@Ines24 па и мене ми земаа затоа зборам а лето не чека од кај да знам какви ќе се температурите некни два дена беше топло отеков цела. Државата требаше кога веќе не ослободува да направи некоја помош вака они кажуваат едно фирмите друго ние ми вам ни там
Дечки, каде бе со тие коментари "хроничните болни поважни ли се од нашите неродени деца" арни ли сте? Како е возможно толку суровост кон одредени луѓе? Приберете си ја малку чергата. Да, хроничните болни можат да умрат од компликации при секое вирусно заболување, а кај бремените жени имунитетот е доста јак, а и со оглед на сите витамини што се внесуваат. И не ми е јасно што сте се заплашиле толку со од дома неизлегување со месеци, па што дури на редовни прегледи не одите? И еве да трае ова рецимо 10 години, ќе се забетонирате дома, сонце нема да видите? Ќе дадете отказ од работа и децата неписмени ќе ви останат, преку нет ќе ги образувате? Точно е дека страв лозје чува, ама такво фобочно однесување може само да ве измести од колосек, а не да ве заштити.
Nekoi od nas so godini gi cekale ovie bebenca i eden kup stresovi i pari tresnale za da gi dobijat. Nema sto poveke da objasnuvam
Тоа е све во ред, ама никаде не пишува дека трудниците се посебно погодени од епидемијава, напротив. Ако нема корона, ќе има епидемија на морбили, менингитис, жолтица итд. И што, животот во 4 ѕида да го поминеме? И што е со коментарите погоре сурови, во стилот "хроничните болни се стари и помалку битни од бебињата наши". Не е точно, секој живот е подеднакво важен и не смее никој ни да помисли да каже такво нешто.
Како бе напротив , а починати родилки и бебиња што има ? И од тие жолтици и морбили може да се заштитиш од ова како ? Ти деца имаш?
Јас ве читав цело време и баш се израдував кога прочитав дека ве ослободиле. Но, споредбата чив живот е побитен е одвратна. Не знам која членка беше секој втор коментар и беше за тоа. Ако сакате емпатија кон вас и животот што го носите, не може да ја 'намалувате' вредноста на туѓите животи. На секој својата фамилија му е најважна.
Да ,јасно ама еве јас ќе ти кажам да треба да бирам меѓу дедо ми и бебе кој да се зарази ,дедо ми би го одбрала ,причините се јасни тој си ги видел сите радости а бебето допрва почнува со живот... Не ме сфаќајте погрешно ама така си е. А далеку од тоа дека треба сите други да умираат ние да живееме ,ако ме читаш ќе видиш дека одам на работа. Само Господ да не чува сите па и мене и животот во мене . А препукувања од ваков вид не ни се потребни на никој.
Мислам дека членката и нејзиниот коментар за хронично болните е изваден од контекст. Никој на никого не посакува лошо. Темата беше дека политичарите не ставаат на кантар и не гледаат гласачи во нас и нашите бебиња а 90% од хроничарите се гласачи. Нормално ова беше пред конечно да не спомнат како група. Исто така имајте во предвид дека во развиените земји погодени од корона група на возрасни и болни над 80год. Им беше законски одбиено правото на респиратор. Имаше стари лица и кои сами се изјаснија дека би го остапиле своето право на лекување за некој помлад и со цел живот пред себе да има шанса да преживее.
Имам деца, фала на прашање. Ги учам дека секој живот е подеднакво важен, затоа што да не бил тој дедо што ти би го одбрала да се зарази, знаејќи дека шансите да преживее му се 1:10000, во споредба со трудница која има шанси рамни на нула да го зарази бебето по вертикален пат или па тоа бебе да заврши со последици од вирусов (според статистиките кои ми ги напомена, а не ги владееш добро), не би била ни ти, а ни бебето. Не е никакво препукување, туку едноставно бев и сум згрозена од коментари од ваков карактер. Се надевам децата во ваков суров стил нема да ги воспитуваш.
Ама хронично болните што се ослободени не се дедовци и баби туку работоспособно население со малолетни деца нема што да се зборува за стари над 80 години, кај нас на пример на работа за жал се претежно млади кој со астма, дијабет, оперирани од рак.... Јас секако сметам дека трудниците во оваа ситуација не треба да одат, ама споредбата кој е побитен е морбидна.
Во ред се слагам, во право сте. Емпатијата не ни е на ниво за многу прашања па и за ова. Само уште еднаш ќе повторам споредбата не е чив живот е побитен, споредбата е кои граѓани се повеќе од корист на оваа наша забегана држава од гледна точка на политичарите. Не навлегувам во политика, факт е дека не селектираат и делат не сме сплотени. Жал ми е што погрешно сватиле членките и се нашле за засегнати. Имам и јас хронично болни блиски со кои го живеам карантинот и им посакувам здравје и долг живот, да си го дочекаат внучето
Јас се извинувам ако погрешно сум сфатила. И јас се ежам кога читам за корона со детето во раце и се плашам. Кревам глава го гледам мм и се плашам и за него. Затоа и морав да пишам.
Тоа сакам да ти доловам дека оваа категорија не се стари лица чисто за пример колешката оперирана од рак на јајници има 39 години, колегата има астма и има 26 години...
Нормално е Јана, ама барем сега да си бидеме подршка. Стравот не оддалечи не си помагаме се прибираме кој е колку крив и не човек. По некоја логика сите што се на форумот и што одвојуваат време да седнат и да прочитаат за болеста да споделат и да прашаат се дома или се одговорни работници и загрижени. Не верувам дека има меѓу нас нелуѓе кои би биле ризик за сите околу себе со ставот "мојот живот е побитен од твојот". Функционираме како голема заедница сакам кога си помагаме и сме си подршка. Нормално не сме сите копии има различни гледни точки и тоа е сосема во ред, се додека сите сме за едно подобро утре во ред е и критика и прекор
Не се доктори туку една сестра и еден тегничар؛ Не се чудете од каде, веќе секој еден е потенцијален поради тоа што не се почитуваат мерки؛ А и они се за суспектни од ковид؛
Јас мислев дека е безбедно породувањето во државните болници ама не е така. Се пораѓав во Штип, таму е главно жариште.. Велеа нема посети, нема ризик, родилките пополнувале прашалник, не било ништо страшно. Прашав дали ќе не тестираат, рекоа немало потреба ако одговорите ви прашалникот не иницираат тестирање. Е сигурно многу сигурно ова, ќе веруваат на чесен збор..Епа не е баш така. Многу од родилките сигурно излажаа или не знаеја дали биле или не биле во контакт со некој заболен. Секој ден имаше нови и нови. Посети немаше, ама тоа не важеше за сите. Некои сепак влегуваа, ќе ја почастеа сестрата и си влегуваа. Сред ноќ сестрите наместо да работат си спијат, и многу од родилките знаеја каде е клучот од вратата на одделението и самите си викаа гости и ги пуштаа на одделение. Никоја не носеше ниту маска ниту пак некоја хигиена имаше. Бебињата сите на куп, родилки по 6 во соба, никоја маска немаше. Лудило..
Јас одев 4 дена на работа (здравство) и искрено не ми беше сеедно. Луѓето ги вадат и ставаат маските по џебови, ги носат под уста, не држат дистанца, се караат и се нервозни...колку нервози собрав и уште што бев испаничена си го удрив стомакот во една количка За среќа одговорната во четврток ми кажа дека сум била ослободена и не сум требала да доаѓам ама никој не ја известил...кога ми кажа бев пресреќна Инаку да се надоврзам од претходниот муабет се слагам дека секој живот е важен, но ние ризикуваме 2 животи Точно е дека сеуште нема податоци како влијае вирусот на плодот, но факт е дека имунотетот на трудниците е НАМАЛЕН,природно за да не го напаѓа плодот и втор факт е дека позитивните мајки со Ковид19 се породуваат предвремено. Трето, стресот е несомнено поголем кога работиш под ризик, тоа го осетив на своја кожа. Седете дома и чувајте си ги мешињата
Последно кога бев на гак, надвор докторки кафенце си пиеја и цигарче си пушеа, опуштени лабави без маска ... А луѓе еден куп чекаа во близина. Очигледно нема дисциплина