Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост и породување во време на Корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Филотеа, 21 март 2020.

  1. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Јас во фирмата каде што работам газдата не ми дозволи ни одмор да земам ( што ми следува), ни да користам мерки од владата иако имам потврда од матичниот гинеколог. Не сакаше да зборува со мене туку едноставно се одеше преку сметководство. Неговиот одговор беше ако сум немала боледување или породилно да ме одјави. Многу многу порано отворив породилно затоа што и така и така после овие работи не планирам да се вратам во таа фирма. Термин ми е во јануар, а јас породилно отворив пред една недела.

    Се што ми треба за упат или рецепт или консултација тоа го правам преку телефон кај матичната или ако треба нешто да се прати се оди преку меил. На преглед одам еднаш во месецот.
    Сопругот е повеќе исплашен од мене со целава ситуација што се случува и затоа решивме да се породам во приватна болница.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. HelloHello

    HelloHello Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски

    Исто и мене ми се случува, а работам на преризично место.
    Кога кажав дека следна недела ќе донесам потврда за оправдано отсуство, некако од околу почна да ми се заканува со отказ. Знам дека бремени сме заштитени т.е. не е легално да не отпушти и сега може да ти врши притисок за сама да дадеш отказ, за да не трпи последици он ако те отпушти.
    Јас сум спремна и на отказ ако не ми ја прифати потврдата од гинеколог, бидејќи се граничи со лудост во оваа состојба да одам на тоа работно место. Не знам уште што ќе се случува, ептен стресно ми е се.
     
    На tina2018 и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    17.679
    Отвори си боледување и терај така до крај. Зошто да даваш отказ и да ти пропадне породилното? Не верувам дека би ти правела матичната проблем во овие услови, а и лесно се зема конзилијарно мислење.
     
    На Осе, tina2018, Butterfly1107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    Девојки како иде со земање патолошка бременост сега во коронава. На работа ми прават 300 проблеми и не ми даваат да користам мерки. Кој има искуство да ми пише ве молам. Работам во продавница и се мешам со многу луѓе, креваме тешко. Минатата бременост ми заврши со предвремено пордување.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ziberi123

    Ziberi123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2020
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Отвори си прво боледување од кај матичната после тоа ке одиш преку комисии. Имаш ризична или нормална бременост?
     
  6. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    Нормална
     
  7. Ziberi123

    Ziberi123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2020
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Тоа ќе биде проблем за комисиско боледување бидејки мора специјалист да ти пише дијагноза на ризична бременост за комисијата да ти одобри. Сепак консултирај се со матичната, и мене исто не сакаа да ми ја прифатат потврдата на работа ама бидејки имам еден спонтан пред оваа бременост ме водат како ризична
     
  8. Ani297

    Ani297 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Некој да се породил брзо во државна да каже искуства како е
     
  9. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Глупости, не знам со кој памет. Септември отидов до Капитол да му земам на синко нешто од ваикики, вриеше од деца. Дури и во соблекувалните пробуваа облека (facepalm)
    Ама не ме чуди ништо, да бевме разбран народ немаше да стигнеме до кај што сме.
    Еве и братучед ми гледам малата во сити мол ја однел и јас сликал за инста.
    Абе празни глави колку сакаш
     
    На Осе, natasam и tinka-mace им се допаѓа ова.
  10. HelloHello

    HelloHello Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Важи законот уште 100% до 31ви декември или не? Кој е поинформиран ама сигурна информација ми треба, бидејќи газдава не ми ја прима потврдата од гинекологот.
     
  11. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам важи до 31.12.2020. И кај мене газдата не ми ја прифати потврдата и ми се закани со отказ ако немам боледување или да отворам породилно.
     
  12. Ziberi123

    Ziberi123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2020
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Законот важи ама фирмите не прифаќаат. Иста ситуација кај мене е, ме водат со боледување
     
  13. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Значи оваа препорака или мерка е незнам што точно го водат, за ослободување од работа на трудниците, е донесена од ракав,колку да се каже дека нешто е направено да се заштитат бремените од вирусот....Како да незнат дека 90% од фирмите нема да ги ослободат вработените, едни фирми ете несакат така да плаќаат за дома седење, други фирми навистина неможат да си дозволат финансиски, трети пак неможат да останат без вработен, обемот на работата не им го дозволува.....Да беше платено од фондот како продолженото породилно, ситуацијата ќе беше друга. Еве пример јас сум вработена во фирма со 4ца вработени и приходите на фирмата поради пандемијата се толку колку да покријат платите на вработените, па знам дека газдата нема да може да си дозволи да ми плаќа а да не идам на работа поради бременост, а на мое место да вработи друг за да ме замени додека ме нема....Незнам, но навистина, донесена мерка од ракав....
     
    На unadescarada и ...Arthemisia... им се допаѓа ова.
  14. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    21.537
    Важи до 31.декември.Најсигурно!
    Во труднички една членка баш денес имаше пишано каде можеш да се обратиш во ваква ситуација, бидејќи газдите не смеат да не ја почитуваат препораката. Види таму, имаш информации.
     
    На HelloHello му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Babyiscomming

    Babyiscomming Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Нели го укинаа продолженото породилно некаде во Септември кога беа и оние протести?
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Продолженото породилно опфатено со мерките го укинаа и мајките се вратија на работа, освен оние мајки на кои редовно сеуште им трае породилното. А бремените жени се до 31.12 ослободени од работни обврски, односно доколку работодавецот обезбеди безбедни услови за работа за бремената жена тогаш може да работи.
     
    На Babyiscomming му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HelloHello

    HelloHello Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Мене сега пак газдава ми се јави по не знам кој пат веќе, да ме извести дека се јавувал по некои институции да праша точно за оваа тема и сите му рекле дека законот не важи...
    Не разбирам стварно.
     
  18. HelloHello

    HelloHello Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Не можам да редактирам, само сакав да кажам ова, и во другата тема пишав дека за да биде ситуацијата уште поконфузна, контактирав луѓе во Министерство за здравство, од еден извор правник вработен таму добивам информација и официјален мејл дека мерките важат, a од друг извор дека не важат.
     
  19. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.971
    Изгледа никој не знае точно. До крај на мерката има месец ипол не момеш со боледување да се покриеш?
    Точно е дека до крај на годинава се ослободени ама ништо веќе никој не знае.
    Сегде по помаливе фирми и приватниве гледам трудници на работа за жал
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Мерката важи до 31.12 меѓутоа владата само налага да не работат ама плата за нив не покрива воопшто... И не секој работодавач сака да плаќа некој за да седи дома па затоа ви прават проблем....
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.