28+4 и сеуште не ми се верува дека имам едно мало животче во мене.... ама од друга страна со последниве случувања тука и во светот си мислам што ми требаше едно невино душиче да носам на овој суров свет во кој веќе никој за никого не се грижи ,колективната свест е на 0 за жал....до каде ли ќе се оди...
Не навлегувајќи во тие тематики. Ако е тоа случајот сите треба во овој момент да прекинеме со множење. Човечка цел е да има потомство. Во инстинкт ни е. Зарем мислиш дека луѓето се откажувале од таа идеа само затоа што им престоел тежок период и на ним и на децата. Имало војна, глад, природни непогоди, болести, истребување како во втора светска војна. Да било тоа случајот и нашите предци да си рекле види го светов тука ли да донесам нова душа. Ќе не немало нас.
Нашите баби, прабаби војни проживеале, мажите со години не ги гледале, тоа е..секакви времиња доаѓаат и се поминува. Не размислувај така. Светот отсекогаш бил суров на различни начини, таков и ќе остане
Што ќе ти смени тој некој месец, подобро да не биде? Пробувајте си. Тоа не е аларм па чекај ќе навијам за тогаш да ми звони хехех Ако си сакате пробувајте. Ако ништо друго барем ќе си опуштена во овие стресни времиња по зголемена доза "љубов".
@Осе i jas se soglasuvam so tebe. I jas ponekogas razmisluvam deka kolku i da e vo nasiot instinkt da se razmnozuvame sepak strasni vreminja idat za nasite sledbenici. Porano bile drugo vreminja. Na decata ne se gledalo kako shto se gleda denes. Denes e se potesko da gi dobies pa koga ke gi dobies vekje druga prikazna. Najiskreno, koga gledam shto se se slucuva po svetot i po internet ... sto znam .... se poveke mislam deka sme sebicni. Ama ajde neli opshtestvoto i prirodata ni nalagaat patista i odime pa shto bide neka bide.
Што знам, си велам да не е мн ризично сега поготово ако одма се фати Појма немам, не сум искусна на ова поле, немам уште деца, па затоа би сакала да слушнам мислења
Девојки и онака сте ми затворени по дома топло ви препорачувам да си пуштите мозок на пасење и да си го пуштете филмчето "Tomorrowland" од Brad Bird.
Дај Боже одма да се фати, верувај не сакаш да знаеш како е да чекаш и да се надеваш, тежок е тој пат и тешко е тоа чекање...
Секогаш може да има некој ризик не дај боже. Јас останав во фебруари трудна па почна нагло ситуацијава ама претходно со месеци чекавме да затруднам. И јас сакав лани летото да затруднам ама ништо..нема ние кога сакаме туку кога ќе се случи тогаш. Ако сте спремни мој совет не чекајте затоа што коронава уште 2 год може да трае. Е сеа прашањето е дали сте спремни да се жртвувате пошто јас и мм а и грото трудници тука на форумов сме тотално изолирани од семејство и пријатели од фебруари навака. Сами шетаме сами дома само така ќе се заштитиш особено кога ќе дојде есен зима ќе почне сезонски грип па одозгора и коронава. А ако сакате социјализација и не можете сами да функционирате најдобро почекајте и видете како ќе се развива понатаму се ова... секако има трудници што не се плашат и се мешаат ама па секако дека на тој начин ќе си поизолирана. Со среќа како и да одлучите
Здраво женски, мајки.. Дакам да прашам момент. Состојба чаир како е? Некој што бил.. Што офи.. Што се породил или ќе де пораѓа како мене..? Јас сум 36 нед веќе 37 почнувам и планот беше чаир.. Ама некако ми е тензично и стресно и баш се двоумам што да правам. По правило треба да одам утре да ме види доктор бидеќи дум пд друг град и нз што д правам. Друга опција ми е штип и сум со 300 ума што и како да направам
Искрено ако имаш опција за во друг град и секако ако треба да патуваш за да дојдеш до чаир попаметно ти е таму. Гаранција за корона нема кај и да си може заразен да се појави слушам од пријателки дека е хаотично по лаир и државна. Па ако штип ти е порастеретено зошто да не
Женски извинете на можеби глупаво прашање, ама не сум баш во тек со сите детали дека цело време има различни информации. Што се случува со бремени жени и високо ризично работно место, дали се ослободени од работа? Некој поупатен да ми каже. Disclaimer: за другарка прашувам.
Здраво женски, открив дека сум бремена 5та недела, кај мене на работа веќе почна да има позитивни на ковид, меѓу другото сум и здравствен работник, но приватно. Е сега прашањето ми е дали уште има мерки за отсуство од работа за трудници и каде треба да се обратам за тоа, оти стварно почнува да е страшно. Фала