај и да отворам породилно од 01.06 нема да губам многу.али би требало да излезе фер и да ги заштити сите бремени како што ги штити мајките со деца али нека направи фондот да исплаќа многу приватни не прифаќаат потврди.
Јас средина на јуни ќе влезам во деветти месец. Во мај месец од работа ме примораа да го пишам стариот одмор (10 дена ми имаа останато), потоа за кратко ни кажаат на тие што седиме поради меркиве дека и 10 дена од новиот одмор ќе ни искористат и тоа веднаш после тој стариот. А сакав да ги чувам баш за сега ако ги укинат мерките, идеално ќе си беше. Породилното не сакам да го земам толку рано, знам дека тие 15 до 30 дена ќе ми значат со бебе дома. Искрено се осеќам неспособно веќе за работа, стомакот ми е голем, ретко која вечер убаво спијам, наместо сега да се опуштам и да почнам да мислам на бебе и се' што следи, јас на работа ли да тргнувам после толку време седење дома. Ми нема логика, а толку се пазевме до сеа... Искрено се надевам дека нема да треба да почнеме од 1 јуни.
За да се обезбеди заштита и грижа на децата, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и/или посвојување, да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки. Наведеното отсуство може да се користи сè додека траат времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба.
Pod bremenost/ragjanjez posvojuvanje se podrazbira porodilno otsusyvo koe se otvora vo 9ti mesec od bremenost ili od denot na poroduvanje. Samo bremenost ili patoloska bremenst ne spaga vo ovaa kategorija
Ako e taka kako sto zboris ti togas taa zena ne koristi osloboduvanje od rabota radi bremenost tuku si go otvara porodilnoto porano vo 9 ti mesec
Tocno. I toj period od otvoranje do raganje e bremenost. Procitajte go zakonot. I mene mi bese ne jasno na pocetokot no so citanje zakon i konsultacii so strucni lica se razresi dilemata. Porodilnoto boleduvanje vo zakonot e navedeno kako bremenost, ragjanje i majcinstvo.
Што е сега со укинувањето на мерките, хронични болни и родители на деца до 10 години остануваат дома, не ми е јасно што е со трудниците? Имаше денес некое ново известување https://fokus.mk/platenoto-porodiln...UDF6kwmsIzcJ_HMhHvQbpwvJ_yWSQl4_JgtngCZD9jZi0 како го сфакате ова?
Не ми се јасни вака прочитано изгледа дека е и за бремени жени, ама ова делот породилно отсуство збунува...
Ќе може да ми го испратиш тој дел од законот каде што го пишува тоа? Сакам да прочитам , побарав на нет ама ми излегува закон за бременост, раѓање и родителство во кој секое си е посебно не е нагласено дека се однесува само на бремени жени во девети месец кои користат породилно боледување. Зборувам за закон за работни односи