Не можам да најдам да испратам линк имаше објавено дека за најризичните категории вклучувајќи и бремените сеуште важи.Ако дознаеш нешто официјално пиши
https://vlada.mk/node/22484 еве го линкот, баш вчера ова го читав и немаат ништо надополнето за бремени жени. последно сме спомнати на третата седница од 09.09.
Nemaat no seuste vazat merkite nemoze da me lazat od vladata mi odgovorija na mail procitaj malku pogore pozz
да, гледам, ама за пошироката јавност не е јасно. треба сепак да биде спомнато дека за бремените продолжува да важи истата одлука, а не да добиваат поединечно прашања по социјални мрежи и мејлови.
Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата и тие се ослободуваат од одење на работа @eli.s1990 https://makfax.com.mk/makedonija/бремените-жени-остануваат-дома-од-23-се/
Веќе ме нервира ова, некои трудници се,некои не се ослободени. Јас не знам зошто не ме ослободува, веќе сум 20недела, вооошто ништо никогаш не спомнале, а сум во ПЗУ вработена! Што сметам е поризично работно место од било кое друго, затоа што секојдневно имаме контакти со огромен број болни лица. Да пишувам мејлови,ѕвонам некаде, ама каде? Деновиве сум крш со настинка, од каде да сум сигурна дека е само настинка а не ова другото? Ич уво не ги боли значи, само касите да им се полни си сакаат.
Во мин за труд и социјала. Не знам зошто те држат уште на работа во ваква ситуација. Зошто не си извадиш боледување ако се веќе неразбрани... За многу вирусов е измислен и не постои а меѓу нив и доктори има што мислат така да не се они од тие па може затоа
Однеси им потврда за бременост од матичен и дополнително скенирај ја и пушти им ја по mail со соопштение дека согласно препораките нема да одиш на работа и готово. Бидејќи си на неопределено не смее да те отпушти, само може ќе ти ја намали платата ако докаже дека работи со загуба. Не смее да те отпушти ако уредно пријавиш бременост, казните се огромни. Сега не знам во колкава фирма работиш, ама исто поднеси потврда и до правна служба ако имате
Така ако направи може да изгуби работа после породилно кога ќе се врати. Знаат они дека не треба да оди на работа само така им одговара да не бараат замена да плаќаат
Ама не смеат да ја одјават бидејќи е на неопределено и може да ги тужи. Си ги знаат они ризиците. Едит А сега видов мислиш на после породилно. Тоа може ама зависи што и е побитно сега. За после породилно којзнае како ќе биде. Јас на пример така би направила, па ако нр ме примат назад здравје ќе си барам работа на друго место. Башка кога си на неопределено не може така лесно да ти дадат отказ мора да потпишеш спогодба
Не смеат не викам за сега. Ама кога ќе заврши породилно и кога ќе се врати назад може Чао да ти кажат. Не ни требаш веќе и толку. Зборам ако направи како што викаш "Од утре не доаѓам" да им каже.. Знам случаи што ги отпуштале демек да не остане пак одма трудна со второ и тоа реномирани фирми по скопјево
Абе знам ама секако нека зборува човечки е да се разбере. Никој не те жали денес, тоа е јасно. Ама сите имаме законско право, само кој како си го користи.се редактирав погоре
Ма за после породично ич неќам да мислам, они се исплашени да не не се вратам одпосле, баш ми напомена уште кога и сооопштив дека сум бремена, а тоа најкултурно го направив уште кога бев само 5недели, да си имаат во предвид со време. Ќе се напраам наудрена ќе им ѕвонам сега, дали боледување или денови од одмор да користам ИЛИ мерките од Влада ме следуваат и мене ќе си прашам И онака од вкупно 22, само 5 дена одмор ни дозволи да користиме, барем нешто да доискористам и јас тука
Види ако ти одиш на работа и си ќутиш на нив многу им е гајле, работиш на сопствен ризик. Штом до сега се прават наудрени, направи се и ти и прашај . И јас работам во ПЗУ веќе 6 месеци сум дома само со потврда за бременост. Само платата ми е скратена 30%, што е фер и не се бунам
Прашав во влада и мтсп на 15-ти месецов. Не е укината, другите се изземени, хронично болни родители....