Здраво. Ме интересира дали некоја членка знае дали мерката за бремени ќе продолжи да важи и после 31.12?
Нема уште информации, сигурно ќе има тогаш околу 31ви, до тогаш ќе чекаме, нема друго. Мене сега само што ми се јави газдата да ме потсети да му ги вратам парите к15 што ќе пушти и воедно ми рече после 31ви да планирам да се вратам на работа, без разлика на законот.
Баш ќе прашував и јас сега, гледам погоре некоја членка пишала. Што ќе се случува со бремените после 31.12 сеуште не се знае така? Филипче нема спомнато сеуште дали ќе се продолжат препораките.
Што ви дозволија за затнат нос , јас сум 34 недела , затнат нос и мирис изгубив , вкус осеќам ама малку , можно и тоа да го снема 6-7ден ми е од прв симптом . Ова со носот ме излудува и од самата бременост отежнато дишење , сега ептен ни спана ни ништо..
Тоа е се во ред.Во државниве институции сигурна сум дека ова и е дозволено и ги ослободуваат од работа т.е работа од дома,но во приватниве фирми мислам дека индивидуално зависи т.е е потешко.Што мислите вие?Бидејќи и јас работам во приватна фирма уште сум ептен на почетокот од бременоста ама ми е многу страв заради коронава а сеуште не ни време за да соопштам од сега а одам секој ден на работа.
Мислам дека официјално се водеше до 31.12.2020. Е сега штом ваков одговор како погоре можно е да се продолжи но мораат да дадат јавно соопштение, сепак не може на претпоставен да кажеш само дека сеуште важи мерката.
Ова е се во ред,но ретко која фирма ги почитува овие мерки т.е ги ослободува од работа бремените жени...Па затоа после сме приморани да отвараме разни видови на боледувања и боледување за патолошка бременост
Не може да не ги почитува, има и броеви каде да пријавите. И мојот газда не прифаќаше, ама на крајот на денот виде дека нема избор. Мора да се избориме за тоа што ни припаѓа, не попуштајте.
Се согласувам со тебе кај што можеме ние да се заразиме не дај боже може и бебето во нас што е. Паметна одлука е ова.
Девојки не можам да спијам па ај мала помош Пред некој ден пишав дека моите родители имаат затнат нос и кашлаат температура немаат и мислат дека е грип вирус ама не корона...Секако кога веќе постои и ова коронава ќе се сомневаш и во неа.... Од вчера и јас почнав да имам затнат нос кашлица може и да а може и не мислам ми е од тоа што ми е затнат носот па кашлам..... Што да земам на природна база да не се колкам лекарства се јавив на гинеколог не ни спомна дека е корона само ц витамин по потреба парацетамол али јас не сакам да пијам лекарства чаеви што содржат хибискус може да се користат или не? секој совет е добре дојден и дали има вирусов нешто штетно влијание врз бебуш-секако ако е корона
Јас сум позитивна на корона со лесни симп , кај мене беше тоа затнат нос , печење очи и болка во грло .. Пастили некои шмукав на природна база , прегоррн шеќер и спреј за нос - Морска вода само таков ми дозволиа (35недела сум ) и еден др детски спреј исто за нос смеев да земам ако треба , мн бев затната јас , барај нешто такво безбедни се .. за хибискус мислам претпазливо треба , не е баш соодветен , ама не сум сигурна . Вит ц 1000ка , парацетамол по потреба , течности мн , вода посебнo за кашлицата . И ако можиш најдобро тестирај се , барем да си сигурна што е .. За бебето нема опасност , заштитени се ..
Мислам дека треба да се тестираш. Едно е еден развил симптоми и тука застанува, а вака сите сте со исти симптоми.
Се надевам ќе се тестирам ако не помини до понеделник тука му е Божиќ па се е запрено фала ви за информациите девојки
Па ако нема ниеден температура, како може да е ковид? Штом сите имаат исти симптоми, значи е некаков грип. Нели короната има различни симптоми, кои варираат од вода во колено до косопаст. Како баш ќе се погоди сите да имаат кашлица, без температура. И што ја тераш да иде да се тестира трудна, ако е настината или има грип, може стварно да закачи ковид, таму пикајќи се меѓу вирозни луѓе. И да има ковид, не можат да и дадат ниту една друга терапија освен витамини или парацетамол, а додека и закажат и тие симптоми ќе и пројдат.