Дали доколку мојата сопруга му однеси потврда на работа дека е бремена ослободена е од одење на работа ради ковид19? И ќе прима редовна плата? Работи во приватно
Ако работодавачот сака да ја плати иако не е на работа. Обично приватниве не ги признаваат потврдите.
Така а пример ако женами е во 5 месец и ја избркат и истиот ден на друго место е пријавена дали ќе ја следва породилно?
Јас откако му кажав на газдата за бременоста и дека имам потврда ми рече ако имаш, пак ќе си идиш. Значи не ни следва ова по автоматизам на сите. Ако сака газдата ќе те пушти и ќе ти плаќа ако не не.
Ако е истиот ден да ќе и следва. Јас како што се информирав не смее работодавачот да избрка откако ќе е известен за бременоста освен ако нема некој ептен голем прекшок од страна на работникот. Според закон не смеј. Ама па кај нас ништо не ти е сигурно, се се очекува.
Јас така бев принудена да сменам зошто ми истекуваше договорот. Ако нема прекин во стаж следува породилно. На пример во старата фирма пријавена дп 30.06 а новата почнува на 01.07 пријавена. И тогаш нема да има прекин во стаж. Мене самите ми се изјаснија како сум била на договор и немале пбврски да ме држат иако во фирмата бев 2ипол години. Од средина на март бев ослободена на принуден со 70% плата. До денот на истек на договпр не смее да ја брка ниту да и го раскинува нека внимава да не и даде да потпише нешто. Тука во МК ова? Во кој сектор работиш? Срамота за газдата на волку заболени ја до мојте дома не одам не па на раб. Пријави го анонимно или некој твој роднина/пријател. Не може за тие децата што им одат во градинки да се ослободени за тебе да не важи. Јас разбирам дека е тешко за некои да плаќаш вработен а да седк дома ама ако имаш опција вади боловање додека расчистиш со него како понатаму.
Аман бе па за вас да не речам владава е најгласна и највеќе важата такви правила. Барај си го чарето знам дека можда ти е страв да го пријавиш ама па утре фала нема да ти каже ако се разболиш. Јас не верувам до септ дека ќе ги укинат овие мерки дознав дека градинки до септ нема да раб а и нас трудните нели во истото не водат во исти мерки
Законски е ослободена и треба да прима редовна плата, освен ако работодавецот не работи со загуба во тој случај има право да ја намали платата (макс.30%) . Не смее да ја отпушти ако е на неопределено, а ако е на договор до истек на договор. Сите останати сценарија се противзаконски и има право на жалба.
Трудници дали се динстацирате од народ сега или сте поопуштени , припазувате ли , се гледате ли со пријатели и сл . ..
Во овие 4 месеци само еднаш бевме на гости кај пријатели, и тоа кога бројката на новозаразени падна на 5, 6 души дневно. Инаку движењето ми е само до маркет и строго на отворено кога веќе ептен имам некаква потреба да излезам. Со моите последно на 8ми март се видов, одат на работа, па не ми се ризикува.
Исто и јас како @simonka93 последно кај родители на гости на 8ми март. Дома не ми дошол никој ниту сум била. Мојте и негпвоте се мешаат со луѓе. Не би да ризикувам. Да реално можеш сегде да го фатиш ама па ако е до толку нека го фатам во маркет бар знам дека сум се чувала до крај и не сум се мешала со луѓе... Сега ми е повеќе страв мислам дека е излезена од контрола ситуацијата.
Јас не се гледав со моите но не издржав , пошто живееме у заедница со неговите и знаете како е да не ги гледаш твоите ... и сега само со нив контактирам , со пријатели роднини другарки не , едино ако се сретнам на улица некаде при прошетка ..
Се зависи колку твојте се штитат. Кај мене на пр имаа внук од сестра ми они сите се дружат секојдневно ама сестра ми се гледа со уште куп луѓе со деца се дружат итн да не навлегувам...Да се изолираат од луѓе да внимаваат би се гледала и јас..ама они така одлучија и тоа е.