само немој да се нервираш, ке си направиш беља.ке биде се во ред, гледаш работите се менуваат ден за ден, џабе да мислиме веќе.и јас мислев за терапијата, има сигурно начин и терапија, да не дојде до тоа само, знаат докторите.не се мешај со луге само.и доброто во цела ситуација е што нема мн.трудници критични.некои доктори викаат дека естрогените не штитат, мада мн.е рано да знаат.и уште се чудам на тие, само старите страдаа ( како за предмети да зборат) и уопште не им текнува и на другите категории кои се погодени, како нас
Само знам дека тешко нас, никој не би сакал да се врати дома заразен после пораѓај. На нас е само да претпоставуваме каде би биле помалку подложни на вирусот. Треба да избираме од неколку лоши опции.
Дали ќе правите редовни испитувања и брисови во оваа ситуација? Мене лично ми е страв и до продавница да одам не пак во болница. Направив што направив во ред е се има уште тестови и не знам дали да продолжам
Денес бев на преглед. За две недели треба да правам крвна слика. Маска на лице и ракавици, што да се прави? И мене ми е страв, но повеќе паника ме фаќа ако не направам контрола. Да се надеваме дека ова со вирусот брзо ќе помине!
Јас денес бев кај матичниот. Шеќер нема да испитувам, прво рече нема потреба според тоа што го гледа на ехо, а и никаде во градот не примале за испитување на шеќер. Ама затоа ми даде крв да испитам,гликемија,јонограм,протеинограм,уреа, ддимер и уште нешто.. и тоа на државна. Се мислам како ќе одам
Имало и некој тест за срце за бебе а докторката идела од Ст За д димери кога се прави која недела си ти?
Јас ддимери еднаш испитував мислам 18та недела, сега сум 26+3 и треба пак , а тогаш ми беа во ред и сега на ехо се беше во ред. Најверојатно секако мора да се испита во 7ми месец. Не знам.. А за скриениот ми рече мерките се добри,плодова вода има добро,нема некои индиции дека има можност да имаш скриен шеќер.
Majcickii... ne se stresirajte kade ste trebalo sto da pravite... i 10 ka na ispit po roditeelstvo da ste dobile na kursot za najroditeli..... vo realnosta doaga spontano,koga ke go vidis toa malo duusice sto ti vredi zivot, (a koj gi ima poveke od 1 znae sto e cel svet...) Ne se sekirajte sto ne se slusnale,videle i procitale...se ke znaete koga ke treba... So sreka bez panika i so lesno da si pominete site
утре сум на преглед во систина.колку и глупо да звучи, сакам да прашам колку сме ние заштитени при раѓање, престој во болница? нашите бебиња? како медицинскиот персонал ако незнаејќи нормално, е позитивен, а пак е во близок контакт со пациентите и бебињата.како да прашам и дали е место да прашам, еве не сум паметна...совет некој?
Имав и јас закажано за крвна слика, но ми се јави докторката и ми кажа дека терминот го откажале. Сеуште ништо немам испитано, само се надевам дека е се во ред.
Колку што се информирав јас денес баш се слушнав со сестрата што работи со докторот што ми ја води бременоста таму ,мерките за претпазливост во систина биле многу зголемени работат исклучиво со здрави луѓе не примаат сомнителни случаи ,јас сум на преглед тек за две недели ама планирам да си ставам маска и таму вооедно да испитам и стандард лабараторија што ја правам еднаш месечно да не одам во авицена како вообичаено ,туку таму да завршам се .
да мерат температура пред да влезеш, дезинфекција исто.е сеа да се надеваме дека нема да има асимтоматски пациенти.и персонал исто, мада носат маски.
бев во систина, сестрата држеше растојание, не даваат освен пациентот никој да влезе, и зашто се задржав после 6 ме спроведоа од друг излез, зашто главниот веќе беше затворен.изгледа дека стварно пазат, прашав дали во оваа ситуација родилките се по две во соба, ми вика сеуште е така, мада несе знае за понатака, бидејки имаме моментално и поголем капацитет, не се праат операции, може ако има потреба понатака и по една да бидат.зависи и ако има позитивни пациентки.
Мешиња мене паника ме фаќа! Немам креветче и количка за бебе. Немам доволно облека. Само нешто така ситно. Се одложи и уредувањето на собата. Ќе видиме за викенд да почнеме со кречење. Планирам да порачам некои работи преку интернет. Вие што ќе правите? Како ќе купувате во ова време невреме?
Истата работа и кај мене. 34+ сум, немам купено ништо, чекав да помини време да влезам барем во 9ти и сега скоро се' затворија. Па така, пред некој ден од фб страната https://www.facebook.com/kidszone2018/ си порачав некои работи, нешто ќе пратам да купат моиве од чаршија (онаку каде што е отворено). За почеток нема да претерувам, сакам само основни работи да имам а понатаму како што ќе се има потреба ќе се прикупува. Разгледувам колички на нет, ама не знам точно кога ќе порачам (сакам некоја поевтина, не мора со транспортер бидејќи ќе ми позајмат). Исто треба коритце да си купам, за мене ако одам на државно спавачи/пижами/влечки, креветче имаме па треба јога и постелнина....Значи имам повеќе од пола работи за земање. Некогаш си велам да си ставам маска и да си појдма во некоја продавница за лично јас да си видам, ама не знам зошто, ме фаќа страв(претходно па бев решена дека како и да е ќе си прошетам со маска). Сепак, јас колку и да се пазам, сопругов не сака да слушни за маски и нараквици на пример, а него го праќам секаде...Дома кај моиве исто одам еднаш неделно, а тие во контакт на работа со други лица....се мислам дали да одам понатаму воопшто, ама сакам да се видиме и не знам што дс речам...лошо само брзо нека врви и Бог сите да не чува....
Незнам веќе што да мислам! И мм оди на работа. Јас за џабе седам дома кога тој е во контакт со луѓе. Моите не ги имам видено десетина дена и ми паѓа тешко. Наместо да сме окупирани со убави работи ( купување за бебе ) ние како во затвор. Плус и продавниците за бебешки работи кој знае како работат!? А, и како да порачам нешто кога не сум го видела и допрела?
За онлајн порачки може да видите од Хелоу бејби, Тритекс, Тајни бејби шоп, Енци менци, Бебе хоум и да не набројувам. Последно порачав постелнини од Тила, чекам да ми стасаат. Мора да се прилагодиме на ситуацијата и да се снајдеме вака. Кога ќе помине сè, тогаш ќе тераме мерак по продавници.