Добро дали некоја знае ижи има некоја што познава, и била болна од КОВИД? Како оди таа постапка за бремени? Може да има посериозни влошувања или?
Кога бев бремена бев член на една група на фб, главно американки беа таму. Групата се викаше нешто Testing positive of Covid during pregnancy. Во главно имаше некои скроз без симптоми, некои само изгубиле мирис и вкус, некои со температура. И некои со посериозни симптоми. Значи сепак зависи до човекот и имунитетот.
Да, знаев дека е така за имунитетот, само мислев еве ние бремените сме повеќе изложени на инфекции и бактерии, по нежни сме, со малце по опаднат имунитет, и затоа ме фаќа и страв, да не се случи нешто па да отиде се во неповрат..
Sakam da znam do koj datum se slobodni bremeneti zeni i kakov dokument treba da se odnese na rabota za da bidat slobodni od merkite
https://vlada.mk/node/22487 Последно е ова донесено на влада на линкот без датум до кога важат мерките, ама некаде читав до 31.12.2020. Јас ги користам мерките од влада за бремени жени од јули, а од вчера и со поднесено барање за работа од дома, затоа што работам во образование. Кога дознав однесов потврда за бременост до директорот. А во барањето за работа од дома ја наведов како образложение 4та седница на влада.
Mene maticnata mi kaza deka sum oslobodena do raganje i da si uzivam vo bremenosta doma i da ne prevzemam nikakov rizik za na rabota Inaku terminot mi e vo mart
И мене ми е термин во март, и не сме до март ослободени, туку до 31 декември, оваа година, после тоа Владата треба да донесе нови мерки, па ќе видиме дали за нас ќе важи сеуште. Иначе, како најнова вест: https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...zitivno-na-koronavirus-se-zarazilo-od-babata/
Da vo pravo si thelittle17, oslobodeni sme do 31dekemvri, za ponatamu ke vidime. Mozebi maticnata se poseguva so nejzina pretpostavka za virusov.
Џабе што матичните кажуваат дека сме ослободени кога мене фирмата не ми ја признава потврдата и ме водат со боледувања, иначе и мене ми е терминот во март ама ке терам така
Знам, има многу такви "фирми". Јас сум ослободена од 1ви октомври навака, си земав дури и летен одмор си искоистив пред тоа, па директно со мерки си продолжив, за сега ништо не ми рекле од фирма, се надевам нема да ме замараат да се вратам, искрено не ми се помислува да се враќам, работам со луѓе и е баш зафркнато со коронава. Ти комисиско имаш или на патолошка си? Така до крај ќе тераш што ќе правиш? Од фирма некако да направиш муабет да те ослободат ради мерки, или нема шанси тоа?
Бев ослободена две недели па ми рекоа боледување. Кога видов дека на седницата се реши бремените да бидат ослободени пак им се јавив ме ослободија демек, после месец ми се јавија да отворам боледување бидејќи законот не важел повеќе. Сега сум со комисиско боледување, ке барам следната недела и конзилиарно, немам право веке на еден потпис
Zdravo me interesira dali seushte se oslobodeni bremenite od rabota poradi merkite ili ne vazhi toa ?
Јас не знам што да правам... Имено, следен преглед ми е во понеделник и евентуално тогаш доколку е се во ред матичниот гинеколог ќе ми даде потврда дека сум ослободена од работа, АРНО АМА два дена веќе сум дома, успеав да си земам два слободни дена, бидејќи газдата бил во контакт со заразен, т.е. заедно живеат со заразениот и треба да е и он во изолација, како и ние, ама за да не трпи бизнисот не е кажан во контакти и не се тестира. И сега ми јави од утре да продолжам на работа, не ми дава повеќе слободни денови.. и сега не можам да отсуствувам додека ја немам потврдата за ослободување од работа, а сум преплашена и имам и панични напади дури од помислата да сум на работа со него цел ден, а веројатноста дека е заразен е огромна. Гинекологот не може да ме прими порано поради протокол и нема слободни термини. Што да правам сега од утре до понеделник, како да издржам на работа при олкав стрес и страв.
Па јави му се кажи температура имам не ми е добро и ајт таму мани го. Друго што во овој случај и после барај боловање од матичен чим со мерки не ослободува... Ама ичч да не се замараш сп такви газди
Дали има некој да сподели искуство ,трудница а заразена да е била ? ... како е минала со вирусот и кој суплементи ги внесувала ..
Јас може ќе се изглупирам со прашањето, но сакам да прашам дали важи тоа дека бремените се ослободени од работа до 31ви Декември (нели започнаа со работа оние кои беа ослободени од работа поради продолжено породилно и хронично болните, па дали заврши мерката и за бремените)? И друго, доколку сеуште се ослободени кој плаќа плата на бремената, фондот или фирмата каде што е вработена?
Бремените се ослободени до 31 декември, а плаќањето го извршува фирмата. Во случај да се породиш пред 31 декември, ќе си отвориш породилно од дента на породување и од тогаш плаќањето ќе започне преку фонд.
Мајки да ве прашам нешто, мислам дека оваа тема е најсоодветна. Ги носите ли новороденчињава во маркет иако има кој да ви ги чува? Неколку пати се имам сретнато со разни познанички, ги шетаат бебенцава нормално без никаква заштита, а во маркетов гужва како да нема мерки и пола од луѓето со маски под нос. И баш на кратко разговарав и сите ми рекоа дека имале кој да им ги чува ама сакале да ги прошетаат низ народ (за време на пандемија ). Искрено многу се зачудив, да ги прошетаат низ парк тоа океј, ако немаат кој да им го чува тогаш ќе мораат да испазарат сакале нејќеле тоа е. Ама да има кој да ми го почува пола саат зошто би носела бебе во маркет?
Новороденче е безвезе во маркет да се носи, затоа што е прљаво внатре и извор на секакви зарази. Сепак, секој индивидуално си одлучува дали ќе го внесе или не. Во секој случај, бебето треба да се вади на воздух додека не залади скроз, после кај ќе го носиш. Мене ми е понеразбирливо кога ќе им акнат маска на лице на бебиња и деца, тоа е изван секаков памет. Стварно не се мешам на никого, ама кога ќе видам некое гревче мало на улица со маска на фаца, ми иде на мајка му да и ја врзам една. Лудачи.