Сакам да прашам дали некоја мајка се соочила со ковид за време на пораѓај и како поминала. Прележав во 6та недела од оваа бременост, сега сум 37+1 а бев во контакт со сестра ми ден пред да и се појават симптомите, преуплашена сум дека може и јас да развијам симптоми баш сега пред пораѓај.
Вие што имавте корона пред породување дали одевте на цтг ? Јас последен пат бев пред една недела и требаше денеска да одам но ми е 4 ден и не отидов а сум 38+4. Дали да почекам до сабота или утре да одам на гак?
Оди на ГАК и кажи им дека си позитивна за да те спроведат на ЦТГ одвоено од другите трудници. Не се оставај на случајност.
Само на ГАК породуваат со корона. И јас бев во контакт и затоа и се распрашав. За сега немам никакви симптоми и дај Боже така да остане.
Девојки добив позитивен тест на ковид денес 24+5 сум. Кашлица, затнат нос и температура до сега најмногу 38,3. Се јавив на лекар ми рекоа само парацетамол, друго не можат да ми помогнат. Прашав дали температурата може нешто да наштети на бебето ми рече може ама засега подобро му е да остане внатре отколку надвор. Многу се плашам во паника сум не можам да се смирам... до сега не ме фати, баш сега ли најде. Кажете ми некое позитивно искуство дека поминало се добро да се смирам малку.. или некој природен лек да ја спуштам температурата.
Еее колку трудници поминаа ковид, ништо не им било на бебињата. Парацетамол, течности и без многу секирации, млада си, здрава, бебето си е заштитено во матка и ќе помине за неколку дена, овој сој не е како првите да не можеш од кревет да станеш. Со лесно