На трансфуз.ми го откажаа упатот. Врз основа на претходните резултати на Гак ми дадоа извештај да продолжам 14 дена со клексани, ама имав познат па не ни отидов на клиника, он ми го зема . После 14 дена од кај матичната, сега и они ќе даваат извештај, врз основа на мејл од специјалист или трансфузиолог.
Гледав сега на прес го прашаа министерот дали има трудници меѓу заболените. Вели дека нема. Се надевам и ќе нема..Многу ми е страв..
Како ли ќе биде за породување на Гак? Нели таму ќе одат трудници со симптоми и заболени од Корона, па што мислите каква е опасноста на останатите трудници без симптоми кои одат таму на последни прегледи, но и на породување во истата зграда???
Јас воопшто не сум исплашена од моменталната ситуација, бремена сум веќе 10та недела, ама не сакам сама да си стварам паника, не излегувам воопшто и тоа ми ствара нервоза, бидејќи сакам да пешачам, многу се плашам да не качам многу килограми, колку можам пазам на исхраната, и во план сум да почнам да вежбам јога за трудници, за да имам бар некоја активност.
Супер за позитивноста! Јас сум исплашена бидејќи деновиве морам да се породам! Да можев да не излегувам воопшто од дома - ќе си уживав во бременоста и ќе одморав. А вака не знам што ќе биде и како ќе биде.. Во тотална паника сум.
Планирав на ГАК, сега навистина не знам што да правам! Затоа барам размислувања за на ГАК со оглед на тоа што таму ќе бидат трудници со симптоми... Колку би било разумно и покрај тоа да се породам таму?
Мислам дека не би ни примале. Само во Чаир. Вака ми кажа бремена другарка дека имала инфо. Само ризични бремености и со симптоми на корона на ГАК. И она сакаше таму, ама нема да се пораѓа. Терминот и е крај на Април.
Нема да те примаат освен ако не си итен случај (отворена, пукнат водењак и сл.). Ако има време ќе те префрлат во Чаир.
уште нема трудници со корона, гак е спремна со соби за изолација, сала, бокс.е и јас сум 37ма недела душа неам.кај и да раѓам од каде да знам прво дали има пациенти што не знаат дека се заболени или пак мед.персонал? никако не сме мора позитивно да мислиме, дека мене најголем страв ми е да не закачам у болнички услови.може мн.размислувам ама не можам поинаку.
И мене тоа ми е најголем страв. Затоа се прашувам дали свесно да се буткам на ГАК со врски само поради доктор???
Јас не би. Ќе се породиш секако, и со врски и без, зашто да ризикуваш. Непородена ниедна не останала.
ама тоа ти викам, каде би знаела дека си безбедна? чаир, систина, санте? има тон пациенти сегде, кој да знае декае заболен? гак сеуште нема( фала богу) позитивни пациенти.така да консултирај се со гинекологот еве...само да не се најдеме у погрешно време на погрешно место што да кажам
А капацитетот на Чаир е доволен да собере толкав број на трудници? Требаше посериозно да не информираат во врска со оваа одлука. Како и да е, ризикот некој во некоја болница да е заразен е можен, ни останува да имаме доверба дека имаат добри хигиенски услови...
Не знам дали имаат податоци за очекувани породувања на територија на град Ск,особено на ГАК каде праќаат случаи од цела Мк.Не верувам дека знаат.Јас лично не би таму во целава ситуација. Иначе,не е лошо да исконтактирате некој медиум па тие да упатат прашање за министерот.
И јас се приклучувам на темава..10та недела сум, во претходните постови пишав дека добивме бг пасоши со мм, и откажавме од работа бидејќи досега требаше да заминиме за странство. Сега сме без работа, без пари, со дете на пат. Просто се чудам до кога ќе трае агонијава, породилно не знам дали ќе успеам да земам, допрва имам еден куп прегледи што треба да се направат. Паника ме фаќа по неколку пати дневно. Животот знае да биде непредвидлив. А сакам и уште нешто да прашам- бидејќи активно се шири коронава, што би правеле ние бремените бидејќи не можиме да земаме терапија никаква? Што ако се дојде до контакт со вирусов? Секакви мисли ми вртат низ глава. Извинете на долгиот пост