Добро утро девојки! @Оли драго ми е што си успеала се да набавиш и фала за препораките! Да ве прашам, дали освен за контроли, излегувате малку да прошетате надвор (со маска секако)? Јас во овие дваесетина дена еднаш-два пати свртив кругчиња околу зграда, и навистина ми пријаше, но цело време бев под стрес да не сретнам некого...
Јас кутрата цело време седев дома и избегнував контакти, дури и со најблиските. Минатата среда бев Плодност. Сега сум во страв. Денес ќе излезам со мм да прошетам малку покрај езеро. Колку човек да внимава, ако е нешто да се случи, ќе се случи. Не верувам дека ќе правам ни крвна слика, ни брисеви ни ништо. Бебето е 10 дена пред терминот. Ќе закажам царски и друго се оставам во Божји раце.
Оли количка каква купивте и од каде? Јас ништо немам купено као рано беше а веќе сум 29+5 . Барем сакам да земеме количка(ќе одевме Бугарија) и силум прилика и он лајн ќе биде порачката од Мкд
Родилка позитивна на корона на гак , нека и е живо и здраво бебчето, и она да се опорави што побргу, И нас нека не чува господ сите .
Луѓе не се проверени информациите, ве молам да не се шират вакви паники, се додека не се објави од министерство за здравство
Количка со транспортер, корпа и за седење, од Енци менци. Но ја одбравме пред да затворат секаде молови, па само ни ја доставија дома.
Значи секоја чест мила. Кога те читам тебе за трудниците, а исто и @duffi со советите кај бебињата и децата, ми делувате како дијазепам. Толку сте ведри и позитивни, а пред се смирени, се воодушевувам. Мило ми е што виртуелно ве познавам. Браво девојки
И ние синоќа пд Енци менци одбравме на Kanguroo количка. Едино во Бт ако работат,мм сака да ја порача од но јас сакам да ја видам проверам , тежина...
Не си прави стрес непотребно, убаво е да излегуваш па и да сретнеш некого само држи дистанца. Ни маска не ти треба сѐ додека си на отворено. Премногу сте под стрес трудници. Ова не е ниту ебола, ниту антракс. Олабавете се малку, грипов да се пренесе треба да застанеш и да си направиш 5-10мин муабет со заразен за да има начин да се пренесе. Премногу параноја околу нас. Плус млади сте и здрави. А за да остане и психата здрава, прошетувајте по пола саат дневно на воздух, разгледувајте си онлајн стварчиња за бебе, купувајте и спремајте се, насочете мисли на убави работи. Има една интересна документарна серија на Нетфликс- "Бебиња" (Babies), па еве нешто дс ви окупира време @fana кај тебе да не има нешто ново? Те немам начекано да прочитам
Ич не ми текнува од кој модел е количката, важно ми беше да се вади сè за да се пере во машина. Во Битола мислам дека работат, од таму ни стаса подлога за пресоблекување и бела кадичка. Сепак јави се и прашај. И на нивниот сајт има податоци за килажата на количката, за гумите и сл.
Здраво девојки Треба да правам микробиолошки брисеви и сама да ги носам на микробиологија (како и до сега).. ама таму знам дека зимаат брисеви за болните од корона? Носела ли некоја од вас скоро? Каква е ситуацијата таму? Нели требало матичните подобро да се организираат и да не не шетаат нас :/
Јас однесов ама не скоро од пред 3 недели, сега не знам како е со гужви Али матичен ќе ти ги земе сите брисеви и само да ги оставиш ќе треба, можиш и на приватно само зошто да плаќаш, прашај го матичниот ќе те упати најдобро
Фала ти на одговорот. Да матичниот ќе ми ги земе брисевите а јас треба на микробиологија да ги носам и нели таму ти даваат сметка плаќаш партиципација па одиш за неколку дена по резултати. Тоа ме секира колку и да ставиш маска ракавици нели таму одат и им зимаат брисеви на овие што имаат симптоми на корона? Ако бил некој скоро секоја информација е добродојдена
За родилката од Куманово позитивна на ковид 19, рекоа дека е породена со царски рез, во 8 месец од бременоста, бидејки претходно имала намалена плодова вода и др.слични индикации. Вирусот ли ги предизвикал овие здравствени проблеми??? Дај боже да бидат што побрзо добри и мајката и бебето, па до си се гушкаат дома